нека (чест.) - им (зам.)

Нејсе, ако се толку магариња, и попот, и Илко да не дадат нишчо, алав нека им е табиетот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Она што сакам да го кажам на крајот од текстот е - оние што немаат што да му забележат на театарот како природа затоа што не го читаат, поарно и да не се среќаваат со него, односно нека им отстапат место на оние за кои тој ќе биде опомена.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Тогаш, ако се случеше пенал, нашите викаа: „Остајте, остајте, малиот нека им го збибери!“
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тој нека им откаже на луѓето.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Жан: Нашите услови нека им ги пренесе на своите другари.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Мечките нека си ја проѕеваат својата летна несоница, на пчелите нека им ги поттурат теглите, на Караџица нека ѝ ги исполнат желбите!
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
- Море сѐ алал нека им биде, само поволно споров да ни го решат... - му рече игуменот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
И затоа ви кажав да не се разведуваат оние што се во брак, а ако меѓу вас има разведени, нека не стапуваат во нов брак или нека им се вратат на сопружниците свои.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Моите стари, нека им е лесна земјата, секогаш си имале своја порода кучиња.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
За таа цел е измислен и слоган: „Зашто нам, нека им смрди ним!“.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Ај, аирлија нека им биде! Нека ни се кердосаат!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Нека им се на здравје лузните…” - изустуваат некои, голтајќи солзи.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ама ете, толку пати како се обидуваат, но не ги пуштаме да припарат од оваа страна на реката, а за тоа отаде... нека им се стегаат прекуреканци – одговори поп Јаков и пак праша: – Е, што се слуша, ќе имат ли пак да ги пречекаме во Црна или ќе се откажат.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
За среќа Метеорот тој час се покажа многу присебен и храбар, нека им е лесна земјата на тие чудни, незабележани херои, згазени човечиња, секогаш настрана, фрлени, - се колнам, среде огнот се исправи и го зграпчи во своите прегратки Методија Гришкоски.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Туку, нека им е, такви ги создал Господ и тој ги трпи иако син му и мајката на син му најмногу ги пцујат...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И нека им е вечна почит и слава на оние што паднаа и ги нема овде меѓу нас ...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Мускулите нека им се искриват, подбрадоците нека треперат, нивните мириси нека навредуваат, нивната суровост да нагрдува, нивната глупост да ограничува - но, оче, нека се смеат!
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Нека им се најде за подолго време, да не ми идат ноќе на поплака.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)