не (чест.) - умира (гл.)

Но козите не умираат. Тие успеваат да најдат митолошки спас, како што се случува во романот на Луан Старова Времето на козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И врз трпезата на плоча запишано: Легии, добродојдовте на трпезава што ја оставивме да ви појасни дека ние не умревме ниту за вода ниту за леб туку поради Честа што се обидовте да ѝ ја одземете на татковината ни... Sacra populi lingua est
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Масада 73 Света трпеза пред пештерите во камењарот над Мртвото Море послана со ленени простирки и со безброј земјени паници полни со плодови риби вино и исушен леб И птици поседнати на трпезата и исушени костури на востаници и мајки деца старци наоколу кои опколени од римските легиони немале друг избор освен до последниот да изумрат но да не се предадат
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Исус Христос е со црвени чорапи и бледо лице И сега самик шета по небото и размислува Како се случи да остане бездетен Кога веќе знае дека Не умира само оној што ќе роди И проклет нека е оној Што цел век нешто прета А ништо за иднина не ќе запрета.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Пиесата „Идиотите никогаш не умираат“ започнува со монологот на главниот лик, Чарли Офтика.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Не умира“, им велеше Полин, „како што има отров, така има и противотров во природата...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Пиреј е троскотна трева, а некои ја викаат и Коштрева. Ама ти колку сакаш кошкај ја, корни ја, куби ја, таа пак не умира. Само малку да се допре до земјата и пак ќе се фати, ќе оживи, ќе потера. Ништо не ја ништи таа трева.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
За да живееш не треба да се родиш, му велам, само неродените не умираат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Така неискапена, непроменета, непреоблечена. Ја покривам со земјата и се чудам: кај отиде огнот нејзин, како остина толку. Ја закопувам Капинка, а се молам Ѕвездан да причека, да не умира денеска.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Којзнае зошто, ама луѓето веруваа дека тој не умира од куршум, дека нешто ги одбива куршумите што одеа кон него и дека се плашат и да го драснат, крв да му пуштат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А може да не умираа сите од глад. Може да умреа и од нешто друго.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Пирејот е троскотна трева, вели, а некои ја викаат и Коштрева. Ама ти колку сакаш кошкај ја, корни ја, куби ја, вели, таа пак не умира.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Но тој навистина, додека Онисифор Проказник со уште двајца отишол да го земе скриеното оружје на оној бег и на неговите измеќари со кои се колеле во куќата на немата Ганка пред да влезат во Лесново, седнал под стар орев и умрел говорејќи, зачудо смирено и без страв, дека не умира од старост, дека на дружината крлешки ѝ се залепила црна чума или проклета утеха: болката го одбрала него за да ги предупреди дека ни најумниот не е достатно силен да ја победи: злото ни секира го сече, ни нож го дупи, ни можеш да го зграпчиш за уши и да го урнеш од карпа в бездна.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се молел пред умирање Симон Наконтик. Луѓето, свикнати да измислуваат молитви, да се сожалуваат или да бараат сожалување, и не го слушале.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Нејзиниот млад живот беше на конец, се исплаши и татенцето, се колнам, со најнежен глас ја храбреше, ја будеше. Ѝ дувкаше во лицето, мило ѝ говореше: - Другарке Оливера Срезоска, - со толку милозлив и добродушен глас ја довикуваше, - крени глава душичке, шепнеше, не жалости го општото дело, не умирај, не умирај, мила другарке, не попуштај во цветот и летото на твојата младост, не жалости го општото дело, како секојпат прибери сила, стани смело, - проклет да бидам, пропеа татенцето, се отвори, просто како поет говореше, низ песна.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Песната за тебе не умира се раѓа и кога си таму некаде каде се успиваш во ноќта...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
- Дедо не умира за инает... - велеше зет му Дукле, - зашто предвреме му ископавме гроб...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
- Животот на дедо е сврзан со вулканот, - велеше Богуле. - Не умира додека не го види згаснат за да му се исполни желбата: да се изгради бањата на брегот...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
— „Ќе ми овениш тука, ќе ми се исушиш без водичка, ќе ми умриш! Не, не, ти не умираш. И туа ти си за мене жива.“
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Никој пат род да не роди. Сѐ ќе испука, сѐ ќе исцрка Чуму си црна јаловице ... И не умирај, чуму си ...
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Направи пак пауза отец Иларион, отпивна од чашата, ги избриша неколкуте капки вино на брадата што блескаа како скапоцени каменчиња на светлината и пак продолжи: - Свети Софроние Ерусалимски вели дека господ при создавањето на светот ги поделил битијата на времени, минливи - тоа се неразумните, а разумните ги обдарил никогаш да не умираат и да не се распаѓаат како материите што имаат времен карактер и што се појава, а не суштина.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Душата не зависи од телото, тоа не ја движи, па по умирањето негово, не умира и таа; таа го движи телото, се движи себе си, па спрема тоа, несомнено, по смртта на телото, си го продолжува своето движење, својот живот. А душата на животните тоа не може.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Им дал три вида на дух: едни кои немаат тело - ангелите; други кои се облечени во тело, но не умираат со телото - човекот; трети кои се облечени во тело и умираат со телото - животните.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Но тој ни сега, ранет и под удари, не умираше.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Не, рече, јас не умирам. Во мене умира нешто и јас не знам што е тоа.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Умот не умира ниту зборот заборава.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Таа не умира, нејзините тајни, вешто едрат, низ универзумот во нас и насекаде околу нас.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Сталин не умира, вели.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Како што колената не ги снемува, како што корените корен раѓаат, како што сојот не умира, така и лошото живее во клетвата народна што постојано се пренесува низ дамарите во народното паметење и како поука и како предупредување... ќе не колне нас народот, ќе нѐ колне...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)