не (чест.) - е (гл.)

А момчето исправено и загледано во морето не кажува ни три збора: доста се два, помислува, можеби не кажува и два, достатен е еден, помислува, можеби, не е неопходен и тој, помислува, можеби - тишината е нашиот мајчин јазик.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
По стиснатите веѓи и брчките околу усните на богословот знаеше дека ова не е нивен последен разговор.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
АНТИЦА: Тој за мене не е. Ви кажав, дека на тој, јас што го сакам, си му имам дадено збор. (излегува).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Војна е, и нема обични разговори, обичен живот, растеше отпорот. И ништо не е обично.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Доколку нема апсолутен метајазик, ако јазикот е иредуцибилен дури и во науките, тогаш поделбата на науки и поетско не е веќе така едноставна како што се веруваше.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
- Луѓето во другите држави не се како нас, - зборуваше од кујната - Никој не е како нас.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Реалноста никогаш не е таква во моментот кога вие сметате дека реално ја доживувате.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Со други зборови, тоа е однос на странките во парницата спрема нејзиниот предмет на расправање.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
КОСТАДИН: Што, ти сама се врати?
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Лордот Хенри Вотон и сликарот на портретот, Холвард Бејзил, се ставаат во улога на исцелители преку реченици што се референца на нивната животна филозофија: „Ниту една жена не е гениј... жените се украсен пол...
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Значењето на изработката на формалните работни модели не е во модерноста на изумот бидејќи веќе од третиот милениум пред новата ера постојат глинени таблици врз кои се впишани знаци што ги препознаваме како модели за канализациски работи.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Но, како што рековме, не е можно сите желби да ни се исполнат.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Тука е, а не е тука.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тоа и не е некој камен, туку каменче.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Нееее..., ниеден човек не е безгрешен.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Ама не можам да си го најдам веќе околувратникот...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Многумина се раѓаат, го минуваат животот на таа физичка и духовна граница, самата нивна делба како да е постојан курбан за да се помине, за конечно луѓето да разберат, да продолжат да живеат заедно. Зар тоа не е проклетство?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Јас знам оти чудно ви е ова што ви го кажувам ама не е чаре да ве излажам, чунки најпосле испат ќе ви го сторам и ќе ве уверам.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Дека панславизмот е едно смешно антиисториско движење И дека негова цел е подјармување на цивилизираниот Запад Од странот на варварскиот Исток и на градот од селската рамница Оттогаш наваму се разгрануваат разни врсти антисловенство Од кои некои предизвикуваат и војни со многу жртви И не е многу важно дали антисловенството е лево или десно Многу поважно е што историјата на антисловенството не е завршена
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
„Нешто не е в ред, Џонс?” ме прашуваат. „Ништо не ми е“, одговарам, гледајќи ги, „баш ништо.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
И така настапуваат говорници, во весниците пишуваат дека како резултат на определени негативни тенденции, во текот на минативе дваесет години нашиот крал не бил претерано добро облечен.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Враќајќи се кон куќичката Пелагија се обидуваше да разјасни зошто дојде Чана, дали да покаже дека е лута што не е повикана на армасот на Деспина, или едноставно да ја потсети на оној дамнешен црн ден што никогаш не се заборава, или навистина сакаше да се распраша како ќе ги носат децата до на школо?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Само ги слушаш, до доцна во ноќта, како тулуликаат волците во гората и како жеравите, прелетувајќи ја Потковицата, одат некаде на југ, кликтаат јадосано и осамено.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Уште еднаш, јас разбирам дека вам ви е чудно што на вашата книга ѝ се дава таква интерпретација, но тоа не е за чудење.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Па, така, од тие здивени времиња, кога многумина настрадаа на богдуша, во Потковицата останаа само споменот за администраторот, за Блажета Алексоски - Пената, и сознанието дека, сепак, не е препорачливо да се оди на Самовилец, туку така.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Мислев дека сум заборавена од Господ, ама не е така.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Против одлуките што ги донесува претседателот на советот во текот на подготвувањето на главната расправа, а кои се однесуваат на управувањето со постапката, не е дозволена посебна жалба (в. чл. 263 и чл. 298, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А јазолот диши и срце му бие, но, жив не е туку е мртов.
„Од дното на душата“ од Александра Велинова (2012)
Ова не е за во збор да го ставиш, туку...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не се работи за зачувување на човечкиот вид преку репродукција, туку за тоа да го степенуваме индивидуумот преку нов проект.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Таа дозива, таа вика некого, орото веќе се носи, но таа пак дозива и вика некого што не е тука.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тоа суштество на гравурата, кое се наоѓа во мигот на својата загледаност во небиднината, има крилја, но не е ангел; таа жена е алегорија на меланхолијата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
КОСТАДИН: Симке!... Да не е ѓоа?
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
А воздухот зарем не е на средето од овие две?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Зборот на кој се обидуваш да се сетиш е солипсизам. Но грешиш. Тоа не е солипсизам.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Затоа и му одговара да пишува дека божем не постои една вистина, или дека вистината не е чиста, дека обидот за чист план се извлекувал, дека таквиот план, под чудни (чудни!) околности, се уривал.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
А тој, имено, лежи во тоа што ова објективно важечко право, воопшто не е создадено да ги реши или олесни проблемите на сиромашните и економски зависни работници.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Светлината не е константна туку трепка како што трепка огнот под неа, но подобро некаква светлина одошто неикаква па да се ризикува да се вклучи градската струја и целот град да се запали носејќи ги животите на сите. Но не е проблемот во тоа.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
ПАНК Панкот не е мртов Мртви се панкерите Облекоа костими и стануваат у 6
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Таа веќе слезе на перонот, кога тој ја запраша, подавајќи ја главата низ прозорецот: - Извинете, продавницата...далеку ли е оттука? – Не е.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Тоа не е природно. Тоа е клонирање.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Дедо велеше: ,Не е многу добро да е постојано добро". 2.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
ПОЦКО: Ова не е некоја царска работа, туку наша, рисјанска...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Кога ја видел старецо, се уплашил да не е дјаволска работа.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Нѐ убедуваат дека тоа не е можно, дека мажите секогаш мора да владејат, но постоела ера кога жените владееле.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
- Но, она со мочкањето крв по неколку дена во месецот, тоа е страшно - ако е вистина. Нели не е?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
И која? Се знае. Таа што е слободна, што не е нејзина „неделата".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Исто е и не е исто, вели по некое време тој. Ех, велам јас, толку години поминале.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Поделбата во општеството на маси и елити не е, значи, поделба на општествени класи, туку на класи луѓе, па затоа не може да се изедначува со хиерархијата на повисоки и пониски општествени сталежи”, повторно го наведувам Ортега и Гасет. 50 okno.mk
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Бошка патем го мачеа рој мисли: „Ова што ми велат да го предадам не е лошо, ама ја ако не успеат да го отепаат.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Сето ова ѝ дава емпириска потврда, колку и да е бледникава, на претставата дека хомосексуалноста не е само сексуална определба туку и културна определба, силна посветеност на одредени општествени и естетски вредности, цел еден начин на суштествување.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ми рече дека тоа не е прашање за полицијата и ме посоветува да го побарам началникот на царинарницата.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Пандо ја изгаси цигарата од каменот и праша: - А зар не е време да се подготвиш за пат?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Видов дека мостот не е мазен каков што беше кога го обоија претходниот ден двајцата чичковци во сино, туку наместа беше рапав, како нечии раце да се лепеле по него.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Но, ниеден од тие мајстори и малтерџии не можеа да сторат ништо друго, освен да си ги бегаат своите погледи од тој крвав вресок во неговите очи, кога ќе застанеше крај нив, тој, Големиот Ристан, кој сега веќе не беше тоа, прашувајќи со секое свое движење, да не е, можеби, тука, она неговото место, оној неговиот загубен во неврат дел од облеката, она маѓија, без којашто деновите стануваат едно такво крваво прогонување.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сиктер од тука, нема пари! Ех, рекол, јас затова ве виках не вечера, не е, рекол, теле това - еж е ќо се вари горе.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Од болот што стисокот му го нанесе Србин почна да се созема, сфаќајќи дека тоа не е грмотевица како што прво помисли, туку дека топови рикаат отаде на фронтот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Мислиш ли дека ова не е доволно! Ебате живеачката!...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тој е млад — мал, не чул, не видел, и ќе застане како теле во зелје. Не е вака?
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
„Честиш?“ праша Ташко. „Ама, зошто прашуваш, јади, кога ти даваат!“ кусо одговори Љупчо.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Овде, значи, не се „пресвртува“ само платонската идеја за Љубов - туку ad hoc се извртува и христијанската морална теологија.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Но помислата дека е луд не го вознемируваше премногу: страшното беше дека тој можеби не е ни во право.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Одвреме навреме, гласните повеќејазични разговори околу мене ги надгласуваше уште погласните бебиња (помислувам дека ги има најмалку пет, иако успевам да видам само едно, со раздвижена уста, испентрено на рамото на мајка си).
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
- А ако не е тој? го прашуваше неуверливо и расеано општинскиот писар; голема паларија на тркалестата глава величествено го разубавуваше.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Вели:од секој скубен гарван не бидува орел и секој ангел не е од охридска Света Софија.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Секој пијан ќе ти се истопори на влезот и ќе ти се измоча, да простиш, на диречено. Ѝ велам на Зорка, не е ова некој живот, треба да бегаме.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Се работи за пат којшто не е иницијација, ни аџилак, ни печалба.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
ПОПОТ: Ништо не е, ништо не е. Оца, сина, свјатого духа, Амин. Ајде, за многу години. (Пауза. Тишина.) Ајде, што чекате, соберете го колачот.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
ЈОРДАН: Ветер е тоа, не е мерак! Има очи да види и разум да мисли.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
„Чистата војна“ во оваа смисла реферира на технолошката и психолошка подготвеност за војна којашто моментно ги обликува политичките и општествени односи, и која придонесува кон „епистемо-техничкиот“ начин на осознавање и бивствување-во-светот базиран врз технологијата на војна.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
- Не е проблем за пари, јас имам колку да сакаш, - се пофали тој.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Како што гледате за многу наши тешкотии: не родило доволно, не е направено убаво, не е сторено навреме, изгорело, овенало, 'рѓосало, распаднало, снемало, задоцнило и ред други работи, виновни сме самите, со нашиот јавашлук, со нашето непочитување на времето.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
- А, така ли. А овој токмакот, се врати ли!? - Па, не, сѐ уште не е вратен!
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
- Е, сега, слушај ме внимателно. Во главата сите ние имаме безброј мисли. И секоја си оди на своја страна. Кога си расеана, тие прават што сакаат.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ова не е празнична седенка на главите на сојовите, си мисли.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Чадот не е опасен и не пречи да се изгради бањата...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
„Не, тоа не е причината. Обиди се повторно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Платив. Ѝ се обраќам на дамата: – Изедете го, – велам – граѓанко, платено е. А дамата не мрда. Се срами да го докусури.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но, идентитетот мора да се воспостави на многу повисоко ниво, зашто човекот не е роден да живее сам!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Но ѕвер, каков ѕвер. Тој со сила сака да добие нешто што не е негово. Еден таков решивме. Уште колку ќе ги има?
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Константин се сопнува на нешто што не е ни камен ни пенушка, на нешто меко и паѓа на коленици, потоа, накривнувајќи се, го спушта од себе товарот врз некој мртов војник.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
„А зошто не нов матријархат?,“ се насмевна Сара.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Не е само да се ископачи земјата, туку и да се исуши водоврикот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се разбира во врска со спомнатите противречности ништо не ми појасни ни оној случај за циркускиот гимнастичар кој при една вежба во која учествувале сите делови на неговото еластично тело успејал толку добро да се заплетка што морале да побараат лекар за да го разврзе кутриот атлетичар.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тој сигурно не е мртов!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
2.  Странците во РМ уживаат слободи и права гарантирани со Уставот, под услови утврдени со закон и меѓународни договори (чл. 29, ст.1 од УРМ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Се губи. Ко мртов е, а не е мртов. Огнот не му загаснува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И откако не успеа да ја утеши мојата болна и до срж скрбна душа, рече: „Освен тоа, не заборавај дека записот не е решен.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Сепак, постои нешто за кое тој не е кадарен да го предвиди, имено постепеното и неодоливо загадување на работата што ја брани токму со идеите што ги побива.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Либерализмот што го „проповедам“ не е доктрина на една политичка партија туку одредена клима на мислење, идеја на трпеливост која го наследува античкиот збор Homo homini res sacra.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Ние пак, ќе се утешевме со славната сентенца која што често се користи кога некој вечен студент ќе дипломира: Ако е забавено, само нека не е забораено.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Толку многу длабоко навиките се вкоренети во човечкиот живот, но мора да се ослободиме од идејата дека не е можна промена.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Оваа првостепена пресуда беше доброволно извршена од страна на директорот на туженото акционерско друштво (Љ.Дракуловски) – при што немаше потреба да се иницира нова постапка за присилна наплата кај извршител.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во градината одамна не е излезен.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Таму (сонував, не е повеќе од сон, но како да го вмешува и да му се прилепува на јавето) има некој што се вика Род – или Ерод, или Родо – и тој ме тепа и јас го љубам, не знам дали го љубам, ама допуштам да бидам тепана, и така од ден на ден, тогаш сигурно го љубам.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Додека чекорев натаму, замислував како Густав лежи на креветот по мозочниот удар, лежи во бессознание, а Клара седи крај него, знае дека тој заминува, и првпат го гледа не како свој брат и заштитник туку како свое дете, се обидува да го разбуди од она што не е сон и од што никогаш нема да се поврати, му зборува и тоа веќе не е гласот на сестра која го моли да ја заштити од мајка им, тоа е сега глас на мајка која се обидува да го утеши своето дете во неговата нема болка, тоа е глас на мајка различен од гласот на нивната мајка, глас со кој Клара се обидува да го увери дека сѐ ќе биде добро, дека ова ќе мине, заборавајќи дека така се обидува да се разувери самата себе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И потоа го замислував како да го слушав како малку фалбаџиски им раскажува на луѓето сред село употребувајќи ги зборовите што сега јас му ги ставав в уста: "Бурнав на портата кај него, како секогаш без теклив, да влезам кај братучедот Методија, ама портата однатре затворена, а и резето однадвор не е ставено.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
О јаболко на гревот! зарем не е маѓијата што прогонство ни нуди тој плод што во нас незапирно зрее?
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Дали се согласувате со ваквото читање?  Да, но тоа не е толку прашање дали постмодерната допушта повеќе слобода за индивидуите од модерната.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Дете на родители од Внатрешната партија теоретски не е родено во Внатрешната партија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Мрамор 1
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Автентичното не е неминовно и исправно. Тоа значи дека кога Брехт пишувал за Ескими, мислел на Германците околу него.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Нешто му велеше дека дедо му можеби не е виновен.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Народот не е ништо друго, освен едно големо другарство, основано на крвно родство, на општ произлез, на општи интереси.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Викнав по него тресејќи се: „Не е, запамети.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ме чуја никаквеците, го чуја мојот хуманитарен глас во прилог на слободата на изразувањето, но се правеа дека не ме чуја, дека јас наводно својот глас сум го кренал откако тие си ги навлекоа црните надгробни плочи. Тоа не е вистина.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Макар што рамнината и правиот пат, кој наместа намерно завива, за да ја измени едноличната панорама, треба да го чини здодевно патувањето, особено ако трае подолго, не е такво ова патување на север, кое уште од Брисел замириса на море.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Дали од тифусот или од друго, не е моментот да го прашам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Што не се скара со деда му ако тој не е јатак!
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Мајка ми од првите козари што ги виде дозна оти не е фатен ниту еден козар и дека немало упади во куќите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Си имаше многу мака со заемките придавки, кој по бројноста и фреквенцијата на употребата доаѓаат веднаш по именките.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Не е дека нема, ама си аздисал по виршли што личат на Перутнина, сирење што смрди на Трничко, патлиџан што мириса на јабучар...
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Ама не е така, не ќе е така, ќе си речам после, не може да лаже радиото.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Хелвиг очекуваше дека тоа ќе ја орасположи Марша. Но по нејзиниот израз на лицето виде дека не е така...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Нема свои средства за живот. Не е вработена.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
На неговата десна страна, близу до колковите, се отворила голема рана широка како дланка.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Не е чудо Турците да дојдат да ја бараат.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Ова укажува дека не е доволно некој маж да биде хомосексуалец за да биде и геј.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Со тоа потврдувајќи нешто многу значајно: дека не е битно каде сме, какви дневни обврски имаме, со што сме ангажирани - поезијата може да ги најде своите патишта буквално во секоја и најмалечка клетка од животот.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
А зар не е вистина тоа, јас и мајка ми за луѓето од градот зарем не бевме туѓинци?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А ни присоединувањето кон една од балканските државички, што не е никојпат возможно, ни делењето ни окупацијата не се возможни без револуција одвнатре.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Не менува во исхраната... не менува во животот. Курвар, не е.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Но ваквиот поредок не е задолжително постојан, ниту пак е прашање на принцип.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Не е можно да не си чул за мене, - продолжи момчето упорно.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Каков анален простаклак од устен происход е да се каже: „Овие не се мустаќи, ова е сунѓер за газот бришење; ова не е алатот, ова е џезве за кафе да си варат жените; овие не се очи, овие се ламби за да не одат жените на мочање по темница; ова не е глава, ова е шутка, во неа да се мочат и серит домаќинот и домаќинката, сега е зимно време, мрсно се јадит, дрско се серит.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Сити сме и од тескобите и од тешкото време, особено во ова наше време. Затоа, пријателе, те молиме да ни ги ископаш очите зашто веќе не е за гледање, не е за слушање.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Знаеме само дека надбискупот ја напушти салата и дека следниот ден во некои цркви приредбата ја прогласиле за црна миса, и исто така знаеме дека салата ја напуштил министерот за надворешни работи Зоран Талер. Католик и либерал.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
А душата не е од ништо составена, од ништо сложена, таа е проста, без составки - и затоа не се распаѓа и не гние, бесмртна е.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
ЛУКОВ: Тоа не е возможно. Сега сме на работа.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
- Да не е обратно, да не си ти тој што покажува интерес за мене?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не те заборавив. Само се трудев да се уверам дека бојата на косата не е сѐ во животот, дека темното злато на `ржта е изместено.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Не е решение само да се мери и да се соопштува степенот на аерозагаденоста!“ гласно извика некој.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Зарем светот не е таков создаден од Бога? Зарем Книгата не е полна со важни личности и со безименото мноштво, со првенци и со оние другите, останатите, безименото множество, со патријарсите и со нивното масовно човечко стадо, дури и во самиот состав на избраниот народ...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Зар не е одвратно тоа да влезеш под кожата на оној што не можеш да го поднесуваш ни со чувството ни со мислата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ти имаш брат, не е шега! – и пак, божем случајно, ми ги покажа мускулите.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ми се чини дека и не е доволно свесна за положбата во која се наоѓа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Маќеата Тимка го вадеше лебот од фурната и ми викна: Миле, што сакате за вечера да ви подготвам, прженици со сирење или нешто друго?, а јас ѝ реков: За мене не е важно, зашто јас не бирам ништо.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ова е Панта. Панта, речи здраво. (Пауза) Не е расположен.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Се сети Манол Форевски и ќе ми рече: — Не барај го Никифор, не е овдека.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Е, да ти ебам цигарите! Надвор не е добро, така?
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Но, сега ми текна, јас пропуштив да ве запознаам вас двајцата. - Што имаш да нѐ запознаваш?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не е важно кој владее, сѐ додека олигархиската структура останува иста.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
КРИСТИНА: Повелете на верандата. Таму ќе бидеме на мир, а и воздухот е почист. Поради фонтаната, а и езерото не е далеку.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
„Заповедта да се обзнанат буквите уште не е дадена.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Еве го описот на предметот (верно пренесен, освен што не е разделен на пасуси) како што го објави страницата на Нешнал ривју.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Мајсторската титула не е што и грофовска титула.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Истанбулската вода не е питка а оваа што се продава, во чашки или во шишиња, по рестораните, се довлекува од други места и со нејзината продажба многу луѓе печалат убава пара.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Јован Бошковски ЧОВЕК НА ПОКРИВОТ
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Како искусен педагог, тоа и во самиот вовед кон романот авторот го посочува д-р Васил Тоциновски станал комита, не е орач.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Господе, - помисли Рада - сигурно не е живо. Навистина таа ниту го виде, ниту му го слушна плачот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Ден, - рече бригадирот Језекил. - А ем е ден - ем не е ден. Сѐ ти е наопаку тука.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А татко ми зад мене, сѐ гледал и потоа ми рече: Што беше она што го читаше? а јас бргу да се снајдам, му реков: Таа девојка не е писмена па ѝ го прочитав писмото од некое беќарче.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ваквиот канон се нарекува канон со смалување одн. зголемување, респективно (затоа што се чини дека темата се собира или се шири). Тоа не е сѐ!
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Вистина, мајка ти не ти е тука, ама ако, за тебе е, не е за неа.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
- Тоа е само затоа, само затоа што ти мислиш за она што за мене не е ни важно.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Употребата на пушката не е ништо друго туку само - што? – неочекувано падна прашањето и никој дури не се обиде да одговори.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Корнењето млади компири, па и ољукоси, не е забрането ако имаш на што да ги печеш.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Мастилото на дипломата дека сум жена уште не е исушено.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
- Кое добро, друже Ивазе? - Не знам дали е за добро или не е! Но вие морате во амбасадата?
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
А кога почнале да товарат во запрегите торби, дисаги и вреќи од испосошиени ненужни крпишта, кога се видело дека на пат се носи пченкарно брашно, пресуво, преслабо и пресолено козјо месо, низи кромид, лук и пиперки, сирење, малку помеко од камен, изварка, сол, ракија, суви овошки и којзнае што, и другите освен старците знаеле дека сѐ е пресметано од порано - сиромаштијата не е без разум и кога е без леб.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не е во ничиј интерес тие да бидат згаснати!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ако Господ Бог постои тогаш тој не е некаде вон и над постоењето туку во самото постоење.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Нели е речено дека секоја планина си ја носи својата тежина: и поголемата, и помалата“, се обидов да ги корегирам сфаќањата на мојата поубава половина. (А сето време потплукнував, скраја да е од нас).
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
(Влегува Арапот.) БОРИС: Само уште ти фалеше. АРАПОТ: Соња. БОРИС: Не е тука Соња.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Па и дни идат: божиќни пости, мртвени, среда, петок, шо ќе се јаде, пусто да биде! Не е еден, не се два, дни — коа кубаси, шо рекле старите. А вамо, сака залаг да пог'тниш.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Нема да останам во минатото, љубовта не е дух, судбината не е предодредена, судбината ја градиме ние, не се откажувам, не е завршено, бескрајот е последна станица а во следниот перон сум јас, тргнав за да бидеме заедно, зошто никогаш не се изгубивме.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
И потоа одново зајачка, како бавно да раскинува стара ткаенина.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
колку патрони чеиз му донесе на Горачинов, ми велат, да имавме ракија, вели Горачинов, ќе ве викневме на блага ракија, и ќе фрлавме пушки, вели, свртете на друго, вели Ристо Коларов, здравувајте нѐ в образ, бацете ни рака, вели, не го погоди моментот, вели Горачинов, историскиот момент, ова не е свадба, туку свадбено патување, вели, дури си млад сѐ можеш да кажеш, што се вели, сѐ ти се може и сѐ ти прилега, и јас гледам како се стемнува и како цело небо ни слегло во морето, сосе ѕвезди и сосе месечина и си мислам дека сме тргнале по небото, сме се закренале на некоја пловидба меѓу ѕвездите, целата сум зашумолена и пренесена некаде, некоја голема умора ми се обесила на клепките, ми натежнала во коските, нешто гледам, а повеќе не гледам, како до половина да сум заспана, завлезена во сонот;
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Никогаш не знаеше дека оженетиот маж не е секогаш неприкосновен чувар на своето морално поле, на својата ведрина, на своето ментално и емотивно спокојство.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Јас живеев во крв, јас сонував крв. Не е премногу.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Зар политиката и желбата за власт не е дрога?
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Значи ова медиумиве, не е ни транзистор да пуштиш, подобро да поседиш во мракот, и да си поќутиш.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Против ова решение не е дозволена жалба (чл. 17, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
— А бре каде, ефенди; (за рајата сите Турци беа ефендии) носа еден важен абер на муљазимот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Јас го сакав Јани. Го сакам и сега, кога не е на овој свет. Често го сонувам.”
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Нејзе уште од мала ѝ е всадено чувство на стравопочит спрема чорбаџијата, повеќе на страв, отколку на почит, и тоа чувство ѝ преминало некако во навика, така што нејзиниот страв не е силен но затоа е постојан.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Но Петар, како човек кој во душата никогаш не го засака пишувањето, оти се раѓаш или како писател или како рибар, не сфати дека не е важно дали сите тие луѓе кои жедно ги голтаа нивните проповеди и поуки ќе им ги разберат зборовите токму онака како што тие, проповедниците на Радосната Вест, сакаа да бидат разбрани.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Она што е на дело сега во Европа е екстремниот раст на миграцијата.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Затоа и не е важно дали Бог постои. Тој си е доволен сам на себеси.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Одев и сакав да одминам, оти знаев дека Лествичникот не е таму, дека блудничи со девојката во источната одаја на гревот, кога одеднаш ми падна на ум нешто: можеби чашата на Соломон, изворникот изгубен на сите неволји и записи чудни, се наоѓа токму во неговата одаја, на место сосема видно, незаклучено, оти таму законот нема да ја бара, туку на место скришно и недостапно за виделото човеково?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Дури сега мршарот се одзва со она свое тивко, цвичливо скимтење, беспомошно и исто онака, божем сакаше да му рече дека тој не е во состојба да му донесе ниеден од нив.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ни едното ни другото не е точно. Добро го познавам.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но борбата со пропагандите во Македонија не е чекор назад, туку напред, зашто и тука имаме работа со борба за слобода, со борба со мрачните сили што не ѝ дозволуваат на нашата татковина сама со свои очи да ги гледа своите интереси, ами ѝ наврзуваат очила што ја замрачуваат вистината и ѝ придаваат бугарска, српска и грчка боја.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Цртачот на стрипови, драги глувци, можеби не е „лекар на убавината”, каков што беше, да речеме, господинот Леонардо, но ги секцира „нештата” на таков начин што неодоливо ги привикува аналогиите како на првите анатомски маси на Версалиус, така и на бесконечното делење на материјата со судирање на честиците, или на господин Вазарели, да не одиме понатаму во декоративното минато.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Границите на Евразија се поместуваат напред- назад помеѓу базенот на реката Конго и северниот брег на Медитеранот; островите на Индискиот Океан и во Пацификот постојано се заземаат и презаземаат од Океанија, или од Истазија; во Монголија, линијата на разграничувањето помеѓу Евразија и Истазија никогаш не е стабилна; околу Полот сите три сили полагаат право на огромни простори кои се главно ненаселени и неиспитани; но рамнотежата на силите секогаш останува приближно иста, а територијата што го претставува копнениот центар на секоја од супер-државите никогаш не е загрозена.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
АМПО: Не ви е чесна работата: не е по адетот.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Исти одредби важат и за забраната и ограничувањето на правото на штрајк, со таа разлика што не е наведена забраната за штрајк во полицијата при кризна состојба (чл. 108, ЗП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Не е,“ реков. „Крвта е црвена, ова е кафена боја.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Меѓутоа светот на Чинго не е отсликување на некој образец, тој е граден самостојно, врз едно специфично естетско искуство.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Кај животинскиот свет, судбината, исто така, има различен аршин. Судбината на магарињата е иста, но не е со онаа на овците.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Кому може да му користи тоа што двајца агенти на Гестапо во централната зградата на еврејската општина го влечат до тоалетот, заменикот на главниот рабин Хаим Хабиб, оној сериозен и скромен човек, кој да не беше Евреин, ќе беше уште и симпатичен – и како тоа да не е доволно, го исмејуваат и над Тората го тераат да одговара на нивните потсмешливи прашања за законот „заб за заб, око за око”, додека еден офицер на улица запрел некаков рабин, го однесол дома и му ја избричил половината од брадата и така го пуштил да излезе на улицата...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Фразирањето не е моментно или сингуларно, туку сложено и повеќекратно.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
„А ти да му речеше. Не е другарски зад грб да озборуваш!“ ме пресече Влатко. „Другари сме, не чини така!“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
А ни во ставата не е лошо. Малку кусичко според годините, но затоа полно како грутка.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Револвери, шушкаше. Тоа не е моја крв.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ти мислиш, би рекол дека наша главна задача е да измислуваме нови зборови. Тоа воопшто не е точно!
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Грета: Тоа и не е некој проблем. Треба само гостите да ги натерате да пуштаат вода и НЛО мувите ќе си заминат на својата планета!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Таа смена делумно веќе е настапена и не е далеку тоа време кога таа ќе триумфира.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Зар душманството не е првин индивидуална особина, која ретко зазема масовни размери?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Стапката на законската казнена камата се определува за секое полугодие и тоа во висина на каматната стапка од основниот инструмент од операциите на отворен пазар на НБРМ [референтна стапка] – што важела на последниот ден од полугодието што му претходело на тековното полугодие, зголемена за 10% во трговските договори и договорите меѓу трговци и лица на јавното право, односно зголемена за 8% во договорите во кои барем едното лице не е трговец...
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А ти учи од него, оти тоа што го глаголи не е отров: та нели отровите, во мали дози, во капки само, како и мојата ука на преподавањето сказанија, се користат како лекарства за болки?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
ДУШАВА МИ ЈА ТОПЛАТ ТИЕ ИЛЈАДА СОНЦА ВО ТВОИТЕ ОЧИ...
