не (чест.) - чуди (гл.)

Тој не ги поштеди од својот хумор и сарказам приврзаниците на јазикот есперанто во полемиката: Есперанто е бизарна измислица и не чуди како неколку видни личности од редовите на највисоката интелигенција стапнале во оваа картонска галија да бродат сред море!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
- Не чудете се. Росана веќе третпат проверува дали сте дојдени, - ми се пристори дека ја слушнав ироничната забелешка на колегата Вртанов.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Не чуди се ако се исправи некој ден кај тебе и побара да му го отстапиш местото, — му рече валијата на пашата небарем на шега. Море каква шега!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Не чудете се многу! И не жалете го бестрашниот Зоки Поки!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Се чудите зошто ви го велам тоа? Не е за чудење. Не чудете се. Причината е многу проста.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)