ќе (чест.) - гргне (гл.)

3. Нерамна игра Триаголниците поаѓаат од ист центар квадратот го ништат, правиот злокобен агол еве ја шестката – превртливиот и бескрајно лажлив круг со кука со јаречки рог на врвот наполу слепи, наполу видовити прстите кратат очите врзуваат но, ја преминат ли/ кревката мрежичка на видливото заборават ли на Играта, Домине ќе гргнат невидливите нумери сефироти, корени и децимали деливи и неделиви ќе го скршат јајцето под конец бележитото ќе го издвојат и неверното фикцијата од тристашеесетишест степени ќе ја расцепат на две-три-четири ќе добијат полутки опозиции, ѕвезда до ѕвезда квадрат во квадрат – круг магија, вавилонска перла ниска по ниска алка по алка, ала – слобода.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
А зборот на песната кога ќе гргне од срцето (како момчак што прескокнал плот за да сади дечиња што ќе трчаат по градината) што ќе искрши тогаш зборот, кажете!
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)