не (чест.) - продолжи (гл.)

Јас не продолжив, останав таму каде сум и чекам...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
- „Знам”, - одговорив кратко и ја погледнав така молбено, да не продолжува, да го остави разговорот за тоа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Сега ме гледаше мене како се мачам, како се печам на нивната жар, и не можеше да издржи да не продолжи.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Таа девојка...“ рече Едо и не продолжи.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„Мојата мајка, мојата мајка...“ - почна Иле, но не продолжи.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
И сѐ можеше пак да продолжи исто, но не продолжи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се довлечка пак по неговата дира, а кога дирата не продолжи потаму, и тој остана тука.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се спуштавме по таа страна на Галичица како одврзано летало, клацкајќи се на свиоците како балоните во багажникот, а кога слеговме на Преспа не продолживме кон Отешево туку свртивме кон Стење.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ѕвончето ме штрекна. Не продолжив. Излетавме како сачми на вратата.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Татко ми се плашеше од противречностите на Отоманското царство, коишто толку добро ги познаваше и разбираше, да не продолжат и во новото време – времето на социјализмот, на комунизмот, под плаштот на тоталитаризмот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)