не (чест.) - џанам (чест.)

Не џанум! Каква сопротива, какво сражение по сево ова.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Не џанум? Двесте за петина дебели чорбаџии, шо ќе бидат — рипна Трајко.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— А на кого ќе го оставиме народов? — со тага процеди преку заби Сугарев, на кого му се придружи Џеров.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
АНЃЕЛЕ: Не џанам... Ами мајка ми кога ме роди прво на вакво столе ме стави да ме завие, да не ме става на земја.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Овие голи селани? Оваа покорна раја? Не џанам!
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Не џанум. Ако има некого да лажа, ќе лажа јабанџии, не вас, моите родители. Ич за тоа гајле не берите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)