ќе (чест.) - залута (гл.)

Тие ќе залутаа натака а ние ги препознававме со стравопочит.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
- Ќе залутам. Патот не се гледа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Без прекин ќе јаваш до Кукулино и ќе им кажеш на луѓето што се случува.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но, ако и читателот во пајак се престори, ако заплете и тој ситни нишки во мрежата, ако му ги смеша конците на создателот, тогаш пајакот од средето не ќе може да го голтне, оти ќе залута, оти не ќе може да ги разликува своите од туѓите нишки; и ќе умре од глад, а читателот ќе преживее.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Сѐ она што се случуваше долу, во она измешано шаренило со свеченост, му се причини видено некогаш: дали во оние ретки соништа на кои одвај се сеќаваме, или на некои од приемите што наеднаш ќе залутаат помеѓу другите настани на малите екрани!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)