нека (чест.) - го (зам.)

Дедо Петре го праша: - Како, како, внуче Дончо? Како врви учењето?
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Ако ја изневериме, камата да ни се зарие во нашето срце, револверот нека го пробие нашето машко чело! Смрт или слобода!“
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Би можел да ти пишувам уште многу нешта за Dr. Ackerman, но тоа нека го раскаже dummy од моето писмо.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
- Учителке, ако ви е тешко, тогаш... Јоле има магаре... Нека го донесе...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Подобро нека го преврзува ѓаволот, - реков.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Токо, јас вела да го плате селото како шо се плаќа секоа глава шеесет па еве и сто нека го плате; земете и вие за страот и шо ви го расипаа раетот една ноќ, по стотина, та се на се да собереме триста лири, ми се чине не се малку пари.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Петко нека и земе маковци, бончани, рапешани, црничани — нека го држе „Смечот“ ондеа; на Андона — ќе му и дајме неговите дунчани, вепрчанци, пештанци, кокрчани и каленци — нека се вртка по Ливада и Дренска планина, а јас со Трајка, Ќосото и други прекуреканци ќе прејда одонаде река во старо Мариово, ако можеме да и поносиме главите ошче по некој ден и друг.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Сега ќе даваме башлама, ама аскерот нека го варди селото.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— избувна Сефедин со сета своја жестина.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ако дојде до колење подобро нека го заколат четниците, отколку да се влечка улугав без нога, без рака, слеп без око или со искршени ребра од Расимчауш.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но претчувствувајќи дека Бахтијар ќе ги насочи потерите по побегнатите кон север чети, тие не се задржаа во Крушевица; ниту Толе се раздели од Андона да прејде во својот „пашалук" преку Црна, бидејќи пред два-три дена таму го бркаа; но заедно со Андона се истави до селцето Вепрчани, на границата меѓу мариовските и дренско радобилските планини, та ако дојде некој зорт, да ги фаќаат нив, бидејќи тие не беа уште газени од потери.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Нека го, нека! Нека мртка. Ќе си легне на брашното“ — мислеа старите таа вечер.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Овде Горѓи го насрчи Толета да го продолжи својот арамилак и му вети, ако има некогаш некоја мака нека го побара него, ако излезе одовде, и тој ќе му помогне со што ќе може.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И леб — колку за денеска — се согласија двајцата управници и така им наредија на стражите околу селото, кое и понатаму остана блокирано.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Турците се успокоија. — Бујрум, Трајко, бујрум. Завиткај пет, не една.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Нека го, нека, нека си а гледа господ неговата краста, немој нам да не гледа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ако е машко, нека го скроти езерото бидејќи состојбата на галебите е критична: колку поголеми се брановите, толку подлабоко се рибите што се познава и по изгладнетите гракања на галебите.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
- Кажи му, тој нека го стори тоа, мајстор е по мене.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Данче погоре го поткрева фустанот: Баш ми е гајле, ако сакат и келнерот нека го исправат овде да им запее...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ете тогаш, кога Потковицата беше завојувана од Србите, кога од страна на Началството постоеше заповед никој да не се добира до војниците, да не им прави услуги и да не прима услуги од нив, кога отворено се зборуваше дека божемните сојузници се полоши и од Туците и дека се токмат тие да ги заменат нив ( во Потковицата сеедно и сеедно пристигаа гласови од сите краишта на Македонија дека новите завојувачи ги прогонуваат и ги убиваат нашите учители и свештеници,дека ги ограбуваат и ги палат нашите села и светилишта) кога се изјаловија нивните надежи дека Македонија, по победата на Сојузниците над Турците, ќе добие своја автономија и ќе стане држава каква што станаа тие, Србија, Бугарија и Грција, кога сите беа обземени од очај дека ќе останат без татковина, при крајот на Првното србско, во летото 1915-та, се случи една од чупите Јанчески, Благуна Василичина, да се измами по еден од војниците сместени во поранешното училиште.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ќе го товарите на коњ и ќе им го однесете на оние продадените од Тополчани јали од Тројкрсти; тие, ако сакаат, нека го закпаат, а ако не, ете ви ја Црна; по Вардар дојде, Црна нека го однесе.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
МИТРЕ: Ај, нека го испие филџанот пак ќе каже.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
КАТА: Потпојди речи му. Или, ако сакаш нека појде Ана нека го подвикне овде да дојде да му речиме.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Виде Димче Волшебникот една птица и си помисли: „Нека птицата се претвори во лута оса и нека го касне непослушното маче!“
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
- Дете, госпоѓице, нека си поигра. Нека го позадева пијаниот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Па нека го пцуе. Што го закача?
