не (чест.) - луѓе (имн.)

После, ко се примири, поп Цветан побарал да го однесат умрениот на селските гробишта и таму да го закопаат, но му се спротивстави Михаил Акиноски.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но никој не го забележува тоа: публиката овде ги гледа фигурите а не луѓето.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тогаш се разлути поп Цветан и му се развика на Јандрета, и им се развика на комитите, на војводите и на сите жители на Потковицата дека тоа што го прават со попот српски не било ни човечко ни божје, и дека тоа го правеле ѕверови а не луѓе, сеедно кој бил попот српски и што правел.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Па што има тука: и јазовци, ластовици градат куќи а не луѓе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)