не (чест.) - пуши (гл.)

Иако не пушат, муштериите земаат по една „господска" цигара и зачуруваат, а Трајко Сукала веќе и бурмут тргна во носот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Скопската шмизла е снобист и најчесто дома јаде ајвар, но затоа кога е излезена во град и во јавност таа не пуши ништо испод Марлборо бело и Карелиа слим со цел да биде подобро забележана од околината.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Кога сум дома, пушам на балконот. Знаете, децата, жената никој не пушат. А пушењето е поштетно за оние кои не пушат.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Љубезно одбивам. – Не пушиш? – гласот му е топол баритон – Каде си се упатил? – Тука ... шетам ... одговарам неопределено.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
- Брат ми Ведран не пуши, јас ти гарантирам – повторив.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Молам?! Што рече?! – праша таа изненадено.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Еден од тие денови, кога моето истражување го прогласив за завршено, ѝ реков на мајка ми, само што беше влегла дома од работа: - Бидете без гајле, вашиот син не пуши! – и задоволно и гордо, значајно погледнав во неа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Не разбирам што сакаш да кажеш – рече. – Брат ти е во Лондон и не знам за што зборуваш.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Да не имате нешто дрога, марихуана, таква работа? (Пауза. Тишина.) Немате во моментов или не пушите? (Пауза) Пушам јас у-ка. Само слабо ме фаќа. Добро поднесувам.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
- Таа не пуши. - Пуши непознати. Остави, сега јас раскажувам.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Тогаш мама вели дека е поздраво да се извика, одошто многу да пуши. Мама не пуши.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Не сум ја прашал зошто секогаш само со левото.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Кога е нервозен или налутен тато пали едноподруго цигари.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
- Можеби ова тровање ќе ја опамети повеќе да не пуши...
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Синот од срам сакал да се направи дека не пуши, но стариот вака го поклопил: - Запали кога веќе си почнал да ја смрдиш таа смрдеа.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
И ете нѐ сега нас в среда наутро со нашите стомаци залепени за ‘рбетите, измрзнати, живееме по пештери, не пушиме, не пиеме и не правиме ништо, Том. освен што ги одржуваме своите прослави.”
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)