нека (чест.) - ѝ (зам.)

Нека ѝ рече оти тој човекот од Витолишча, шо бил некни тука, дојде — и ќе ѝ текне кој су: — А, а, а, ти, стари в'ку!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На убавата мермер чешма, во Варош-маалото, каде што беше куќата на Никола Делчев, една млада убава жена, ја пренесе новината: „Султана на Никола родила машко дете.“ - Нека ѝ е живо! - рече една.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Господ нека ѝ дари посебно место во рајот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
А ако загинам, нека ѝ е простено од мене, нека се омажи!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Таа би дала и фустанот да ѝ го извалкаат, и да ѝ го искинат, и косата да ѝ ја растурат и кондурите нека ѝ ги земат, само да може да се замени со малата кукла, што се сви сега во топлата прегратка на Маја.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Тогаш брзо ѝ проработи мозокот: "Ако, нека ѝ го земе детето на Марија.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Нека ѝ ја набута целата маша во дупката од газот!
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
-Ех, нека ѝ помине!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
- На ќерка ми, - рекол тој одвај. – На ќерка ми нека ѝ ја чува жената за невеста кога ќе биде, среќа да ѝ донесе.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)