ќе (чест.) - дува (гл.)

Турскиот конзул секој ден протестира против исфрлањето на чети, та одвај и јас ја минав границата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Врати му се еднаш, да видиш како ќе дуваат и ќе бегаат — го куражи Толе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кој ќе се попари од млекото, ќе дува и на маштеницата, потфрли Сугарев отстрана и разговорот се сврте за положбата што настана по неуспехот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Нашата Ивона. - продолжи со уште едно смирување на присутните, - денес ќе дува осумнаесет свеќи.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ќе дуваат тие црвени ветрови, ќе шептат ѕвездите, сè дури не ги расковете своите мечови во рала И копјата свои во српови
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Таму е вечен ветар. Ќе дува, гајдиштето ќе свири.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Временската прогноза беше пресудна за нејзините префрлувања: - Тенко ти е кошулчето, денес ќе дува ветер, ќе настинеш! или пак - Зошто ја носиш оваа кошула и денес, вчера ја облече!
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
За разлика од него, Французинката се однесуваше многу опуштено.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Ќе паѓа и црн дожд, и црна магла, и црн ветер ќе дува, и црно сонце ќе грее, и црна трева ќе расте, и црни цутови ќе цутат, штом чадот не запира...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)