не (чест.) - изгледа (гл.)

Потоа, тужителите не се обратија до Трудовата инспекција туку, директно, покренаа судска постапка против МЦ.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Директорот воопшто не изгледаше дека е засегнат од поднесената тужба.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Умрел бе, греота. А не изгледаше болен човекот.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Мајсторот не почнува анализа на партијата, како што прават обично оние што загубиле, докажувајќи му на победникот како и од каде можела партијата да земе поинаков тек, во нивна полза, но правејќи го тоа повеќе за да ги смират нервите и да не изгледаат многу потресени.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Дури и самото гниење во филмот ЗОО е стилизирано така да не изгледа дегутантно, а размената на материите во СТОМАКОТ НА ЕДЕН АРХИТЕКТ е прикажана исклучително сугестивно (сцената со Креклајт и кучето, како и унисоната смрт и раѓањето на крајот од филмот).
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Не изгледаше ниту шокиран, ниту пак си дозволи нападна интимност кога стана јасно дека Винстон ја бара собата за љубовни состаноци.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
За разлика од самите соништа, фабриката во којашто тие се произведуваат не изгледа убаво... како впрочем и секоја друга фабрика: има тука разни маслосани машини, и бучни апарати, и големи зачадени оџаци, и смрдливи отпадни материјали, и привилегирани шефови на смени, и млади преамбициозни кадри, и необработени сировини, и стечајни работници, и ученици дојдени на пракса...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Се доближив до стаклото. Светот надвор имаше жолто-модра боја, како мртовец легнат под црница, нешто дамнешно, мртво, а присутно. Не изгледа дека е стварно, а стварно е. Што е стварно?
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Се трудеше да чекори воедночено да за не изгледа дека бега.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„Господ виде“, рече кусо Филозофот кој не изгледаше расположен за разговор.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А Филозофот не рече ништо и не изгледаше изненаден воопшто.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Додека Влаинката се растрча по комшии да бара млеко и бибер за чудниот гостин, Марин Крусиќ, според трговскиот манир, направи да не изгледа неблагодарен, па веднаш почна да раскажува за медитеранските новости, една од кои беше и грипот што сега владеел по пристаништата кои се во моментов под карантин.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Санџак-бегот не изгледаше лут. Тоа го зачуди ибн Тајко.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тие не беа привлечни и не изгледаа разумни, само нељубезно го мереа долгиот темен тил на оној што одеше крај колоната и до болка ги стискаа вилиците, ги покажуваа забите, запенуваа.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Душевниот грч му се одрази во грчот на челото а од тоа тој веќе не изгледаше млад.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Јас си ја бркав работата колку што можев, не беше лесно да се довлечкуваат материјали горе кај црквата, а гледав што се случува: Симон исчешлан со ниската руса коса, испеглан, се качува на коњот оддеднаш, гордо, како кога некој те гледа и ти е важно како се качуваш на коњ, да не изгледаш клекав.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Од куртоазија ѝ кажуеш дека никад боље не изгледала и следи рецитација.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Неговите сиви алишта не изгледаа веќе нови, беа стуткани и искапани, со искинати копчиња и распарани во рамениците.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Но, по некое време реата како да исчезна.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Сакаше да провери, па за да не изгледа сомнително, божем случајно го испушти долу моливот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Иако, имено, Игор Мандиќ во „Ферал“ напиша дека си најдобриот изданок на хрватската литература, твоите идеи за сето она што овде се случи и се случува не изгледаат прифатени, посебно меѓу интелигенцијата која е и најчист предмет на твојата критика.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)