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
- Разбирам, - вели Весна и ги стиска забите. Таа тоа го прави кога не е сосем искрена. Мала е да разбере.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Бргу научив дека секое светкање не донесува светлина и дека секоја песна не е за слушање - има песни што ти ја галат душата а не ти го гибаат ушното тапанче.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Што се вели, од дома не излегува. Не е во друштво со неранимајковци.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Јас тоа што го бендиса, дали оно мене ќе ме бендиса? Не е работата само јас да го бендисам, ами сака обата да се бендисаме.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но, тоа не е ништо. Овде се живее у еден нов облик на симбиоза каде мажите „као нешто“ работат, а жените секое сабајле се собираат у групи од по десетина комада, сркаат турско и „редат“ за Македонија.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Место берданки, Трајко најде суровици, измешани со стари палечници — да тежат, а место фишеци — сандакот беше полн со песок.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И сега знам случајноста не е случајност... нашата е со причина... да бидам Јас кога не си ти.. и да бидеш Ти кога мене ме нема таму..
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Ѝ реков дека џезот веќе е сосема испразнет од фолк-содржините на црната раса, од неговата изворна фолклорна содржина, дека е останата само неговата рамка, неговата универзална музичка форма, која сега треба да се полни со нашиот фолклор; и не само со нашиот, туку и со секој фолклор во светот, оти не е само нашиот фолклор богат, туку има такви уште неброени и незнајни богатства на планетава.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И во следниот миг видов млаз кон мрежата; миг потем видов светлина, страотен блесок, десет илјади пати посилен од Сонцето, како очите Господови; таква светлина никогаш во животот немав видено, господине судија; светлина еднаква во сите свои делови, виолетова, облак од светлина што не е во едно време убав а во друго неубав, ниту за едни е убав а за други – не; таа светлина траеше само еден миг, кој ми се виде цела вечност, и јас знаев дека и Јан Лудвик ја гледа таа светлина од прапочетокот, и како бев вон себе, исплашена, во шок, јас бев среќна што Јан ја виде таа светлина, уште еднаш.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Луѓето се такви какви што се и не е несфатливо нивното однесување.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
На директорот му беше сеедно за иницираниот спор против претпријатието и тој делуваше како воопшто не е засегнат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Не, мислел, не е глува и не е нема, мајка ѝ само сакаше да ја спаси од бегот и од неговите измеќари.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но и да не е сѐ така, основниот факт е присутен: куќата изгоре. Но, тоа не е важно.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Овој луциден судија кој го водеше предметот, покажа одличен правен сенс (elegantia iuris) – што е сосема ретко од нашите партиски подобни судии, образовани во духот на бедниот и буквалистички правен позитивизам – кога заклучи дека прекинот на работата се случил спонтано поради незадоволството на вработените прогласени за технолошки вишок 49 кои со жив штит ги попречиле вагоните да тргнат од пероните на станицата и дека: „Не е јасно како може, без индивидуализација на делата на секој од тужителите посебно, тие да бидат казнети ‘во пакет’, и дали во конкретниот случај се работи за некој нов изум на ‘колективна одговорност’ кој тужениот се обидува да го примени во своето работење“!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Седна крај неа. Знаеше дека не е само измамен човек, дека е и лекар.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Овде е, не е овде.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Значајот на андрогинството во алхемиската традиција веќе не е потребно да се нагласува.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Не е точно дека во Истанбул мириса само на лој, на овчо месо и на пастрма.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Помошници кои во негово име и во името на Нова Година, не е важно која по ред, ќе ги разнесуваат по разни градови, села.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Тој не е во состојба да разликува што е невистина, дали е вистинита таа информација, дали во практика е објективна.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
А потоа и самиот се запрашав: „Дали навистина не е опасно ако некој си вообрази дека може да го одредува текот на нашите размисли и со помош на оваа своја способност да донесува заклучоци за нашите намери“?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
од секаде ги бркаат домородците, а ако излезеш еднаш, враќање нема, си фрлил камен зад себе, оние што се инаетат ги клукаат со сол, а вода не им даваат, ги полнат со рицинус, со струја и со спици, со киселини и со куршуми, со гол газ на гол мраз им го бришат паметењето, да немаш родно место, да не спаѓаш никаде, склучува договори и со Бугарија и оттаму си ги зема Грците, а Македонците ги брка во Бугарија, секаде ги поттурнуваат, им ја истргуваат земјата од под нозете, на ненадејно ги фаќаат; жените велат: не ни чинат мажите затоа е вака, а никако не си и никако не е; секоја година нов ветер, нова вејавица,
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не мисли на лошо, побратиме. Ништо не е тоа. Ќе помине!... (Излегува).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
— Ништо, слушам, ова не е болница.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кракатау:Пак да не си се закачил со чоекот, или во СДС да не поминал, сѐ му ебем?!
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Наслушувам, не е ветер.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Виде дека морам да се потпрам на нив и ми вели, ова не е, вели, работа за општи работници, ова ести мајсторска работа.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Братството не може да биде уништено затоа што тоа не е организација во вообичаената смисла на зборот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Вреди да се одбележи дека со оваа пресуда, и покрај ригорозните и репресивни законски мерки насочени против организирањето штрајк, се востанови еден одличен судски преседан дека „блокадите се суштина на синдикалното делување“ (зат. цит. – стр. 3).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
ИЛИЈА: Жив за среќата на малечкото да не е сироче, а за поразот од кир Ристаќија! (Арнаутите навлегуваат и ги навртуваат кундаците од пушките кон присутните).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Пријателе, знам, не е секогаш така и не се такви сите твои есени. Понекогаш ја топлат твојата рака стиховите од ветерот донесени.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Дали подоцна го фатила болеста, или не е со истата болест?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
– „Вистина, татко, и вие браќа селани, им рекол Силјан, ама за приказна е мојава работа што бев дури во долна земја или штркова земја кај што човек досега не пошол и не ќе појде, и да ми верувате оти не е чаре да ве лажам јас, чунки не ќе ви земам нешто да си кладам в ќесе, за да не поверувате за здраво.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Таа е некој вид размена или интеракција.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Таквото задоволство би било заблуда и илузија од кој честопати не е лишен творечкиот чин.
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Ги слушаше речиси безгласните коментари, или така му се чинеше дека не е далеку денот кога градот ќе го завладеат козарите со нивните кози, дека не е далеку денот на белата, козја контрареволуција, кога неговата фотелја може да ја заземе козарот со титовка од козја кожа.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
- Ах, да, - се досетив, - значи така. Мајка ми себеси се смета за уметник, а бидејќи не е способна за создавање, романот не го ни почнала.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Му велев: „Сине, не е фер толку рано, да не ми се лути тато…“
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Не е тоа брате, јаболко. Скини го од дрво и сокри го в пазува.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
А и времето нешто се меша, и тоа не е со сите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јазикот ми беше влакнест, старечки: лежеше во ковчегот на вилиците како бессилен мртовец.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„А ти си таква добра душа, чиста и нерасипана“, ја фалиш за на крај да ѝ предвидиш дека ќе ѝ помогне човек во униформа... доктор, цариник, банкар... келнер не е!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
А што се однесува до прашањето кому му припаѓам и од каде ми е потеклото, мислам дека не е важно.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Тоа беше убаво од него, но нешто во воздухот лебдеше и зборуваше дека ништо не е како порано.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
А Маргот се сеќаваше. „Тоа е како паричка!“ рече еднаш со затворени очи. „Е не е, не е!“ извикаа децата.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Не е во многу лоша состојба.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Литературата не е соучесник во овие процеси, туку по налог на својата специфична функција таа е само сведок, честит и храбар сведок, којшто не молчи туку гледа и кажува, добро гледа и добро кажува и трајно посведочува.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Службеникот учтиво му врати дека никогаш не е ни рано, ни доцна.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Седи Богдан со отворениот албум пред себе во градината, ги крева очите и гледа: се стемнува, а пладне уште не е поминато; времето се стишало, не мрда ни лист по дрвјата, не се движи ни птица, ни инсект; чудна некоја тишина, чудно исчекување како пред породување.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
— Можам да ти покажам некој гроб, вели Лазор Рогожаров, ама Никифор во ниеден не е.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
– „Оти луѓе сме, затоа луѓе сме, му рекле, а за штркови што се правиме, си имаме од деда прадеда клетва да се правиме, чунки тука ние, Силјане, не е чаре да родиме челад според една клетва што ни е оставена од деда прадеда како што ти кажав уште од понапре“.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Меѓутоа, Мисирков не е против Организацијата: тој беше само категорички против продолжувањето на неподготвеното и ненавремено народно востание, како и против планирањето ново востание за идната пролет, за коешто пишуваше печатот и за кое зборуваа некои наши револуционери. 47.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Впрочем, за еден типичен постмодернистички писател, чувствителноста не е баш антипатична.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Во христијанската догма, особено во учењата на Свети Августин и Тома Аквински, се избираат оние елементи на Аристотеловото учење кои одат во прилог на величење на бесмртноста на душата, а телото го сметаат за пасивно и инертно.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Влегов во мојата соба. На мојот кревет седеше Рајнер. „Се вратив,“ рече.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Но, најпосле, ние се обидуваме да ги примениме модерните сфаќања на личност која, за мене, е вистинска хероина на викторијанското време.” •Дали сте задоволни од Ребека? •Хичкок: „Тоа не е Хичкоков филм.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
А еве Јон не е војник, и сѐ било мижи да те лажам, ветер во вреќа биле соништата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Наивната прикаска за групичка расипани узурпатори на една страна и слободарските народни маси заробени во оковите на тиранијата на друга, веќе не е ни за детски уши.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Ако ги погледнеме настаните од последната руско-турска војна досега ќе видиме оти секоја арнотија од Бугарија за Македонците не е ништо, освен една компензација за глупостите што ги има направено Бугарија по нашето прашање.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Секаде е олеле, што се вели, никаде не е сигурно.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Арсо, со последните сили во себеси, веќе не е во состојба да се држи на нозе.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Не беше забрадена во шамијата, туку преку глава ја имаше врзано, поднакривнато малку. Не е лошо тоа...
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
„Како за кого“, рече татко ти. „За мене оваа приредба не е никаква изненада.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И доколку времето не е само категорија на траење и менливост туку и оска на правдата – вистина е дека современата македонска поезија, најсуптилно меѓу сите творечки дисциплини, откри една значајна и филозофска и психолошка посебност на македонскиот народ: неговото чувство за временска дистанца; чувстото да ја различи минливоста од трајното.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Само што седнавме, а Весна рече: - Па тоа не е никаков камен!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
И ВИШНИ БОРЈЕ нежен планински повев посакуваат... - Ништо не е сменето тивко шушка МОЛИКА...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Џејми О’Нил ја презапоседнува ирската републиканска историја за геј-ослободувањето и за машката геј-љубов во својот роман Кај Пливале, двајца момци (At Swim, Two Boys, 2001), чиј наслов упатува на еден претходен, класичен, негеј-роман од Флан Обраен.*435 И најуспешното дело на Мајкл Канингам, Часовите (1998), изгледа најгеј не кога се труди да ги прикаже машките геј-ликови, туку кога авторот се обидува да пишува како – или, впрочем, да биде – Вирџинија Вулф – некако како Руфус кога ја канализира Џуди.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тешко ми е да го завртам неговиот телефонски број. Како да го прашам к-како си? Тоа не е сообраќајка! Тоа не минува.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Тој разбрал сѐ, сѐ измерил и дошол до заклучок дека ништо не е важно: сѐ е оправдано од крајната цел.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Нешто, што и да е, што би ја разбило здодевноста и би им дало смисла на изминатите километри, некаков момент кој суштински ништо не менува, но пред и по кој всушност ништо не е исто.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Во Океанија, ништо не е делотворно освен Полицијата на мислите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ако сѐ уште ја игра играта на мачка и глушец, тој процеп постои за лесноумните: ако не е така, крај е на сите стравови, зашто самиот крај ги голта нив како смок.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Наближувајќи го кафето од Филевци, на Андон му стана мило кога виде дека уште не е затворено.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Милчо продолжуваше да плаче, да олцка: - Не е точно... - повторуваше.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
И слепата улица не е затворена ако има луѓе во неа и ако свети сијалицата.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Но кога во почетокот на шеесетите години, тогаш се пуштија границите и едночудо наш народ замина на печалба во Европа и низ светот, дознале дека тоа не е така, дека земјата лежи напуштена и неизорана, а дека зградите се уриваат и нема кој да ги поправи, почнале да се подготвуваат за враќање.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Стануваш рано наутро и тоа, секако, е работа под ведро небо; гледаш како сонцето изгрева и како градот се буди, а тоа воопшто не е лошо.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
По извесно време, решив дека ова што ми го прават комшиите над мене, па макар биле и група претседатели, членови на кралски семејства или други великодостојници - воопшто не е фер.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Очигледно имам посегнато кон чашата со ракија а нејзината дланка ми ја ускратила намерата. –Не се сеќавам каде се сретнавме и како втасавме овде, ако сфаќаш за што ти зборувам? - велам.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Секоја божја квечерина пројавуваш симптоми на алергија: прашина, минато одминат живот а каде без неа, кога сѐ е всушност, прав и пепел - од книгите до стварноста  па и тоа малку љубов што го имаш предизвикува астматичен грч психосоматски задув а ни морето не е тука да се прочистиш од талогот!  Правта е овдешна вечност - премин во метафизика.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Британските групи како Битлси, Ролинг Стоунси, Гери енд Пејсмејкерс, Кинкс, Анималс, Јардбирдс итн. наидоа и ги променија сите ставови за тоа што е, а што не е во фазон. Tough-big-city-teenage look или Mod и Edwardian.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Но тоа не е точно.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тоа не е наредба, му свикав јас нему.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
- Не е разликата во зборовите, вели Витомир, пувкајќи со цигарата, туку во луѓето што ги кажуваат тие зборови. - Луѓето се исти, велам јас, ״ама умот не е ист во луѓето“ , се присетувам на зборовите од Лазора Ночески.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„Лозане.“ „Што е?“ прашав и пак се мачев да се извлечам од под неговата ослободена тежина; не бев сигурен дека не е пијан и дека не ќе заспие ако се тргнам од него.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Мислиш дека ако ја напуштиш работата и отидеш на друго место, ќе ти биде поинаку, но каде и да отидеш, проблемот не е во местото, сакаш да отидеш на некое друго место, и кога ќе отидеш таму, ќе сфатиш дека работата не е во местото.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
„Мојто момче, Џемо море, не е дома, мојто момче на туѓина, на туѓина, на печалба.“
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
И од тогаш сѐ се исчисти. Веќе не се појавија.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Универзитетот се изопачил: не е функционален на општествениот план на пазарот и вработувањето, нема ни културна суштина, ниту пак научна целисходност.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Не е неговата љубов плод на мршата, од која произлегува секој грев.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
2 Во рамките на фабриката има формирано синдикат на ниво на работодавач, и Ф.И. е негов член.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Го галам неговото осле, покротко и од него и само го прашувам и препрашувам каде се, кај се откорнале луѓето, кај отишол и Господ-бог прашувам?
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Останал само еден офицер, некој мајор, а тој ја прашал Трајана: Кај ја носите бомбата, госпожа?
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И затоа ќе одам во Рим, Богу да се исповедам оти и јас гледав со очите на нечестивиот и согрешив; оти сум видел нешто што привид е, а привидот е дело на нечестивиот; одам да ја уцврстам вербата своја во Бога, ако веќе не е предоцна“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Често пати кога ќе ги видам поклопените стрелки на часовникот, паѓам на суеверие дека во тој миг некој помислил на мене. Не е тоа суеверие, како пример за црните мачки.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Се разбира, Кавала не може да се разгледа за едно претпладне, или за еден ден, само додека грее сонцето, затоа што таа не е мал град.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Не е фер перачките на дамки да си ги изгубат работните места.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Да ги проѕреш сопствените еротски илузии без да го лишиш предметот на својата љубов од достојноста да биде љубен, да се одречеш од следувањето почит додека и понатаму ја бараш почитта, да љубиш и да бидеш љубен без да внесуваш во својата љубов достоинство: ова е можноста што традиционалната машка геј-култура им ја нуди на своите приврзаници.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А се што срцево сака беше одалечено не повеќе од половина час возење до едноставен убав свет создаден само за мене, односно пријатно место за создавање едноставна убавина и нема да дозволам некој да ми го украде.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Зарем не можеш да сфатиш дека смртта на единката не е смрт ?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ништо не е препуштено на случајноста - и случајноста се планира. Од Големиот планер.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Ова не е ханкиманки бизнис како што правите вие тука.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Порано ние, божем, пишувавме и велевме дека е облечен најдобро од сите, но тоа не е сосема така.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Тогаш за првпат ѝ било спомнато на Трајчеица, и тоа в очи, дека треба да се спушти на земјата; дека не смее да мисли дека сѐ што лета се јаде; дека мажот не е секогаш само маж; дека покрај тоа што е маж сака да биде и љубовник, и додворувач; дека на жената ѝ е порачано да биде убава; да биде посакувана;
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„То не е лошо, момче. Ама, шо ако имаш знаење, ако пари немаш?
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Како што беше вистина и онаа пролетна утрина, додека на горниот крај на селото се собираше тајфата печалбари пред заминување, а тука беа и тапаните, веднаш тука, на ледината крај патот и младичите го играа Тешкото околу нив, а тој беше со татка си скраја и мајка му молчеше крај нив со црвени очи; тој беше накитен со низалки костени, јаболка и по неколку ореи, првопратено, додека мајка му му шепнуваше „Змејко сине“, а тој можеше да види како му се стегаат на татка му вилиците и како сите мускули набабруваат и се скаменуваат под поцрнетата кожа на неговото лице, исто онака, како кога беше многу лут татко му, но Змејко сега можеше добро да знае дека тоа не е од никаква лутина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не е измислица, постои. Ние ја викаме Братство.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Војната ја води секоја владејачка група против своите сопствени поданици, а цел на војната не е да се изврши или да се спречи освојување на територија, туку да се сочува структурата на општеството таква каква што е.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Еве, на пример, овде постојат вековни предрасуди за жената, посебно за муслиманската, но и христијанската не е изземена!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Илко, шо аро ќе виде! Не е лошо, болката да го вате. Не е ни старо шо ти човек е.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Против решението со кое се дозволува или се одбива изведувањето на доказите не е дозволена посебна жалба.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Важно е и да се забавуваме, да ни се смеи душата...ама, тоа сега не е тема на муабето.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Балканизацијата, сфатена како субмисивност пред големиот свет и големите сили, не е ништо друго туку јаничарење.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Имено мил мој, тие сценарија се туѓ проживеан живот, поука добра, но репризата, туѓиот проект не е пат за успех, никогаш не дава успех, е трагедија.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Не е ни на лекарски рецепт, а тоа е лекот што сите би го пиеле.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Но не е ли јасно оти ако Турција ослабне економски – ние ќе ослабнеме неколку пати повеќе?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
„Ви велам, капетане, нешто не е в ред со прозорците!“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
На цела една генерација на психијатри веќе не им е познато какви се тие луѓе кога се без медикаменти... разговарал: Anthony Liversidge: OMNI, април 1988, New York
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Денес, кога мал број човечки суштества имаат доволно храна, овој проблем очигледно не е итен и веројатно не би станал таков дури и да ги немаше вештачките процеси на уништување.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тоа не е проста игра на зборови или барање влакно во јајце.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
АРСО: Јас... ова... со жени... Комшика, лозје до лозје, плот нѐ дели, што се вели, а плотот не е планина...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Веќе не е сигнификантен полниот однос на мажот и жената, туку интерфејсот меѓу човекот и машината. Телото е застарено.“ 40 Margina #15-16 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Вилиците на кловнот се вкочануваат. Сака да каже нешто, со водопад од зборови да ја измие страшната клевета, да докаже дека не е така.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Карактеристично е дека не е запомнат, или барем не се посочува, „цитатот“ (станува збор за познатата Андриќевата стохолмска беседа, за приказната и прикажувањето) но е запомнато она главното, кажаното.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Дури и брат ми, помлад од мене, преселен во Мелбурн, кога слушна за одлуката, се охрабри да ми напише: „Не е добро што си ја оставил работата...“
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Имам и нешто од облеката на син ми што умре во болницата во Елбасан.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ами... А ти, кир Ристаќи, можеш, ако си сакаш, и да си пукнеш од плачење за двестете наполеони. Тоа не е ништо!...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Неговата неприкосновена искреност, за добро и за зло, го покрива целото негово дело и ги прави достоинствени дури и неговите најголеми гафови. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 235 Риверс никогаш не е помалку од потполно вклучен во задачата што си ја поставил: да го украси своето доделено место во историјата на уметноста со толку многу незауздано изобилство колку што самиот може да поднесе.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Е, си велам - продолжи тој фалбаџиски - момче, пониско од појасот не е дозволено.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
„Ќе те пуштат и тебе...“ - му рече Готлиб додека се слушаше отклучувањето на вратата од карцетот.  „Мислиш?“ „А што ќе си им тука?“
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
А убав е, не е да речеш дека не е.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не е ретко, вели бегу, по собирањето на годишниот бериќет, ќајата на чифчиите да им одзема и од оној дел што ним им припаѓа.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Се разбира дека тоа не е сѐ. Социјализмот во мојата претстава почнува некаде од некои газиени ламби, со право на одвај четири тетратки во годината во гимназиските клупи и со многу транспаренти и пароли против студот; со први куси панталони од излитено вејничко ќебе што ќе ги облечеш одвај на твојата шеснаесетта година за да прошеташ низ полето што сѐ уште потсетуваше како да е „во војнички цокули обуено...“
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Сега не е потребен нов матријархат, туку едноставно – рамноправност.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Којзнае: од местото каде што се наоѓа, не е исклучено да може да ја метаморфозира земјата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Земам едно цветче в рака, го гледам и најпосле велам: - Па зар не е убаво ова име?
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
(...) Авантуристичкиот лик на големиот литерат Марино можеби и не е некаков крунски сведок, но тој кнез на ласцивноста барем нè донесе до препознавање на некои симптоми - еротската опседнатост која на „маниристичкото делување“ му дава специфични импулси.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Да, благодарам. Господине генерале, ако ми дозволите, сакам да речам дека ова што тука сега се случува, веќе не е борба, ами чисто убиство, да не речам злосторство.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Инаку, еколошкиот двор не е на сама улица туку е вовлечен повнатре и тие листови не мора дури ни да ги миеш... ете, толку е незагадено во дворовите од Карпош... зашто, пази, градоначалникот редовно ги пере улиците со прскалка со вода... дека е од оваа, а не од онаа партија!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Цел живот бев сам и отфрлен. Стасав до нешто кое е повеќе од минливаст, а сѐ уште не е вечност.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Можеби памтењето намерно ме лаже не е исто да се доживее и да се раскаже можеби сонот е фатаморгана и сонувачот можеби оние кои ме повикаа морето да им го вратам барем со збор и не се веќе риби можеби се реслови од некој дамна свршен лов или од оргијата која претстои меѓу морските широчини на овој од себе заведен свет како и да е јас и понатаму времето го мерам со сонот нив ги препознавам во нешто сосем лично и се одвикнувам од животот.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Затоа и одвреме навреме ќе се затекнев како му се обраќам преку прозорецот, како го викам по име, му дофрлувам неважни зборови само за да се јави, да проговори нешто, или барем да ми го спомене името, да му го слушнам гласот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А и чупалето не е некое чурук! Не гледаш? Како киска е накистено, младо, па не и ни некое грдомасно.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Според Хегел, една категорија, една идеја, еден поим никогаш не е само тоа што е, никојпат не е само рамна на себеси.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Големиот убав петел како да не е повеќе тажен.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
18. Не е сосем точно дека српските претензии за Македонија се појавиле дури по Берлинскиот конгрес во 1878 год., бидејќи организирана и од државата раководена српска пропаганда во Македонија се појави уште по Гарашаниновото “Начертание” (1844) и се изрази во 60-тите години на минатиот век.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но откако ги прочита, тој знаеше посигурно од порано дека не е луд.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И фала Богу се досетив. Им велам: - А не е ли подобро Европа да ви ја донесам тука, - им велам иако можеби тоа е уште потешко.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Сепак, треба да си претпазлив, не е сѐ за преку телефон.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Поначесто, кога си одеше од работа, во џебот ќе ја тутнеше книгата што го интересираше и дома долго ја читаше, и покрај мрморењето на бабичката дека ја арчи струјата бадијала, кога знае дека денес ништо не е бадијала - ни струја, ни вода, ни ѓубретарина, ни пак лежарина за такви бадијалџии како него.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Еднаш фрли кристален пепелник сакајќи да го удри спикерот поради еден погрешно изговорен збор.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
АРСО: Ама зошто да го земеш, чорбаџи Теодосе, не ти се бендисува, кога за ништо не чини! Зошто ти е такво батал, јагурида...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
„Чоколадата не е важна. Сликичките се важни.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Искрено: во чутуранга рокадата не е позната, но жена ми: вечен архитект со име и чест, директор на Заводот за урбанизам, пред годините на климаксот крк-трт време по турско есапење, ќесебашија, лока на влажната сенка што трепери низ омарнината и удира на рокада: Колку ми ја извалкале постелата?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но, тоа не значи да бидеш пропагатор на таа стварност или „известувач од фронтот“. 74 Margina #15-16 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Не е бела пара за црн Циганин.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
„Се разбира тоа е затоа што Том не е дома“, рече г-ѓа Парсонс неодредено.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ми зборува човекот како да не е со сите тука.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
-Телото не е само биолошка машина, во него постои личност.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Само лукот и катранот ќе помогнат, вели, ако не е повела божја.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Неизвесност, се сети. Во него нарасна горчлив прилив. Но ништо, другар брат, не е неизвесност.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Како тогаш може Дерида да каже дека différance е неизразлива?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
И мене не ми останува друго освен да го прифатам тоа.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Изулавено скокна од масата, запеа и се затвори на едно место што не е за спомнување.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Да не е некој на умирање, си мислам, па му пеат проштена молитва!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Правата стекнати врз основа на вложениот капитал не можат да се намалуваат со закон или друг пропис (чл. 59, УРМ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Според нив, со бришењето на работничката книшка ќе дојде до зголемување на административните постапки и судските спорови и, од тие причини, тие сметаа дека не е добро да се укинат овие одредби.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Ни за пливач не е покрај сиот занес. Во корито празно давеник ќе стане.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
- И после, вели Огнен Ѓорго, ајде, јадете, не снобете се... Не е многу убаво, ама...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А тоа Јован Акиноски вака го објаснил: Крушата значи живот, зашто крушата има облик на земја, то ест зашто земјава не е тркалезна ни рамна, како што учат едни или како што учат други, туку има облик на грлеста круша, па кога ќе падне крушата на земја, значи крај на животот, значи изедначување на животот на земјата - од земја јеси и земја се сторуваш.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
29. Може да не е уште јасно оти ако се задоволат сакањата на комитетот, Македонија и навистина ќе се направи бугарска?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но ако целта не е да се остане жив, туку да се остане човек, каква важност има тоа?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Инаку, бидејќи сите вери содржат заповеди што се корисни за општеството, вреди ревносно да се проучат.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
3.  Ако за одделни дејствија со закон не е определена формата во која можат да се преземат, странките ги преземаат парничните дејствија писмено надвор од рочиштето или усно на рочиште (чл. 13, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тоа што емпиријата докажа дека не е така не пречи, бидејќи – ова сѐ уште е транзиција, односно ова сѐ уште не е посакуваниот економски систем.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Доволно е само да помислиш на она езерце, на пример, знаеш, каде што бевме онаа ноќ, и веќе си таму. Не е ли така? - Така е – признав.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Всушност, аламбикот бил исто како и конечниот производ на опусот, lapis philosophorum.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тоа е нешто како источниот јингг и јангг или балканското ајде и јаваш потсети Камилски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Од овој стан, кој не е твој, направи кочина. Кога ќе имаш свој, ќе се посереш на маса.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Кога ја видов не почувствував никаква блискост кон мајка ми, а и таа кога ме виде рече ... е ова не е моето чупе, такво бледо и слабо!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Од нив ќе се види оти политичкото недоносче – Бугарија не е во состојба да ги заштитува не само нашите, но и неговите интереси.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
СТЕВО: Тоа е бабина деветина. Празно верување дека ако некому му влезе влакно во грлото, околу коренот на влакното ќе се створи месо кое не е човечко и кое ќе расте и нарасне толкаво да го угуши човекот.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
- Оваа Фиданка, Доце, може и не е виновна. Плодните ниви бараат стробјаци.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Вистина тоа не е тактички, но така ни е полесно да шепотиме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Бунар е обликуван како кинеска кутија која содржи сѐ уште неоткриени прегради и веројатно уште по некое дупло дно, скриено до следниот обид за толкување на овој повеќезначен роман во кој можните комбинации на прашања и одговори со оглед на доминантните мотиви на сомнеж, на гласови на кои не е можно со сигурност да се потпреш, на паралелните наративни текови, се наизглед неисцрпни во мера во која овој роман може да го понесе епитетот на отворено дело без дефинитивни вистини и конечен, смирувачки крај.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Вие 'ргате овде и ден и ноќ, а тој си свире со тамбурката по Градешница и Старовина и си и п'ни тенеќиите со лирички од вашата пот. Не е ли така, Иљо? — му се обрна на Гуцето, кој просто беше замајан од пресвртот на Толета.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Не е точно!” збесна Профим. „Тој е овде роден... Ако си заборавила, ако ти е сматен умот, можеш да се потсетиш... Можат да те потсетат и фотографииве...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Еден политичар вреска дека неговиот народ не е исплашен туку лут, друг бара да загинат по милион луѓе од обете страни за работата „еднаш засекогаш” да се реши, трет вели дека е подобро народот да му се наоѓа во состојба на вооружен екстремизам отколку во летаргија, како тие две состојби да се единствените можни состојби на човековото постоење.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Не е тешко да се пронаоѓаат, дури и да се предизвикуваат, но еден предуслов е обврзувачки: потребно е приклонување на луцидната мисла за прифатливите разлики ВО складноста, неплашење од случајната средба (која и не е тоа) на чадорот со машината за шиење.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ја помириса кожата и потоа ја испружи долната вилица со долгите, тенки заби, а влакната од брадата ме допреа по прстот и малку се наежив.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Тоа што мислиш дека го сакаш, не е вистинското, тоа е она што мислиш дека треба да го сакаш.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Го ѕиркав, го меркав внимателно и упорно нарисаниот, ги врзав зениците врз неговата лика и, за прв пат, забележав дека таа лика не е светител, дека нема знак и белег како останатите светци.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Таа пријателка не беше ни малку поубава и не помлада од неговата жена; но ги има на светот ваквите енигми и не е наша работа да судиме за нив.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Клечи така и липа суво и не знае кој (неговиот утрешен призрак можеби) се исправа од грчот на преврелата снага што е и не е негова и оди и се враќа со стара стаклена ламба и ја крши од вратата и ја вади ронсоновата запалка од џеб.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ама ете, фамилија е тоа и тие работи секогаш биле нешто за кое не се зборува надвор од ѕидовите на домот, кој одамна веќе не е дом, а уште помалку топол.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Не е збор само за Македонците - побрза да објасни жената.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Лага е, си велев лежејќи во креветот на грб, со рацете прсти во прсти под тилот, ако не е лага, тогаш зошто воопшто имал потреба да го каже тоа.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
На странските вложувачи им се гарантира правото на слободно изнесување на вложениот капитал и добивката.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Четири години подоцна, со четвртата измена на ЗРО (2005), од октомври 2009, пак се интервенираше и во овој сегмент – па во членот кој предвидуваше објавување на слободните работни места од страна на работодавачот, се изврши прецизирање дека, покрај другото, во јавниот оглас треба да го наведе и рокот во кој, по истекот на рокот за пријавување, ќе се изврши изборот – доколку, се разбира, со друг закон поинаку не е определено (чл. 3, ЗИДЗРО/окт.09).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Тој потстанува и внимателно ја прима шољата чај) И не е случајно пронајдено? Мислам - писмото?
