ни (чест.) - како (прил.)

Но во мене од истиот тој момент, кога ми ја раскажа приказната, се јави помислата дека и тој се посомневал оти неспомнатата убавица била токму Пелагија и ниту една друга.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Тој збор не можеше да се употреби во неговото старо значење како „ политички слободен“, или „ интелектуално слободен“, зашто политичката и интелектуалната слобода не постоеја повеќе дури ни како концепти, па според тоа беа и безимени.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не, не само што не сфаќам зпшто ние луѓето толку многу се плашиме од смртта; не сфаќам ни како може да поставам такво прашање.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Не го спомна дури ни како можна претпоставка.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
БОРИС: Нема да живееш ни како себе, тоа дедо ти да ти каже.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)