нека (чест.) - ви (зам.)

Не тета, со среќа нека ви е таму, секое добро, мене не ме кандисуваш... и велеше мајка ми.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Јас сум се лепел! Еве, нека ви каже Влатко.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Што сакаш од мене? Сум се лепел за Соња!
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Дедот Јована го пријаде јасник, но се прави глупав како овчар та му одговори: — Море, нека ви е честит бајрам, ефенди; токо јас кај можа да и остава виа пустињи сами овде во планината, ќе и исколат в'ците.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Не, не! — паша ќе бидеш ти и така веќе те крстиле Паша.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Нека ви го берат греот тиа шо ве подлагаа и шо ќе ве лажат и натака! — се збогува Толе со својата „престолница" — Градешница — и со своите „поданици" мариовци, та тргна со четата на север, за да ја поварди главата уште некој и друг ден.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ќе попасат овците додека честиташ ти бајрам на бегот и ќе враќаш назад.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се разбира, даскалот Димо не можеше да го преболи срамот што му го нанесе Толе пред селаните, та испрати човек во Бешишта и му соопшти на бимбашијата дека Толе е одавде река.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— А сега, — рече Толе, — нека ви е честит новиот уќумат и шо има — да има, тој ќе ви суди и пресудуа, никој нема да оди ни кај бег, ни кај кајмакам, ни паша.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Наша клета баба-мајка не ште френски думи, ште тја, братја, лек и билка да исцери рани. Но нек ви досвршим, братја, приказ си за баба. ***
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
Али сега, мили моми, нека ви прикажа прикаски од наше време... Слушајте, девојки! ***
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
Христијани сте и Славјани па ако ни сторите зло на мене и нејзе, господ нека ви плати.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Дури и Тихир бег Јаузоски, кој, зашто Боше беше негов овчар и најдобар во Потковицата (само да ѝ го земеше вимето на сјагнета овца во грстот веднаш ќе ти кажеше кога точно ќе се објагни, дали по еден саат, дали по два дена, или по една недела) им беше многу налутен на Јанчески што допуштиле ајдутин да им го земе од постела, во тоа виде божие претсказание па помирливо рече Господ нека ви се смилува вам Јанчевци: ланилето еден ваш се вулоган паѓајќи од Камен, завчера стрика Анѓела го закопавте, ноќеска ајдути трет ви грабнале и заповеда сите возрасни веднаш да се дадат во потера по ајдутинот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но и верата ваша, свети се овие коски, бакнете тука, освестете се, срцето за милост кон човек нека ви чука.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
ЛУКОВ: (Ја набљудува Неда. Потоа, великодушно.) Нека Ви биде.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Ако немате повеќе во главите за да го сфатите и она другото, тогаш тоа нека ви биде доста.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Добро, ако е така, ќе ја расплетам и ќе го вратам посивениот памук на небото, нека ви врне.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Со живот нека ви е!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Е, среќно нека ви биде.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
- Прекрасно! Нека ви е со среќа! - ѝ возврати Јана.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сликарот што го слика по венчавањето пред катедралата, давајќи му ја сликата со адресата на своето ателје и датата на сликањето: 6. IX 1949 г., му рече: „Нека ви е среќен бракот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
ПАВЛОВНА: Каснете и нека ви е на здравје.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Колку за адет некоа лира нека ви даде попот, а за даровите јас си знам.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ете, прашајте а вие, ако неќе мене да ми каже, нека ви каже вам, вие сте стари луѓе, свои луѓе, ајде боже поможи, ако е к'смет да се крпиме.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Нека ви биде Бог секогаш на помош!” – прифатила вујна Клементина.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
- Господ нека ви е на помош, - рече Чакарвелика, се прекрсти со главата подкрената кон небото и излезе низ порта.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Вака, громогласно, срдечно, да ве чујат, потоа поздравете ги со расплакани грла: „Нека ви е жива умрената полупринцеза Мара Цанцарка, каде да одиме за да не се загубиме?“
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Вака: „Нека ви е жива умрената полупринцеза Мара Цанцарка со тртка на носот...“
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Нека ви е со среќа! И да ви растат! И дрвцата и дечињата!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
3 „Нека ви е среќен почетокот! Да сте ми здрави и работливи - и успехот нема да изостане!“ рече тато Петре бакнувајќи го првин Влатко, а потоа Мими и си замина на работа.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Еј, невини луѓе, во небо што гледате и се молите, свртете ги рацете нагоре, сонцето впијте го, месечината во коси нека ви заигра, ноќта кога ќе се спушти ветрот нека влезе во вашите пори низ крвта нека развиори.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Ова, деца, нека ви биде првиот урок од мене.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Нека ви е честито и да се ќердосате! се посегна и ја целува во двата образа. Грмна и од други усти Нека им е честито!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Засега нека ви го прочита попот, но најдобро ќе го разбереш кога сам ќе го прочиташ.”
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)