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Добро вечер! проговорува Димостен. Гласот е негов, помислува Пелагија, ама тој како да не е тој.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
КОТЕ: Со толку ништо не е. Колкави снегови сме газеле, (покажува на појасот) дотука!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Агент и адвокат на историјата кој е свесен за тоа и кој знае што е за народот добро а што не е.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
- Да не е афион? - Не. Не е афион, ама така нешто.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Од целата оваа ситуација, која е прилично тешка за психофизичко издржување – земајќи ги во предвид многуте неисплатени плати, долгиот процес на трансформација на претпријатието во приватна сопственост, а во некои размери и лошата, а на моменти и непријателска работна атмосфера  – В.И. ја гледа, условно речено, добивката од добивањето на овој судски спор.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Работодавачот беше должен, во рок од два месеца од влегувањето во сила на овој рогациски Закон – што значеше најдоцна до почетокот на ноември 2008, на работникот да му го врати овој документ (чл. 30, ЗИДЗРО/авг.08).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Е Не е од големо значење знаењето со кое ќе се здобиеш, туку знаењето кое ќе го изнастрадаш Не е од големо значење знаењето со кое ќе се здобиеш, туку знаењето кое ќе го изнастрадаш.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
А потоа, кога дознава за загинувањето на двата најстари од малите Густави, нема да може ни себеси да се разувери.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
- Татко ми вели дека ниту една власт не е вечна. Дарко заклима со главата.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Партијата не е заинтересирана за отворениот чин: единственото што нѐ интересира е мислата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Зошто никаде не е така како што треба!? Во мене ли е проблемот!?
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Нарушувањето на здравјето при работа не смее да влијае врз платата на вработените ниту да ја повреди нивната економска и општествена положба (чл. 16, ЗБЗР).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тој што не е роден – нероден е, па нека се вика како што сака.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Не е ред веќе да се видуваме... Свршена сум...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Од турско гледиште и не е право Македонците сите одред да се викаат „Срб-ѓаури”, зашто тие им се предадоа на Турците.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
„Ако пак ни се случи како со Џеки и Белчо?“ воздивна Дејко.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Оттаму произлегува дека откривањето на тоа што е вистина а што не е, не е животна задача. okno.mk | Margina #8-9 [1994] 99
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Не е многу висока, вели и ми намигнува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
ДЕПА: Убаво е шуќур, не е како што беше.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Можеме слободно да кажеме дека агресивноста на неолибералната политика, во Македонија во периодот 2010-2014 година претставува главен кулприт за контиунираната ерозија на работничките права, енормната класна раслоеност и намалениот животен стандард, кои се неопходен предуслов за остварување на што поголема „флексибилизација“ на трудот, што во пракса не е ништо друго освен еуфемизам кој означува дополнителна дерегулација на пазарот на трудот, намалување на вредноста на работникот во работниот процес, негова уште поголема експлоатација, обесправување и осиромашување.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Самиот признаваше дека тоа не е карактер, туку харикири.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Имено, тргнувајќи од премисата дека „општите одредби не ги решаваат поединечните случаи“ тие, се чини со право, судовите ги сфаќаат како практични и искуствени „секундарни законодавци“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Гласот му звучеше помирливо, забите веќе не ги парчосуваа зборовите: - Да одиме ... Нашите се веќе далеку.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Но, тоа не е причината што мене ми ја прави карикатурата интересна. ‌Во времето кога се појави карикатурата, ССО имаше тираж од околу 25 000 примероци и читателство од, главно, помлади геј- сиднејци.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
- Не е така, бранам јас, само човекот е малку настранлив.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Парацелзус ја зеде розата и, зборувајќи, си играше со неа. – Лековерен си – рече. – Велиш дека сум способен да ја уништам? – Никој не е неспособен да ја уништи – рече ученикот. – Се лажеш.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Не е важно колкав е шаторот во кој си се родил“, му велеше, „и учениот питач е поголем од неук големец“.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Лиценца за вршење работи на стечаен управник може да добие друштвото ако ги исполни следниве услови: – да има вработено најмалку еден овластен стечаен управник и да има вработено најмалку еден дипломиран правник и еден дипломиран економист; – управителот да даде изјава дека овластените стечајни управници и другите вработени лица во работењето ќе ги применуваат правилата содржани во Кодексот за етиката на стечајните управници и професионалните стандарди; и – друштвото да не е осудувано за кривични дела што го прават неподобно за стечаен управник.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Зоки Поки не е ни циркуски кловн, ни фудбалер, ни седмоглаво чудовиште, ни волшебник, ни риба, а сепак има необично име.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Секако ми го дезинфицираа удреното место - ме печеше и мирисаше на алкохол; потоа ми ја сечеа косата на тоа место и пак дезинфицираа.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Војната, меѓутоа, не е повеќе она очајничко, уништувачко борење, какво што беше во почетокот на дваесеттиот век.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
ФЕЗЛИЕВ: (Луто.) По ѓаволите, ќе го постават човека за челник на Ѓорче да не е Ѓорче, туку игла.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Потајно верував дека на иконата во ќошот на нашата спална не е светецот Никола туку чичко ми премаскиран во светец и со залепена брада.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Мислата бавно му се отпредува, тешко се претвора во зборови, не е она што се очекува, ама дејствието замислено со неа се претвора во очигледност пред и да биде изговорена.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Таа нова престолнина не е далеку од старите: Преспа и Прилеп и од седиштето на до неодамна автокефалниот охридски архиепископ.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
- Не е грда, - вели Зоки. – Ова се слики, како во градинката на Лидија.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
- Ова дрво не е јаболкница. - Што и да е, дрво е.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
- Види, види - вели таа - ова вистински се случи! - и врескаво се смее што само укажува дека можеби и не е при сите.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
20. Оставете го нека спие долго во часов час не е ниту век пред вечноста на ова постоење ново Од ридот тој над водите им збори за зората на страдните и морни под месецот што сонат дален сон
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
И не е никакво чудо, Адем е чифликсајбија со имот од илјада дулуми, илјада и петстотини овци, сто и педесет говеда, дваесет коњи; со кула и кошари за чифчиите, а Муарем е негов измеќар, само за разлика од другите тој не е обичен слуга, а служи со извесен понос.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Таа лежеше таму, и нешто во неа веруваше дека времето не е само бескрајно самоуништување, дека универзумот, сиот тој простор што се протега околу нас до точката непоимлива за нас, не е само една огромна касапница.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Травар не е, не сум јас таа среќа, повеќе е трепкач засрамен од сам себе.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Зезнат татко има? – ми се сврте Ада. - Не е, баш напротив, ама Огне претерува.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Писмото кое беше испратено на старата адреса на живеење – од која Авдиќ се отсели уште во 1994 – беше со намера да се издејствува тој добие отказ поради, наводно, нејавување на работно место во период од 44 денови (откога Орхан го доби писмото, па сѐ додека не се појави лично во фабриката „Киро Ќучук“).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Колку и да е скромно облечен обичниот човек, не е така со оној што има пари и затоа тој прави чуда во екстравагантноста која овде, во повеќемилионскиот Париз, не остава никаков особен впечаток, можеби само на новодојдените.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
— Со кого е? — Не е сам. — Со жена е? — Сама ќе видиш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Зар тоа не е работа? – Така, сакам и јас да копам ...
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Денеска, откога отидовме вие, освен Северна порта друга порта и не отворивме. Затоа и снегот од сокаков не е изринет. Ако, вели Максим.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Зар не е доволно знаењето на најмалку осумстотини зборови за да се знае еден туѓ јазик?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
- Еда, не е плужица, прашува Давиде Недолетниот, како изненаден.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ценевме дека токму со ваквиот пристап [„лаичка“ наративна верзија + стручен текст во фуснота] ќе ја постигнеме нашата основна цел: текстот да биде лесно „сварлив“ за читателот кој не е правник, односно да не биде премногу правнички, несфатлив и тежок за читање; додека, пак, стручната компонента од анализата да биде дадена во една интервентна и ненаметлива форма, кон крајот на текстот – за да не преминеме во друга крајност, којашто ќе ја девалвира професионалната вредност на трудот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Модерните примитивци се застапници на предхристијанските идеи за истражување на духовноста низ телото, коешто е единствен пат за стварно искуство во една медиски потполно загадена стварност.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
- Не е вистина! - извикуваше тој. - Дедо ти, да му кажеш, се вика Ставрос.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Денес е јасно дека добија само половина од битката: деспотизмот е победен, но не е победено мракобесието. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 100
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Та, ете, затоа гледам и сега некако да излезиме од селото со мрак, ама да не е ногу рано да не можеме да го поминеме орманот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Не беше оптоварена со тоа што тој не е разведен. Тие работи за неа беа само формални.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
– Да не е тоа бундата што ти ја подари за свадбата? – Па која друга? – Па оттогаш минаа дваесет години!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Пред малку рече дека не е болен веќе. Како сега да излаже?
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Мечот кој чмае по ѕидовите сиров или обработен на коприна регистриран како музејски предмет број тој-и-тој повеќе не е меч ами чемер.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
„А вие што мислите – што е лудилото? Нешто монструозно?
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
— Кај било, велам, уште не е решено...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Невестата Митра ја кренала последната подница од погачите, но пепелта уште не е ометена, оти тепциите треба да стојат под вршник да не се оладат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Отец Симеон тоа го претчувствуваше: „Хирург сте како на сликата на Рембрант?“ Иван мирно објасни: „Сето тоа не е битно за она што треба да разговараме.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Јас го правев тоа со страст што ме опијануваше, шмукајќи ја првин едната, а потоа другата брадавица, апејќи ги цицките чие менување на облините го чувствував на површината на усните и јазикот, кој застануваше на места за потоа одеднаш да направи свиок со врвот, да притисне, да потсети дека јас сум тука и дека таа игра не е надвор од мене, дека таа е дел од моето рацио, дека знам што правам и дека знам зошто го правам тоа.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
„На секое моме може да му се случи!“ посакав да речам но одмавнав со раката.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Мора да се каже дека за цело ова време додека Ѓорѓиевски не е на работа, во Шеќераната се случуваат дополнителни турбуленции со кои додатно се отежнува можноста за спротивставување на работниците.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Не е рано да се предвидат резултатите и крајот на нашето востание.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Не е ниту да прави поетично и критично нивно разгледување. Впрочем, тоа и не е работа на поетот.
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Не е доцна да се почувствува Тој остар сек Како челуст на ѕвер И да се чита и натаму со страст Вечната Книга Во која долго и продолжително капе Заслепувачката светлина на сонцето.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Не сум знаела дека кога не е сам човекот и повеќе може и повеќе знае.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не е веќе таа што си ја знаел.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сѐ уште е рано за New York, не е ни десет часот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Се налутив. - Добро Мони, не е фер, - собрав храброст да ѝ кажам, ама тивко за да не чуе Јасмина, - нели јас те чекам веќе толку време да се симнеш.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Керадер тоа го зборува како вистина по ѓаволите сакам да речам тој ја уважува таа свиња - дури беше еден од главните педери заборавив како ги викаат таму преку со оние Италијаните после големата војна замисли ги само тие дибеци кога го здогледале како го мота тоа црево долго пет стапки еден ден - само сакал да го извади проклетиот боздоган вели Керадер - па тие помислиле мора да е педерски бог-на-боговите или такво нешто и сакаа да го вработат или како тоа се вика добога е па Морт сфатил дека тоа не е толку бедна работа знаеш подобро отколку со него да вадиш нафта по Арабија или да затнуваш дупки по холандските насипи како што досега правеше таа свиња останува таму некое време и тие момичиња таму во тоа италијанско место го мачкаат со ежова маст и маслиново масло и сите заедно работат како весталки девици го соблекуваат таму на полињата и ги прскаат нивите и го истакнуваат Морт вели дека тој вели тогаш најмногу се приближил до онаа вистинската работа жими сѐ! да умреш од смеење! и тие му носат сѐ некакви остарени тетки и пензионери тој ги распорува како со некаква зачудувачка еутаназија за стари госпоѓи и ги благословува сите нивни ебани раѓања гмечејќи го својот член дури по малку и копајќи од страна на бунарот но ќе се распичка со римокатолиците затоа што не е обрежан па тие сакаат да го млатат но Морт вели не и тие не можат да му пријдат кога го има тој огромен овен па со него изведуваат чудо и му го збрчкуваат стариот стојко со света водичка и му го загреваат семето па тоа ги спржува полињата а еден ден дури запалува некој проклет вулкан и тој мој боже! не губи време стварта да ја префрли преку рамо и оттаму фаќа магла жими сѐ! но сега ко што велам таа ситна лирика е покојна и отпеала и тој се вози горе-долу со лифтот како и сите ние еве сега влегува во тој проклет кафез покрај нас куп гадови што се заебаваме со онаа малечката што управува со тој смртно опасен лифт некако чешајќи го својот набрекнат задник кобојаги случајно и мил боже како само се унервозува и пренемага белки пола од нас се брани пола привлекува играјќи се со тоа зуење на рачкат и летејќи угоре низ тоа зградиште и баш тогаш стариот Керадер жими сѐ тој понекогаш стварно изненадува таа шизната свиња ја мерка нејзината пурпурна сукњичка и што велиш! малечката воопшто не носи гаќички! нешто преубаво батка сакам да кажам слатка праска распукана пред туѓ овоштарник и кутриот стар Морт тој кобојаги малку се клешти малку навредува и за момент ние другите не гледаме во што е работата околу што целата узбуна меѓутоа тогаш таа неверојатна работа одеднаш испаѓа и се ниша токму под неговата брада како ебено божјо око жими мајка а тогаш ете тој голем откачен боздоган и мој батка се грчи тој и кине како проклетата секвоја кога паѓа богаму и го погодува стариот Керадер трас! и тој паѓа право на подот! неговиот најдобар пријател и таа мала бедна момичка таа фрла поглед кон тој невозможен член што кружи наоколу и удира по ѕидовите па таа сосема паѓа во несвест и жими мајка се струполува право врз онаа рачка на лифтот и за секунда батка помислив сите отидовме по ѓаволите 15
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Иако е разбирливо дека Anemic-cinema не е резултат на секојдневна работа во студио, во овој седумминутен филм е оправдан фактот дека филмот бил создаван две години.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Секоја вечер ќе начекуваат миг кога нема да има никој по скалите, ќе платат двојно, тројно, само за тој еден миг.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Зарем АСПИРИНОТ не е дрога. Зарем целата медицина, целата фармацевтска индустрија не е дрога?
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
- Што ти е? Ти си оставена жена, без деца.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Зарем тој исход не е барем исто толку можен колку и оној со конечното распаѓање.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
За нив, налик на инонокластите од десетиот век кои на Исток станале познати по тоа што не верувале дека божествената Вистина може да се инкарнира во слика, ниту една изложба на Бојс повеќе не може вистински да задоволи, бидејќи уметникот не е присутен за да ја раководи инсталацијата на своите предмети. 82 Margina #11-12 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
- Зарем прстенов не е сребрен? – се зачудив – ти рече како филигран, а не рече филигран – ја „уловив”.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Јас овде си го заработувам својот леб и не е моја работа да преценувам зошто го убивте токму него.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Тие се сега една мала толпа која, како секоја толпа, си има свои правила на однесување и не се обѕира на она што е вистина, или што не е вистина.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Врати се, мора да го најдеме нашиот заеднички јазик кој веќе не е ни нашки, ни странски, ни кинески, ни есперанто (затоа ли го губиме). Тоа е значи јазикот на глувите.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Софроние, кој одлично го зборуваше турскиот јазик, и покрај силното напрегнување не можеше да ја погори скриената намера на султановото зборување; си думаше Ова не е тоа за кое сум повикан, па стануваше сѐ посомничав.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но Петре, наместо да си рече дека е среќлија што не е во таа тајфа, само мелеше со умот: дали ќе го види Бајазит, боженце!
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Па добро, мајчето ваше мајчино и сестра и прабаба до дете од половина кило, од каде сега вие овде, дома, кога ни жива душа од српската, војска уште не е демобилизирана, а?...
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
ЦОНКА: Така, Поцко, така синко! Адет е овде, не е играчка!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Во меѓувреме, вратени му се трошоците што ги плати на Основниот суд –  Битола, а за трошоците кои што ги плати на Апелација моментално има покренато друг спор пред надлежен суд.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Споменатите инсталации (со логиката на виртуелните машини поврзани дела) без големи тешкотии го менувааат општествениот систем на уметноста како комплексни, нелинеарни, автореференцијални и автопоетични.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Тато, правејќи се дека не го забележал, рече: - Ах, оваа супа денеска е многу жешка! - Не е, - рече Зоки.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
18. Прави ли се тие или не, не е важно за дипломатите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но никогаш во својата кариера која сега веќе опфаќа четириесет години, овој уметник не ги маскирал своите намери и не нѐ мамел во врска со својата мотивација.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Го џвакаш лебот, а ко слама да џвакаш. Мора да чпараш, душа да вртиш. А не е еднаш и двапати.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Но за среќа не е така. Моите политички убедувања се пред сѐ медитативни, или ако ви е помило - воајерски.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Но, не верувам дека тоа има врска со бременоста. Не е лошо ти да отидеш и кај друг лекар.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Се обидував да му објаснам дека тоа не е нормално, дека е целосно лудо; дека не би можела да издржам, дека ме скокотка, а тој рече: „Да не те понижува, можеби?“, и јас, во тој момент знаев, бев сигурна дека Јан Лудвик не е дојден туку-така и дека одмаздата, без разлика колку тој се преправаше дека е рамнодушен кон сѐ што му се беше случило, сѐ уште тлее во неговата душа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тоа не е обично спиење, туку некакво малаксано растопување, копнеење и бегање од самиот себе.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
„Недобар“ може исто така да користи - дури и подобро, затоа што е точна спротивност, што другиот збор не е.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не е да се смееш...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Среќко: Би требало да се навредам, но јас сум џентлмен и прифаќам критика.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Сепак, овие забелешки не ги оправдуваат оние кои сметаат дека единствено уметни­кот е способен правилно да ги претстави своите творби, да ги оживее и да ги измени низ едно естетско уредување.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Но тоа, според нив, ќе повлече со себе преместување на југословенско-бугарската граница од планинските меѓи во речниот басен; Југословените тоа ќе го сметаат како загрозување на нивната главна комуникациска линија со Грција и Солун; не е многу веројатно дека мнозинството од селаните ќе ја прифатат шансата да ја променат националноста, а исто така не е веројатно дека двете држави би го спречиле емигрирањето на населението кое го сметаат за свое, со резултат дека иредентизмот нема да биде отстранет".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Знаеше дека не е така поради нејзината несомнена вознемиреност додека му ја додаваше пораката.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Свесен беше дека со тоа, а и со своето упорно практикување на новите пристапи во дијагностичката и тераписката практика сѐ повеќе се оддалечува од своите колеги, а пред сѐ од својот шеф, кои сите заедно не само што се каеја дарувајќи го со незаслужени титули и на тој начин го изедначиле да им биде (пак незаслужено) рамноправен, туку и сѐ погласно се обидуваа да го дискредитираат во лекарските кругови и да го прикажат како шарлатан од најдолен тип, кој со вербална вештина се претставува за она што не е.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Во тоа, да им поверува на Дамческите дека Јован нивни не е потурчен туку е земен војска, Руса имаше основана причина.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И никогаш не е доцна на вистинската љубов да ѝ дадеме втора шанса.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
- Бил, ама сега не е, нели? - Не е, затоа што со помош на Кољо го зазеде бункерот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тоа секако не значи дека деконструктивистичкото искуство не е, не применува или во самото себе не подразбира некаква одговорност, ниту било каква етичко-политичка одговорност.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во познатиот случај Метромедиа против градот Сан Диего, Врховниот суд на Калифорнија пресуди во корист на валидноста на прописите во Сан Диего, заклучувајќи дека полицијата може да интервернира за исклучиво естетски цели, и дека забраната на надворешните знаци и билборди во Сан Диего не значи прекршување на првиот амандман на Уставот128.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
„Добро“, вели тој, „за кофа-две, не е проблем“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тоа не е бледа длабочина и не е подмолен вир Извор е што постојано пени со својот зелен крик.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
а кога ќе излезеш на горниот крај од планината, долу веќе нова шума пролистала, млада младица, кревка, марула, други ластари се подале и ти само се преместуваш и пак јадеш, само по една широка бука за сенка си оставаш, и јас не сакам така да мислам, вели Стеван Докуз ама нешто ме тера, којзнае во која длабина е скриено тоа што ме тера, дали некаде во мевот, или уште подалеку и подлабоко, а јадењето не е еднаш и не е за еднаш, кога би можело да се најадеш само еднаш и тоа цел живот да ти држи, сто години да не мислиш за јадење, само си работиш, ама зошто да работиш тогаш, си мислам, што ќе правиш со сработеното, ќе се чешкаш, ќе се чешлаш, и зошто ќе ти служи устата, зар само за да ја поганиш, и таа треба со нешто да се подмачкува, да се проветрува, ќе ти скапат забите од неџвакање, од неработа, ќе ти фати пајажина, вели Стеван Докуз и џвака некое чкорче, го толчи, го цеди, а јадењето никогаш не му се познава, никаде да му се види јадењето, дали нешто во него му го јадеше, дали за два-тројца јадеше или му го земаше некој црвец, некој скриен молец во него или некоја друга заседната болест,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А секако би требало да ни се благодарни, зашто фамилија во која нема ниедна црна овца и не е вистинска фамилија.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Не е тоа“, велеше слепиот Тимон: „Ова чудо се случува само во воено време.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Но великодушноста на Србите е само затоа да ја покажат умереноста на својот апетит и справедливоста на нивните барања: Ете, не го сакаме тоа што не е наше.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Та ние, како тој што рекол, ќе толчиме глава за пари, — одговори Јован, а Катето веќе влезе со дизгот во двете раце на кој беа кладени два шарени филџани и две чаши со бистра лута комињарка. Не е шега.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Не е сето за кажување.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јас добро знам дека сме земја во транзиција, па, сепак, тешко ми паѓа што сѐ уште ни законот за пушење или паркирање не е целосно реализиран.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Мојот мачор... не е виновен. Јас ја изедов ногата на Дедо Мраз!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Митко не е име на човек. Ние така го нарекуваме - митото.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
„Ама не, не е тоа“, го смируваше Ташко.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
А, и не е фер борец, нели?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Тој беше сѐ уште во Софија кога почна организирањето на оваа дружина, па не е чудно што толку активно се вклучи и во организирањето на Ученичкото друштво „Вардар“ во Белград (1893).
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Буенос Аирес е друга улица, онаа низ која не сум поминал, тоа е тајно средиште на блокот и крајните дворови, тоа е она што го кријат лицата на куќите, тоа е мојот непријател, ако воопшто го имам, тоа е личност на која не ѝ се допаѓаат моите стихови (ни мене не ми се допаѓаат), тоа е скромна книжарница во која, можеби, сме влегле па сме ја заборавиле, тоа е отсвиркано делче од милонга*, што не го препознаваме а нѐ допира, тоа е она загубеното и она што ќе настане, тоа е она следното, друго, туѓо, странично, кварт кој не е ни твој ни мој, она што го знаеме и сакаме. * Милонга - аргентинска пучка мелодија. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 117
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Каљостро:Не, само не е народно, тој фура друг концепт.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Се будам наутро и се чувствувам добро само додека не се сетам што не е во ред за тој ден.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Дај боже да е жив, ама нели не е крај нас да го гледаме, не ми го топли мене срцето – ѝ одговараше старата и се приготвуваше за две свадби во зимата што наближуваше. Да си го ожени Јошето и да ја омажи неа – Анѓа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
КЕВА: Арно што ќе го чека.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Не, не грижи се, велат дека не е боен отров...
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тој не е тоа. - Човекот е од сѐ посилен. Тој сѐ може.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
4. Сетики знаете дека има разни коали Има коали чауши и обични мали гладни коали Има коали со здрвени вратови Од сонување саде во една иста положба Има коали кои не гледаат ни централни ни споредни вести И ич бутур не им е заради тоа Коалата не е коала ако не грицка лисје од еукалиптус
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Но - откако светата инквизиција ме запозна со наредбата да не верувам веќе во погрешното мислење дека Сонцето е центар на светот и дека мирува и дека Земјата не е центар на светот и дека се движи, и ми забрани да го застапувам, бранам или учам било усно или писмено ова погрешно учење; откако бев запознат дека споменатото учење е спротивно на Светото писмо; дека напишав и испечатив книга во којашто го објаснувам ова осудено учење и го втемелувам мошне убедливо, без да дадам дефинитивно решение - за тоа бев мошне осомничен за кривоверство, значи за тоа дека сум верувал дека Сонцето е центар на светот и дека мирува и дека Земјата не е центар на светот и дека се движи.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Сѐ додека не е така, и понатаму ќе се намалуваат и кршат правата, а студиите од овој тип, за жал, ќе имаат неисцрпен материјал.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Оваа приказна, значи, е претворена во продавница за љубовната напивка, но таа напивка, како и сите други магични напивки не е безопасна. * На ова место одеднаш прекинав со пишувањето, бидејќи во духот ми се јави кристално јасно прашање: – Зошто ја лажеш?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Можам да пресудам право за нив, иако човекот не е судија, тој никогаш не смее да им суди на другите.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
— Море ми, добровечер, побратиме! (макар да не е уште ни пладнина!).
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Едно утро станувам порано... Петлите се петти, а уште не е доразденето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ако си изнуркал од длабока вода, не е кукавичлак да ги наполниш градите со воздух.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не е лошо. За некои мочуришта. И некоја женска што живее во нив.”
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Не може да се стаса. Не е мала бакалницата.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Сурово природни затекнати во немајкаде онемени, од вџашеност побелени можеби од премногу живот и дарба можеби од премногу набожност, паганска или премногу смрт, нагла, неправедна само се наѕираат - маргина до маргина диск до диск за вчитување на изгубеното аз, буки, веди, глаголи, добро ест живете... алфа, бета, гама, делта... алеф, бет, гимал, далет... сличности на претек претци а, наоколу по којзнае кој пат преродена исчезнатата флора риган, рик, реа ни смртта не е вечна, ни смртта!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Човекот се смешка зајадливо и кисело, потоа се мати и распливнува во сивкава замреженост и пак е јасен и жолчен (чувството дека го загледуваат). Тој е во него, но тој не е друг туку Етхем-паша.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Исто така, не смееш да носиш ни неотворена флаша алкохол ако не е завиткана у хартија и ќеса.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Најпосле, да ми прошчавате сете овдеа, не си ни ти престарена. Кај господ никој не е.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Таа рече: - Зарем не сфаќаш дека витештвото одамна не постои. – Но ова воопшто не е подвиг! – се побуни. – Само го следам повикот.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Френк се плашеше брат му да не е маѓепсан.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Гледајќи што не е „разговорот“ можеме барем да добиеме некои идеи за тоа што значи зборот и како да го употребиме.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Нешто е започнато еднаш и не е завршено така што се чувствуваме тоа, најпосле, на сон или на јаве да го одредиме и да го завршиме.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Луѓето (и ова го има забележано неговата рака) смеат да горат како полски булки секогаш кога ќе им се приближи убавината. (Не е грев пофалбата на возбудата да го користи повторувањето за да може да се доживува до последен здив).
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
УЛИЦА - Улис (т.е. Стефан Дедалус; в. Џојс - Ulissis) не е уличар туку момче што ули (напаѓајќи ги „светите“ нешта!) чар! И тоа е неодоливо заводливо. Тој оди по улица гледајќи секакви лица; ту со поглед ќе улови некаква улка (луда “; или: жена), ту некој улог (инвалид), длабоко улогорен во својата улога. За тоа всушност се работи во тој ултимативен („ултра- модернистички“) роман, клучен во 20 век.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
- Тоа не е од нашево село, велам, тоа мора да е некој будала.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кога се вабат, мислеше, секако не е ни толку вистинско, за да биде онака добро, какво што треба да биде; тоа го разјадува дури и чекањето.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
КУРТА: Мали, човеков не е нашиот!
