не (чест.) - плаши (гл.)

И огромен куп очила: со метални, коскени рамки, цвикери, монокли, понекој бинокл, различни диоптри.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Погледнува во ќерка си, која немо ја гледа. „Не плаши се!” - ѝ прошепотува Хана и полека се лизнува на килимот со еврејска шара, по кој сè поизобилно почнува да истекува нејзината ариевска крв додека во ушите ѝ шуми топлото море на Ориентот и здивот на Леон Голдблум кој, таа чувствува, ѝ се доближува нежен, заносен и страствен и по толку години...  Фотографии.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
На истото место кај што век и пол подоцна ја соѕидале Αγια Σοφιαζ лежи султанот Бајазит Втори кој загледан во летот на своите соколи подарени од Норвешка копнеел качен на бел коњ, украсен со златни узди и узенгии, да се види себеси како влегува во катедралата Св. Петар и како се упатува право кон олтарот во кој да го одмори својот бел коњ и тука да го напои и назоба...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
И, Европа дури им се потсмеваше на неговите соништа да го испади Исуса од црквата, Бајазит, со висок турбан и ретки дијадеми на главата, добро знаеше дека пропаѓа секоја мисла која престанува да се движи и затоа извика: вие, Европјани, не плашете се од мене туку од моите соништа и од мојата упорност плашете се...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
— Не бери гајле, море, лели си стигнал дотука. Не плаши се.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Го видоа ова Илија и Митре, и овој последниот позабрза пред Толета и уште оддалеку почна да вика: — Селани! Не бегајте, не плашете се!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Не плаши се - те тешат на масата. - Само менуваат локал.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Бојан ја погали по влажната муцка. - Не плаши се, Кротка! Тука си најсигурна, - кротко ѝ шепна.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ќе разлистиш ти, не плаши се, само нека забучат јужните ветрови...“
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ајде, не плаши се. Не те давам на дрварите. Нека собираат суви гранки.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Не плаши се, Иринка! Сѐ помина! Ние сме тука! - нежно шепотеше Бојан, наведнат над неа.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Кротка, убава моја, не плаши се! - ја погали Бојан.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
ФРОСА: (се смее). Што рече: „Фрли колку ти е стасана раката и не плаши се од пресолување“.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
МАРА: (фрла во ѓумчето шеќер). Не плашете се, не ве терам.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Беа сосема збунети: не очекуваа дека така ќе настапам, без ронка страв, супериорно; ги фаќаше, поради тоа, некој гнев, оти настануваше најстрашната ситуација за една власт: испитуваниот да се не плаши од нив.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тој има вкус за доблест. Продолжува да оди по патот на кој стрчат острите врвови на младите тревки, не плашејќи се да се пробијат меѓу збиените камења.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
-Не плаши се. Најлошото нешто е ако му се предадеш на стравот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
И не плаши се, јас... јас нема да бидам далеку, нема... нема... (Нешто тропнува во собата каде што остана Луков.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
ФЕЗЛИЕВ: Не плаши се. Ќе ти го вратам.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
ИВАН: Отвори. Не плаши се. Ти само пропушти ја веднаш овде.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
- Не плаши се Џемале, немаме време да го урнуваме твоето мало царство, ќе нѐ повика оној.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Еда, од ништо не плаши се, ми вели Маса Кулумоска, сето тоа е здравје, ми вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Почнувам да викам. - Кој е таму, слушам. - Јас сум, велам, не плаши се!
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Немој, Капинке, велам, не плаши ме, мајчеле, ѝ се молам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Офицерите, велат, офицерите ни велеа дека тие јаделе живи луѓе. - Не плашете се, им велам јас, вашите глави се сега посигурни.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не плаши се, му вели на Витомира, овие риби немаат трње.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Сепак ги знаеш кршимуцките што ти ги дробеле ковчињата и што те соголувале. Не плаши се, спомени ги нивните имиња.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тој пак намигнувал и рекол дека не сонувал младоженство.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Дојди, не плаши се. Со тој твој камен стори го своето.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
— Море, бре браќа, ние сме си патници луѓе, ич не плашете се од нас. Ќе преноќеваме и ќе си одиме.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Баш ми се пријал бакрданик со сланинка, ама така мекичок да е — како за стари луѓе: та веќе не ти ида ваа есен, не плаши се ни ти, ни твојте вдовици и ергени.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
КОСТАДИН: Една мисла ме мачи.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Не плаши се, побратиме. Уште малку остана.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Марија, спокојно ѝ рече. Не плаши се. Еден мал зарез од десната страна на стомакот, сосем мал зарез, и готово.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Не плаши се, ѝ рече. Имај доверба во мене.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
- Е, де, не плаши се! - одговори Трајче. - Не сум овца, та волкот да ме изеде!
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Тој пакосно се смешкаше и уште од далеку ѝ рече: - Не плаши се, невесто!
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
А Луман продолжи но сега потивко: - Не плаши се.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Не плашете се од мене, вели, јас сум поет.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не плаши се, чедо мое, вели, ние не сме поткажувачи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- За тоа ич не плашете се.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
КИРО: Не плаши се. По друго сум дојден. Како си? ЕВТО: По кое?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Некој до ибн Пајко рече притулено: „Не плаши се, ибн Пајко!“ И го фати пријателски за лакотот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ама санџак-бегот веднаш се насмевна: „Не плаши се.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Не плаши се за нив. Тие улеле на Алах, ова им е казна“.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Јас ќе видам што ќе направам со другар му, а за Мартин не плаши се.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Го видов јас како те гледа, очи не тргна од тебе. Нема брзо да се олади.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Не плаши се, ќе те чувам, ќе ти давам млекце, - нежно шепотеше детето.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)