не (чест.) - обрне (гл.)

Беше еден од оние самјаци, кои воопшто не обрнуваат внимание колку е длабок снегот, за да продолжат да ја бараат и да ја пронаоѓаат својата храна, а по дирата, што ја имаше оставено зад себе тој, сега можеа да чекорат слободно еднододруго двајца луѓе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тоа што тој беше сведок на тоа како таа во меѓувреме скрши неколку чаши во сосема природни временски интервали, тој не обрна никакво внимание.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Никој не обрнува внимание дека Мурџо ги има оклештено забите, дека како маѓепсан пред него стои и не мрднува Дончо, а исто така, како маѓепсана, понастрана стои Пела и гледа во нив.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Оти при крај ручекот, а после зафатена со раскревање и миење садови, Пелагија не обрна внимание на Персините размислувања и слутења.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ние не можеме, а да не обрнеме внимание на овие [штетни] појави.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
На овиснатата глава на петелот во рачињата на внукот на Петра никој не обрнува внимание.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Седејќи како во прекрасен сон, Винстон не обрна внимание додека се полнеше неговата чаша.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)