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
И кога веќе сѐ ќе стане заборав, пепел во човечка черупка во која во исто време се населуваат нови чуда, ќе остане само сеќавање за писмото на Рубина Фаин и прашање какво било и какво е, ако е сѐ уште живо, она јапонско дрво кое е и пак не е тајна за денешниот човек.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Не обѕирајќи се на гаврановиот подбив, Жеро Жерав воспостави мисловен допир со мене: Ми даде повеќе од колку што ми беше должен.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Глувчето не е никаков симбол; такво нешто што е опишано, тоа претставува само глувче; па сепак, и такво, покажува дека најопштата човечка потреба е да не биде сам.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ама ти запамети за понатаму. Можеби ова не е првпат дека нè лажеше, но добро ќе е ако биде последен пат.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
За среќа и не е некој голем бељаџија; једино што ноќе грепка по чатијата и се шуња у двор.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Ова наследство, уверуваше Татко, ќе стане дури и интегрален дел на културниот идентитет на балканските народи, но со повлекување на Османлиите од Балканот и со здобивање со национална независност на некогашните милети и со нивното свртување кон Европа, ќе биде загрозено исламското културно наследство.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Конечно, со второстепената пресуда, донесена кон крајот на април 2010, беше уважена жалбата и првостепената пресуда беше преиначена8 во корист на Зефиќ, од страна на повисокиот судски совет (во состав: Љ.Арсениевска – претседател и д-р З.Михајлоски и Т.Дуковска – членови).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Аман синко. Што ќе направиш!... Немој, не чини го тоа, не е добро!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
- Каде заминувате? Ако не е тајна! - иако и самиот веќе имаше откриено преку своето скришно истражување.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во образложението на својата одлука, овој суд најде дека раководството на тужената установа не го имал предвид фактот дека институтот „распоредување на работник“ не е предвиден во ЗРО и дека морал да постапи согласно постапката која во вакви ситуации предвидува понуда на нов променет договор пред отказ. 9
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но јас ти велам, Винстоне, дека стварноста не е надворешна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А законот не е закон ако не се спроведува и не се почитува.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Точно пред година дена, се сеќава Мертен, во центарлната команда самиот Фирер ги собра првите луѓе на рајхот и иднината на грчките Евреи беше определена, особено судбината на големата еврејска заедница на Солун.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Да не е брат му, Стеван, си велам, и тој беше ко него.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
– „Ами не е чаре, стрико, да ми кажеш каква била клетвата од дедови ви за да не раѓате челад?“ му рекол Силјан.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Со воздишки одговараат на неразбирливите прашања од бебулињата.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Или верувај ѝ дека гарант со другарки е. Дека таа не е таква.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
А и тоа пусто имање. Мене ми е само еднаш да влезам, да бутнам глава, после не е важно. (Меша карти. Пауза.) Табла. (Пауза)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Овде, како што гледате и самиот, сосем не е сигурно ни за нас, а камо ли пак за Вас.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Есента доаѓа рамнодушна и дури некако скептична во кругот на самотата што го носи Се постелува преопрезна зад грмушките на видот и чека како итро демнење И не е само тажна метаморфоза на лисјето и подмолен пристан на испокинатите магли што висат од рамената на студот Туку е клопче од многу излитени носии и сива клупа од постојани медитации при кои долго се молчи
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Не велам дека ме одбива да си разговараме, или дека нема да ми одговара на прашања, ама сакам да речам дека нема да „ја имам“. Тука е, а не е тука.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Хаџи Ташку не е ни драснат а ние сме бележани како негови убијци.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Вистина студот е лабав, оти снегот е лапавичав, ама и човекот е лабав, поткопан. Не е тој што беше.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Брат ми ја беше запомнил мојата желба, и една недела подоцна ми кажа дека во куќата на еден од неговите професори доаѓа сликар кој таму држел бесплатни часови по цртање.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А дека Градиште можело и да биде богомилска населба, одредени податоци, и ако од науката неутврдени - поправо не е утврдено точно која била и точно каде била лоцирана односната населба - пружа Виљем Тирски: Напуштајќи го Костур, рицарите на Боуменд нападнале една укрепена населба во битолско-прилепскиот крај, која била населена со „еретици“ - богомили.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но одеднаш сѐ се разбранува во бурлеска. Гогољ не е далеку.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Не постои Бог (еднина) вон тебе самиот во одреден момент.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
16. ВОЛОТ ВРЖИ ГО ЗА РОГОВИ, А ЧОВЕКОТ ЗА ЈАЗИК - но вол ортомисан да скротиш и не е никаква беда, а човекот така врзан тебе јазикот ти го плази, небаре ти самиот, беда, во огледало да се гледаш...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Не е точно тоа дека имињата на Маргарита или Ана дојдоа подоцна или дека сега тоа е начин да ги разликувам во пишувањето, таквите нешта веднаш стануваат одлучени со самата игра, сакам да кажам дека одблесокот врз стаклото никако не можеше да се вика Ана, како што ни Маргарита не можеше да биде името на девојката што седеше наспроти мене не гледајќи ме, со погледот на црните очи загубен во тагата на тој интеррегнум каде што се чини како сите да ја консултираат зоната на визијата која не е онаа што нѐ опкружува, исклучувајќи ги децата кои гледаат право и сосредоточено сѐ до денот кога и нив ќе ги научат да се сместуваат по меѓупросторите, да гледаат а да не видат, со она пристојно незнаење својствено за секој близок привид, секој опиплив допир, при што секој е улежан во своето меурче, класифициран помеѓу загради, додека ја чува постојаноста и најмалите количества од свеж воздух помеѓу туѓите колена и лактови, затскривајќи се зад „Франс-соарот“ или џебните книги иако скоро секогаш е како сега со Ана, скоро секогаш се некои очи што се сместуваат во процепите од она што навистина може да се гледа, што се сместуваат на она неутрално и делумно тапо растојание што се протега од моето лице до лицето на човекот сосредоточен на својот „Фигаро“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Не е фер да го озборуваме.“ „Не е озборување, туку констатација.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Обврската за исплата на бруто-плата, наместо исплата на штета, беше воведена и во случај кога има правосилна судска одлука во корист на работникот, а за работникот не е прифатливо да остане во работен однос кај работодавачот (чл. 4 од ЗИДЗРО/јан.12).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Крајно некултурно и нецивилизирано е да се однесуваат на овој начин, па, иако не е во мојот нарав, собрав храброст вербално да го решам случајот.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
- Ме мачи несоницата, вели Мирче и ме мачи... не е за кажување, вели. - Ако кажеш може не ќе те мачи, му велам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тоа, листањето на книгата, би било една бесмислица ако не е овој сноп невидливи зраци што го предизвикува листањето на страниците и така го одредува просторот, оној дел од просторот за кој секој за себе е свесен, во кој ја има поместено својата стварност.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Никој жив нема! Тоа ли е ред! Сите се успале!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
— Да не е со тебе, вели.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Затоа јазикот што Чинго го изнаоѓа меѓу луѓето за кои говори не е оној фолклорен јазик што ќе го најдеме во старите зборници на народни приказни.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Не е ли јасно како бел ден оти брканицата е тесно врзана со Бугарија, со бугарското име и со бугарските пари?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Го парна мислата дека она што тукушто исчезна не е јава туку сон, толку наметлив и привлечен сон.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Зарем не е речено дека земјата вистински се открива кога ќе се загуби!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Списокот на оригинални дела од геј-мажи што за поаѓалиште ги земаат стрејт-општеството или главнотековната култура може да се проширува речиси бескрајно.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Депонијата веќе е ставена во пробна работа и некои стручњаци велат дека пробниот е успешен, а некои - дека не е успешен.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Сфати дека не е расположена да зборува ниту за зимување, ниту за летување.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Браќа! Зар не е апсурдно да се мисли оти Русија се плашела од голема Бугарија и не го сакала нашето ослободување и оти поради тие причини не го сакала нашето ослободување и помагала да се ракоположи Фирмилијан?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Делотворноста, дури и воената делотворност, не е повеќе потребна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Партизанштината вели, за нас Грците, не е добра. Таа е добра за Славомакедонците, бидејќи ним им се брани јазикот...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Патокази кон тебе ме доведоа, тоа не е пат до пеколот, Игра на животот во сложувалка наредена, зошто ова парче црна кал, сѐ уште како во твое време е навредена.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Ама, нели, и не е морално да се знае празникот за да го празнуваш? - си одговори Кадри на прашањето што самиот си го беше поставил.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не е тоа работа на Митра, мила сестро, како ти повела срцето, така прави! Од мене имаш изим! проговорува Пелагија.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
„Па, не е во ред внатрешноста да се остави празна“ тоа би било навредливо.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Мислеше дека си обезбедува една дистанца што, ете, не е тој што шири подли гласови и клевети, туку другите, а тој еве, како пријател, сака да ми помогне.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
- Мачно е да си тажен во еден олку убав ден, рече Роден Мегленоски, и ваков ден не е за погреби. 10
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Не, не, простете, не е само тоа.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Уште тогаш М.Ѓурев, беше помислил дека вистината не е како судбината на човекот, неа не можеш да ја покриеш со неколку лопати земја.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Оти, ако го носиш презимето на мртвиот маж, може двапати да ти тежи неговата смрт. Не е така?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јавниот простор постојано се произведува преку „дијалектика на вклученост и исклученост, ред и неред, рационалност и нерационалност, насилство и мирно несогласување“.84 Иако јавниот простор генерално се смета како помалку или повеќе отворен за јавно учество, тој не е ослободен од регулација.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Многупати си мислам, вели, да не влегувам нешто со лева нога. Да не е крив прагот или вратата, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се сетив за светецот што боде со три запци чудовиште.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Како што се приближувам кон човекот така сѐ повеќе го препознавам. Како да е тој, како да не е тој, ама тој ќе е.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Васко зачудено го погледна. Прашално му рече: „Сигурен си!... не е евтина. Дете!..“. „Знам“, рече Едо.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Моите дома сите зборат грчки. И јас, кога одам Грција, оти таму сите се плашат да зборат било шо шо не е грчко.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
И го потерале Мирчета да го праша зошто не јаде, да не е нешто болен, вели, и Мирче го прашал, а Бугаринот рекол: ״Секое англиско јадење за мене е отров, и додека Бугарија страда и јас нека страдам.“
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
кудрет — материјална состојба, богат, сиромав кумиш — види кудрет купел — казанче в црква во кое ги крштаваат децата купална — соба в црква во кое ги крштаваат децата кутмач — првото млеко од крава напарвено со јајца се здебелува — пресипка кутол, кутел — мера за жито 10 оки кучило — дете кое се мрази — омрзнато дете к'т — оскудица, недостиг ластикини — лаковани чевли латвица — врч, ќуп, земјан сад, големо грне лачаи — одделува лачка — оговара некого што не е заслужил лилјак — јоргован лимја — пуста гора, невратило, бестрага, џенем
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Чичко ми не бил суртук и празен шиник. Имал девојка во Ташкент. Затоа сѐ уште не е женет. Таа му пишувала за пиперките и за сѐ друго.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Но, како да се порекне дека, наспроти сите тие ветени раѓања, постои еден и ист пат, един­ствен, кој истрајува и секогаш се повторува?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Десет илјади, му рекоа, а тој само што не прсна, какви десет илјади за оваа сува слама во измитарена кожа, кога тоа чудо нема ни заби, немаш заби ни ти, му рекоа браќата, понесени од љубовта на Отец Симеон за белата душа и рекоа уште нешто, заради што пенушката помодре и им ги покажа забите, па тие веднаш се снајдоа и го одвлекоа коњчето, сеедно, не е само тој купувач на овој вангелосан свет.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Го замоливме продавачот ако може да ни даде распар еден број панталони и за еден број поголемо сако, но тој само ни одговори дека тоа не е можно.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
И белки не е за несреќа“, си рече жалејќи што сега не му е младоста од едно време кога беше комита во четата на деда Гера.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Беше прво едно невистинито прострелкување, кога не си сигурен да не е тоа можеби само една одронета трепка во твојот поглед, но уште следниот миг можеше и да ги гледа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„А ние, долно маало, мислевме поплава!“ Веќе беше јасно дека ова не е работа на Џорџ и на Жабе.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Можеш дури некоја од твоите другарки да почестиш и в слаткарница. Ни тоа не е лоша идеја.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Зашто сомневањето за совршенство не е во него самото, ами во оној што сака да го достигне.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Ама, знајш, Атинче, не е сѐ само во работата. Пријателите, комуникацијата, споделувањето на радостите, тагите, размислувањата, ставовите со моите сожители многу ми значи. Ми е важно.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Земја во која комбинацијата на црвена кошула, жолти панталони, зебрасти чевли, кравата во „тигрест” фазон и виолетови гаќи со портокалова шрафура, не е знак за евентуален невкус.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Сакав да речам дека не е потребно да одиме в село.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Рече Максим не е никаков свештеник, па според тоа нема ни право да врши свештеничка работа; закопните обреди, како што ги вршев и досега, рече, пет-шест години наназад, јас ќе ги извршам.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ова што го доживувам од моите бивши (и сегашни) сонародници, у најмања рука не е за веруење.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Затоа народот и не е ништо друго освен една театрална фикција.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Една ме има, ами од што не е свесна работи да ме нема.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
„Да му се одземе на еден народ човекот кого го слави како најголем меѓу своите синови – не е нешто што човек радо и лесно ќе направи, особено кога и самиот му припаѓа на тој народ”; така почнуваше „Мојсеј и монотеизмот“, и со таа реченица брат ми ја имаше кажано целта на тоа свое дело: да го одземе Мојсеј од својот народ, да докаже дека Мојсеј не е Евреин.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
За да го преживееш сето тоа е цела уметност, а на крај кога ќе умре едниот брачен другар, љубовта не е ништо друго освен историја...
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Бугарија досега не знаеше оти решението на македонското прашање не е исклучиво во Софија, ами колку во Софија толку и во Белград, т.е. во согласувањата меѓу Софија и Белград.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Не е у другта, испадна да причека адно другар, ки са врне, нема кај да оде на вакво кијамет! вели Пена и снова по одајката, де отвора сандук во ќошот, де влече фиока од креденчето донесено од Гаково, реди работи на подавалникот за да ги почести гостите.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Голема депресија го тресе нашиов свет денеска, светов се движи во правец кој се оддалечва од хуманизмот и то ич не е на арно.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Животот не е константен: тој подлежи на промени.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Според ЗТПОК од 1993 година, акциите, односно уделите купени со попуст не можат да се отуѓуваат, односно пренесуваат во рок од две години од денот на купувањето (чл. 26, ЗТПОК), додека според претходно важечките одредби, со интерните акции не можеше да се тргува на пазарот за хартии од вредност, но можеше да бидат пренесени, освен ако со посебна одлука не е поинаку предвидено (чл. 1a и 1и, ЗОК/89).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
— Море тоа не е голем мастраф, Калешко! — се јавува Чолакот придружен од Влајка Лазев, Билјарот, Милоша и други.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Може да се штеди и бензинот, и плинот, и парното греење, и дрвата, и облеката, и чевлите, може да се штеди ако не се прејадува, ако не се препива, може да се штеди ако непотребно не се патува, може да се штеди ако не се фрла, кине, валка, гази - може да се штеди, добри мои, на илјада начини, а не е потребен наук за да се совлада вештината за штедење.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Не е в ред?“ ја гледаше оваа жена и, да, беше тоа неговата жена, беше тоа некој нему познат, и ова е нивниот дом со висок таван и изветвени тапети.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Во натамошниот тек на постапката, судот не е врзан за своето поранешно решение за изведување на доказите (чл. 285, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Трагајќи по сопствениот идентитет, тие ќе дојдат до извонредно актуелни сознанија дека јаничарството, како вид на одродување, и денес воопшто не е мртво.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На разделба, моите униформирани колеги ме поучија: - Како што гледаш, суштината на американскиот сон не е да добиеш работа - туку да дадеш отказ!
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
9. НА ДРВЈЕТО ЛИСЈАТА ИМ СЕ ДУША - на луѓето дреата никогаш душа им не е, и в злато да се наконтат од пети до гуша в пазви не ќе им долета птичка која пее...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Жената што со него влезе во лифтот не си ти, туку комшивката Гога.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
О Време, о Собитие!  Присуството завива ко жеден пес растојанието се стеснува во секавични контракции нема каде да бегаш се спрепнуваш од себеси од другите, од драгите - конечноста е вообичаено обележје на овој свет - сфаќаш, ама не вреди - традицијата не е на преден план за тебе.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
- Опа! - извика Виктор, но Ивона го прекина во миг. - Не, не е тоа што мислиш.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Да не е опиум? - несмело праша некој.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Не е таа ваша работа.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Тих и повлечен во себе, безвиновен во ред работи, во кои спаѓаше и допирот со жените, Пискулиев сепак не е од оние луѓе со студена душа, тешко достапна за срдечни трепети.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Признателност? Па добро, тоа на крајот од краиштата, и не е нешто лошо што човек може да го посакува. Човечки е да посакаш и признателност и фалба.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ми се стори дека тој брз здив на некого што не е веќе меѓу нас дојде за да ги отстрани сите сомневања и прашања дали е тоа она: валчестолика и млада со положени раце в скут, на градите, помеѓу два брега на женскост, сребрен крст и цвеќе, најверојатно китка лилави бел алисум; рамениците се паднати, од едното се цеди сончева светлост за да истакне во заднината некакво зимзелено дрво но толку малецко за да може да биде она џуџе на Едвард Жорес.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Познато било дека нејзиниот војник исчезнал уште во почетокот на 42-та а моето раѓање се случило токму девет месеци по борбите од другата страна на Сина Скала што се воделе дури при крајот на 43 та.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
ТАА не е политички весник и не ѝ требаат колумнисти, есеисти и други исти како него, кои шетаат од редакција во редакција.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Тоа не е континуум. Темпоралната разлика што ги одвојува фонтовите и текстот е не-време, сингуларност.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ќе ме убедува дека ова не е Среден век ...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
24. Комитетот не може да им докаже ни на надворешниот свет, ни на самите Македонци неегзархисти оти тој не е бугарски.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
АНТИЦА: Ич не е срамота. Како за тебе може да се каже дека е згодна прилика.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
„Не знам. Секоја судбина е приказна за себе,“ рече Клара.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Жената на која сè уште не ѝ го знаев името, иако Б. С. ми го спомна, забележа дека љубовта не е горчлива додека тоа не го сторат оние што се бават со божемното добронамерно матење и буричкање по лонецот на туѓите чувства.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Сеедно што математичката поетика сѐ уште не е во целост конституирана научна дисциплина, фактот дека денес науката се бави со математичкото моделирање на поетскиот јазик и фактот дека веќе алгебарски структури толкуваат поетски структури во најмала рака – вознемирува!
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Имаше причина да се дојде до заклучкот дека, за да биде полегната тревата и на неа да биде оставен отпечаток од формата на змијата, змијата мора да лежела таму долго време, нешто што се чинеше дека не е можно.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
- Ама чекај, - викаше Бошко, - не е тоа толку лесно.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Во ѓумето, кренато отаде водата, тесно е и не е многу удобно.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Не е чиста работата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Си го собирам убавиот капут...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Сега имате напад на мултикултурализмот. Иако мултикултурализмот не е универзален лек за сите наши проблеми, јас го сметам за важен чекор.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Козата претставува доста проблематична фигура, која не е толку суптилна колку и пеперутките на Набоков.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Иако знам дека ништо не е случајно бидејќи сѐ има зошто и како. Коинциденцијата е нешто предодредено.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
17. Како претседател на Тајниот македонско-одрински кружок во Петербург (натаму: ТМОК), па со тоа и во ТМОРО, Мисирков не е и не можел да биде против револуцијата како метод (впрочем, тој и самиот смета дека резултатите можеле да се постигнат и „со вешти, мали народни движења“!), но категорички се изјаснува против Востанието во тој момент, како поради очевидниот неуспешен крај, со сите народни страдања, така и особено поради реалните опасности за распарчување и заграбување на Македонија од соседите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Некои беа нестрпливи и сакаа да одат да ја земат камбаната уште истата вечер, ама постарите ги искараа, рекоа оти таа работа не е за по ноќе кога луѓето може некаква беља да ги снајде и, не дај Боже, и камбаната да ја загубиме.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
На пример, никогаш не го сфатив конечното објаснување. •Хичкок: „Објаснувањето е дека Макс де Винтер не ја убил Ребека, таа извршила самоубиство бидејќи имала рак.” •Тоа веднаш го сфатив, но дали тој се чувствуваше виновен? •Хичкок: „Не.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Колку е тажно што застанав, знаејќи дека сум на плоштад (но, ова веќе не е вистина, само си го мислам, а тоа е помалку од ништо).
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
ДЕПА: Море Панде, што те стијоса да расправаш такви муабети?! Белки не е ништо...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
И, неочекувано за сите, тој си ја стави карамелата в уста. - Оваа не е за броење, - рече, - не чини!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Жали се ти колку сакаш дека уште не е крај на работното време!
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Одделена од стадото е посебно интересно дело затоа што не е шокантно, бидејќи „шокот обично вештачки го засилува задоволството, од што настанува празнење“ (Фројд).
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
И, обратно - но реципроцитетот не е симетрија - најнапред затоа што не постојат никакви неутрални мерки, никакви заеднички мерки* што би ги нудел некој трет.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Врската со сигурност сѐ уште не е утврдена.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Истополовиот порив не е идентичен со гејството.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но со „каратине“ нешто не е во ред: налутено, разбеснето и подивено јурат по сокаците и бркаат сѐ што ќе сретнат.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Моето искачување, си помислив, сѐ уште не е сосема завршено и кога ќе заврши, тогаш ќе се направи потребната увеличена фотографија.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Христијанството е метафизика на личноста. Енциклопедијата не е знаење туку - помнење. ***
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
НОВЕ: Отежнати се условите за работа. Главно сме на терен. Не е лесно.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Купен е во Париз за илјада и двеста ебени долари и како што можеш да видиш воопшто не е рѓосан!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
— Дај и Тодоре ножиците да го направиме господинот токмо мариовец, да не си a земите обата бељата по Маково.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Всушност обратно, во смело самоекспонирање Енценсбергер инсистираше не само на родовата разлика туку и на жанровскиот примат на литературниот текст, особено при споредбата со тестаментарното пишување на философите.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Но тоа не е сѐ: националниот гениј едновремено ги укинува и поединецот (растворен во групата од која потекнува) и човештвото (изделено на вкочанети есенции, распршени во множества етнички личности затворени самите во себе).
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
АНЃЕЛЕ: Како било тоа, не е тоа лаф! (Бара и понатаму и вади пред себе еден чифт женски чевли, еден златен прстен и еден чифт женски копринени чорапи.)
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Нумо не е падавичар. Тука го доведоа неодамна. Заради казна, велат го сместија меѓу падавичарите.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Еве со Јон си дадовме збор, а Јон не е војник. Така, си мислев, ама не било така.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Дали не е само измислица на Полицијата на мислите?“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Како и именките, и судбината на овие зборови не се разликува многу: најголемиот дел од нив одамна не е веќе во употреба, ги има во разговорниот и говорните балкански јазици, а најмал дел е и интегриран во нивниот лексички фонд.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Имено, таа од свои блиски луѓе, дозна дека новата директорка, наводно, имала намера да ја премести Зефиќ од јавната администрација во стопанската единица, која функционира како трговско друштво во рамките на затворот и не е буџетски покриена – што, за среќа, не ѝ успеа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Позната е на пример синтагмата од турцизмите и башка и барабар, со значење дека не е добро, ниту прифатливо еден народ да живее изолирано (башка) од другите народи, ниту под преголемо влијание од другите што би водело до асимилација.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Не е на одмет, мислеше, в недела да отидат на Коритница и да ги исчистат коритата; луѓето се слободни па ќе биде можно да се соберат.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ме гледаше и тој, гледаше во мојата коса во која почнаа да се појавуваат и првите бели влакна, и само повторуваше: „Ништо, ништо не е тоа; тоа е само времето во твојата коса.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Салиери не е ниска душа: потребна е гордост, не за да му се биде љубоморен на Моцарт, туку за да се предизвика и да се праша Господ: без да се залажуваме, зошто не сум Моцарт?
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Не е моја работа да барам дали некој зол демон на Бугарија ни ги има направено сите лошотии бугарски нам на Македонците.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ништо не е сигурно во олку матно време, му рекол на клисарот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„Знам дека тој не ни е вистински брат: не е роден овде, туку е донесен...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Да, клунот е одбрана и не е никаков нож. Ни скалпел ни кама, туку обичен клун.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Подзабавуваа со поставувањето на масата со надеж дека сепак некој, макар и случајно, ќе намине да направи здраво- живо со нив, само кој ти доаѓа на ручек ако претходно не е канет?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Дури и да си заповедам ако треба. На суштината?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се преправаш дека те збунува болката поради божемната отсутност на насмевката на мајка ти; дека те измачува недофатливоста на нејзините зборови и тоа сега, додека упорно настојуваш да го допреш со својата помисла ликот на таткото.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ќе го оставам светлото запалено и можеби една врнежлива ноќ ќе навратиш до мојот топол дом.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Или поточно нашите постапки заскитуваат од еден кај друг и тоа во различни времиња. Нели тоа не е можно?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
- Зар не е срамно да свирам, вели Јоше Свирачот, зар не е срамота кога на неа ми седи мртов човек.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
НАЈЗНАЧАЈНИОТ синоним на Франкфурт е Берзата. Овој град на Мајна не е како другите германски градови преполн со фабрики и индустрии.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Крсте доби нови сили за живот. Неговата цел не е изгубена.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Третата класа има премногу атрибути, поради кои не е потребен многу голем труд.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Да не е ова бујцата, си велам, да не ни ја донесоа војниците, си велам, којзнае какви болесишта ни оставија војниците.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ова е пара!... Пара е не е играчка!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Гледам кај го врти разговорот: сака да ми рече дека не е време или дека мене не ми е време.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Вели: - „Жална мајка и на мртво дете се радува“ , велеше Лазор Ночески и му кажавме на босот: вака и вака: О л ’рајт штом е така - одете, ми вели, оти многу не сакаше дека не му забушававме, ама патот не е одовде донде, преку широка вода оди патот, ни вели,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Пред носењето на судиската одлука, единственото употребливо ‘право’ е мислењето на правниците [opinio iuris] – а, пак, тоа воопшто не е реално ‘право’, туку само претпоставка или, уште подобро, предвидување за тоа што ќе одлучи конкретниот судија во конкретниот предмет по кој постапува. 
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ние се стуткавме меѓу нив, зашто веќе беше доцна, а надвор задува студен ветер, како да не е август, туку длабока есен.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Тој сега ми кажа дека не е крив и дека така наредил воспитачот, а нему му рекле да си ја гледа работата.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Јохана тргна кон својот дом, јас кон својот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И за сето време мора да ја чува својата омраза заклучана во себе, како некоја топка, материја што е дел од него, а сепак не е во врска со останатиот дел од него, како некоја циста.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но кога ја отворил стрико Никола Мала врата, на месечината веднаш се видело дека човекот не е некој поганец; в раце држел детуле, сето завиткано со кожуви, а по себе водел коњ, и го пуштиле да влезе внатре.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Патем се договорија да ги чуваат во Петровата визба, зашто таа има прозорец и не е мемлива како на Мише.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Во компанијата имаше два синдиката, кои беа комплетно незаинтересирани да помогнат во овој случај!? 257
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Вработен има право да одбие извршување на работа доколку претходно не е информиран за сите можни опасности и штетности, или ако работодавачот не го обезбеди пропишаниот здравствен преглед.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во овој смисол фразата „институции на системот” е депласирана.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Поразбуричка со рака да види да ли водата не е многу жешка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Царот Соломон е лажго како и секој владетел арамија што е, оти не знае слово да чини оти словото е меко, а власта тврда, оти мудроста е блага и подига а власта отровна и опчинува. И никаков поет Соломон не е.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Ама тоа не е странично! Сфаќаш? Тука пишува дека тоа било - наша реалност!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Можеби тоа беше давање одушка од макотрпната работа, можеби беше терање инает во војните, со реквизициите, со даночниците и чифликсајбиите, но жителите на Потковицата, со вкоренет оптимизам на луѓе прикрепени за земјата, односно со докрај изјаснета свест дека таа, мајчичката земја, раѓајќи одново и одново го обновува својот и нивниот живот, односно дека освен неа и нив ништо друго и никој друг не е вечен, на сѐ во врска со жетвата му дава одреден празничен призвук.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
„Ќе го криеме Црни додека можеме.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Овој долг, меѓутоа, не е спрема Сандета, туку постоел уште додека бил жив Никола Поцо“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Танаско ја одвраќаше да не бара работа во Шумското, ѝ велеше Ти не си м’ж, палај там у Чана, у то стопанството Острово, не е лесно...чунки нагоре саат и надолу саат, а и земната като камин, су казма са работе а не су лупата!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Тој коренен преврат не е опасен само ако е резултат од самостојното развивање на народот.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Рече дека не сум сакала да одам во училиште затоа што не сум можела да ги научам основните работи; рече дека не умеам ни да разговарам па затоа не одам да играм со девојчињата; рече дека сликањето не е за девојчиња.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Значи, името на еден човек не е толку важно за самиот него, колку за другите, затоа тој не се крстува самиот, туку го крстуваат него други.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ништо друго не е важно, јас сум само постојано меѓу тенката линија на темнината и светлината...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
„Па и не е сѐ така како што вели брат ми. Ако е прво роден! Ама ЈАС со женска итрина и шарм се пробивам пред него!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Притоа, мошне мала е веројатноста ваквиот систем за означување на бројните вредности да настане во архаичното грчко писмо со неговите 23 симболи, коешто поради малубројноста на своите симболи не е доволно за одразување на бројни вредности.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
АМЕРИКАНЕЦОТ: Do you speak English? БОРИС: Најн. Дојч. Ти дојч? АМЕРИКАНЕЦОТ: No. БОРИС: Епа ноу. Не е секој ден Велигден.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
МАТЕЈ: Мал експеримент? БОРИС: Ова не е ништо. Какви примери има.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Кој е Зоки Поки и, ако сакате да го запознаете, каде можете да го најдете. Зоки Поки не е разбојник, не е ни гусар, ни Индијанец.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Народот не е слеп. Одамна научил да чита.“
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Не е страшно“, ја слушнав докторката, „само површинска повреда.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Ќопав, ама не е тоа најважното, реков. Светецот наш го изневерил, тоа, тоа!“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Штутгард не е град на облакодери и висококатници.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Иако некому може да му попречи дословноста на постапките на театарската дружина на Атхеѕ (нема никакво фингирање, дури и клистирањето или употребата на вибратор со две глави се изведуваат автентично), не треба да се заборават поттиците и причините што Атхеѕ го наведуваат да создава таков вид уметност.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Таа работа не е за кај нас, ми велат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Не е важно како ќе се вика, - вели.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Сашо: Ама тоа не е вистина. Јас божем ќе те изедам, а ти пак ќе си бидеш жив и здрав.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Ајде! - викнаа во ист глас Бистра и Миле.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Се смалува и го снемува. Гледам јас по него и си мислам: овдека нешто не е чисто. Со отсуството негово.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Но и порано а и сега сум сигурен дека престојувањето на партизаните во нашата куќа не е измислена приказна и обично женско озборување.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Нешто во неа веруваше дека е така, го знаев тоа по некоја нишка среде испреплетената истоштеност на нејзиниот глас, по невидливиот зрак отаде болката во нејзините очи; но мене тие зборови, кои во своите мисли ги изговарав со нејзиниот глас, сепак ми се враќаа со некакво подмолно, потсмешливо ехо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Често, многу често влегував во блискиот манастир“, не е обична описна реченица (Аврам и Адам) туку вовед во приказната на зографите кои со векови ги гледале и следеле „маките и страдањата на овој народ“.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Дождливите пак, немилосрдно, ме потсетуваа дека треба да решам едно прашање што не е симнато од дневниот ред и кога немам нужда да мислам за него, - а тоа е прашањето за моите чевли.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ја знам тетка ми, не е таа таква, не зборува попусто.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не е така лесно, не е Толе, како шо мислиш. Софија е далеку одовде.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Немој, ќе ме исплашиш. Си ме видел - и што?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Дека успивањето не е само причина за фалење и за неконвенционално однесување во социјалната средина, зборува примерот со брилијантниот студент по медицина од Британија кој се успал на испитот по Физиологија.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
И ако е така, зарем не е тоа само еден единствен запис за славата земна, што власта постојано го присвојува и само врз него се препотпишува?“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во рамките на културите кои го практикуваат таканареченото фонетско писмо, математиката не е само енклава.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Оти законите што ги носи државата сѐ уште не претставуваат ‘право’ – туку, во најдобар случај, тие се само ‘извори на правото’ [fontes iuris].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Списокот не е голем: суви пиперки, јогурт, младо лукче, фиферонки у пластично шише од литроипол, ракија у исто шише ама од два литра, рибизли, овчо кисело без овошје, шампити, добри вишни...
