не (чест.) - испука (гл.)

И покрај фактот што во Битола сите знаеле148 дека Организацијата не испукала ниту еден куршум, не нападнала ниту еден Турчин, значи не дала ниту еден посериозен повод за битолските колежи (по примерот на Солун), генералниот инспектор на трите вилаети (Солунски, Битолски и Скопски) Хилми-паша, чие седиште тогаш било во Скопје, пред рускиот конзул во Скопје и пред дописниците на „Будимпештански Хирлап“ и „Манчестер Гардијан“ ја дал следнава неточна и тенденциозна изјава: „Околу пладне (на 6 мај) во Битола на повеќе места во чаршијата се пукаше против Турците.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Нормално, се поставувало прашањето пред солунските конзули: Ерменците само се заканиле дека ќе ја дигнат Банката во воздух (истата таа банка што требало групата на Мерџанов да ја минира), значи, не испукале ниту една бомба а тоа го платиле со неколку десетици илјади жртви.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)