ќе (чест.) - втаса (гл.)

„Тоа беше шо беше!“ — си рече Митра — „ами да гледам сега да се омира со Доста, та да поседиме ошче некоа подина заедно дури да ми потпркнат дечињата, па кога ќе втасаат веќе за работа, да си се оддела и да си а гледам работичката.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А некој нешчо мрдни, триста потери ќе втасаат од сете страни. Ете оти.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ајде, на, држи го коњот да и преобида јас агите, та да се иставаме побрго, оти сеа ќе втаса потерата од Дуње.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тоа се шантра божем недоветно покрај ѕидот, а после одеднаш се фрла како мачка по нив и тие со пискотници се распрснуваат кој каде ќе втаса.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- Скоро ќе втаса и потерата од Струмица.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
По расфрлениот фес и појасот, таа тргна да ги бара комитите во погрешен правец.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Внимавај бре каде ќе втасаш со својата тврдоглавост!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
— Не зинувајте толку, не плукајте кај ќе втасате.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А веднаш потоа праша дали сум сигурен дека Боге од Бањи ќе втаса на време.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Знаев дека не го бев задоволил неговото љубопитство.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Кога ќе завршат со скалите ќе им дозволам да поработат и околу моиве раце - заврши таа и на витрината на нејзината насмевка се појавија само неколку потемнети заби.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Го испипуваат. Па добро, ако бев навистина таму, (иако не бев сигурен каде точно се наоѓа тоа таму), бев сè уште и жив и здрав, моите прсти го утврдија тоа откако самоинцијативно ја сторија потрагата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Секој час ќе втасаат и овде.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И покрај раштрканоста на помислите забележав, поточно почувствував, како прстите ми шетаат по телото, секаде каде што ќе втасаат.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но дури и во случаевите кога ќе втасам предвреме на таа проклета автобуска постојка, седиштата на долниот кат се пополнети а стоењето долу е забрането.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Секој оној што посегнал кон нечесно дело далеку не ќе втаса, рече потоа строго, сурово, познато.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ниту еден извор одовде не истечува па сепак кренав наоколу ограда и ја затворив со врата Ги израмнив зад себе сите траги да не изгазат по нив птиците патеки за големи јата (О каков градител ќе бев ако не се зафатев со зборот) А можеби ова беспаќе што од светот јас го оградив ќе поттикне кај некого желба да открива нови патишта Сега седам скрснозе и знам оти сонот завршува наеднаш На преслапот некој друг ќе втаса и ќе мисли исто како јас оти ова напуштено лозје сал на него со години чека.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Ете, сега е тука, во тој прекрасен пејсаж, со месеци сонуван, посакуван, далечен, недостижен, мирисен - трча низ ливадата... не, денес нема да ѝ попушти на Јана... тој ќе втаса прв до крајот... до реката... до тополите... трча со подмижени очи низ синозелениот акварел... трча небаре низ сон, кога ти се раскрилува душата, па си лесен... лесен... не, не гривест коњ... трепериш во воздухот помеѓу земјата и небото - како вилино коњче трепериш...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
„Мирисот на она што го испушта готвењето втасува насекаде, па и до дед Павел ќе втаса“, ми рече тој додека чекавме да ни ја отвори портата.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Само ќе втасавме во едно пристаниште а оттаму ќе нѐ испратеа на друго.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Напати, баш како и сега, од Улицата на стариот цвеќар во Истанбул, се фрла директен поглед на Параходот ми пристигна, сосе очите расплачени и устето насмеано, и баш тогаш повеќето цвеќиња молкум земаат починка до новото распупување коешто мигум ќе втаса, со секое вселување на нови спомени во старите куќи.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Дали обидот секогаш претставува тесна патека, и дали ќе втасаш до потребниот заклучок само кога ќе ја совладаш спомнатава патека?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)