ни (чест.) - луѓе (имн.)

Се разбира, не се бореа ни луѓето, коњите, како Крали Марко и Лутаца Богдан, ами ги удираа двете шишиња и чие шише ќе се скрши, таа група се враќаше и се придружуваше кон победничката, така што оваа стануваше поголема.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се раздроби студениот мрак пред неа, се срони и тоа не било мрак, туку едни црни сенки. Ни луѓе, ни животни.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Не ги пушташе ни луѓето што вртеа околу манастирот дојдени да се молат на гробот од свети Наум за спас, ниту питачите што бараа леб.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Дури ни луѓето од родот тамошен не знаеја што значи, и нерадо говореа за него.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
До гробиштата на птиците не смееле да се доближат ни луѓето.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Секогаш по таквите војни, малечок мој, од тоа место бегале другите птици.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)