не (чест.) - мирува (гл.)

Се добива „апсолутна идеја“ на логичките категории, којашто е безлична и многулична, никогаш не мирува и чијашто природа е „вечно да се движи.“
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Ги кутина тој луѓето како некој пеливан полеан со масло, што се рашетал по чаирот и не мирува дури не ги види сите на земја.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Но не мируваат лошите очи на Петрета, тие му наѕираат прекорно в душа: зошто се губеше ти во напразни сништа, зошто не одеше устремено со гради накај неа до оној миг кога градите ќе се допрат, зошто не сруши сѐ заради необичноста, да заборавеше дом и име, чест и спокојство, пуста пајажина?
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Но отец Иларион знаеше дека Бонети не мирува, па често кога ќе го насетеше дека се вртка крај нејзината одаја, ќе се накашлаше давајќи му знак дека е буден, или ќе ја отклучеше вратата од својата одаја давајќи му време на Бонети да се повлече, да не дојде до кавга, до расправија.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
„Не. Ние сме Турчинки“, вели пак најстарата, а малечката божем се мести но при тоа со едниот лакот му ги допира плеќите, не мирува, го поддупнува.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Истата изгледа „да ја грабнеш и да бегаш“, што е уште еден квалитет кој го исполнува, ама излезе дека недоволно била секси зашто оваа заменава што го пополни нејзиното место многу порано од што тоа беше испразнето, ја развиори својата црвена коса и колкови кои не мируваат сместувајќи го помеѓу своите бутини, насмеан и флекав, и згужван... и накапан со кафе кое секогаш прво го претекува, а потоа го преполнува во напрснат филџан, ама и оваа вештина испадна крајно невалидна за тоа врските и нивниот рок на траење.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Движечката сила е жива, не мирува, наклонета е на придвижување кон неоткриеното, неосознаеното за неа, кон нови активности.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Волкот не мирува кога гледа кози. Ние, и без козите, ќе бидеме меѓу првите на удар!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ништо во природата не мирува.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
На темната пружина вечерва не мирува едно движење.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)