ќе (чест.) - затреба (гл.)

А јас по нешто и запишувам. Ќе затреба таму за некого!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Доселениците од Македонија во Венеција не ги читаат босанските поети кои пишуваат за потонувањето на градот – чуму да се чита потонувањето, велат, кога ние секиден го живееме тоа, чудо големо, градот потонува, ама ние секогаш сме над вода, мешаме малтер за обнова на старите палати, во малтерот, напати, за курбан, мешаме и по некој спомен од детството, а каде што треба, во обновените ѕидови на операта Феличе, на пример, заѕидуваме и по некоја нашинска песна, да се најде ако затреба, а каква што е непредвидлива иднината, секако и ќе затреба.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
„Јас избрав“, вели, „мојот Бог да раководи со мене само тогаш кога ќе затреба.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Куферите им се везден надуени, а душите пак им се делат на четвртинки: три четвртинки за во родниот крај, една четвртинка за тука.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Калево е наоколу обиколено со длабок канал изѕидан од делкан камен, а дрвениот мост, кога ќе затреба, се крева на чекрек и така станува заштита пред портата. Умно смислено.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)