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тоа нека го знае султанот, нека го знае и целиот свет...
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Организацијата нека го превоспитува народот, нека го организира, вооружува и подготвува за востание.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Оние двајца борци на кои им ја раскажувал непознатата историја, весели зејгоровци што и на родените мајки можеле нечујно да им дрпнат доенче од прегратка, црпеле со една лажица густ мармалад од пленета германска конзерва и задоволно ги протегале мршавите нозе по земјата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Црковниот старешина пробил со глава терцијарен слој да им раскажува народни библиички, нека го, немало зошто да се подбиваат со него.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тоа нека го, но како е тоа сепак, веднаш па во печат?
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Читам: “Одете да го видите тоа болезливо, блиску до лудилото лице”.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Некои жени плачеа, а Змејко гледаше во лицата на сите луѓе и во она што стоеше на секое од тие лица, сѐ додека не го изнајде онојго, стоеше веднаш до него, до нивното другарче со барјачето и едвај ја потискаше во себе желбата да му рече нешто, барем да го фати за мишката и двајцата да помолчат, сѐ додека не откри како едната негова рака се оддели од рачката на барјачето и заграба во синијата, што ја подаваа пред лицата на луѓето, а внатре беше пченица со разнобоен шеќер.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тука има некаква подивеност! Ѓавол нека го носи! Зар има тука смисла?
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Фрли го во морето нека го носат далгите во заборав.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Поарно е сосем да ги спушти капаците и непроѕирната розикава завеса нека го сокрие од натрапливите очи.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Нека го доноси овој пат, Боже, нека го доноси, доста беа веќе искушенија, оди кај друга некоја, доста веќе, таа заслужи да стане мајка“, се молеше и му заповедуваше на тој што прави распоред во која куќа ќе се пружаат пелени. . . .
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Првин дојдоа само десетина души, вели Николе Валавичарот и почнаа да бараат ракија, и ние им донесовме ракија и, заколете десет кокошки, велат, за секој по една, си ја редат, и ајде и кокошките им донесовме, им ги натокмивме на трпезите црквински и тие јадат, гнетат, а ние стоиме на страна и гледаме, и среде јадењето некаде под црквата квикна прасе, а, овие ќе колат и прасе, вели старшијата, прасето нека го за вечера, вели,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
РИСТАЌИ: Не треба! Сега кир Николаќи нека го порача прстенот, в недела ќе си направиме строј и тогаш: и благо ќе лапнеме, и винце ќе се напиеме... (го чука Николаќија по рамото). Вака ли, кир Николаќи?
