ќе (чест.) - заѕвони (гл.)

А тоа што понекогаш ќе заѕвони некој мобилен телефон, вината е само во мобилните.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Тие корпи се обично малечки и ги полнат со цвеќиња или разни слатки, ги оставаат пред нечија влезна порта, ќе заѕвонат и веднаш трчајќи бегаат.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Малку, малку, ќе заѕвони на телефон. Тој човек е само за незгоди.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Секако, потоа ќе заѕвонеше телефонот или искрснеше некоја итна и неодложна работа, која редовно ме спречуваше во моите намери, но за нивна среќа, а можеби и моја, оти инаку не знам што сѐ можеше да се случи со мојата, веќе до влакно, истенчена толеранција...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Имаше дваесет и три години и беше убава како што некогаш беше Роза, најубавата од нас петте сестри.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во утрата, додека уште можеше да се излегува надвор, се прошетував до зградата во која беа становите на Зигмунд и Роза, понекогаш ќе заѕвонев на вратата од домот на сестра ми, за да ја разбудам внука ми Цецилија.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
За да не можат утре да тврдат оти имаат нешто видено.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Произлегува, според тебе, дека ние сме слепци.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Како и сите други: кога ќе заѕвони лошото, ги затвораат очите.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)