нека (чест.) - иде (гл.)

Трпезницата веќе е поставена и сега нека идат гостите, нека добре дојдат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Толе стана пред зора и го побара Бешот и другарите, а овој на брзина му ја кажа новината и му го доведе мелничанецот да слушне лично од него.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ние немаме ли јазик? ние немаме ли си книги, во којто можиме да си пејме јазикот ни? нека кршат врат овија проклети грци от помежду нас, терајте јазикот им от црквите ни и от училиштата ни, нека иди повраги и безтрага, имаме си ние јазик и книга, некеме грчкото, некеме да се грчиме.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Толе таа ноќ спиеше со Ќосото баш кај тетка му на овега во Полчишта и нареди никој да не го беспокои ноќеска, па макар јузбашијата со сиот аскер да го сардиса: — Утре на видело ќе се расправам, кој сака нека иде! — беше последната негова наредба пред спиење.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)