нека (чест.) - ги (зам.)

Ако ги земат нека ги земат од нас, со нас.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Црешите нека ги јадат чавките! 11 февруари, 2010 година Наташа
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Нека ги ѓаволот однесе! Веќе не мислам на нив…
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Нека ги има и такви! И тие се потребни!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Ха, нека ги заштитува, трујач да му бидат!
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
А овие ситнурии и трици што ги имате внатре, ѓавол нека ги носи, ниту ни требаат ниту пак претставуваат некаков особен план...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Скот: Госпоѓицата нека ги превива ранетите.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
- Нека ги денес. Ќе копаме сами, ти и јас, а децата нека ја запознаат Елена со планината. Денес ни е празник.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Па, кога се мртви, дајте им на кутрите мајки нека ги истажат барем.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
МИТРЕ: Нека ги товари Панде пљачките и ќе излеземе. (Вади кутија со тутун).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
МАРА: Ништо, готови сме! Панде отиде да му ја извади зобницата на коњот и штом дојде нека ги земе пљачките и да кинисуваме.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
„Однеси му ги на затвореникот оние страници од весниците каде што се ребусите” му реков, „нека ги решава.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Постојат советодавни служби и од таа област.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А за тоа кој му е татко и како да го бара речи му дека ќе го посоветуваш дури кога ќе излезе од занданата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Само нека ги пои жедните како што нас нè напои Мирчовата чешма.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
- Или нека ги вратат или ние не учиме.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Од православните нека ги присоберат.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Така, тие ќе расудуваат: ако една Канада може да ѝ се лути на Англија затоа што последнава, за да си биде во добри односи со Сев- Американските Соединети Држави, им ги пожртвувала ним интересите на Канада и последнава сега сака да се ослободи од Англија и сама да си ги брани своите државни интереси, зашто подобро си ги разбирала, – тогаш зошто Македонија да не ѝ се лути на Бугарија затоа што таа не може да ги брани македонските интереси, ами само ги експлоатира нив, и зошто Македонија да не рече: Јас пролевав крв од мои синови, нека ги бранат моите интереси тие самите, а не твои Начович, Цоков, Станчев итн.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ако некој се посомнева во ова моја одредница, тогаш нека повели нека ги регистрира репертоарите на театрите, нека ги регистрира екипите кои го чинат сегашниот театарски израз, нека се потруди да слушне на кој јазик се обраќаат на домашната публика, со каков сценски конфликт сакаат да го заслужат нивното внимание, нека се потруди да забележи дека нашите театарџии се прават како да се паднати од Марс.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Усните од врелина нека ги кваси ситна роса од густиот облак во очите...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Впрочем, ѓавол нека ги носи, само ние да се собереме, своја група и натаму сето тоа ќе се среди.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
А сега нека ги погледнеме одблиску сродните прашања за тоа како описот што го употребуваме за карактеризирање на некој реален објект ,како на пример збор или број или слика, ја нијансира нашата идеја за сложеноста на тој објект.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Утре чинам, ќе довлечат уште еден природонаучник, еден офицер сигурно и ако не грешам, по три- четири дена еден хуморист и тоа, чинам, заедно со уредникот.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Што ќе ги јадат некои, нека ги изедат децата мои.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ако не му требат, нека ги тргат на страна, па да дојдите да нѐ посетите тука, Филаделфија.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Нека ги подучува нашите инженери Во подоцнежните работни средби во Тунис, по овој сигнал на претседателот Бургиба, Љубен Христов и неговата Хидротехника добија работа, се разбира на нов тендер, во висина од осум милиони долари за изведување на инфраструктурни објекти околу најновата брана на која работеше италјанската фирма, добитник на тендерот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Нека ги, – си рече во себе, – и тие му се верни поданици на Калифот, нека земат по нешто и тие. Сигурно ќе има за сите.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тие што се плашат да излезат и да се борат, нека останат внатре и нека ги дочекаат агите; сигурно сите нема да ги исколат.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
А Митре нека ги подбере магарињата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Нека се зберат сите орли над мојава пепел да вијат ќе ги нахранам за сетно а потем сите беспатја на нивните крилја нека расцутат дива подземна рика нека ги храбри: најхрабриот од вас исколвете го жив на топла крв да ја посадите мојата пепел да заврзе нешто што ќе го поткрене небото горе да има кај да се умре илјадна не стигам!
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Нека бараат, си реков и ако најдат нека ги земат.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„Море, нека ги изеде, а ние да се вратиме дома!“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
И Грција нека не затвора бесно, и нека ги граби, и пцуе, и гони паталците наши во кралството тесно, што плашливи само го крепат евзони.
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
Ристо мој и уште некои други рекоа: - Ако оваа држава е држава на сите и ако сите се рамни, тогаш нека ги казни арамиите и сите што пљачкосуваат.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Жените се загледуваат во него, а тој стои молчалив, со стегнато грло, нем.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Не слушна дека и него и неа ги затвориле?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Секој ден и јас трчам зад камионите, ги прашувам ранетите деца и чупи да не слушнаа за Ристо мој... чекам книга од него, ама нема...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Следното: Тој има уши, нека ги користи.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Со тага си мислам јас за тоа и не од болест туку од страв и грижи, небаре пустиник, уште пред изгрев, скитам и преповторувам: кога не можевме ние – тоа бог нека ги состави коските на мојата земја доколку има бог и – доколку остана земја.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Да одделиш миг, минута, час, оваа поезија кој ја чита бесплатно нека ги земе, сѐ што е бесплатно највредно ќе е.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Нека ги избрише солзите. И нека верува“, порача ибн Пајко скоро развеселено.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
- Само нека ги пои жедните како што нас нѐ напои Мирчовата чешма.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)