не (чест.) - мајка (имн.)

Да не ти кажувам, вели бегу, за нивните жени. Тие се измеќарки, не мајки и домаќинки.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Дома фрижидерот беше полн со разни јадења и кока-коли, каков што е само кога некој од нас се враќа од пат, кој било, само не мајка ми. Тогаш е најпразен.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
На татко ми не му текнува да го наполни за да ја изненади, а нејзе да: и тоа со храна што тој најмногу ја сака.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Маќеа, не мајка, - чув како прошепоти Лидија, едно кадраво црвенокосо девојче од другиот клас, што се криеше зад нив и сите како да се збунија и поцрвенеа поради тоа.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)