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Тоа и не е толку битно ако се знае дека оваа руља е распослана на пространство од цирка 160 km по дужина и печеесет по ширина.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Не е важно колку е ова вистина зашто нема ништо што е вистина или невистина.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ако е одржано подготвително рочиште или, ако тоа не е одржано, откако тужениот на првото рочиште за главната расправа се впуштил во расправање за главната работа, судот што ја започнал постапката не може ни по приговор ни по службена должност да се огласи за ненадлежен за предмети од надлежноста на друг суд од ист степен (чл. 16, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
На друг човек не би му дал, но тој не е човек, му го кажав тоа“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
— „'Шо дека ќе гледа? Не е пак Турчин та да ме стра од него?“
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ја зафрли капата назад за да може да гледа и стоеше надуен, небаре не е комите туку војвода.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Нема војска која не е јаничарска! Нема војска со која не се манипулира. Најчесто во името на соочувањето со мирот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
- Јас ќе го внесам него малку подлабоко в земја, рекол свечено како да се колне пред лик на светец.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Велеше: „Вода што стои, не е вода; ти внесува зачмаеност, ленливост”.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Врати се, мора да го обновиме нашето убаво засолниште, нашиот заеднички кревет кој веќе не е ниту испотен, ниту жежок, ниту буден, ниту гласен (затоа ли не се крши).
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Мораш да се трудиш повеќе. Не е лесно да се стане нормален.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не е тоа, брате, јаболко. Скини го од дрво и сокри го в пазува.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Не е така“, рече Владе. „Тој ја купил Билга од султанот, ми се чини, за дванаесет илјади и петстотини гроша.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во едно ќоше од дневната соба забележав повеќе столни лампи со убав абажур и се загледав во нив - Колку се убави секоја на свој начин, ни ниедна не е иста со другите.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
- Хе, се потсмевна Васко. - Тоа не е ништо. Така може секој.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Е, мое е да прашам, велам, а твое - да ми кажеш. Ама Битола не е донде.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Велиш, сѐ уште науката не втасала сите тие нешта да ги доразмрси и да ги дооткрие?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Не е можно, се противев јас, ти ништо не знаеш, лекарите не знаат, јас знам, таа ми е другарка, ја познавам јас нејзе, нема да ѝ се допаѓа долго да спие, ќе ѝ се смачи, ќе видиш, ќе се побуни и ќе стане.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ова колење не е на добро: крвта од добитокот зјапи по човечка... Видов на фронтот...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Тука не е крајот... за миг занемев пред моќната ВИСТИНА...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Кога ќе стигне во моите години, никогаш не е добро.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Со опстојувањето на знаците без фонетско значење во редоследот на алфабетот, системот на бројни вредности ја игра улогата на фактор за зачувување, кој се спротиставува на секаква промена на наследениот редослед на графемите во системот на писмо.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тоа не го прави зашто е обврзан со формалности: не е свикнат да го бараат на друго место освен на паркиралиштата.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Постојат вредности без коишто човекот не е човек.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Лидија ни малку не е изненадена.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Освен тоа, словенските народи одржувале голем број контакти со други народи, кои веќе долго време познавале и применувале писма од најразличен тип: од силабариум, преземен од Евреите кај Хазарите, со кои Словените биле во блиски трговски врски, до алфабетот кај Грците, така што не е тешко да се претпостави дека ваквите контакти и запознавањето на други типови писма овозможиле подготвување на солидна почва за настанок на словенското писмо.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Петра не е помрдната од местото на кое квакна од синоќа, меѓутоа сите се раздвижени, растрчани, веројатно нешто се случува а таа не знае. Не сака ни да знае.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Но, се шегувам јас со неа, - ме смири тој, - името Макаренко не е погрдно, и не е никакво навредливо.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
За меланхоличниот и осамен Ерген свадбената ложница веќе не е гадна просторија.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Повремено, кога ја средувам документацијата, ги гледам фотографиите од гробовите и прочитувам: „Лазе Костовски и Невена, заедно, 1949 и 1951, на крстот имало две мали елипсоидни слики, но со време испаднале, останале само дупчиња; Стефан Лазески, 194., последната бројка не е читлива; Младен Поцо, 1956; Ица Танеска, името напишано наново со мрсна боја; Боне Попчев, 1945, со елипсоидна слика под стакленце, на еден крај поткршено, сликан залегнат со шмајзер на Сремскиот фронт, каде што е убиен; Стевка Симонова, година нечитка, за спомен од нејзиниот син Тале“.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Она утро, додека ги чекав симидите во бурекџилницата, Б.С. спомна дека вплеткувањето во животот и во неговите противречности не е секогаш предизвик.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ако му помине од благата вода, си мислам, значи не е ништо. Го заболело мешето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Видох што око човеческо не видело и чух што ухо не чуло, и не е кабил да се искаже, ни на сердце некому от живите на земјата не му дошло таква благост и сладост.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Иако уште на погребот видов дека не се труди да прикрие дека не е верник, па дури и дека не се плаши од тоа да биде некому трн во око со тоа што не носи црнина, сепак помислив дека решила да остане подолго за да го испочитува редот.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Значи, последниов не е неумесен во сегашните околности и може да ни даде само добри плодови, но не и да ни напакости.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
„Во тоа дека тавче ориз нема во фурната“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ама нели ништо не е случајно во овој толку предвидлив свет, па лидерот се беше заплеткал во хартијата за да биде поблизу доведен до пораката која беше клучот на нивното преживување како засебен ентитет.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Хористите, со и без маски, грабаат од кошарата и танцувајќи по ритамот на блузот, со уживање ги гризат јаболките. таа во кадата или чинот на капењето како ритуална вертикала мојата пријателка ужива во решавањето еротски криенки низ антиката гилгамеш и енгиду ахилеј и патрокло како топли браќа незаситноста на хачепсут само (за) доволноста на хиполит ноншалантно како дома си влегува во неизмерната живост на паганските олимпи го бакнува кастор во левиот полукс во десниот образ со сибила ги претресува најновите пикантерии мислев се работи за умешност научена од библиотеката од таткото универзитетски професор по математика дека едно попладне не видов како се капе како си игра со сапунот по кожата силно возбудувачки сепак наивно така црномурестата египетска божица си играла во нил со младунчето хипопотам миноската голограда девојка со острите рогови на бикот дијана со шумските извори сосема лесно можев да ја префрлам во персеполис атена картагена нинива меѓу бадемовото млеко гулабовите очи јасминовиот цвет сокот од лилјан босонога ќе стапне меѓу нив во насмевката нитрага од исклештениот грч на дојденката најскриените катчиња на висечките градини се отвораат пред неа мокра сфинга сред куќните змии ограбувачите на пирамиди светите писма лавиринтите сиот си се вжештил ми вели не е тоа секс одговарам тоа е мит и влегувам во кадата есента веќе ги пожолти градските улици или фотоапаратот како детектив
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Не е моментот за губење време пронаоѓајќи го Вок со едното око.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Пепелта ја чува невиноста само во она што не е начнато од подмолни нагризи налик на црвојадина.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Не е болката река да ја препливаш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Штета што Бошко не е тука, да ѝ го каже и ова на Калија. А и за него ми е многу радост.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Според термините од нашата претходна класификација, проловите се ниската група: зашто, ропското население од екваторијалните територии, кое постојано преминува од едни раце во други, не е постојан или неопходен дел на структурата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
КОСТАДИН: Кучиња чорбаџиски!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
А и да не е снегот, мртвицата секогаш има гнила земја, што не те крепи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А за тоа, за печење леб, зашто ништо што е погано не смее да дојде направо во допир со лебот, а погано е сѐ што не е природно, за завалување на фурните и вршниците, употрабуваа слама, измешана со суварки, или со дрвени трње.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Зашто, ако женското е со шапка, или ако носи свилени чорапи, или ако в раце држи некакво кутре или пак има златен заб в уста, тогаш таквата аристократка и не е некакво женско, туку, да ми извините, мазно место.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
А околу мене: луѓе без очи, без раце, без нозе, не е за кажување.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Со мажот не можеше да има деца, сега бара орачи, се двоумел помеѓу бессилен кикот и млака тага Адам Лесновсец.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Ами работата не е за лутење.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И онака од сите страни на клучалката сцената е иста, а оној кој не заминал сосема се буди и таму кајшто е отсутен ја спотнува во занес ереста - плодното мрестилиште на слободата и знае: животот не е еден.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
„Во тавчето не е проблемот“. „А во што е проблемот, жити ја?“
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Уште не е засушена бојата по ѕидовите од новите пароли против Југославија.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Бошко беше задоволен што како-така си ја спаси главата, иако насетуваше дека нешто не е во ред и еден час подоцна, кога се најде на ридот над селото, знаеше што беше она што му го рече Најдо коџабашијата: спасот го плати прескапо.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Но кога на титлата, богот на подземјето се појави како Хејдис, ќерка ми Лара реагираше: Тоа не е вистина! Каков Хејдис? Тој се вика Ад.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Ко некогаш не е во моето село, - снопје да се чукат со лескови вили, - растат нови луѓе, иде нова смена, - ко в приказна чудна селото се мени!
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Истото го правела, само што не било толку забележително.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Потоа, токму како што посакував, го извади оној нејзин сребрен прстен со голем зеленикав камен од показалецот и го стави мојот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
По патот на не знам кој Мебиусов ефект и претставништвото исто така се свртело против самото себеси и целиот логички свет на политичкото со самото тоа се растурил, отстапувајќи му го местото на еден бесконечен свет на симулација во кој одеднаш никој повеќе не е представен ниту претставува било што, во кој сѐ во ист момент се акумулира и растура, во кој дури исчезнал осовинскиот усмерувачки и спасоносен фантазам на власта.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
На Коча му иде да даде двесте, само да не му трескотат над уши. Но тоа не е можно.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Постојано му зборуваа што е правилно, а што не е.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Велеа: човекот не е птица. Авионите се за летање, а децата се за да викаат: Чичооо, пушти летки! Лет, лет буба маро...
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Избран или именуван функционер, службено лице или одговорно лице во ЈП не смее да ги користи информациите со кои располага за остварување корист за себе или за друг (чл. 31, ст.1 од ЗСК).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
William S.Burroughs Пристоен човек во класичен костум со машна, и понекогаш со честерфилд, никако не е она за што би го сметале на прв поглед.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Не е за да довлезам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Оној сејмен што се поти, зарем и тој не е сличен роб што мора да мавта со кубурата и со анџарот, и така стокмен да заплашува сѐ живо?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Кога е тоа потребно и самиот суд може по службена должност да ги прибави потребните податоци и известувања за имотната состојба на странката која бара ослободување, а може за тоа да ја сослуша и противната странка.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
— Ова не е настинка, вели.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но, тоа не е Амстердам. Тој е град на море, на бреговите од морето иако од него морската шир не се гледа.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Започнувајќи со расправа за тоа што не е во ред со философијата на умот, Серл ги карактеризира и отфрла философските учења на материјализмот во неговите различни облици (логички бихејвиоризам, теорија за идентитет на типови, теорија за идентитет на знаци, функционализмот на црната кутија, јаката вештачка интелигенција, елиминативниот материјализам,натурализирачката интенционалност).
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
- Мала си, а сè забележуваш – се насмеа мајка ми. – Така реков, во право си.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Таа тенка линија каде се завршува и почнува, за мене секогаш е почеток, на едно утро, на еден ден, една ноќ, во една прегратка, за некој може не е, но за мене таа е живот....
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
„ Се сеќаваш ли дека на едно место во твојот дневник напиша“, рече тој, „ дека не е важно дали јас сум пријател или непријател, затоа што сум барем човек кој те разбира и со кој може да се разговара ?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Миха го знаеше сето тоа, дали го насетуваше или го наслушуваше не е важно, но во секој случај го чувствуваше како приопашка, која итрите деца му ја прикачуваат на маалскиот будалетинка.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Им велам на другарките, нешто не е в ред.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
А ти, гнасо мала!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Мислејќи така на Пасажот, толку близок сега, ме поминуваа посрани морници!...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
- Не може, не е ова отел, барајте си на друго место. - Како не може, - се спротиви подофицерот. - Значи ние надвор да останеме? Ќе нѐ пуштиш и ќе играш.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
А мораш да работиш. Не знаеш што те чека побргу: дали нива да копаш, дали добиток да прибереш, дали опута да вразиш. Не е едно.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Не е здраво да не се јаде месо. Не е здраво за телото. А копаните се вкусни.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
— Брзо се палиш, вели Контрашенко, но таа навреда не е нивна, туку од кавкаските колонисти.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И вели Првин си помислив дека е Глувиот Џокоски или дека е некој кој бил на Молитвена Вода и сега се враќа оттаму, но потоа убаво видов дека не е нашинец.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
За контекстот на целата ситуација, се чини битно е да се спомене податокот дека телефонскиот број на Авдиќ и неговата нова адреса на живеење им беа познати на фабричкото раководство бидејќи истите беа уредно пријавени во правната служба, но – според неговите зборови – очигледно е дека нивната единствена цел била да го отпуштат од работа, и тоа заради неговата блискост до „гарнитурата“ на претходниот директор кој, пак, беше од друга политичка партија, иако Авдиќ не е член на ниту една партија. 102
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Историјата и знаењето, istoria и episteme секогаш биле определувани (не само од страна на етимологијата или философијата) како свиоци на видикот на повторното присвојување на присутноста.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Не е затоа што не сакаме, ние едноставно немаме таков принцип на работа, немаме фондови со финансии кои би биле планирани во буџетот од оваа година и би се однесувале на реализирање помош на индивидуални лица.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
-... Е па! Жими Бога! не е прерано!...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Не е в ред така да се гледа на овој проблем.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А не е тоа тропање, туку и удирање, небаре со секира, со кундак, со клоци. Едни удираат на малата други - на големата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А, всушност, ставен си под лупа, те опсервираат и донесуваат заклучок конзилијарно, без невестата, да не речам млада, дека млада више не е.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
А бидејќи таквото обезбедување никојпат не е сигурно, без да се ангажира една од големите држави или неколку од нив со оружје в рака да го поткрепат тоа обезбедување, тогаш од Бугарија не можеше да се очекува замешување во македонските работи.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сега не е времето да се одделуваме од Бугарија, кога таа направила толку жртви за нашето ослободување и ќе направи уште за напред.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
- Оваа глава не е за на перница, вели, и после си реди, си зборува самиот, си прави разговор со себеси.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се разбира дека препрочитувањето на текстот за грифоните го увери во тоа во коешто се сомневаше - дека ова куче сепак не е грифон.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Можеби си во право, ќе додадеше Татко, нагласувајќи дека еден од мотивите за запознавање со исламската/османската/ориенталната компонента (во тоа ја вклучуваше и нивната мисија) можеби е токму тоа што таа не е мртва, скаменета, врзана само за османското и поосманското раздобје во нивната историја, туку таа е и понатаму жива, динамична, дури и продуктивна.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
(Потоа дружината, домаќинот и возбудените луѓе се договориле, едни со оган да ги потераат коњите на Турците в пропаст за да не се вратат во кулите, бездруго кратовски, нивните јавачи да ги закопаат длабоко, ни дивина ни пци да не можат да ги откопаат, а оружјето да се сокрие така што за него ќе можат да знаат само двајца - челникот Онисифор Проказник и молчаливиот Чучук-Андреј.)
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Ти заврши, гледам, со школото – ја смени темата татко ми. – Да не е прерано?!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Јазикот не е возило што ги разнесува комуникациите напред-назад меѓу индивидуалните умови; тој е координација на физичките околности меѓу членовите на една социјална група, што го задржува структуралниот интегритет и на социјалната група и на индивидуалните членови на таа група.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Познати се сите причини кои Duchamp ги наведуваше во разни прилики како оправдување на фактот дека Невестата „дефинитивно не е довршена”, како и пледоајето pro domo, какви често држеше, за нужноста да се биде мрзелив и безгрижен.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Најпосле, контрапунктот и акростихот со нивните нивои на скриени значења имаат многу заеднички нешта.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Она: дека ништо не е грешно додека го говориме тоа што го мислиме, рече татко ми.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
А за овој патријархален примитивен дискурс (што проблеснува - чинам, иронично, но!? - и во твоите драми) извинување до фините и суптилни читатели на Маргина.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ништо не е важно. Ништо не мириса поубаво од ова.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Во главата VII насловена како „Мобилност на вработените во јавниот сектор”, мобилноста не е усогласена врз основа на конкретно дефинирани критериуми пред сѐ во насока на утврдување на групи на нивоа кои треба да бидат еднакви во јавниот сектор.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Кравата уше не е отелена. Можеби поручек, а можеби вечер ќе се отели.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Не е арно во животот да се лулеат како празни кајчиња и не е арно ако не сонуваат кога спијат.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Националистичката идеологија, посткомунизмот, искуството на тоталитаризмот, кобноста на војната, сето тоа не е само хрватско.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
ЕВТО: Тоа не е јавката! Која беше јавката! Тоа не е јавката!
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Шефот на станицата, оној добар човек со црвена капа, а и со црвено лице, одеше од оган до оган и ги храбреше луѓето, велеше Оние од вашата Македонија ќе го пуштат срцето, велеше, и тие имаат душа, луѓе се, ќе сфатат што значи ова ваше преселување на станицава, велеше Знам дека не е целата работа само да се има плодна земја, дебела вода, бел леб и стреа над главата!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Душата на животните е тесно поврзана со нивната физичка природа; таа е сврзана со материјата и не може самостојно да постои и делува; постои само додека постои животното, зашто тоа не е духовно битие како човекот; таа не може да господари со своето тело како душата на човекот; тие не се разумни суштества и не можат да мислат; тоа својство му е дадено само на човекот; тие имаат само сетилни нагони и инстинкти; а човекот, како мисловна природа, е свесен за себе си, мисли за вечноста, за бога, за својот живот, за своите постапки, и на тој начин го обновува своето постоење; има психички живот, а животните си остануваат онакви какви што се создадени - неразумни битија; движењата им се условени од надворешни и внатрешни влијанија и нагони кои произлегуваат од физичката потреба да се одржат себе си и своето потомство; немајќи разум, немаат ни апстрактни појмови: за добро, за лошо, за вистина, за убавина.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Вистинската религија е Еволуционизмот, базиран врз класичните хуманистички, трансцендентални претпоставки: - Бог не е племенски татко, не е феудален господар, ниту инженерски менаџер на универзумот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Но, културата не е илузија.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Така еден ден додека ги врамувавме Мерлинките, Марк забележи дека го смета Џерард за премногу “комплициран”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Следниот ден беше Благове, празник, и ние учениците очекувавме Петре Даскалот да нѐ собере, ама манастирското клепало не удри и се разбира оти тој не е в село, заедно со другите некаде е заминат.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Пак си велам: не е друго, нема друго.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Шегата е примамлива мирудија иако не е погодна за секаков вид храна.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ако образувањето на јужнословенските народности е механичко-политички процес, тогаш истиот не е нешто невозможно и во сегашно време.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Додуша човек има време за размислување, но и тоа не е бог знае како пријатно.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Меѓутоа, треба да се разграничи меѓу оној вид геј-култура што се состои од нови дела од (во случајов) геј-мажи што за првпат во историјата непосредно, отворено и експлицитно се осврнуваат на машкото геј-искуство како што се живее, односно како што може да се живее (или можеби се одживеало), од една страна, и оној вид геј-култура што паразитира врз главнотековната култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Меѓутоа, огромното значење на Хегел не е во неговите филозофски теории како такви, туку единствено во откривањето на постојаното и незадржливо движење што владее во природата и општеството.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
69. Но тоа влијание му е нужно, ете зошто, од една страна нѐ уверува оти до кога ја има слободна Бугарија македонското прашање не е закопано, од друга страна, за да го оправда своето егоистичко поведение, сета вина за несреќите кај нас ја префрла на Русија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Претходниот патник го оставил весникот „Инквајерер“ на седиштето; во овој момент на Џоен воопшто не е грижа за ужасите во Босна, Руанда и на Хаити, но паѓа в очи насловот од локалната рубрика: УАПСЕН ОСОМНИЧЕНИОТ ИЗОЛИРБАНД СИЛУВАЧ.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Кога ќе се смиреше, по испиеното кафе, во утеха ќе си префрлеше дека сепак не е негова работа да си го цепи умот за далечната иднина, за комунизмот, има за тоа поумни глави... ***
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Дека оној човек, кој ги полева леандрите во дворот, не е татко ти туку некој негов двојник кој доаѓа да го замени додека да се врати од неговите патешествија, ако воопшто некогаш се врати.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Речиси сите списи од креденците и полиците се валкаа по паркетот а одвреме-навреме, на вратата од кабинетот на директорот или дури таму негде кај прозорецот низ кој пред малку беше влезен Величковски ќе се појавеше некое од божемните привиденија и со отсечен глас ќе објавеше дека во Секретаријатот сѐ е чисто, или, дека во Архивата ниту еден лист не е веќе на своето место.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Башевски, меѓутоа, оди и натаму, така што античкиот мит за наследениот грев го комбинира со иронизирањето на идејата која во текот на југословенските војни беше поттикната од политичкиот концепт според кој традицијата, историјата и потеклото, се клучните компоненти без кои, наводно, не е можно да се доврши личната, ниту националната индивидуација.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Го кренав погледот кон дрвото од чија што крошна се истураше празничната музика кога наеднаш ја здогледав индивидуата потпрена на стеблото и загледана во нас.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
О, Господи, не е важна смислата празнина зад шепотот кој демне да избие Вертикалниот отвор е долг и тесен. Тој е мрачен. Нема да протестира.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
- Ха, ха! Тоа што го бараш, не е можно.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Во целина писмото сѐ уште не е дешифрирано.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Небото е затворено, а ноќ уште не е.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Знам тато, три илјади метри не е за потценување. Тоа и јас го знам.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Претворањето во опашка од златна риба не е лесна работа.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
И тој и не е тој. Во сите ликови во кои ми се прикажува тој е тој: големиот национален херој час на една час на друга балканска сила на земјава.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Е, не е многу дебел, му рекол Мирче, си раскажува Огнен Ѓорго и џвака, фучи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Влијанието не е формално или експлицитно, нема ултиматуми или манифести.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
„Ти реков, Винстоне“ рече тој, „дека метафизиката не е твојата посилна страна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Баге заустува да му се спротистави: дека син му не е педер, дека е нормален, дека е женет, дека има дете, дека во нивната семејна лоза нема ни намек на самоубиствен ген, дека сета таа работа е наместена, изрежирана и подметната од некои мрачни сили што се испилија во овој наш плурализам (беше готов да плукне притоа, но во последен момент се воздржа), дека неговиот син е нивна невина жртва и дека токму тие како служба се должни да ги откријат, да ги казнат, а на синот негов да му го обелат образот, макар и мртов.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Во случајот Д.Х. и др. против Чешка, Апликација бр. 57325/00, 13/11/07, пара. 189, Европскиот суд за човекови права нотира: „...доколку жалителот кој тврди дека постои дискриминација направи основана претпоставка дека влијанието на некоја мерка или практика е дискриминаторска, товарот на докажување преминува на државата, која мора да докаже дека таквиот третман не е дискриминаторски (...).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Роса само ме гледа, ко да не е тука, ко да не сум тука. Очињата ѝ се црвенеат ѝ сѐ нешто си зборува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Над нив уморно се влечеа мрзливи облаци; сонцето им поставуваше врели, боцкави пречки но нив ги распнуваше болка на згусната влага; се слечеа и ги параа своите шавови на секој зрак, а земјата, споулавена од жед, притаено ја исчекуваше нивната милост. „Тој не е слаб“, извлече жегата непознат пркос од Јана. „Не, тој не е слаб.“ Иван првпат насети во себе некоја непозната и чудна врелина од што неколку запци во неговиот механизам закрцкаа. „Ти знаеш - не е слаб, нели?“ „Не ми веруваш?“ го измери таа; сѐ повеќе мислеше на тој Отец Симеон. „Ти верувам.“ А чудото од осмиот рид му шепна - не верувај, докторе.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Веќе не се будите во иста соба. И она што е невидливо не е исто.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Не е упатно, дури ни за членовите на Внатрешната партија, да го држат исклучен телекранот повеќе од половина час.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
-Што е, водата не е за пиење? – праша. -Како може да не е за пиење? Гледај колку е бистра!
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Николче во тој момент, како Мартин да не е тука, подбивно им рече на другите деца: - Капнато е јатачево, ќе седне да почине.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- Не туку фолирај, мислиш дека не видов дека ти се допаѓа? – му свикав на шега. – Не била лоша! Море, авион е за тебе!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Токо ич не ми е гајле. Кој мал се жени и рано руча — не е лаган.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во сите наброени случаи работодавачот не смее да го откаже договорот, освен ако е поведена постапка за престанок на работодавачот (чл. 45, ЗРО/05). 19 Но, во поглед на притворот, оваа одредба всушност и не е нова во вистинска смисла, бидејќи уште во ЗРО на СРМ (1990) постоеше изречна одредба, која со носењето на ЗРО (1993), несмасно, беше пропуштена.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Даме: „Да не е водата, сега би можел да појдам кај Младена.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Четворица сме: јас и тие: јас од тукутака ќе се расплачам, ќе се размрсулавам, тие по мене, ќе молчам јас, ќе молчат тие, јас тргни кон некаде – тие по мене, ја расипуваат играта.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Не е некакво чудо што пријателине во Бостон можеле да изградат траен содружнички живот, додека геј-бањите, сопчињата, секс-клубовите и страниците за мување на интернет цутат од трговијата со геј-романтичарите, кои си ги претпочитаат сопствените илузии, сопствените мечти за љубовта, а не некакви вистински луѓе – луѓе кои, на крајот на краиштата, не можат да им ги одржуваат тие илузии, барем не многу долго.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Фактот дека во случајот на пантерот со јазик не е воведен никаков недостиг нему му дава обележје на самодоволност која едновремено го прави толку привлечен и толку страшен.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Некој ќе рече не е важно дали е убаво, важно е да служи, а јас не мислам така.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Таа тоа го прави кога не е сосем искрена.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Во нив отсекогаш сѐ што е родено е живо и затоа нема и што да се откопа: луѓето таму во крвта си ги носат предците па затоа и не веруваат во одминливоста, самите себеси си се и предци и потомци: нанижани во долги низи црвени африкати, огнот во нивните колиби ги ништел сите нивни платони и исуси, бетовени и целани, па точно затоа тие и сѐ му доверуваа на зборот: сите нивни пориви и тајни - зборот ги префрлал преку вековите.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Ослушувајќи ја со некој внатрешен слух болката во здробената рака, се исповедуваше како пред сопствен олтар: кога имав седум години пронајдов дека чевларот од нашата улица не е некој друг туку самиот сотона.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Габриела Мистрал Фабулата веќе не е важна, Сѐ е кулминација во краткиот живот.
