не (чест.) - издржи (гл.)

Клетата и кутра историја. Што не издржала!
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Поинаку не можев да те заштитам - и повеќе не издржа; се расплака на глас, го фрли ножот, истрча во тремот, извика таму Да не видам огледало во куќава и преку дворот избега некаде во полето.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Италијанците не издржа и потпишаа дека натаму не сакаат да водат војна. И си отидоа.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Што, зар вие веќе се познавате?, не издржа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
А јас по нови кругови жед и глад, не можев а да не издржам без да речам: - А најмногу сте опколени од самите себе!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Се измори. Кога ја плисна последната капка од познатите пцости, едниот рече: „Си напаѓал луѓе. Тоа е.“ Не издржа. „Оние бројки - луѓе!
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Не издржа. Го зеде мантилот од закачалката и излезе.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Плеќите ми се прешироки за студеното трико на земјата. „Мануш„, не издржа бессилно да ја удави со ракија маката. „Спреми се за акција. Ќе се движиме по азимут.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Не издржала, станала и се вратила кај децата во Маказар.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Во мене, сепак, има некоја празнина, како пропуштена можност“, не издржав, на крајот од краиштата, да ѝ напишам на Агна.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Не издржа, се врати назад во кујната од каде што, на наше огромно задоволство, секој ден ни носеше нешто за јадење - зденки, мали мармалатчиња, месни нарезоци, конзерви со сардина... а тоа за нас тогаш беше...
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Кој? – се изненади. - Како кој? Заборави зошто сум тажна?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Тато, дали може да заборави македонски? – не издржав.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Се покажа дека Симон знаел. Онака оттурнат од Лена, тој не издржал.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Со гредите од паднатите плевни ги потпираа чатиите на куќите, но многу куќи и не издржаа, та многу семејства се здружија заеднички да живеат, да го делат злото и да го молат господа што побргу ова чудо да го запре.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Високиот не издржа и налутено подвикна: - Слушај, Коста.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Претходниот шофер (се зборуваше) не издржал со него ниту еден месец.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Е, тоа веќе беше премногу. Не издржав.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Врз неа почиваше и кохезијата на Југославија, поради која можеби и не издржа!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сепак, женското јазиче не издржа да не се почеша.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Никогаш да не се вратиш, да даде господ! не издржа доброто вујне, за добар пат, на третиот чекор ме благослови. Проклет да бидам, благослов.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
- Еееј, Митре... Добредошол... И се врти кон мене. - Еве ни уште еден. Не издржал, мајчиниот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Госпоѓа Гологанова не издржа, обраќајќи му се на својот сопруг, а да не воскликне: „Никола!... Види го!...“
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
- Како? - не издржа Васе од љубопитност. - Ќе објаснам... - рече Коле.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
И јас не издржав. Умот ми застана.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)