ќе (чест.) - здивне (гл.)

Ќе те плисне ветерот, ќе проструи свежина и ќе здивнеш слободен од некаква тежина.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Со такси се искачија на една височина над морето бидејќи Летка, со оглед на некое поранешно искуство, можеби пак љубовно, веруваше дека таму свежината е неизбежна и дека ќе здивнат од вистински неподносливата горештина.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
А таа радосна оти малку ќе здивне од копањето оди и ни носи. Таа носи, ние пиеме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не ми се верува дека и сега е така во Македонија Ако има божја правда не би требало да е така Зошто инаку би ми кажувале сите дека Македонија Е европска земја во изградба А самите Македонци едно време далдисани Од братството и единството и затрчани по ударнички значки Самите Македонци значи велеа Дека додека трае обновата и изградбата нема одмор А богами начув дека и во последно време Чекореле преродебенички и надградено Иако не разбирам баш точно што е тоа вели Папата Сепак верувам дека еден ден ќе здивне и тој народ Иако никогаш не си начисто со народите чиишто водачи Немаат поумна работа па катаден повторуваат Дека имаат библиски корени Бетер се од папагалите какаду некои водачи на Македонците На кои јазиците им се одамна отечени од извикување празни пароли Ако продолжат така на некои водачи на Македонците Можеби ќе им паралдисаат и очите Од непрестајно гледање во огледалцето од приказните Коешто вешто ја мамело грдата сопственичка Дека најубава на светот е баш таа Така непредвидено ни скршна муабетот со Папата На македонски теми а јас не му кажав ништо за тоа Ни а ни б не реков иако од порано бев чул во близина Некои доселеници како на глас викаат Македонија на Македонците Викаа нешто и за земјата на земјоделците Од што разбрав дека Македонија е земјоделска земја Викаа нешто и за Солун дека бил нивни Ама едни други доселеници викаа уште понаглас
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Ја ведна главата покорно и уште попокорно ѝ нарача на снаата да им стави вечера, го нагости арамијата, поприкажува со него и кога стана овој, дедо Бошко си рече дека ќе здивне.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Но, иако градбите што растеа како тополи го потурнуваа него - со куќичката и старата - сѐ пониско од земјата, железничарот Круме сепак се враќаше дома со претчувство дека ќе здивне: ако ништо друго, тоа го ветуваше преполовеното пагурче.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)