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
„Вистинската власт, власта за која ние се бориме ден и ноќ, не е власт над предметите, туку над луѓето.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Смрта не е ништо таа е природна, па јас можам да се справам со неа, ама ова горест... ова чудо од измачение на камбаните кои предсмртно биеа во мене сотрувајки ме до последно зрнце... јас не се гледав повеќе себе..... само некоја земска восочна фигура врвеше низ песпатот, тркалајќи се во густиот снег...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
„Не, не сум пиел. Не е тоа. Бев навален над бунарот, и одненадеж, како да ми се расцепи главата. Сега ми е малку подобро. Сега знам кој сум.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ноќта е црна постава на денот што се превртува како маскарада Таа е темната утроба на гласот што низ сите ѕвезди везе молчење Најмногу ги сака постелите кревки сред шумниот мирис на боровите Интимна е тогаш и гола како страст што низ смеа мами вечна тишина Па ако тлее нешто живо во неа ќе пеам што мртво не е уште сѐ
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Во една кариера обележана со периодично напуштање на успешните техники и методи на работа, со постојани обиди успешно да се обедини формата со значајната содржина и со една лична блескавост која што често се закануваше да го затемни креативното достигнување, не е лесно да се лоцира адекватниот центар на енергија од којшто целата извонредна креативност се ревитализира самата себеси.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Додека оваа пошлост’во чист облик предизвикува само добронамерен потсмев, онаа другата - која што, како што вели Набоков, е особено снажна и опака, кога лажноста не е очигледна и кога се смета дека вредностите кои таа ги имитира му припаѓаат, со право или не, на највисокото ниво на уметноста, мислите или чувствата - се чини, предизвикува тегобност. okno.mk | Margina #8-9 [1994] 161
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Популарните претстави на Хирст зборуваат за смртта токму низ прашањето за принципот на задоволство, но задоволство во препознавањето на траума.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Дури не е ни прост препис. Ни плагијат. Чиста слика на крвав режим.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Само, каде е да се врати. Досега требаше да имаме ручано а таа не е ни дојдена: допрва треба нешто да замакали за јадење!
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Покрај ова, законот од 2007 пропиша прекршочни санкции и за странците, за извршување на работа за која не е издадена работна дозвола и поради недоставување на работна дозвола по барање на надзорниот орган (чл. 39 и 47).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Своите коли ги одржуваат чисти, а се разбира дека и повремено ги подмачкуваат, го проверуваат воздухот, проверуваат дали има доволно вода во акумулаторот и дали металните плочи се покриени со вода, и го проверуваат нивото на маслото, да не е премногу ниско во кутијата за курбла.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
А Солун не е Кукуш... Но штом е Гоце со нас... не бери гајле.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Ако паѓаш високо, не е кукавичлак да се фатиш за јажето што виси.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но таму само ни кажаа дека сме целосно рехабилитирани и дека не е докажано оти сме припаѓале на некоја организација што се бори против Советскиот Сојуз.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тоа не е твојот свет. Дури ни галаксија.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Види ваму: човек што не е за својот народ, не останува со ниеден. „Гомното од сите страни исто смрди, велеше дедо, од кај да му се доближиш, исто.“
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дека сепак се повел по своите инстинкти.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Белгиските Ардени се распостилаат во голем дел по текот на реката Урт, која не е поголема од наш Вардар, но, многу побогата со вода.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Она девојченце, сега притаено во својата рамка, пее и има едно око. Но не е киклоп.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Прогледај, поучен си, да светиш, созреан си, посложен си од фосфорот кој знае да свети ладно, зошто не е вичен да свети со топлина како тебе, како што те учеа од мал.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Не е точно, меѓутоа, дека народот се откажал од создавањето свој литературен јазик.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Го влече едно чувство на родител да го стори тоа, да ја посоветува дека не е злато сѐ што свети, да ѝ каже да се пази од оваа разуздена младеж, - тој треба да ѝ каже, зашто сегашниве родители се толку лекомислени и толку незагрижени за челадта.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Еве еден пример. Зборот „слободен“ сѐ уште постоеше во Новоговорот, но можеше да биде употребуван само во такви реченици какви што се „Ова куче е слободно (нема) од болви“, или „Овој стол е слободен“, односно не е зафатен.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Господе, па тоа не е тој, се отимаше кутрата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Татко во мигот ништо не одговори, и тој загледан во водата која брзо течеше под сводовите на стариот мост, но потоа тивко изусти: Водата во барата е запрена за да го чува времето!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Знам дека свеската ме чека со раката над моето колено ама сега не ме интересираше: работата не е во тоа.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Движењето коешто со сопствена волја минува низ просторот преминува во апсорпција со самиот простор - крај на отпорот, крај на самата сцена на патувањето (како што млазниот мотор веќе не е енергија на продирање во просторот, туку се придвижува така што пред себе создава празнина што го вшмукува, наместо, според традиционалната шема, да се потпре на отпорот на воздухот).
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Даме: „Да не е водата, сега би можел да појдам кај Младена.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Закупецот е должен да ја плаќа закупнината во роковите определени со договорот или со закон, а во недостиг на договор и закон, како што е вообичаено во местото каде што предметот му е предаден на закупецот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тогаш и вистински ќе почувствував како усните, ми се сушат; како ми венат од нестрпливост и од долго чекање. Но тоа не е битно.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
- Не е, мамо, кога ти велам! – викна Зоки.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
На тоа си мислеше трчајќи накај дуќанот Тимонов и дека како и други Власи и Тимон може да биде неверен но дека за атер на Максима ќе го земе во одбрана, ако не е таму Максим.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Зошто се смешка оваа? што е толку смешно?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
— Ами, метлата, господин војводо! Мислиш не ќе познаат агите оти ваа работа не е мариовска?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сѐ што треба да знаеш е само еден збор или буква една, а потем читањето на непознатото неможно не е.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ѕидовите ги пропуштаат само оние што доаѓаат. Но тоа не е нималку важно.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Танаскоица како да не сфати што направи, после се интересираше да не е болна од нешто штом така блуе, па ја подучуваше да се варди, да се облекува топло оти ова мокро и магливо време е многу лошо.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Зарем не е тоа како да калемиш авокадо на македонска черешна, праша.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Кој не е со нас нека се дели, - рече Трајанка и не застана.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
ТЕОДОС: Сиот ме направи жива вода! Ракавите ми ги наполни! Да не е и тоа адет, да не е и тоа ред?
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Така и беше: дојде како никаде да не бил, како од никаде да доаѓа; така влезе кај мене дома, дури и без да чукне; го спушти куферот, ме прегрна и потем јас долго плачев во неговата прегратка, а тој ме тешеше и ми ги бришеше солзите; велеше: „Ништо, ништо не е тоа; само минале годините; ништо страшно не е тоа“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Сѐ му простив. Реков сега ќе свртиме нов лист, ништо не е како порано.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Токму тој вртеше со главата велејќи дека насилството не е решение и дека мораат да научат како да се почитуваат бидејќи мораат да прифатат дека тука отсекогаш живееле заедно и дека така и ќе остане.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Затоа велам, овој милет не е толку пис, колку што сега враќа, вели бегу.“ Санџак-бегот молчеше.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Во оваа моја тајновита игра никој друг не е вклучен.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
2 Самиот процес на вработување, уште од старт, беше доста специфичен, бидејќи К.П. забележа дека, при самото вработување, главен збор имаа странските финансиери, а не домашните спроведувачи на самиот проект!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
„Која вистина?“ „Таа дека тој е донесен овде...“ „Не е точно!” згрми Профим и удри на масата.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Набрзина од својата глава ја избрка мислата дека тоа не значи дека Дарко не е посинет на некој друг дел од телото и дека тоа воопшто не му е никаква гаранција дека не го малтретираат во логорот.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Зборови, зборови… а не е за на отпад и она упатство или шега дека зрелоста се мери само според количините наивности во нашите размислувања!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Стечај или реорганизација над стечајниот должник се спроведува кога тој е неспособен за плаќање.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Нема да осетиш дека ногата не е твоја, ми велат, и ,казачок" ќе можеш да играш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Со задоволство тој установува дека дијагнозата на болеста на компирот правилно ја извршил, но она што му го советуваше на стариот за густината на садењето не е сосем точно: тоа се однесува на садење со окца - за кое треба да се преземат специјални претходни мерки што стариот нема можност да ги преземе - а за садење со цели компири одговара горе-долу она растојание што тој го практикувал.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
ДЕПА: (се нервира). Не е молзена ами како! Кажувај пак да бегаме.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Од неизвесности составен и од осама, Македониј ги изучувал градбата и поредокот на бестелесното и имал дарби да разговара само со она кое се случувало векови и векови потоа. MARAN ATA, кога извикал патријархот, Македониј си ги собрал солзите свои во крпчето свое и рекол: одново згрешивте - ме проколнавте, но ме возгордеавте и сега ќе ме замени следниот кога веќе никаде не е оној кого само вие го гледате насекаде. ***
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
На моменти си мислев дека тоа не е убаво од мене и дека, можеби, жената е многу добра и не заслужува јас да ја избегнувам.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Странско лице може да стекнува удел или акции на начинот и под условите предвидени за државјаните на РМ и за правните лица запишани во Трговскиот регистар на територијата на РМ, освен ако со закон поинаку не е определено.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Чест ми е што можам да ти ја подарам. Верата не е важна, важно е она што го пишува внатре.”
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Нека му е лесна земјата на Никифор Абазовски, си реков. ,И дрвото не е дрво, ако не се чуе неговото паѓање", велеше дедо.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Така никој нема да биде повреден, а јас ќе ја спасам мојата душа од обвинувања. Од таа вина што не е моја.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Се знаеше дури и дека ова не е одмазда, уште не, туку непознато задоволство, болно задоволство, капки лимон на рана чиј бол е нужен.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Сепак, не е толку лошо: можам да пишувам, крепејќи се од време на време со чајот и погледот на амамот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Тоа не е ништо, одговара нејзиниот креветски другар, нималку збунет.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
На сите фотографии изгледам многу полошо одошто во природа, барем мене така ми се чини. – Што сакаш ти, фотографскиот апарат да те разубави? – ме зафркава брат ми. – Не е шминкер!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Она што го доживуваме како тешка ситуација, несигурност - тоа не е абнормалност, туку перманентна човечка состојба.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Артикулацијата на сопствениот интерес (освен ако врескањето и лелекањето не ги сметате за тоа) ни оддалеку не е проста работа.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
После, таквото присоединување на цела Македонија кон една од балканските државички не е возможно – другите државички ќе му пречат.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
„Од мене олку... Ајде да запалите!“ На сите ни подаде по една цигара. На сите ни ја принесе запалката.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
— Беше, ама не е повеќе.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
4.  Доставувањето на писмената на адвокати, државни органи, односно органи на државната управа, единици на локална само- управа, правни лица и на лицата на кои им се пренесени јавни овластувања, се врши по електронски пат во електронско сандаче (чл. 125-а, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Поради инсистирањето на анонимност, не го наведуваме ниту архивскиот број под кои е заведен предметот пред Основниот суд – Битола. 2.  Здруженијата на граѓани, како правни лица, можат да се јават и во улога на работодавачи.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во секој случај, рече Владе, оној гроб за кој ти мислеше дека би можел да биде на Никола, еве, не е, а каде е неговиот гроб, не се знае.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
— Мори, не е чадот за најадување.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ненадејно почувствував леснина. Спотаена радост. Можеби не е сѐ изгубено.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тој не е грешка, не е ничиј пукнат кондом, не е ничие безгрижно пролеано семе, ничија неспособност за самоконтрола.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
„Сува е, барут“, ми вели Сотир, „не е за употреба“, и прцна низ заби гласно малку плунка.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Таа е или не е таа?
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
А и за Сталин сѐ знаеме. Не е тоа заборавено.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Таа верува дека на оној човек што не го познава, кому не му го знае името, кој, боже прости ми, како да не е тука, сега сигурно и не е тука, таа може му ја гледа само сенката, единственото нешто дека некој негде се наоѓа!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
- Вистина? - се исправи Елена. - Ако не е вистина, не би ти рекол.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Исполнет со задоволство, тој згора- згора се потсетувал на сите оние весели моменти од поминатата вечер, сите оние зборови што предизвикале кикот кај неголемиот круг; голем број од нив тој дури и ги повторувал полугласно и заклучил дека тие се исто толку смешни, како и претходно, и поради тоа не е чудно што и самиот си се насмевнувал од длабочината на душата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Гејството, затоа, не е состојба и опстановка.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
„Видете, госпоѓо, ми фали развод од таа од Србија, додуша тоа веќе не е Србија, повеќе е Косово“, ми се развикува работничката на шалтерот додека цел ходник ја слуша во чудо и живо ги интересира која сум јас по ред во низата, а и нервозни се веќе од чекање, па цупкаат во место и ц’цкаат со заби, желни за уште информации за мажот - чудо.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Денес во Бугарија се излеваат околу 3 милијарди кубици загадена вода, која не е за повторна употреба.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Така Петре ги презеде сите црковни работи: во старата црква, долу во гробиштата, тој ги читаше апостолите и тропарите, тој ја амкаше кадилницата со темјан, тој ги опеваше мртвите и ги крштеваше новородените, ама се знаеше оти поп не е, та затоа луѓето го почестија само со прекарот Петре Питропот.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
„Триаголник“, рече Минк. „Што е тоа три...аголник?“ со напор рече Ана. „Не е важно“, ѝ рече Минк.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Имено, сега се предвидуваше дека работодавачот мора, во рок од осум дена од денот на склучувањето на договорот за вработување, писмено да го извести кандидатот кој не е избран – дека не е избран, како и тоа кој кандидат е избран.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Тој убав дворец не е веќе траурна зграда, туку здание на светлината или „Сарај на убавите уметности“. Во вистинската смисла на зборот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Тие силно му се заблагодаруваа климајќи со главите и насмевнувајќи му се, а тој само немо им се насмевна и замавна со раката покажувајќи дека тоа не е ништо.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Луѓето се посиромашни од кога и да е, но со големи идеи кој го чекаат денот да бидат исполнети.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
- Да не е Василики? - праша инструкторот. - Така е на грчки...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Толку повеќе што процесот на создавање народни песни од НОБ - токму сега се засилуе. A тоа не е никакво чудо.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
Но двата склопа од спротивставени вредности вопшто не се сосема идентични, а разликите меѓу нив упатуваат во занимливо расклонети насоки.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Човекот и е и не е во гаражата на мајстор Ратко зашто ѕидот зад човекот во убав костум е многу, многу поширок и повисок, како да е целиот со полици, но во тоа Едо не е сигурен.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Аналогно на тоа, светот што го создаваат театарџиите на сцената не е подалеку од природата.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Она девојченце, сега притаено во својата рамка, пее и има едно око. Но не е киклоп.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Моето не е бричење. Моето е уметност.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Против овој акт на самоволие, осуммина незадоволни вработени, меѓу кои и Љ. Х., во јануари 2008, поднесоа групна тужба која им ја состави адвокат (Н. Петровска).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
- Твојата глава не е за на две нозе, му велат. - Не уједај кад немаш зубе, вели Гојко. 185
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Одамна отидоа химените... м Дејан, ова не е „Нова Македонија” или „Пулс”.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Не е оној познат стаклен сад во кој песокот се преточува туку нешто како мало бронзено тавче полно со смог од кое тој се крева во прамен гас, согорува и исчезнува.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Се виде дека човекот не е од сојот на газдата на арабаџиите, се гледа дека е еснаф човекот му дошепна Афз Б. на Татко.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
- Навистина, не е фер што Валерија постојано ми зборува дека не го поднесувам Чико.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Ми се гледа нема да расте голем, куси му се нозете и не е главуч“, рече Љупчо небаре се разбира во кучешки сорти.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Синот, повторно, за да докаже дека таткото не е во право во мислењето што го има за него, прави секакви мајмунлаци за да му се доближи на таткото и да го придобие неговото внимание, но како контраиндикација, наспроти тоа, успева само да го оддалечи и да ја удвои нетолеранцијата меѓу нив.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Тоа не е ништо кога треба да се избега од мрачините на виделина и простор.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Затоа ти велам: на брегон, па кога ќе здогледаме некого што не е за кум, молчи зад дрвјето, а ќе наиде ли некој поимашлив, буп! детето пред него...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Смеа, прегратки, радост што е тоа, за кого е? За мене не е.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Невозможно, рече, тоа нешто друго не е како што треба, се обиде да се утеши.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Тој коренен преврат, ако станува постепено во текот на цели векови не е опасен, зашто едни делови од него се однесуваат за едни поколенија, други за други поколенија, така што едни делови преминуваат по наследство, како народно наследство, и само некои се нови.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тука бев можеби и посигурен”.  „Господ нека ни е на помош”, му рече во часот на разделбата.  „Мислам дека ќе одам на друго место”, му дошепна Готлиб гушнувајќи го за потивко да му дошепне: „Сега не е време да се биде дома”. 
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Но ова е прашање во кое тој би се впуштил кога би правел запис или би го раскажувал својот сопствен живот. Тоа сега не е случај.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Органи на стечајната постапка се: стечаен судија, стечаен управник, одбор на доверители и собрание на доверители (чл. 18, ЗС).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Не е тешко да се открие како секоја од сцените го повикува машкиот геј- гледач да се идентификува со ќерката, иако овие повикувања се различни во секоја од сцените.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И сега толку долу да падне, да се влечка како свиња пијан по крчмите. Зар не е тоа срамно?
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
СОЊА: Матеј! МАТЕЈ: Да, мама. (Пауза) БОРИС: Ти реков не е добар. Ништо не јаде. Не знам што му е.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Сега мислам дека зачестениот жанр на речникот - којшто ги напушти своите лингвистички рамки и се пресели во книжевност - во постмодерното време не е поттикнат од носталгија, како што се чини на прв поглед.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Не е една ноќ и не е еден ден.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јас го прашувам нешто, а тој ми вели: не е тоа за деца.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Не е болест, тоа било нормална појава и траела цел живот кај жените, - нѐ убедуваше Анета.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
„Бабини, домаќинот е бериќет. Од Бога ни е пратен. Да не е тој, ќе немаме што да јадеме...“
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
- Откога ќе се ожени и оплоди, покрај принципи, концепти и авторитети, доаѓа многу цврстата рамка, родителството, врзувајќи го за своето чедо, го оградува јаремот – родител, речиси до крајот на животот – зборуваше старецот. – Таквиот човек, окован во стеги, не е свој.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Тоа не е „новиот поредок на светот“, туку стариот свет целиот испомешан.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Умот не е кај нас, ами кај партијата, а партија е Захаријадис. Нели така ни рече политкомесарот?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ете, читаш недозволени книги, се дружиш со разни другари, чие поведение не е за пофалба.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Таа уметност не е ништо друго освен агресивен провинциски конзервативизам кој беше релативно безначаен, сѐ додека не најде силна политичка база.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Крвта под железните војнички шлемови не е ни посветла ни потемна од ноќта. Тоа е ноќ во ноќ.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Нивниот краен заклучок во однос на ова бил дека "изгледа скоро неверојатно дека Србите ќе се согласат да ѝ отстапат територија на Бугарија за која тие четирипати се бореа во 30 години; и последно, предлогот сигурно би предизвикал спротивставување на Грција".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
И не почнувај со толку ниска понуда, не е фер.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Го заврши со одличен успех третиот клас. Па тоа не е мала наука. Најпосле и сигурна одмена.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Таквиот збогатен систем не е едноставен, не е подложен на едно начело (исто така нема „водич”), не е сличен на војничкиот систем за да ги игнорира промените и да бега од новотариите кои лесно би го минирале; напротив, тоа е систем кој што безризично произведува ново и демонстративно ги апсорбира сите новини.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Модерните примитивци како да се обидуваат да докажат дека стварноста постои, дури и ако не е медиски посредувана.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Главниот услов за културна работа не е полната политичка слобода, а моралната воспитаност на народот и на неговата интелигенција, сознавањето на моралниот долг пред народот кај секој член на тој народ.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Овој дел од патувањето на двајцата војници, одбележува една историска епоха, ја бележи апсурноста и трагичноста на таа војна, која воглавно се отсликува преку нивните регистрирани доживувања (низ исповедта на нараторот, кој знае сѐ, но не е сосема сигурен), без да се свесни, или се нецелосно свесни протагонисти на тие дејанија...
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
„Среде џунгла. Тие бубачки - убијци од заседа, така се викаат, зарем тоа не е чудно.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
4.  Стечаен управник е лице кое е овластено во стечајната постапка да ја води реорганизацијата или ликвидацијата на должникот (чл. 2, ст.1, ал.67 од ЗС).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
БОРИС: Тоа не е музика. МАТЕЈ: Не. (Пауза) Тоа се звуци. (Пауза. Се гледаат.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Секој суд, во текот на целата постапка, по службена должност внимава на својата стварна надлежност.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Не треба ни да се каже дека тој извор, така привикан, никогаш не е естетски туку роднински, не е одреден со естетското мерило на слободните институции на националната (како светска) литература туку со органскиот „указ” на апсолутната моќ на крвта и тлото.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
ЛУКОВ: Ми се чини дека така ќе е најдобро. Денес времето не е за дискусии, туку за дејство.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Анализирајќи го сето тоа од денешна перспектива, од една временска дистанца која не е толку мала, ние можеме со сигурност да тврдиме дека репортерските записи на Никола Кирков влегуваат како интегрална составка на драматичните општествени, социолошки и културни процеси на времето што е мотив на овие новиварски анализи.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Но не е лесно да се совладаат вековните предрасуди кои ја држат во подредена положба жената на Исток.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Денот е со многу повеќе светлина од другите досега, ама како да се вратени во она февруарско утро од пред четири години, само што се чини дека ова не е гаковската станица од калната рамна земја! гласно размислува Чана.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Испадна дека внатре има душек. „Не е многу,“ рече таа задишано, „но е дом.“ Се приви до него во темнината. okno.mk | Margina #1 [1994] 19
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Твоето добродетелство, драги мој, Симон, не е од слични побуди.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Кога го донесоа во болница изгледаше како да не е при свест.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Мори, оти ти е онака детено, вели, да не ти е изгорено, прашува. - Не е изгорено, ѝ велам јас на Маса Ќулумоска, туку некои мозолки му излегоа, ѝ велам, дали од еврејката или од некоја нечиста жена е видено, велам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
СПИРО: Не е најлошото, за среќа, го сретнав брат Арсо баш кога киниса на лозје.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Секој од нас ова го чита на различен начин, па така и различно му значи на секој од нас.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
- Оф, леле, не е на арно - офна мајка Јаглика, невеста Трајаница - Не е на арно, Ѕвездо мила, ама ќе чекаме да се искачат дедо и баба... - Двете гушнати молчешкум се загледаа прудолу.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
- За да тормози, ете, затоа – беше огорчен Саше, но јас бев сигурна дека тоа не е вистинската причина.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
„Издавам соби - Хара“ Пристапот од патот кон Платамон не е добар.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
- Еда, убава плужица, ќе рече Давиде Недолетниот, да му ,бам мајката, ако не е убава плужица.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сами треба да си помогнеме, помош не треба од никаде да чекаме.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Жената без маж не е света Варвара пред која се паѓа на коленици.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Душан не трча по улиците со својата мафија. Заради Ирена Иванова или Калина Панова Душан веќе не е прв по географија.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Што точно зацутело од нив, не е сосема јасно – можете да бидете прилично сигурни дека тоа не е некој меч: можеби било гудалото, или шпагетите замотани околу виљушката, или нечија женска марама.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Од ова произлегува гестикулираната темпоралност, онаа со извесно влијание врз „темпото на живот“.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Реално постоечкото ‘право’ е всушност оној збир од правила што ги имаат утврдено судовите!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Секако: индивидуите не се лишени од осознавање; напротив: можеме да речеме дека првпат во историјата на Западот непосредно е на располагање целокупното духовно наследство на човештвото.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Сега треба да се мисли и на себе и на блиските. Залудно, залудно, залудно.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
И ѝ раскажа на Луција за случката со мотоциклот, онаа со возењето на едно тркало, но ѝ раскажа и за онаа ноќ кога јас ги забавував девојките качувајќи се на скала што не е потпрена на ништо; таа не веруваше, се смееше, се држеше за челото и велеше: „О, не, па тоа не е возможно! Не, не тоа никако не може да биде!“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Затоа не му реков на Симон Наконтик дека тој не е виновен за закланото воле.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Многу ми го фалат бабо курвичето твое курвичето твое бабо ептен малолетно целиот град бабо слушам бил со него со твоето курвиче бабо малолетно Ај што е малолетно не е толку штетно курвичето било бабо куриозитетно паметно ти било бабо и премногу спретно директори и господа ги служело дискретно Ајде дали знаеш бабо кого чуваш в куќа техничарче право бабо била твојта внука од куќа во куќа бабо внука ти е блудна по неколку абортуса и еве пак е трудна
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Потсетувајќи се на тоа а во контексот на оваа медитација, сѐ повеќе се уверувам и осознавам дека не само не е едноставен туку напротив, дека е многу сложен и честопати несовладлив проблемот авторот сестрано да го согледа и проучи феноменот на видливото.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
За Грците сѐ словенско беше грубо и бугарско. Со името Бугари нѐ крстија Грците и нас Македонците. Но тоа прекрстување не е единствено.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Македонци! Време е да се убедиме оти лошиот демон за Македонија не е никој друг освен Бугарија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Нашиот соговорник не е од оние писатели кои би флертувале со философски приказни, барајќи во нив паразитска шанса за личен прилог.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Средина у која што никој не е опседнат со туѓите проблеми.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
- Тој клеко не е за тебе. Ни тој, ни другите од селово.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тоа огледало на разочарувањето ја покажува другата страна на измамувачката природна стварност, светот како таков, бидејќи светот и не е друго освен „лавиринт на измами, невистини и привиди“. *Како најчесто фантастички компониран украс од животински и билни мотиви, гротеската ги декорира античките терми и гробници (grotta = пештера).
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
А момчакот тогаш рекол: „Не сум зрно од бел пилав, ни некакво тровче меко, волшебничка имам сила...
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
И после, дедо му не е лош човек, го натерале и малку умот го лаже, но се ќе си дојде на местото ако го тргнат од патот Лумана.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Но процесот на преродбата и денеска кај нас сѐ уште не е наполно научно проследен и дефиниран како поим.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Најпосле, тоа и не е толку важно.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
„Тоа не е само мое мислење.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Наместо да ја тераме публиката да дојде до уметничко дело, ние ја бараме нејзината поддршка... Публиката од сѐ прави просечност. Уметноста нема ништо заедничко со демократијата.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Последниј ѓумрук, што е немилосердие, санкиј кој не е милостив и кој е срдит.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
АНА: Зошто мислите дека не носам гаќи? СИМОН: Носите? АНА: Не е Ваша работа.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Организаторската работа не е толку мачна затоа што организаторите често, мислејќи оти нивниот живот е поважен од животот на селаните, ги поставуваа на најмачните работи простите работници или народот.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Намерата на овој запис не е да пребарува по песните, по минатото, по деталите и по севкупноста на историските збиднувања на трагичната смрт на Рацин.
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Инаку лично јас, во врска со гревот, одамна го имам прифатено објаснувањето што ми го даде, уште во српско, и тоа без секаква надокнада, писарот на нашата општина, (она, дека гревот е измислица на итрите луѓе).
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Позитивистичкиот опис не е „неутрален” ниту „објективен”.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
како ние да не сме го врвеле, ама не бре, кој може да нѐ запре, кога ќе те удри улавата мисла, полоша е од стечена суводолица и не гледа кај врви, што ќе откорне, што ќе забере, а босот уште ни вели, вратете се ако нешто не е о кеј, пак вратете се,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Потоа, не е одвишно да се рече дека во пленувањето на женскиот пол, градоначалникот треба да ја бара осаменоста и воопшто да не ги пренесува своите дејности во гласност или во разговор.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Добро е што пиштолот што го држи не е вистински, помисли Винстон.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Може душата му е од обичен човек, И зошто да не е, си мислам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Притоа, не станува збор ниту за некое подоцнежно вметнување на спорната одломка во текстот на житието, затоа што истиот текст се јавува во секој од околу 50 списоци на житието.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Иако редовно плаќа членарина таа, генерално, не е запознаена со работата на синдикатот, ниту пак е активно вклучена во некакви синдикални активности.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во такви услови, правењето на културно списание кое држи до некаква си компатибилност со светските културни случувања, и кое не е само одвратна локална збирштина на паланечки трубадури што така, будалесто безглаво, ќе заталкаат и во 21 век од своите деветнаесетовековни собички на еден елегичен националромантизам - е прилично деликатна работа која бара барем толку идеализам и романтизам колку што имало во вистинскиот 19 век, кога публиката (на Маларме, на пример) се броела на прстите од рацете. 4 Margina #10 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Зошто понекогаш езерото се проѕева ширум божем е бел тигар, бела мечка се надига како квасец подготвен за најголемиот леб на светот (ти викаш светот не е само она кое се гледа од оваа страна на видиковата линија и сѐ повеќе ти верувам!)?
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Едноставно знаеја дека тоа не е веќе место во кое можеа да се муваат туку така.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
„Имам план! Бомба акција! “ викна Љупчо, удирајќи го Дејко по рамото.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
- Да не си каснал нешто, велам, нешто што не е за јадење, велам, и почнувам да плачам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Што тамо видех и слушах, о чедо Григорие, не е кабил да ти искажам едно по едно, и не е возможно да се искаже.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Но тоа и не е толку за чудење.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Не е веќе оној Пецо. Ракијата му ги изгорела џигерите. Лежи и вика, добога се слуша.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Не го познавате?“ „Не, не го познавам вашиот сопруг госпоѓо, ама не е никаков проблем, ете ќе ви дадам попуст“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Во одбрана на забраната на билбордите во Сан Диего, судот заклучи дека „загадувањето не е ограничено само на воздухот што го дишеме и водата што ја пиеме; тоа може подеднакво да го навредува и окото и увото“129. 5.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Мило ми е, ви велам, што Билјана сфати дека фалењето не е најубава работа.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Гнилите и од црвја нагризани дрвја ги фрла настрана зашто не е гордо црв да гори.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
А така момчета, вели и појди кај едни, појди кај други, не куражи и благодарја ви на учението, ни вели и ние: покорно благодарим, ќе му одречеме, а шумата свети, мислиш сонцето заборавило да зајде, да се тргне од неа, а сонце нема, небото на твоите рамена се потпира и тука учевме сѐ што си има една држава за да напаѓа и војната си тера и првин се бориме со Грците и со Англичаните и дење-ноќе во окопи, со цела спрема и не смееш да заспиеш, оти ако те најдат заспан, ќе те врзат на сонце, ако е сонце, ако не е дожд, и така ќе скапуваш, 123
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Може, ама тоа не е наш приоритет. Ние сме сепак Секретаријат за информирање на градот, што значи локален орган и главна цел ќе ни биде афирмирање на подобрувањето на условите за живеење во нашиот град, пресече Тодор.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
— Како ќе одите така, не е до ондека... — Добро де, донеси!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Најнапред треба да се рече дека не е вистина тоа што го велат оти сега не му било времето да се подига прашањето за народноста на Македонците.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
6 „Ќе се обесам ако оган не го изеде однатре.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кумашинчето уште не знае за адет, ни за ред. Ќе има кога да научи...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Зар не е јасно како бел ден оти претставници од нас нема да има, оти ќе ги решаваат нашите судбини без да нѐ прашаат нас што бараме ние, а затоа ќе ги прашаат нашите непријатели што имаат свои држави и свои дипломати и кои ќе ја извлечат сета полза од нашата пролеана крв?!
