ни (чест.) - го (зам.)

Предводникот на другата група одел попретпазливо. Сакал нечујно да дојде до работ на шумата и потоа да ги постави луѓето во широка линија - првиот Онисифор и неговите луѓе биле терачи што ја преплашуваат дивината, вториот ловел без возбуда и пресметано можел да демне во заседа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Бол, повторена возможност на заборавениот Лозан Перуника кога ни го викнале да чекори со оние што ја пребарувале густината на леските ни му покажале стражарско место да го демне призрачето на гаќи од кои се мавта учкур како памучна сабја на смешен, потсмешлив или исмеан делија.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Смеа. Се смеат соговорниците. - Каков Господ, бре? Него нам нашиот Хоџа ни го откорна и од ум и од срце.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)