нека (чест.) - види (гл.)

Ако цивили­зираните земји сакаат да се вратат кон друидските ритуали на бесење или да пијат крв со Ацтеките и да ги појат боговите со човечка крв, тогаш најнапред нека видат што всушност јадат и пијат.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Нека видат и осетат дека султанот повела овдека, а не некакви Толе Пашовци, војводи и комити. Со тие зборови се збогува Бахтијар и си отиде во Битола да ја проведе зимата, заплашувајќи ги бимбашиите дека ќе ги посети да се убеди дали оваа негова наредба ќе биде исполнета или не, што и го направи баш сред зимата, околу свети Атанас.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Ајде, коџабаши, конак за осумстотини души аскер и тројца забити, — му нареди мудурот во Витолишта на коџабашијата Трајка, а овој ги собра сите аази и одведе во секоја куќа по пет души војници Анадолци од груби погруби, од гнасни погнасни, погани, просто ѕверови.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Секој миг експлодира по некоја српска куќа, кој им е виновен кога граделе на наше, нека видат малку како е кога се урива покривот над главата, повторувам веќе слушнати реплики, и го гледам љубезното одобрување на околината.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Нека видиме низ пример дали ваков еднонасочен редукционизам е возможен дури и во рамките на физиката.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Е, нека види сега тој прч, тој бивол, што змија му се пикна в пазува!“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Грдан испушташе пена од устата: „Нека види, нека види сега, кого ќе го откорне...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И мажите и жените се пресоблекуваа во полутемнината без да водат сметка дека нешто може да им се види, го правеа тоа махинално, набрзина, жените сувите фустани прво врз глава а мокриот под него полека го смакнуваа и немаше што да се види, ама мажите не само што не се срамуваа, туку тоа го правеа и со некое задоволство, ако некоја сака да види нека види, ако не сака има раце, нека си ги стави на очи.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
И Зоки трчаше по собата, го дуваше балонот, пак го испушташе воздухот и пак ја врзуваше грлушката толку занесено, само за да му покаже на стрико си дека ете, тој и без неговиот подарок убаво си поминува и дека нималку не му е криво што ништо не му донел. Ако, нека види!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Се фатив подолу бидејќи ги прочитав, нека видат, зошто се дојдени.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
- Нека види Турчинот кај сме, - велел, - па ако му држи нека дојде.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ај, ќе ги одведам назад. Нека видат. Ако има нешто да се види. 89
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)