ќе (чест.) - бувне (гл.)

Во таквите моменти, одамна имам забележано, зборовите се во состојба да го заобиколат својот вистински господар, дури и здравата мисла ќе ја заобиколат, и ќе бувнат сосема случајно на несоответно место.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
- А, ако е некој напаѓач, некој што ќе бувне внатре пред да можам да излезам и да викам на помош?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Така самата со себеси ќе си отворам разговор, кога ќе бувне некој посилен топ, кога ќе се заниша куќава.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе бувне ветерот низ решетката и ќе се срони ко песок на мене, ќе ме згугурави.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Овците кај ќе ги натераш, таму ќе бувнат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мирко ќе дотрча однадвор, ќе ги растропа вратите и ќе бувне во кујната.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)