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Мојава душа е пристаниште и само ти можеш да го укотвиш грандиозниот брод на љубовта, мојата страст, нежност и копнеж, моево срце и душа се најинтимното нешто што можам да ти го подарам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ова движење за индивидуална слобода е ново за човековата историја бидејќи не е засновано на географија, политика, класи, или религија.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Значи, не е случаен оној цитат од Калигула: „Сѐ дури постои уште една глава да се стави под нож“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Па сепак, и во таква врвулица чаушите ги видоа токму нив, и рекоа дека за нив не е дозволен влез во бањата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
16. ЕМ ШУТО, ЕМ ПА БОДЕ - не е зборот за јагнето, ни троа, ами за оној човек што си е роден како човек, но не го признава тоа...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
За измамници, манипулатори, За нечовек беден, човек кој не е човек, кој чудовиште е, е реалност, Станува збор.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Значи, името Бугарин во Македонија, со кое сега експолатираат Бугарите, никако не е национално и затоа никој од Македонците нема право со него да ги експлоатира македонските интереси во негова полза.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
ТЕОДОС: Кумашинците! Кој ѓавол бараат?
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Таа ја отвори вратата. „Мамо!“ „Да.“ „Што е логика?“ „Логика? Па, мила, логиката е сознание за тоа што е вистинито, а што не е.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Как ви зделајте?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Просто изгледа како македонската историја да е испишана само од човекови неправди. Но, судбината не е за сите иста.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
И ако замислиш нема педа земја што не е натопена со човечка крв и нема чекор земја во која не лежи закопан човек...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Така си мислиш? Мисли си, ама не е така.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Колку за пример, Бугарија, која е членка на ЕУ и е четирипати поголема од нас по бројот на жители, има вкупно 500 судии.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
- Да не е кич? – се уплашив. - Не е – решително рече мајка ми. – И навистина, многу ми се допаѓа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Богат не е тој што има пари, вели, туку тој што нема сиромашна душа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Снаа ми си е топраклиа на моата татковина. И редот си е така, не е првица од мене!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Што, можеби и не е човек, - се поплукуваа жените в пазува, па потоа врескајќи ги собираа децата околу себе како квачки и се заклучуваа дома.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Зарем богохулно е што се покорив на совршенството? Зарем тоа не е најинтимен допир со Севишниот?
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
7.  Ревизијата не е редовен туку вонреден правен лек [extra­ rdinaria o auxilii] поради тоа што таа се изјавува против веќе правосилни пресуди.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Момчето беше голем уметник, способен постојано да измислува нови комбинации и специјални климакси, а некои беа „ноти“ од сферата на Непознатото, со паузи, привидни дисонанци, ноти кои ненадејно се пробиваа една со друга и прскаа заедно, со вчудоневидувачки, врел и сладок удар. (...) Аракнид, шоферот на Ендрју Кеиф е единствен домородец во Интерзона кој не е ниту педер ниту бузерант.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Против решението на судот со кое се усвојува предлогот на странката не е дозволена жалба (чл. 164, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
„Вообичаениот симбол (како славејот, на пример, кој често се поврзува со меланхолијата), дури и ако се препознава само договорно, сепак не е знак (како семафорот) затоа што тој веројатно пак буди длабоки чувства и се смета дека поседува својства што се вон она достапно само за голото око.“ (Речник на книжевни термини) 72.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Во пролет не е тивко. Во мај има врева, еден немир.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Не знам да ти објаснам што и како чувствувам за него – сакав да ѝ разврзам, но таа исчезна.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Татко ми, кого мама многу не го поднесуваше, Господ да ги прости и обајцата, знаеше да ми каже: - „Петренце, животот е краток, уживај додека можеш“ – се сепнува – Чекај, Лулупешку, не си определен да размислуваш, ами да дејствуваш (пребарува по џебовите) - Каде ли го оставив? Тука не е...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
117. Ова искажување не е сосема точно, зашто во Бугарија Македонците работеа „во полза на Македонија” и многу порано, уште веднаш по ослободувањето на Бугарија од руската армија (1878).
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А јас гледав во него како од ровја трештен, и сѐ ми беше јасно, и ништо не ми беше, оти кажано е: во мигот на најголема светлина најмалку се гледа, и ништо јасно не е!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Трча главниот лик во романот на Грум, трча постојано, потсетувајќи ги читателите дека ич не е убаво да си идиот.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
И, да речеме, не е лошо. Секоја работа е тешка! Да седиш е лесно.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Но тој подарок не е подарок ако се дарува само еднаш.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
„Ако не е баш тој што зел в џеб од оној Шабан“, се јави некој од толпата.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ама пак нешто го глочка сиромашкиот поп. Не е неговото како другите деца.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Половина литар не е доволно. Не те заситува. А еден литар е премногу. Ми ја преполнува бешиката. Да не зборуваме за цената“.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не е лесно да се каже до кој степен анксиозноста што се чувствува при присутноста на некој друг, непознат, странец е посилна од било кој вид на општествен ангажман.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тетка Рајна погледна во мене малку збунето и рече дека не е мажена.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Тој ќе проведува часови и часови на рабинската конференција, а таа не е ни многу подвижна, ниту снаодлива во други места.  Рабинот ги затвора очите.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Процесот на Галилеј, Рим, 1633, документи што ги собрал Giorgio de Santillana Margina #32-33 [1996] | okno.mk 87
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
За нив уште не е научно докажано дали овде дошле со Викинзите или се искрцале со бродот на Колумбо.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Но кога ќе ја сретнам очите ги кријам, си свиркам, божем ништо не е важно, и си мислам: зар за неа јас да не спијам... Но свртен ја гледам долго и тажно...
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Никој не е среќен.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Досега може не е исполнета ни половината, ни четвртината од целиот план изработен од комитетот и неговиот Главен штаб.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Беше понесен од тие мисли, во кои што беа запливани сите негови од бригадата; никој не можеше да го натера да поверува дека сѐ наоколу не е толку чисто.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
АРСО: Уште борч... (Пак станува, гледа.) Ќе ја свршиме, не е лозјето зајак да избега... (Се слушаат свирки од далеку.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Да не е ова концертна сала, господе?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
За жал, до ден-денес, отпремнината сѐ уште не е исплатена и покрај обврската да се исплати пред работниците да аплицираат за паричен надоместок по основ на привремена невработеност во АВРМ – Центар за вработување Велес.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Создадовме свет за нашите души и ништо не е случајно, се пронајдовме за да можеме заедно да живееме.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Тоа не е време само во неговата физичко–просторна димензија.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Топла крв Си отидов. Осети ли? Мојот здив веќе не е во твојот врат.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
— Осумдесет и седум гроша. — Јас би ти дал и сто и осумдесет и седум да се откупиш, ама тоа не е спасение од ниј.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ќе те каснат и тогаш, откако ќе ја вцицаат крвта, се залепуваат за раната.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
- Не е точно дека некој е нероден....
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Не е тој човекот, се изменил.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А мудра помиреност не е исто што и понизна потчинетост.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Имено, ако тужениот – до заклучувањето на главната расправа – го признае тужбеното барање, судот – без натамошно расправање, ќе донесе пресуда со која го усвојува барањето на тужителот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Се чудите зошто ви го велам тоа? Не е за чудење. Не чудете се. Причината е многу проста.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
А каде не е досадно и каде не е пусто? Треба човек сам да умее да си ги најде радостите на својот живот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
„Ама, знам дека само во твоја надлежност не е островов што допира длабоко во морските води.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Не е доволно? Добро. Од тој белег прстите тешко се делеа.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
За Саркањац, во овој контекст е клучно тоа што Витгенштајн покажува дека постои едно сфаќање на правилото кое не е толкување, случај во кој што е исклучено рационалното објаснување како причина за акција.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Спиралата е за никој да не е раат. Да се лапне сета енергија до реалното.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
- Не е лоша – божем незаинтересирано промрморе тој.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А тоа чкрапнување не е за бадијала, (се чешка со прстот пред срцето) некој молец го јаде овде. (Оди и се гледа на огледалото.) Пак што, од мене поубаво ќе најде?!...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Ами враќањето? Далеку е. Се гледа блиску, ама не е така.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Се колнам не е дубара, свет човеку: така беше. Ако ти е жал за мене земи копач откопај ме ... (Народна.)
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пристигна автобусот. Слушнав разговор меѓу двајца мажи: - А, ова не е автобусот што требаше да дојде! - Па не е, ова е замена.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
И не е ни чудно што така брзо растеше, како полеваните домати и пиперки во стопанството!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Па и вие чекајте, не гибајте го детето, не е лошо.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- Може си е добро детено, не велам не е,- малку го ублажи гласот, - ама да внимаваш, да не ви снема нешто од дома, има и багабонти во тие домови.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Покрај тоа, никогаш не се водат борби, освен во спорните региони околу Екваторот и на Северниот Пол: никогаш не е извршена инвазија врз непријателска територија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Носи наочари и носот ѝ е крив, ама не е битно.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Те молам кажи ми. - Ајде не прашувај, не е тоа муабет за деца.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Освен тоа, мајката Перса пред некој ден донесе единичен железен кревет со миндерче само за Пела, рече Не е ред оваа голема мома која ќе заоди на училиште да спие со мајка си! и беше заклучено со денот на заодувањето на училиште таа да спие во своето креветче од месингани цевчиња што светеа како злато.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Не е многу загреана за читање“, како што рече самата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Бузо скокна од трапот и се накостреши како еж: - Твој ли е? - Не е.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
На тој начин посматрана, културата привилегира формирање на вкус во естетска смисла, се разбира, според стандардите на владеачката класа (Бетовен е култура, додека слушањето на пијаници што пејат не е - освен ако не станува збор за етнолошко истражување, носталгија, или за снобовско истражување на кичот) (...)
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Можеби е залудно, и Барбашин не е веќе толку страшен; гледате, дури испадна во рима.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
За прво треба да видиш да не е нешто глув или слеп, да не е некаде изгорен, да не криви со нога или со рака.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кога врвеа по улицата од Бит Пазар до Чаир, притисната од двете страни со ниски куќарки што одвај ѕиркаа врз ѕиданите огради, полна со деца и жени повеќето наврени во шалвари и понекоја со црн зар преку лицето, сурати што не наликуваа на Македонците, Пелагија зажала што Мурџо не е со нив.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Да не е снаа му Митра, сака сам да месе, сам да пече, сам да се пере и крпи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во таа смисла убаво вели Кристијансен (Christijansen): “крајната цел на уметничката замисла не е да ги забавува нашите сетила.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Сѐ што речеш ил помислиш не стивнува Тук, останува, тлее во вечната правда Не порекнувај оти дур в идни животи ќе страдаш Не се шегувам, не, ова не е никаква парада На хирови и суети, туку уште од доба стара
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Сега сликата веќе не е слика: звукот на зборот, бојата на зборот и, особено темјанот се кријат меѓу буквите, меѓу редовите и сѐ одеднаш замирисува.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
18. САМАТА Е КИТКА, А КИТКАТА ЈА САКА - убавината не е збор ни дно ни врв да нема, по мориња плови, по небото лета така, а тука, на земјава, гробот ѝ се спрема...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Овој дожд не е од вија времиња сите дождови идат од далеку но овој е од потаму си думам и никако да најдам стреа да го заштитам она што можам барем она што го немам.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
По некое време станот почна да мириса на слатко и на топло.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Речено е веќе, а ние овде ќе треба само да го повториме тоа Стојан Христов на тој начин ја понесе славата на Македонија низ Америка. Навистина, тоа не е малку.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Никој кој сега живее во Перењас не е староседелец. Сите сме дојденци.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
А јас наслутував што ќе рече, па имав подготвен одговор: - Па и не е.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
ТЕОДОС: (Влегува во ноќна, долга кошула, со мазно од вечерта избричено, а мрачно лице, на кое никогаш, ни за миг не светнува осмевка и ведрина, со густи, накуштравани веѓи кои го оцртуваат намуртеното чело и го засенуваат, правејќи го уште постуден студениот поглед; со остар, отсечен говор, кој скоро никогаш не е разговор со луѓето, ни со најблиските, туку карање, викање на нив, на најблиските најмногу, со потценување дури и презирање преку волја, како и да не заслужуваат со нив да се разговара.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Или е тоа еден град кој се содржи самиот себе, или еден човек кој се содржи самиот себе? (Да спомнеме патем дека илузијата која се среќава во Качување и слегување и Перпетуум-мобиле не е измислена од Ешер, туку од Роџер Пенроуз, британски математичар, во 1958.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Не сфаќам зошто и забрануваш да се замешува во нашиов разговор?“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Брат ми Јане бетер е од тебе, сѐ уште спие, којзнае кога ноќеска се вратил, а мене ме мрзеше да одам да купувам, па сега ... ама, ај не е важно, дојди во кујната и сама снајди се.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ако е веројатно дека имотот и имотната корист или предметите се наоѓаат во странство, се распишува меѓународна објава кон која се приложува изјава дека во случај на нивно пронаоѓање ќе се побараат привремени мерки за замрзнување или конфискација на имот и имотна корист или одземање на предмети (чл. 564, ст.1-2 од ЗКП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Второво во негеј- светот наоѓа претстави што може да се претворат во изрази на машкиот геј- субјективитет или чувство – со малку дотерување, ако мора – и кои им овозможуваат на геј- мажите имагинативно место за влез во некаква настрана утопија, некаде отаде виножитото, која не е сосема нивна творба.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
На сповојницата се изредија сите можни и неможни благослови и на сите Митра викаше „амин“, иако во себе си повторуваше на благословот „да не е жив новиот човек“ — „до дните — од дните на пците“,на благословот „к'смет господ да му даде“ — „краста и орлови нокти да се чеше“; „голем да порасне“ — „една педа од земјата“; „мома убава да стане“; „плашило на векот да биде“; „за изгора во село да биде“ — „папакот да ѝ гори, и нејзе и на таа шо а роди“; „ергените по неа да лудуат“, Миша додаваше: „да даде господ она да полуди, та и татко, и мајка од неа да бегаат“; „да му се живи родители“ — „довечера, дај боже“ и така натака.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Погледна накај куќата да види да не е дедо ѝ случајно на прозор, за да ѝ помогне. Не беше.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
„Тогаш не е вистина дека си ти.“ „Што дека сум јас?“ „Ти не си оној што го уби Осиповото воле. И не му го грабна залакот на старецот Неделко Шијак.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но, иако е нереална, таа не е и бесмислена.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
ВАСИЛКА: Играјте си, веселете се, само не заборавајте и да се поднапивувате. Винцето не е лошо!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Знам дека проблемот на интегралната формализација е проблем на математичарите и логичарите, но ако таа интегрална формализација не е можна тогаш и во самите науки постои она нешто што на уметностите или поетиките не им е туѓо.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Или...чувај боже, да не е Атиџе веќе умрена?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Му верував кога ќе речеше дека мрази да војува; дека никој не е во состојба да го испрати на некое боиште па дури и да му го ветат притоа патот кон Рајот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
- Не, нешто сепак не е в ред – реков и тогаш дури открив дека нејзината топла месеста дланка лежи врз мојата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ја гледа сликата и размислува. Мајка му не е тука. Излезена е.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
ФРОСА: (намигнувајќи им на другарките на Антица). Можеби не е работата за мајка ти.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Знаеш откопувањето не е лесно. Просто не ти оди. Од многу искуство си станала неспретна, не небрежна: сѐ ти паѓа од рака.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Во „Ливчињата“, под ознаката : Вечер, 21 октомври, Ѓошо Савев со скудни но бирани зборови има констатирано дека работите се одвиваат во позитивна насока; дека Мис Стон има сѐ поповолни сознанија за Револуционерната организација и за борбата на народот на Македонија за слобода, и дека не е далечен часот кога нејзиниот страв и отпор ќе прерасне во длабоко разбирање и љубов, независно од нејзината оценка дека грабнувањето го смета за несоответно и нехумано.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Тој му ја подаде свеќата на Лествичникот, а овој, во суетата своја грозна, ми ја предаде светлината мене, за да не му биде на услуга на Филозофот, втор да не биде, лачиносец да не е, и јас помислив: „Ако. Нека остане светлината Негова кај мене, кога Лествичникот е слеп за да ја познае, а дадена на рака му беше“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Уште не е облечен.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
3. Знаењето за нашите сопствени свесни состојби е некоригибилно, што нему му изгледа (а што не е големо изненадување) лажно.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
- Ти, изгледа, не знаеш што е тоа „промаја во фрижидер” – се насмевнав откако ѕирнав внатре. – Да видиш како е кај нас понекогаш!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Но не е важно дали јас имам и ќе имам доволно вода (иако знам колку е тоа тешко по однос на твоето доаѓање овде), посилен од тоа во овој момент е поривот во мене да преземам нешто што ќе биде важно за Маказар и за овие луѓе.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ако не е излезена, ќе прилегне да ја дочека, та да оди в црква, да ги извести верните за големиот празник — воскресението на божиот син.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
(...) Комунизмот, значи, го доживува самракот кој е неминовен; но, она што со него умира не е тоталитарното мислење туку идејата за свет што би бил заеднички за сите луѓе.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
И лагата не е лага, ако не стане нова вистина.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ручекот не е оној истиот од пред малку затоа што сега е задушен, додадена му е аромата на запалена цигара, на тутунот што споро гори, ама силно чади и бргу убива.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Еве и ова, за начините на посматрање! Тој и не е некој добар посматрач на луѓето, нема доволна дистанца од себе.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Никакво чудо не е. Ѓаволот, ни ора, ни копа, со луѓето џумбус си прави.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
РИСТАЌИ: Ти се чудам што береш гајле ти! Тоа гајле е мое, не е твое.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Се чувствував како мрава под небесната капа над која стои некој и ја гледа, а тој некој не е Он, Господ Бог Седржителот.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Перверзната минуциозност создава впечаток дека тоа не е дело на човечка, туку рака на џуџе, еден од жителите на маѓепсаната шума, кој на сликата ги овековечил другите со четкичка од пчелини влакна.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во приказните, мирниот човек со умерени гестови, со светло сини очи и длабок глас, е оној кој секогаш излегува како најопасен на крајот, но во вистинскиот живот, а и во оваа приказна, случајот не е баш таков.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
- Не е вистина, - викна давеникот. - Па нели нашите патриотари ја пеат онаа, како е, чекај „На пат за да ја земеме Москва, ќе останеме на починка во Софија за да се напиеме по едно кафенце“, така некако, нели?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Тоа не е убаво, - ѝ велам, зашто не знам што друго да и одговорам.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
имаше еден безбожник којшто призна дека кога му било најтешко, пак, на небото му се помолил, пак верувал дека нема господ, ама друг и немало до него и устата сама му се отворила да го моли господ, оти тогаш може да ти помогне само тоа што не е до тебе, тоа што не го гледаш, што не го познаваш, што не си го сретнал, господ мора да е и овдека и онаму, вели Илија Јованов, господ мора да е насекаде и затоа не можеме да го видиме и тогаш пак го гледаме офицерот, се враќа: дали сте биле војници, прашува, не, не сме биле, кажуваме, е отсега ќе бидете, вели, смртната казна ви ја заменувам со казна на прва борбена линија, вели, ќе потпишете дека доброволно се јавувате, ќе потпишеме, велиме, како не ќе потпишеме, таму барем може и да преживеете, вели, е ти благодариме, господине, велиме, ти отсега си ни господ, велиме, и одиме му ги бацуваме рацете, колената, чизмите, не бацувајте ме мене, туку потпишете овдека, ни вели, имате штастие, имаме, велиме, и среќа и штастие имаме, сигурно дека е пијан, си мислиме и нѐ одведоа во некоја касарна, ни дадоа алишта и плачките ни ги вратија после пак ни ги зедоа, ама тогаш ни ги вратија, само парите не ги вратија, пари не ви требаат, велат, оти одиме на фронт кон Турција или во Македонија. 122
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И сѐ уште постојат луѓе кои тврдат дека животот не е вреден да се живее!“
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Грамос, другари, стана симбол на нашата борба. А значењето негово не е само во тоа дали ќе се добие битката на бојното поле или не.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Последнава забелешка, патем, нема за цел да им спушти на оние меѓу нас што одат по бањите, по сопчињата и по секс-клубовите; таа треба само да потсети за што тоа, всушност, служат тие машки геј-институции.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Главата ѝ е наведната, и би паднала на градите, да не е потпрена на раката стегната во тупаница.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Мора да се подготви стратегија за да се спречи понатамошната ескалација на насилството, која ќе вклучи менување на проблематичната Преамбула на Уставот, суштинска децентрализација на земјата, попис кој ќе се спроведува со меѓународна помош и предвремени избори“.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
„Не бре“, му велам, „не е важно“. „Треба да беше дванаесет и петнаесет“, вели тој.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Симка ќерка ми е, не е копиле најдена, та без ред и адет да ја венчавам! Таа е од сој!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Веќе алудиравме на теориската математика: нејзиното писмо, било да се сфаќа како сетилна графија (а таа веќе претпоставува еден идентитет, значи, еден идеалитет на нејзината форма, што во принцип го прави апсурден широко прифатениот поим на “сетилен означител”), било да се сфаќа како идеална синтеза на означени или трага оперативна на едно друго ниво, било, уште подлабоко, да се сфати како како премин од едните кон другите, никогаш не било апсолутно врзана за една фонетска продукција.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
„Точно. Што ќе го натера да страда. Послушноста не е доволна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Најпрвин не знаев дали тој тагува по тие што отидоа или заради тоа што тој и не е со нив.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Интересна жена. Попусто го спомнуваш нејзиното име. Таа не е болничарка, болнику мој.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ако работодавачот и работникот се согласат со арбитражно решавање на работниот спор, одлуката на арбитражата е конечна и задолжителна за двете страни и против неа не е допуштен спор пред надлежниот суд (чл. 183, ст.3-4 од ЗРО). Lex specialis за проблематиката на т.н. вонсудско расправање спорови со работна тематика, како што видовме на почетокот на книгава, е Законот за мирно решавање на работните спорови (2007) кој започна да се применува од почетокот на 2008 година, но сѐ уште не наиде на добар одѕив во праксата. 247
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ова воопшто не е само реторичко прашање, бидејќи, како што имплицира претходната дискусија, доколку следењето на правилата не треба да се смета за когнитивно достигнување, тогаш воопшто не може да се смета за следење на правила.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Наспроти големите разлики во верските убедувања, потстрижувањето на косата секогаш е поврзано со сексуалната апстиненција и со целибатот, т.е. со симболичната самокастрација.“
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Слуша некаков шум во сопчето, но не е начисто што е.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Не е за однадвор, велат, не е за викање.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
На тоа место првпат ќе се случи чудо, нараторот ќе излезе од своето тело и пак ќе влезе во него, што ќе ни покаже дека ни тој не е обичен наратор и човек.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ако поинаку не е договорено или во местото на предавањето на предметот вообичаено, закупнината се плаќа полугодишно кога предметот е даден под закуп за една или повеќе години, а ако е даден за покусо време, тогаш по истекот на тоа време (чл. 586, ЗОО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
На наставничката некако ѝ успеа да го скроти одделението и рече: „Не е правилно книгите да се делат на женски и машки!
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Нешто не е в ред?“ најпосле го разбуди нејзиниот глас.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
- Ја прескокна пролетта. - Не е важно.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
— Да не го виде Манола мој, ми вели. — Не е Манол, велам, не скокај!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И судбината е меѓник како и времето Иако судбината не е зафатена со броење минути.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Сила е Таткото, но плени Мајката. – Таа е пред вас! – Не е можно!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И е било време, моми, и е било доба, бил е тој век златен, харен, да би не е било!
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
Се испулува на двете страни. Сам е. Не, не е сам, тој стои лице в лице со неа, и таа му се смешка како да ѝ трепетат живи усните.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Големото оро, она што доаѓа само од себе, она што не го создаваат мислите, ами проникнува од конците на желбите, и не само човекови, она што времето и просторот ги фрла многу далеку, тоа оро не е како обичното машинско тркало што се врти само околу својата оска.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
„Седев со Јане...“ „Не е фер заради мене и оваа година да не седиш со Јане.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Мислело момчето дека следењето од далеку и влегувањето во туѓ двор не е никаков престап.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- „Ајде, ајде, - го смируваше Пискулиев. - Не е тоа ништо.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Со оглед на неговите политички насоки, феминизмот личи повеќе на реформистичко отколку на револуционерно движење, бидејќи неговите политички цели се мошне конкретни и не е тешко да се предочи нивното постигнување; овие цели се промовираат со повик кон раширените морални интуиции за чесноста.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
- Немој да го браниш - му свика таа на дедо ми, - нека е жив и здрав, син ни е, ама не е од збор.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Според тоа, не е тешко да се разбере зошто главата (чие едно од имињата е corpus rotundum /сферично тело/) ја означува арканската супстанција која и самата е означена како corpus rotundum.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Нападите доаѓаат и минуваат како потреси и длабоко сокриениот глас извикува, ‘Јас сум Џонс, јас сум, тој не е, тој не е, не му верувајте, пуштете ме надвор, пуштете ме надвор!’ Ги гледам наднесените фигури и трепкам со очите.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Дедот Петко тргна од пагурчето, Митра напече месо, извади и сирење, море и некоја колбаса пресече во тукот. Јатрва дочекува, не е шега работа!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Куќата што воздивнува се обиде да ме охрабри: - Веќе претскажав – ти ќе ги спасиш нашите момчаци од јамите во рудникот на Мортенија.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
До вечер ќе блеам по ходникот да уловам некој збрлавен со јазик изваден ’ко пес жеден, со некоја која го поттурнува со рака, велејќи му: „А бе улав, луѓе има!“, а потоа по кеј ќе ловам пензионирани двојки фатени под рака, кои одамна веќе не се љубат, ама пред спиење во чело се бакнуваат со срам и страв да не е последно.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Камилски, загледан во брзите води, заземајќи поза за да каже нешто значајно, филозофско, му рече на Татко: Што е животот, пријателе, зар не е самото време, што тече како водата на реката, а луѓето не престануваат да бидат заложници на нивното минато?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Чекајќи се умори и се пензионира малку пред време како лектор во дневниот весник Вечер (кој одамна веќе не е тоа што беше).
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Кога виде кадијата дека со никакви бакшиши не може да ја соблазни, со сила не смееше, плашејќи се да не е маѓепсница и вештерка, какви што по тоа темно време ги имаше кај сите религии, реши да го измени режимот спрема Анѓа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ден има напретек, сонцето уште не е паднато.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ама мракот ме закрепува. Да не е мракот, си мислам, дека ќе паднам од некаде, ќе пропаднам некаде.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Тој не е јатак.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Со ваквите измени (дали поради незнаење или пак интенционално) се врши тенденциозно израмнување на значењето на институтите „деловна тајна“ и „деловен интерес“ за кои не е потребно да имате правна наобразба за да согледате дека не се работи за синоними во праксата.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Никого таа не послушува, неа ни казни не ја вразумуваат, сè си тера по свое, тивко, мирно, ама пак по свое.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тој воздивна и просаска: - Мила моја, нешто не е во ред!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Уверен сум дека Теодор* утрово ја набљудиваше едрената точка на воздухот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Земјо, мислеле, разбуди се од допирот на нашето страдање, смекни, стопли се и дај ни топлина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Како што повеќе го запознаваат, тоа сè повеќе се забележува.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Се наредува случајот претходно да биде испитан: ако старата црква навистина му припаѓала на споменатиот милет, ако во сето тоа не учествуваат и други милети, ако не се наоѓа во исламско маало или атар, ако земјата не е во состав на некој вакаф, и ако за ѕидањето нема никакви други пречки и ако молителите ги обезбедат потребните пари за ѕидање под услов да не бидат надминати споменатите димензии, да не се пречи ѕидањето на споменатата црква, туку да се задоволи молбата.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Не е корисно, ниту има смисла сега да мисли на тоа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
2. Во поглед, пак, на работната книшка, со донесувањето на ЗРО (1993) се избришаа две мошне добри одредби: прво – веќе не се предвидуваше изречната забрана дека во работната книшка не е дозволено да се внесуваат негативни податоци за работникот (чл. 49, ЗРО/90); и, второ – беше избришана одредбата која предвидуваше дека, при предавањето на работната книшка на работодавецот, овој е должен на работникот да му издаде писмена потврда за приемот (чл. 50, ЗРО/90) – што подоцна, во праксата, се покажа како плодна почва за разни манипулации и уцени врз работниците.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Заборавањето не е лажење. Ќе речам дека не лажев. Заборавив, и тоа е вистината.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
– „Колку за гемија, Силјане, околу нашава земја не е чаре да може да дојде, чунки бијат талазите во бреговите и околу наоколу бреговите се спили и камења.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Кога имаат тефтерче, немаат молив.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Имаш црно под очите, ајде ти в болница за да видиме што е работата, како е, да не е нешто заразно, опасно. Да испитаме, пиленце.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ова претставува потиснување. Таа не е едноставна операција.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Сѐ е амбивалентно, нема авторитетно решение на крајот на модерните драма, роман или филм.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
„Кога Човек не е сам и сувата трева е повесела.“ Се ловеше : со потсмев пееше на црковен начин, како проповедник. „Тој е сакат, Мироне“, пак рекоа долждалците. Мирон не ги чу.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Повикувајќи ја двојната идентификација на гледачот со мајката и со ќерката, и едната и другата сцена даваат средство за поставка и преодигрување на невозможно поделените приврзаности на абјектното дете гладно за моќ.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И уште една вистина што не е без значење: местото за могила што го избра мајка ми нема никаква врска со нејзиното и со нашето минато а уште помалку може да се поврзува со нашата иднината.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
К. П. работеше на своето работно место само три месеци – по што доби усмен отказ без отказен рок,3 со изјава дека „не е соодветен за работата“!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Сепак, врати ѝ се на суштината сакам да си речам!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
За жал тие упатства ги чува нашиот раководител, а тој уште не е пристигнат.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Тоа не е прашање на менталитет. Тоа е прашање на поединечен карактер.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тука е и крај на записов што не е и што не можел да биде расказ за селото на каков нѐ научил нашиот писмен мислител.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Учеството на странско лице во новоосновано и во постојно трговско друштво не е ограничено, освен ако со друг закон поинаку не е определено.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Како што вели самиот наслов, оваа книжевност не е ни фантастика во класичната смисла на зборот, ниту пак футурска (анти)утопија.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ајде брзо кажувај што се задоцнавте! Душава ми искочи, не е шега... А има и зошто!...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Комшивката и натаму се жали, инаку не е некоја алапача, јас се утепав од барање, кога едно утро, станав нешто порано, во четири, што да видам?
