не (чест.) - крева (гл.)

Ја отвори вратата од колибата, го попрска со вода земјениот под, па со метлата, трудејќи се да не крева многу прав, ја замете колибата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Ајде, ќе помине, не кревај толку паника па и ти од ништо. Не те гребнала мачка досега?
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Ја, - подрече Чакарвелика, го пристутка плеталото во скутот и не кревајќи ја главата кон нив си рече во градите: - Убаво сте смислиле, деца, ама вие дома не ќе можете да се вратите.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- О господе, што ти згрешивме... - се крстеа луѓето. - Не кревајте паника, луѓе, - викаше претседателот на фронтот Анаѓија, - Тане не е никаков стручњак...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
„Одлично“, рече Сајм отсутно, не кревајќи го погледот од својата хартија во ролна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Од прагот на училиштето та дури до излегување не креваше очи да погледа ни лево ни десно.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ама толку го исплашил, што ги почекувал луѓето колку што се може и никогаш на никого рака не кревал.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)