ќе (чест.) - вресне (гл.)

Е, миличка, извини: кога човек стрела, а потоа гледа, дека не успеал со првиот истрел да убие, и, кога ќе вресне, дека тоа ќе го оствари по отслужувањето на казната, - - тоа... тоа не е возбуда, туку факт, крвав, ѕверски факт... ете што е тоа!
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
— Белки не ќе вресне? Белки е најстина мртво родено?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Нема ништо да се пресени. Само некоја сојка ќе вресне и ќе го смени дрвото.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Митра слуша што зборува Доста, слуша и горни крај дали ќе вресне тоа кучило што го завитка во пелената.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)