ќе (чест.) - избие (гл.)

На еден поширок општествено-историски план, од Фројд навака е познато дека ако долго време непријатните факти од стварноста се потиснуваат во потсвеста, тие со стократна сила ќе избијат во свеста која, меѓутоа, нема да биде способна да ги препознае, прифати, и да ги контролира со рационализација.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Ако тргне надолу, по патот покрај брегот, набргу ќе избие на границата, а не беше особено страден по средби со властите и нивните органи, а не гаеше ни тајни копнежи за бегство по Америки; ако појдеше нагоре, над низата викендички меѓу скоквите и желките, отаде голиот рид ќе се изгубеше во фронтовските ровови од Првата светска војна, низ кои уште можеше да се сопнеш од некоја рѓосана граната или барем на закопани чаури, од пушки до топови - за што инаку требаше да си подготвен, а не вака разгаштен за летување.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Татко точно ја разбра пораката, но другото го задушуваше во себе, до некоја постојано одложувана внатрешна експлозија што не знаеше кога ќе избие.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Најпосле „Овоштарница“, но внатре плодовите беа вообичаени. – Постои ли во градов специјализирана продавница за јужно овошје? – Како да не! – се насмеа момичето со живи очи – Продолжете право, па по втората уличка на лево ќе избиете кај плоштадот.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
И така, со човештвото на коленици, едно значајно поглавје на историјата ќе биде завршено.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сѐ се испомешува кога ќе избие полноќниот час.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И потоа ќе започне ново тиранство, враќање на првиот хаотичен поредок, на старата анархија, потиснатите омрази и пороци повторно ќе избијат, а со нив, минорните тирани на завршените циклуси.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)