ќе (чест.) - дотера (гл.)

Веднаш оној главурдест Никодим смекнал од голтка благословено вино и од некои свои сеќавања за секакви улави старци од селата под планинската црногорица и радосно рекол дека сепак започнува моторизирањето на неговата идна дивизија - мајор е, ќе стане полковник, ќе дотера и без да го читал Марксовиот Манифест до комунистички генерал.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Жими вера, ако не требит царката тие лошите, којзнае до каде ќе дотераме! — се опреа сите на помошта од „царката" и се растрчаа по сите уќумати по Битола — Прилеп, да чинит абер за нападот на Белоперевци.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Луѓето се насмеале кога попот им рекол дека животинчето му е како син и дека се вика Армодиј Давидовски и дека е заведен под реден број во црковната книга на родените, од татко Доситеј и од мајка Природа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И тоа ќе бидеме многу стари. Ма, Срцка, ќе дотераме до стотка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Како да се оддалечуваше од куче молкома што фаќа. овој, си рече, далеку ќе дотера.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
До сто ќе дотера таа, велеа луѓето.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Шефот светна од задоволство, па рече: – Ти, синко, далеку ќе дотераш ако стапиш во партијата! – Јас сум веќе член! – потврди гордо брат ми.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)