ни (чест.) - што (прил.)

Никогаш не го прашував ни како се вика, ни што работи зашто еднаш или двапати го видов како стои во темен костум и бела кошула и си го чека директорот до автомобилот, а тој голем, црн и изгланцан, ја „мерцедес“, ја „БМВ“, не знам, па веднаш знаев дека е шоферче на некој голем буџа.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Не се обидував да видам во моите мисли како лежи едвај подвижен, не сакав да слушнам како последните капки сила го принудуваат да вдишува и издишува, не сакав да знам ни што му врвело низ мислите во тие мигови – дали го мачела помислата на сестрите кои постојано се јавувале во неговиот дом и молеле да се најде начин да ја напуштат Виена, дали имал грижа на совеста од претпоставувањето дека во логорите на смртта ќе ги приберат и нив.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Не се обидував да ги замислам последните мигови од неговиот живот, доволно ми беше што дознав дека е мртов, дека е смирен, без телесна болка, без душевна јанѕа, затоа што сигурно на оној свет душата се ослободува од сите тегобности и самообвинувања.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)