ќе (чест.) - изгледа (гл.)

Толе не можеше да дотрае, а да не види каков ќе изгледа Ѓорче како мариовец, та в зори отиде кај него.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Абе со тупаницата ќе изгледаме револуционерно ама ќе мора да ги соблечеме скупите капути.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Луѓето влегуваа и излегуваа од темните сводови на портите и лазеа во неверојатно множество по тесните сокачиња што се разгрануваа од двете страни - девојки во полн цут, со неумешно нацрвени усни и младичи кои ги задеваа девојките, и дебели расклатени жени кои покажуваа како ќе изгледаат девојките по десет години, и стари згрбавени суштества што се влечкаа на рамните стапала, и парталави босоноги деца кои си играа во баричките, а потоа, на лутите повици од мајките се разбегуваа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ако сакаш да знаеш како ќе изгледа иднината, замисли си една чизма која пригмечува човечко лице - засекогаш.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Прилично замелушен, ѝ дозволи да ми го слече палтото, а таа веќе вади црн креон од чантата: - Вака ќе изгледаш позагадочно – ми ги продолжува веѓите, избелува образите, ми ја чешла косата зад уши: - До-бро! Сега, создавај атмосфера.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Размислував за некои работи што допрва ќе треба да ги вкусам од животот и се прашував како ли ќе изгледа сето тоа?
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
- Од секогаш сум ја замислувал дека жената на мојот живот, мојата жена, ќе изгледа како тебе.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
На тоа твое тело и од вреќа да го скроиш добро ќе изгледа, - дрдореше Роска.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
На таа става од Бога дадена и парталите ќе изгледаат царски.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- На таа, - повторно се брецна Роска - на таа ако ѝ ја избришеш шминката и ако ѝ ги симнеш вештачките нокти, трепки и перика, ќе изгледа како гола кукла на излогот од „Нама“.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
3 Направив неколку нацрти за тоа како ќе изгледа бунарот однадвор, каков капак ќе има, место сегашниот привремен, каков покрив и со какви керамиди, како ќе изгледа просторот наоколу.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И веднаш си правам филм за тоа како ќе изгледаат викендите по десет години во некое село на периферијата од градот, во мала баракичка Хот и Хот и двор, не поголем од триста метри.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Но кога навечер ќе рошнеше со машата во мангалот, пеплосаните жарчиња кратко вивнуваа, небаре некоја невидлива сила ги враќа во живот пред да умрат сосем - е, тоа беше сосема јасен знак како ќе изгледа неговиот крај.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
После се смеев. Каква е таа инјекција што ја барам, и како ќе изгледа сето тоа?
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ако се нареди пентаграмот во сите свои возможни агли на дводимензионален цртеж ќе изгледа како темен круг, а ако се замисли тродимензионално ќе изгледа како топка.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Зад иконата во собата, Висар наоѓаше црковни книги; читајќи ги, му стануваа сѐ поинтересни: соништата сега му беа исполнети со рајски убавини и чуда; тие книги сега не му даваа време да размислува за смртта, за стравот од Зенула; престана да размислува што ќе биде кога ќе му го забуца куршумот Зенула: како ќе изгледа тој бодеж: ќе личи ли на трн, на игла или на врв со нож; и кај може куршумот да го погоди: ако го погоди во нога - ништо, ако го погоди в рака - пак ништо; знае дека можат луѓето и без рака и без нога; но ако куршумот го погоди в глава, в срце, што навистина се случува тогаш со човека: како настапува смртта, како изгледа тој миг?
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Како најобичен светилничар сека зора се прашувам на ‘ртот: како ли ќе изгледаше историјата на нашето место ако моите кога не бев замомчен не ме дадоа за светилничар?
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Се потпираше со грбот на некое дрвце, тргаше на лулата и гледаше во огромното небесно синило над себе, во блескавата ереска вода во далечина, гледаше во зелената шума наоколу, го слушаше пеењето на птиците, шумот на водата што се спушташе низ брегот - и си замислуваше како ќе изгледа бањата што ќе биде изградена овде кога ќе запре чадот.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)