само (чест.) - пред (предл.)

85. Рефератот е читан само пред Македонците-членови на МНЛД во С. Петербург.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Мечката ќе се подисправа, ќе крева камења и ќе се подисправа, велеше, ќе сака да го удри, да го погоди со каменот, ама крмакот е само пред неа, зад неа, покрај неа, в жили, ќе фрли подалеку од него, и така, ќе се умори, или ќе се уплаши и пак ќе се качи на буката, велеше, и ловецот скришум тоа ќе го гледа и пак не ќе се јавува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Си гледа само пред нозете и вјаса.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)