не (чест.) - пропадне (гл.)

Сите, најмногу го почитувавме Борис Сарафов за оној гест што тој го стори пред конгресот на Врховниот комитет, кога му побараа отчет и тој не можеше да даде таков за сумата дадена на гемиџиите и, за да не пропадне делото ако тој ја каже вистината и неа ја разбере турската влада, Борис Сарафов го понижи своето достоинство и авторитет и изјави: „Таа сума ми беше дигната од една лесна жена, со која имав интимни врски“.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Се наложи некој да му помага на Брлета за да не пропадне целата негова зимошна мака.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Скокна на патот и колку што можеше побрзо пак го закопа погледот во Србина како да се плаши дека неочекувано в земја да не пропаднал.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)