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Преку искривено огледало му го прикажувам тоа на светот, па нека го сфати ако може.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Попот се тетеравеше кон вратата, се спровираше меѓу деца и глуви баби, најмногу такви до кои стасуваат сите селски настани, и пребрзо, во исчекување на нешто ново, испаруваат од сеќавањето; во тишината само тие, како што рековме глуви, не го слушаа попот кога рече дека утре и тој ќе купи револвер, чешки колтови се продаваат под рака, па нека го чекаат пак подло и недостојно во заседа.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Господ нека го сочува ќе ја дочека ли слободата на својот народ? Р.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
- О господе! - извика жена му на Мил, - овој човек ни по смртта не ме остава на мира, - му го врати писмото на поштарот велејќи му: - Нека го бараат на оној свет...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Со лошо: ѝ викаше, ѝ го пцуеше слабиот карактер, лакомоста, ѕверчето што ѝ вие во стомакот и ѝ бара храна; ѝ велеше нека тропа колу што сака, нека вика, грлото нека го искине - нема да ѝ отвори, зашто не може веќе да ја гледа таква, не може веќе да ја носи по бањи и лекари, и дека ова што ѝ го чини - е последно.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
- Остави го детето само нека го најде патот.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Подобро нека го преболи тоа.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Кој го нашол да го донесе во општината, голем бакшиш ќе добие од стопаноооооо! — па ќе го симне малку гласот: — Ако е будала, нека го донееесеее!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И Крсте, како и Неда, долго време не заспа и донесе решение утре уште на првиот час да ја погледа та ако сакаат сите деца со се даскал нека го видат и нека го тепаат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Дедот Петко нека го најде дедот поп Трајка, нека му жугне да биде азар кога ќе го викнеме вечер да ве позаврте малку и да си а земе секој работата и гајлето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ако ѝ се роди женско — туѓа челад е, што се вели, нека крни глава, нека го ќердоса Митра; ама ако ѝ се роди машко, ќе и се обиде ако може да ѝ го дрпне, та така нејзиното што ѝ паѓа од Илка да ѝ се најде за Нешка, да си ја удоми на куќи, а Трајковото да си го остави на синчето што ќе дојде.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Нека го; нека! Нека знае оти никој сега не го праве ни маслават.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кој е со мене нека дигне рака и нека стори гајрет за последен пат, нека го спреми оружјето; барем да ги продадеме кожите поскапо.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Другиот табур на чело со Селима, Фазли и Даута да го фатат мостот на Светецот а да го стегнат обрачот преку Витолишта – Полчишта – Сатока кон селото Градешница и Старавина; а третиот табур нека го поведат Мехмед, Муарем и Фета со своите луѓе преку Скочивир – Будимирци, пак Старавина – Градешница.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Господи Мојов век нека го види своето големо племе И нека си умре спокојно.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Ќе помине. Нека го одведе Рајна кај Матковица. Таа се разбира во тие работи.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
ЈОРДАН: Од година на година се повеќе ги има...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
- Трајче нека го земе Дорча - продолжи Евто - и нека дојде во Караорман.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Их, бре синко! - изнервирано викна мајка му. - Остави го Дорчо, волкот нека го јаде! Не гледаш што стана? - Видов! - одговори Трајче
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Доста е сѐ е вљубено до коска и никој никого нека нема сам секој своето нека го довреболи.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Си реков: нека го сфатат присутните овој мој гест како укор а не како простаклук на претпоставениот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Се разбира, за да стори вакво нешто ќе морала да побара согласност и лично од него.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Нека си го однесе дома и нека го затвори во гостинската одаја.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Кој не може да поверува во ова, нека го потврди спротивното кога ќе сони поубав сон од мојов.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Ама, нека го знаат и ова: не им го оставам Дедо Мраз!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
- Речи му да не заборави да го побара син Митре. Нека го бара кај фурнаџиите...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Море - се слушна поспан глас - само нека го донесат казанот, та цел ден би се вртел околу него...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
За да бидам поконкретен, нека го разгледаме VISIONS, проект од областа на компјутерската визија кој го водат моите колеги Ален Хенсон (Allen Hansonn) и Едвард Рајзман (Edњard Riseman).
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
А валканите работи, остави му ги на Борис. Нека го вади Матеј одовде.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Мајка ми се насмеа: - Тогаш остави ја нека вози ролшуи и нека го чека пубертетот, а ти најди си некоја друга девојка што мисли поинаку од неа.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Виде Димче Волшебникот една птица и си помисли: „Нека птицата се претвори во лута оса и нека го касне непослушното маче!“
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)