нека (чест.) - ме (зам.)

Само нека ме држи здравјето вака добро.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Добро, си велам, нека ме соблечат кога веќе се стегнале тоа да го прават.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
„Ташко нека ме замени...“ рече Љупчо.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Го најде Петрета во колибата на Костевци, навистина со Пацето, кое беше дошло да му донесе на бацка си Петрета алишта за преслекување.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Само нека ме гибне по таа работа, лебами, ич нема да му се, плаша.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Нека ме остават на мира!... Да си ја сркам супичката, кромитчето!...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Нека ме испцуе, ако сака и нека ме избрка, вечерва има да се реши ќе станам ли мајстор или не.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ќе го разбудам, ќе го разбудам па што сака нека ми прави, мене нека ме отепа. (Потрчува да влезе кај Анѓелета, но во тоа време Митре влегува со брзи чекори и со секирата во раката).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Мене нека ме отепа, си велам, не ми е многу дојдено до живеење, ама ќе го отепа и Мисајлета Ковачот. На права правина. А што ми е крив човекот?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Па господ ме дал, господ нека ме земе, ќе си речам, и пак ќе се окуражам: - Ајде, бре, колете, ќе им речам, што чекате? Не се противам, ќе им речам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ако, вика, нека ме заколи, зошто сум жива.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Дозволи ми само уште една голтка од виното на љубовта, па нека ме нема...
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ќе ставам прстен на нејзината рака, па нека ме снема.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Скуби, нека ме боли, од тебе и болката ми е слатка.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
- Нека ме гори... ако ми е пишано - нека ме изгори - тивок шепот накај превалецот.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Дури и нека ме убие, јас би била само среќна.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ама пак да не рече после оти невидена појду, нека дојде најпосле и он утре со дедот Петка, па и нека ме виде, немој утре пишман да се праве, да ви а к'не душата како на дедот Петка, така и тебе, а мене да ме тр'е сол на главата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Само нека ме задене, га ќе си го виде убавото.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Доста сака баш убаво да го види, а од друга страна си мислеше: — „Па и тој нека ме види, м'ња го м'снало!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ами ако татко сторил ниет и дал збор без мене, нека ме има он на душа, јас пак не го оставам да биде страмен.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И ај сега некој нека ме убеди дека сето тоа не оставило последица во нашите глави.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Ќе се качам на мојот Циган, и нека ме носи таму каде што исчезнува самракот".
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ако е омраза, омразата нека ме обземе, ако е болка, болката нека трае.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
-„Ако е гнев, а што ако е гнев?“ Тогаш гневот нека ме отруе.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
- Се разбира, се разбира, - одговараше насмевот меѓу румените јаболчиња – Го гледам светот, а и тој нека ме види, да знае дека јас сум единствената на која и припаѓаш.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Нека ме видат другите, си помисли, ќе се правам наудрен.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
- Ако сака пак нека ме искара Петре Даскалот ама убаво си го направила, Саво!
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Тука за преврзување ми помогна Бугаринот. Јас му ги подавав завоите, а тој го преврзуваше.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Командантот чудно свесен напиша на ливче хартија: „Земете го пиштолот таму каде што падна и нека ме замени некој друг“. Сакаше да го одврземе, но Бугаринот не дозволи.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Нека ми ги пресече рацеве и в огин нека ме фрли, му реков, ако не го исполнам тоа што го кажав, му реков.”
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Нека ме караат, нека ме тепаат, нека ме казнуваат, нивна волја.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Моите ме немаат никогаш удрено.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)