но (чест.) - не (чест.)

Сите молчевме. Но не долго.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ја гледаше јасно дупката во ѕидот, но не знаеше колку време јавал на куршум ниту кој го испратил на такво патување.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Змејот бил троглав: од едната уста фрлал оган, од другата вода, а од третата урликал; многу јунаци се обиделе да се бијат со него, но не можеле да го совладаат.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Но не беше Мече сам таа ноќ во бавчите.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Крцна вратата. „Мечката си оди“ - си помисли Сашо, но не се помрдна.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)