не (чест.) - изостанува (гл.)

Но сега Коле е редовен. Не изостанува, зашто мајка му веќе не оди по полето: работи по куќи, а со себе ја води и сестра му.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Не изостануваше ни Мајкината поговорка. Мајка, за прв пат, покажуваше пожив интерес за историјата на својот народ, за Татковите историски книги, за неговата незавршена Историја на Балканот низ падови­те на империите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)