не (чест.) - тоа (зам.)

Но тие треба да ја гледаат во иднината реалноста, а не тоа што им се бендисува.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Не дека беа поминале многу денови, не тоа, туку дека видов оти со десет удари со казмата, Јован вадел по дланка земја. Не влегол ни до колена.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И ѝ раскажа на Луција за случката со мотоциклот, онаа со возењето на едно тркало, но ѝ раскажа и за онаа ноќ кога јас ги забавував девојките качувајќи се на скала што не е потпрена на ништо; таа не веруваше, се смееше, се држеше за челото и велеше: „О, не, па тоа не е возможно! Не, не тоа никако не може да биде!“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
— Јас имам друго презиме, а не тоа. Јас се премажив, лажам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Само да не сме она што сме. Само не тоа. Никако тоа.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Откако си ја исрка теглата со слатко од бели цреши, зашеќерено или не тоа си знаеја тој и братучедата, младиот Курназ му се сврте на Ване: - А ти, Двојаков број два, од каде и каде?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Таа заповедуваше и молеше со празна темна јама. Не тоа не беше исто.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Но, она што навистина го изненади стариот професор беше не тоа дека кучето со поглед секогаш го следеше кога тој пребаруваше по библиотеката, туку тоа што кога седна во фотелјата и ја отвори големата книга на скутот пред себе, кучето скокна со двете нозе на фотелјата од зад него и се вникна доближувајќи му ја главата и допирајќи го со влакната на својата глава некаде по вратот како едно време покојната жена кога попатно му ѕиркаше во четивото, а што него благо го обеспокојуваше.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Не наоѓа ништо, барем не тоа што го бара.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Или ако не тоа, дедо Геро на Јонета и на Гелета им раскажуваше за Дамета, за Никола Карев и за сите македонски јунаци со кои тој комитствувал и ги знаел.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Сѐ што е врзано да разодврзе, да не тоа ми помогне, да се смилува господ, да не ме мачи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)