не (чест.) - тера (гл.)

- А што да не тера понадвор, вели Јоше Свирачот, кога мевот ни е залепен за плеќите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Од слеп сиромав, манастирски ѓак, се најаде првин леб, со лебот побара сиренце, мавца, сланинка. Му текна дури и за мазниче — зелниче, та дотера дури до алва. Оти пак да не тера човекот?!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
– Имаме господ, деца, имаме – ги тешеше поп Димитрија кога почнаа да им ги симињаат прангите. – Ќе не тераат некаде подалеку, штом ни ги ослободуваат нозете. – И правилно предвиде старецот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
- Не терај ме да ти велам двапати, вели Јон, и ми се наднесува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не пикај ја во сѐ и сешто главата; не терај ни ифрити и горчини на сите нас, сепни се малку, позауми се, да се гордее твојот татко, да ми тече милина во душата, да знам зошто се мачам и зошто чинам сѐ да те одгледам.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Ама, ај да не терам инает.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тоа е она што ни ја стимулира амбицијата, ни ја храни суетата и не тера да бидеме уште поамбициозни.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)