не (чест.) - срам (имн.)

И срам, не срам: земаме, макаме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Срам, не срам, ама ми дојде.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Страот од себе и од својата неправда, не срамот од својата кражба, тоа е сакатиот лакат на Претседателон.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Срам не срам, ќе кажам: Дедо Мраз сосема се загуби и падна во белиот вртлог на бунилото.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)