нека (чест.) - не (чест.)

А нашите вдовци нека не дремат како ќос на јајца. Нека си и отворат очите, ако сакаат да имаат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но нека не се заборава дека има и друго, и притоа многу други гледишта на македонското прашање, како: српското, грчкото, влашкото, руското, словенското, австриското и на другите западноевропски држави.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Нека не мислат оти тие можат да бидат закопани, како што е закопан Берлинскиот договор со неговиот 23 член за Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Да се склоневме пред волјата на Европа и четите или да се предадеа или да се оттргнеа во Бугарија, или барем да се направеа некои преговори со реформаторските држави, во кои просто можеше да се рече оти или ќе се оттргнат или ќе се предадат, но нека не го мачат Турците мирното население затоа што може некаде се имаат пушки, тогаш ќе настапеше во Македонија мирно време кога ќе се бараше од Турција да се воведат во полност реформите и да се оттеглат војските од Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
- Господе, ако постоиш, чувај нѐ од најлошото и стори полни да ни се ранците со леб и топли чорапи да ни греат нозе, цокули дај ни здрави за да не газиме на босо, панталони и топли шинели стори да имаме сите, маршеви по студено и врнежливо нека нема, од бој да се враќаме неповредени, куршум да не не фаќа и лесни да ни се пушките и стори, Господе, што повеќе топол граф да има барем и со малку мевце, комесарот нека не вика и стори кодошите да ослепат, да оглуват и онемат... Амин...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Почнете да размислувате како може да надоместите за тоа што се случило, како можете да го извлечете најдоброто од тоа и да доживеете сатисфакција од сопствените животни избори.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Инфиделитетот, неверувањето е нашиот непријател, не станувајте опсесивни, фригидни, нека не ве обзема негативна инфлуенција од некој лош настан.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Нека не ми замерат Америве и Карл Маркс што ги турам под иста капа, ама јас би ја нарекол „дијалектичка демократија“.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Ние пак, ќе се утешевме со славната сентенца која што често се користи кога некој вечен студент ќе дипломира: Ако е забавено, само нека не е забораено.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Македонскиот роб нека не се надева на неа; тој нека се потпре на своите мишки...“
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
И нека не бара никој ништо повеќе од него.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Е сега, нека не се сите за мене ами за колку што чини половината стока — двесте наполеони да не ми дадеш! Така... еден убав бакшиш!...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Варуна е твојот спасител сега Нека не бега самосвеста од твоето измачено тело Не е нова веста дека ништо не е сосема бело Митра ти што правдини делиш за секого исто Биди ми водич на моето несвесно Јас Ти кој ја познаваш магијата на духот Во дослух со мојот ум Всади ми почит Во очи со вистината
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Значи, нека не ме мавтаат веќе!
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Не давај му да дојде близу до туѓинските нишани, нека се крие зад камењата и нека не трча во устата на ѓаволот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Кај мене пречкртај ја ноќта нека не те јаде темницата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Не оди кај него, му велам, нека не те лаже, Не те вика тој за играње, му велам, не те води на арно место. Сам нека си игра, велам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)