нека (чест.) - повели (гл.)

Кој сака чесно да умре за тој излаган и намачен народ, нека повели со мене.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но затоа нека знаат дека народот ќе им плати на сите по нивните заслуги.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Никој не се зафаќал да го спрегне добитокот како што никој не се определувал на ничија страна: нека повелат Онисифор и Онисифор да се спогодат околу покојникот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се распливнало зимско сребро. На чистинката паднал сноп светлина кон кој сите побрзале.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Ако некој сака тоа да го прави, - се јавил друг, - тогаш нека повели, а јас во мојот живот тоа досега не сум го сторил, па и натаму...“
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ако некој се посомнева во ова моја одредница, тогаш нека повели нека ги регистрира репертоарите на театрите, нека ги регистрира екипите кои го чинат сегашниот театарски израз, нека се потруди да слушне на кој јазик се обраќаат на домашната публика, со каков сценски конфликт сакаат да го заслужат нивното внимание, нека се потруди да забележи дека нашите театарџии се прават како да се паднати од Марс.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
А кој нејќе да робува, нека повели кај нас.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)