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
ДЕПА: Господ да те насити. Велат и со сила не е убаво...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Не можат да се сетат дека Наполинка не е мома како сите други.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Хеликоптер со камера во клунот мора да ја следел во височината и имаше многу аплауз од партиските седишта, но една жена долу во проловскиот дел од салата ненадејно почна да крева врева и да вика дека тие не смееле да го прикажуваат пред децата, не требало, не е во ред пред деца сѐ додека полицијата не ја истурка надвор мислам дека нешто ѝ се случило, никому не му е гајле што велат проловите типична проловска реакција тие никогаш...“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не е зијан отсега да бидеш ибн Бајко.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
За големо чудо на сите ни успеа да го повлечеме првиот чад.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Каков ред, каква чистота ќе биде? Не врткај ми повеќе, работа ме чека, не е ред!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Странска организација, во смисла на ЗЗФ (2010), е странско или меѓународно здружение, фондација или друг облик на организација основана за остварување на заедничка цел која не е за стекнување добивка и е основана во согласност со правниот систем на странската држава (чл. 3, ст.1, ал.14 од ЗЗФ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Како и сите вистински класици, без оглед на своите најдлабоки познавања тој не е интелектуален, туку формален; неговиот поглед на свет е секундарен во однос кон геометријата на фигурите и кон нивната местоположба.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Тоа лето беше првата U.S. турнеја на Битлси и одеднаш сите почнаа да се прават Англичани.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
И овој пат инстинктивно мавтам пред очите. (Мавтањето на мојата рака не е движење на зачуденост туку обид да се растури чадот на Привидот).
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
А и да го разбереш, тоа не е цело решение. Не е ни половина. Да, така.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Нејзе ѝ годеше кога слушаше дека е убава, дури и преубава (Господ знае што значи тоа!), ама и се лутеше кога ништо не велеа за Дончо, ни дека не е убав, ни дека не е - нешто друго!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Не е и не може да биде вистина.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Во Пансионот на видно место стоеја и Правилата за однесување со кучињата во кои пишуваше: „На секое куче треба да му се почитува правото на природен живот; не смее да се злоставува и да му се нанесуваат физички и психички болки; секое куче има право на заштита и нега; треба да се сака такво какво што е, зашто тоа не е во состојба да бира сопственик, а сопственикот го бира него; ако не чини, треба да му се помогне да се поправи, а не да стане жртва на лошото однесување и изживување; не треба нетрпение и брзање веднаш да се научи на сѐ, ами треба да му се даде време да сфати што се бара од него; не треба без причина да се разлутува или казнува, зашто и тоа може да изненади, да врати; првиот удар тоа го простува, зашто мисли дека е случајно удрено, по грешка, но ако по втор пат го удриш, сфаќа дека е намерно и тогаш ударот ти го враќа со уште поголема мера и те замразува со сета своја душа; тоа најчесто е само и нема никого освен тебе: разговарај почесто со него и самиот ќе се изненадиш како те разбра; љубовта со љубов ти ја враќа; и тоа, како и човекот, има своја судбина: не придонесувај да му е тешка; ако остари, ослепи или оглуви, ако стане неподвижно и остане без заби помисли дека тоа може и тебе да ти се случи, зашто староста е иста за сите; не однесувај се кон него како кон некој обичен предмет, зашто кога ќе го изгубиш, ќе видиш колку е жално; испрати го на неговиот последен пат и размисли дека секоја смрт, било таа и на животно, е загуба за сите: еден живот помалку на земјата”.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
- О господе, што ти згрешивме... - се крстеа луѓето. - Не кревајте паника, луѓе, - викаше претседателот на фронтот Анаѓија, - Тане не е никаков стручњак...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Всушност токму оваа помисла ме наведе да поверувам дека со моите заклучоци нешто не е вред.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Тоа не е моја грешка. Твоја е.“
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Македонците мораат да прифатат дека македонскиот државен идентитет не е ексклузивно резервиран за нив.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Велам: и ако сум таму? (Зашто сето ова го мислам со тајната предност да не сакам всушност да поверувам.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Погледни, тој е без облици, неговата крв не е сок од малини.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Со повеќе пари в џеб можете да се правите важни, да го кревате носот, а тоа не е убаво.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Кога конечно успеав да разговарам со неа, дознав дека не е закажан денот на погребот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Не е лесно без никој да чекориш. Не е шега да патуваш по патот тој.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Искажувањето на своето разбирање на народните идеали и критиката на таквите не е празна работа, зашто идеалите се душата на општата народна работа и од здравоста на таа душа зависи и здравоста и плодовитоста на самата општонародна работа.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тие проникнале дека неговото доброчинителство не е искрено, туку има за цел нив да ги потчини.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
- Тој палјачо не е сенка, - рече Карамба-Барамба.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Кумот не е само за тоа да крсти, да венча, туку и да пречека, да угости, да дарува.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Разочарано гледав во ортакот. - Тоа не е подземна улица.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ме оставија сама во собата, а собата голема, што се вели, не е само за еден човек.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Оваа војна не е како бојот на Косово“, му рече.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Кога се фрли во морето веќе цела ноќ и половина ден се оддалечувавме од нашиот брег. Тоа не е мал пат.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Зашто зелената миризба сѐ уште не е и зелена шума.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Мене ми е страв, страв ми е, Миле. Не е шега таа работа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Не е случајно што физичарот Мареј Гел-Мен (Murray Gell-Mann), кој ја откри основната елементарна единица на информацијата, ја нарече „кварк”, термин позајмен од Џојсовиот еп Финегановото бдение.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
У Канада прасето не е „свето“ животно као кај нас и тој ловоров венец (незаслужено) го носат говедото и птичурините.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Сепак, Татко го остави да ја заврши мислата: Ние како да заборавивме дека нашата мисија ја започнавме мислејќи на иднината на нашите внуци, а не на минатото на нашите предци, на нивната божем пеколна неслога, причина за неизбежниот судир помеѓу христијанскиот Запад и исламскиот Исток на Балканот и што уште не. Зар не е тоа повик на курбан?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
А кога јас го кренав погледот за да се збогувам, додаде: „И, не заборавај, Иларионе, што тагуваш без потреба: потписот не е решен.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Стегнатата рака при средба веќе не е перцепција на другото тело, туку формален чин, знак.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Зарем не е чудесна вашата споредба за жртвуваните кози на Балканот во времето на тоталитаризмот со денешното жртвување на кравите во Европа, во која демократијата го совлада советскиот тоталитаризам.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Тоа од самиот почеток е поставено на лоша основа: не е општомакедонско, туку е парцијално, и има бугарска боја.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А и деталот со распорениот стомак, каква е поуката, дека и да си човекојадец не е страшно бидејќи со прост, аматерски хируршки зафат, со нестерилизиран касапски нож, може да ти го извадат човекот од утробата, целосно неповреден; бабата со нејзините наочари и пантофли, а Црвенкапа со нејзината бела тантелена престилка и качулката, без ниедна трага од желудечните сокови?
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Постојат случаи за кои најлошата работа на светот е нешто сосем безначајно, нешто што дури не е ни смртоносно.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ајде жено, ми вели Јон, нивната работа не е наша работа, ми вели, а пченкава нас нѐ чека.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„Ноќе и лисиците се кикотат“, рече еден Сандре Самарија. „Ќе се обесам ако не е така.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
13. Оваа година прв пат не ме касна комарец. Не е на арно.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
„Костумот и не е толку битен“, најде за потребно да објасни, но прозвучи како да се извинува.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Со него ми е супер, право уживање. Постар е од мене три години и ептен добро се согласуваме.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А види колку е чиста: трипати ја исплакна стомната.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Откриената тајна не е и не ќе е тајна.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Но таа опшност не е нешто што почива врз некакви заеднички спомени и заеднички историски задачи што да се сознаваат и да се имаат сознавано од нас и од Бугарите еднакво.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тоа не е случајно, некој нешто сака, едно да се шпиунираат сите мои чекори, друго да се води интригантаната игра зад кулисите која изгледа во моето окружување никогаш нема да излезе од мода.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Иако не е строго легално, не постои успешен случај на кривично гонење за продажба на нитрити, бидејќи проблемот сѐ уште не е покриен со законот за дроги.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
КОТЕ: На жената секогаш треба носот да ѝ намирисува мажот што сака. Оти, мажот си е маж, не е жена!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
- Сега бумбарот веќе не е внатре. - А каде е?
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Едно од говедата чудно рикна. Другите се обеспокоија и му се придружија. Некои од луѓето се исправија.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не само што Мојсеј го прогласуваше за “угледен Египќанец – кој можеби бил принц, свештеник, висок намесник”, туку и Евреите од тоа време ги опишуваше како спротивност на Мојсеј - “доселени, културно заостанати дојденци.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Не, овој не е мојот Крстан, овој е друг човек“ - си мислеше и нишаше тажно глава.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
А и Стојна не е тоа што беше. - Мори, не беше ваква, ми вели Стојна.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не е на добро, две гропчиња за кусо време да отвориш, ми вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Оваа работа не е работа за повеќемина.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Сестра ми во меѓувреме се оддаде на волшебно одгледување растенија гледаше во нив имаме ли иднина или не моите невени развија раскошно и сега ми се пред очи отворени како мугри ти најмногу ќе ги израдуваш мама и тато со твојата судбина, рече таа на мама ѝ се врати надежта и се насмеа за сите тато се разбуди од сон што не ни го раскажа и појде на извор јас не верував во ништо иако и денес се вознемирувам од помислата на неа барем ноќта да не ја испуштам денот изгледа не е доволен да се стигне на правото место реков и почувствував - имам работа со симболи од -ден-на-ден стравот е сѐ пострвен ако не се исплашам нема да запамтам што се случило стравот е време додека се думам во мракот - останало ли нешто од мене мрда под прстите надигнат и препороден.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Знаеше дека тоа не е повеќе тоа.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Беше и ти таму? Ама ништо не виде со свои очи, нели?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Зависи. Ништо не е неодложно“, рече Едо.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Некој сака да биде, а не е. Е, па, не е и не може да биде.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Заклучоците до кои доаѓа Саркањац во врска со овој проблем се директна последица на едно читање на ‘доцниот’ Витгенштајн, поконкретно на Витгенштајновиот парадокс во врска со следењето на некое правило: “... ниедно правило не може да определи еден начин на дејствување, затоа што секој начин на дејствување би 109 можел да се доведе во согласност со правилото”.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Традициите се без моќ, а истото важи и за културата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Мајка ми извикува: Милке, што ти е? Слушајте со девојчето нешто не е во ред?
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Вели и татко му не е противен, па ѓаволот да го знае.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Што се случило? Да не е болна? - Си заминаа. Имам писменце за тебе?
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Оставајќи на времето, тоа да го даде одговорот, велеа Ако се врати некогаш да си ја земе Драганка, значи е трговец, но ако не се врати по неа, то ест ако ја остави, зашто не е крвна рода Јанческа, да се омажи за некого од нивните, значи дека бил ајдутин и дека ги оставил коските некаде по планињето.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
15. Колку и да се склукаш со историја Не можеш да избегаш од сегашноста Беше рекол некој умен И јас му верувам Оти на своја кожа знам Дека колку и да се клукам со еукалиптус Не можам да избегам од соништата А сегашноста се полни со стари соништа Ѓоа надградени и надополнети И по секоја преродба се прогласува нова преродба Во долината на среќно преродените Никнуваат нови цркви и џамии Со ниет да бидат уште постари од најстарите На сека ритка никнуваат и големи крстови Колку крстови толку неразгатнати крстосници Никнуваат богами и нови затвори За затвореници колај работа ќе се најдат и фазла При толку бујна стварност Поетите цапаат во Петреви Вирови Колку поети толку друштва на мртви поети Сега секоја суша вели дека животот е некаде другаде Што впрочем се гледа и од брановите нови доселеници Макар што во последно време другаде не им е Австралија ами Италија Каде што се преселуваат цели села од долината на Радика И таму си формираат нови населби со роднокрајните имиња Сега засега не се чуло ни разбрало Како стојат таму со цркви џамии и настава по веронаука Но мене ме загрижува тоа што ако тој пат го фатат иселениците Нема да има кој да се доселува во Австралија А без новите доселенички приказни од Цапари Животот тука би бил ептен здодевен Како што е здодевно тука летно време Кога децата на доселениците одат во стар крај Да научат троа од мајчиниот јазик А како бонус им доаѓа што ќе научат Како се поставуваат светски рекорди во брзо донесување закони А тоа воопшто не е како олимписка трка во брзо одење Зашто таму каде што има брзо ломотење нема брзо одење
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Прашањето е познато и за него е пишувано, зашто не е мал бројот поети што го имаат тоа искуство и што го доживувале истото искушение.
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Ова пусто турско не е од денеска, од петстотини години е пустинското, пусто да остане! Толку веќе!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
„Клара не е луда,“ му реков. „На Клара само ѝ треба време да си дојде на себе.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Имам теза. Мојата теза е, вампир не е предрасуда.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Умее тој да се измолкне во последен момент.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не е доцна, мајкин, за петнаесет минути сѐ ќе е готово.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
А тоа што не е Ах, тоа што не е Некаде самува И таговно Пее. кожата Црниот Кафез На моето Бело Пиле. кавал Блажена гранко Дрво, Низ кое се расточува Мојата Лелеава Душа: Кавал. од полен - болен Од полен Болен Од Билки Збран А Не- раз- бран. кој целееше во птицата Утринава Си го држам срцето в раце И Прашувам: Кој целееше во птицата Та мене ме погоди? се будам...
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Otto Hahn: „Некои луѓе сметаат дека авторизирајќи ја репродукцијата на вашите редимејди, го негирате својот херојски став со презир кон трговијата, став кој го држевте четриесет години; со други зборови го уништивте митот. Марсел Дишан: Ах, се жалат, квичат! Мораат да кажат: „Тоа е страшно, подлост, срам.“ Ќе им одговара да ме затворат во категорија, во формулар. Но тоа не е мојот дух.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
„Тогаш мора да капнала оваа крв многу одамна, за да стане кафена, па и кафената боја вака да избледи.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Но за тоа подоцна, оти времето не е стигнато, о возљубени; а јас сум познат по тоа дека уживам да сочинувам слова секакви и да си измислувам свои истории што воопшто и не се случиле, ама да изгледаат така како пред очи да ви се; и знам сказанија да преподавам така, со прекини; по малку да ви давам да вкусувате од собитието, од слаткиот мед на историите, како на изжеднет вода што се дава во пустина, капка по капка, за да не го усмрти заситувањето на жедта, на потребата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но, нешто друго, чедо мое, со години ѝ ја глода душата. - О, тето, да не е не дај боже нешто страшно?
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Поучуваше Гаудама Буда: Само кога би смогнал, сеедно на кој начин, да ја искусам силата - да се втројам и размножам себеси во еден и единствен - ќе можам да кажам дека светот не е она што му се открива на окото туку само она кое се чувствува и не збиднува.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
— Зошто, велам, да не е мртво?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Програмот за машинска визија не е сѐ- или- ништо процес.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
А за една Билјана тоа не е сосем лесно. Но, има и потешки работи.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Значи, во поглед на монтажата, Ворхол е радикално екстремен: некои негови филмови се одигруваат во реално време; тој се откажа од тенденцијата со монтажата да создава „виша” стварност.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Па, не е чудо и да не може да ожени некое од децата, ќе остане за резил во векот — ерген дедо.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се надоврзуваат простори со различни димензии, во некои се среќава осамена творба (како Olivestones), како и широки простори кои слободно „дишат“, инсталации кои меѓусебно се допираат.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Може да биде сосем спротивното на тоа што го реков јас погоре за комитетите, т. е. тие се готови да ѝ дадат на Европа секакви гаранции Македонија да не се соедини со Бугарија, но тие никојпат не ќе се согласат да се упразни во Македонија бугарскиот јазик и бугарското име во полза на централното македонско наречје и името „Македонец”, со други зборови, тоа што го реков јас дека имало само еден чекор од таа положба што Македонците и македонските комитети по македонското прашање се држат кон Бугарија, па до полното отцепување на Македонија и Македонците од бугарските национални интереси, не е право, зашто не еден чекор, ами цела пропаст го одделува едното од другото, и комитетите ќе покажат најсилно спротивставување на новото течење; 2) ако се допушти оти комитетите никојпат нема да се согласат со упразнувањето на бугарското име и јазик од Македонија, а заедно со нив против новото течење ќе биде и целата македонска интелигенција со бугарско образование, тогаш од каде ќе црпи сила за себе новото течење?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А, од една децентрирана срушивме перспектива, можеме да претпоставиме дека „маргиналното“ комунизмот, и она што го нарекувам „екс-центрично“ (во класата, расата, сега доаѓа на ред полот, сексуалната ориентација или потеклото) добива ново капитализмот! значење во светлината на имплицираното сфаќање дека нашата култура навистина не е хомоген монолит. Маргина 36 7
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Доколку работодавачот не донесе одлука по приговорот во рок од 8 дена од неговото поднесување или кога работникот не е задоволен од одлуката донесена по приговорот има право во рок од 15 дена од добивањето на одлуката по приговорот да поведе работен спор пред надлежен суд (чл. 30 од ЗИДЗРО/фев.13);
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
„Доцна е“ реков, “веќе се стемнува.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Две тишини“ е и не е љубовна песна, „Две тишини“ е и не е филозофска песна,.. е и не е лична, е и не е универзална...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Плачам и се крстам. Молам да не е тоа што мислам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
ИВАН: Ти - се плашиш од Луков? Не е возможно?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Значи, ова не е ништо друго освен остров на кој живеат вештерките и самовилите.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Секогаш кога Сандре Самарија ќе зинеше се закануваше дека ќе се обеси ако не е прав.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Европејците донесуваат навистина нешто ново и убаво, не е разумно да се одречува тоа, но има нешто што не чини и треба да се одрече и осуди, а младиот лесно го прифаќа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тој не бега негде во сигурна страна, тој бегалец не е што потта го роси.
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
Не ги трујам со апчиња, сѐ е чисто и не е прскано. Дојди да видиш во задниот двор“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Следен од непријателски борбени авиони додека летал над Индискиот Океан носејќи важни пораки, тој го приврзал за себе својот митралез како тег и скокнал од хеликоптерот во длабоката вода, заедно со пораките - крај, рече Големиот Брат, за каков што не е можно да се размислува без чувство на завист.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Исто така, во декември 2008, испраќа и известување до Хелсиншкиот комитет за човекови права; како и писмо до Агенцијата за вработување на РМ, со цел да ги информира тамошните служби за „валканите игри на директорката“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
ГО - Еден ден М. Горки го видел Гогољ како игра шах со Ван Гог. „Знам една слична кинеска игра, ГО“, рекол Горки. „Се однесуваш ко горила, Горки!“, рекол Ван Гог. Тогаш случајно поминал и Гоја. „Си почнал да се гоиш, Гоја? Да не играш многу голф?!“, рекол зајадливиот Гогољ. „Ништо не е тоа во однос на Де Гол кој оди ’ор гол по мостот Голден Гејт!“, рекол Гоја. „Која година е ова?!“, прашал уште еден случаен минувач, филмскиот режисер Годар. „Ти годи да поставуваш вакви прашања?!“, му рекол зајадливиот Гогољ на Годар. „Ова е ко некоја готска приказна...“, промрморел во себе навредениот Горки. 42 Margina #19-20 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
- Сестра ти, дома ли е? Не е?
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Во шумолењето лежеше само една реченица - не е јасна но смислата е заканувачка, лоша; тие неколку зборови на секој стар и мртов јазик, тие корени на мисла, на одамнешнината, му ги демнат движењата и стрепењето. Веќе се тресе.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
МЕШАЕВ ВТОРИ: Не е вистина.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
- И Господ гледа дека овој ковчег не е за тебе - продолжува да ја теши додека и го подметнува неговото палто под главата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И потоа не е потребно да се живее. Не, Ана, не е потребно.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
А во одделни судови од државава има судии што, годишно, имаат во работа по 500 предмети, додека во други судови, на истиот број предмети, работат дури седум судии.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
- Тоа не е сѐ, - подвикна Тодор и заканувачки се загледа во Бојана, која во рацете врткаше зелено -маскирна кутија од дамското издание на цигарите Генерал и со едната нога беше тргната да излезе од канцеларијата.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Ни пред господа ни пред луѓето ова не е грев. - Не е, за тебе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тој не е некој сиромав човек. Можеби не е ни богат, но и сиромав не е.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Мајка ми веднаш разбра дека крикот не е како поранешните.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во човечките работи не е можно сѐ и не може сѐ да мине.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
„Зарем ова не е прекрасно?“ запраша царот. „Кога ти мене би ме прашал што сум сторил јас, би можел да ти одговорам.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Или, за татко ѝ Јосиф кој го нервираше со молчењето, но кој со тоа покажуваше дека почнал да му се плаши, зашто неговиот сурат не е веќе сурат на чирак?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
7.  Како мала дигресија, не е на одмет да споменеме дека во посебниот дел на нашиот КЗ (1996), во главата насловена како „Кривични дела против работните односи“ се вели: Тој што свесно не се придржува кон закон, друг пропис или колективен договор, за засновање или престанок на работниот однос, за платата и надоместоците на платата, работно време, одморот или отсуството, заштитата на жената, младината и инвалидите или за забрана на прекувремената или ноќната работа и со тоа повреди, одземе или ограничи право што на работникот му припаѓа, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година. 205
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
- Каде е Карл? Зар не е дојден уште од училиште? - праша загрижено татко му.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Само по еден орев да јадеше на ден, пак не е многу!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Алкохолот не е дозволен во возови, автобуси и минибуси кои одат на спортски настани и на места кои се посебно заштитени со законот; во Ковентри (Coventry), на пример, забрането е консумирањето на алкохол на отворени јавни места.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
- Не е тоа баш така како што ти мислиш, Игбал е поинаков од нашите момчиња.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И не е чудно дека ракот наречен бирократија својот корен го влече одовде, заклучувам и ми станува смешно затоа што од логичното правам парадоксално: па сигурно дека коренот расте од земјата!
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Кога странката има законски застапник, односно полномошник, доставувањето се врши до законскиот застапник, односно полномошникот – ако во овој закон не е определено нешто друго.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Не е доволно да си изгнаник и да бидеш „Далеку!“
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Постои мит дека сокот од портокали го неутрализира дејството на ЛСД. Не е точно.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Беше невозможно, и покрај бескрајните апсења и признанија и погубувања, да се биде сигурен дека Братството не е само легенда.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
— Е, деца, како шо гледате и ние останаме баеги на куп.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Затоа, со желба да го избришам од мислите на вашите еминенции и на секој верен христијанин ова моќно сомневање што беше со право изречено кон мене, со искрено срце и со вистинска вера ги отповикувам и ги негирам споменатите заблуди и кривоверства и воопшто сите заблуди и кривоверства и дејства спротивни на светата Црква; се заколнувам дека нема во иднина никогаш да речам или да тврдам усно или писмено нешто што би можело да фрли врз мене слично сомневање, и доколку ми се случи да сретнам кривоверец или некојшто се смета за таков, ќе ја известам светата инквизиција, инквизиторот или прелатот во местото каде што живеам.”
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Со ова не тврдам дека во ваков град е прикладно луѓето да прават такви нешта по јавните места, туку само сакам да укажам дека на многумина луѓе би им било полесно ако дозволиме малку повеќе искуствена анархија.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Колку мачно ли се чека една тешка ноќ една темна ноќ што застрашува Сега се смеам и знам дека сеедно не е како ќе дојде таа штом престрашено чекам да биде црна црна
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Тука, на овој дел од улицата, ништо не е променето.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
— Хрушчов не е Сталин па да се крие!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Од друга страна, и долгата осаменост знаеше да се прелее преку глава, па така сосем вистински звучеа зборовите на дедо Иван - дека стар човек не е за никаде.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Не е смешно, му велиш, но не е и сериозно.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Надвор! Зарем не гледате дека породувањето не е завршено! – ги бркаа гинеколозите развеселените жени, кои мислеа дека веќе се слави успешното породување на нивната пријателка.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Се стресува, срцето му запира гледајќи дека тоа не е Помпеја - туку неговото село.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
АЦО: Е како кога ништо не е? Сега треба од свој џеб да платам нов ремонт и да им стојам на мајсторите врз глава за да не украдат некој шраф.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Уште од „основната криза” - значи од теориите на Ајнштајн, Хајзенберг и Гедел - што е засилено и со поновите настојувања на теоријата на катастрофата и истражувањето на хаосот, или теориите за фрактали - самата наука ни кажува дека светот е окарактеризиран со плуралитет и хетерономија, дека парадоксите и паралогиите можат да бидат многу попристапни за негово осознавање од едноставните дедукции, дека реалноста сѐ на сѐ не е хомогена туку хетерогена; дека не е хармонична туку драматична; дека не е единствена туку диверсивна; накратко: поседува „постмодернистички“ дизајн.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
„Не... ох, не... не“ тивко рече, притискајќи ги градите со раце. „Не е можно, тоа не е можно...“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Судот, во случај да најде дека се работи за барање со кое странките не можат да располагаат – нема да донесе ваква пресуда, иако се исполнети останатите потребни услови.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Јас уште повеќе ја наведнувам главата и куцкам околу куќа, олцкам во јалиците, под стреите и гледам побрзо да изминам од пред луѓето. Ама куцањето не е еднаш. 247
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тревата не е легализирана но не се легализирани ни убиствата.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
- Не е на арно! - Саде толку извика. Не се задржа ниту колку голтка вода да се напие.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Тоа може да се направи откако ќе се одговори на главните приговори на нашите противници, со кои тие се мачат да покажат дека нема потреба за одделно македонско друштво и дека неговото формирање не е своевремено.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
По овие дополнителни опструкции работникот Х.Џ. е советуван неговото барање за потврда за долгот кон него, да го напише во писмена форма и да го испрати до сметководството на претпријатието, но паралелно и до генералниот директор.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Според тоа, со криптограмот L. H. O. O. Q. Duchamp опишал три нивои на настанот: се одвива coniunctio oppositorum (Сонцето/Ергенот се симнува доле да се соедини со Месечината/Невестата); coniunctio води кон засилена свест (за што сведочи засилувањето на топлината, „огнот долу“); бидејќи засилувањето на топлината, тогаш кога е успешно, исто така е одлика на третиот степен на вештина, ова инцестуозно соединување среќно успеало да ги спои Ергенот и Невестата во андрогиниот Посветеник, а тој факт пак, од своја страна, го објаснува доцртувањето на мустаќите и брадичката што ја комплетираат насмевката на Мона Лиза, која веќе не е толку загадочна.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Сега гледам дека ноќта била најдебела овдека. Во шумата. Никаде не е толку трудна ноќта како меѓу буките.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Зашто, ако излезе дека таа неавтентичност не е трагичен израз на моралните ограничености што се вградени во самата структура на човечкото постоење – ограничености што само јуначкиот мажествен стремеж, во својот ревносен обид да ги надмине, може да ни ги открие и да нѐ натера да се соочиме со нив – и ако, наместо тоа, излезе дека неавтентичноста е само комична – некаков срамотен, дисквалификувачки, па дури и урнебесен ефект на секојдневната изложеност на суштествувањето како играње улога, а оттука и на културните значења како чинови на општествениот театар – тогаш трагедијата се растоличува од својата положба на првовеликост, ѝ се обезвреднува мудроста, а патосот ѝ се поткратува.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А може и да е дивина. Може не е како нашава корија.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Ќе имав можност да викам, да плачам, дури и да се навредам, да им префрлам дека се бездушни, дека тепаат дете, дека тоа не е педагошки...
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Па, се разбира, од онаа возбуда поради нашата акција. Леле, кога мама би знаела!
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Инаку, Анастасија кога не е зафатена со секидневните обврски и кога е вистински осамена најумешно ги средува тантелите на спокојството токму во спалнава.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Понекогаш просветлувачката промена на состојбата на свеста може да се јави на начин каков што опишува Абрахам Маслов (Abraham Maslow) кога зборува за „врвното доживување“ (“peak experiance”), состојба која не е толку ретка и којашто секој од нас може да ја доживее барем еднаш во животот, што остава неизбришлива трага и нѐ насочува во понатамошниот тек на животот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Некој е вишок тензијата е последица од премногу сакање ниски страсти, совпаѓања а предметот на желбата еден и неделив мистичниот копнеж по неделивоста нѐ поврзува да учествуваме во с-подвижната драма на свеста (coitus interruptus) во одложувањето на кулминацијата секој од нас цел го сака цела ја сака колку повеќе ја одлагаме драмата толку повеќе е тука приклештена габаритно еуфорично распиштолена по меките, лимфни, срамни и кршливи пасажи на твојата, мојата или на неговата психа, навидум силна налик на лунатик хистеричен порив да се биде роден да се осети на свој грб животот сѐ недостатен, сѐ пожелуван сѐ отповеќе, сѐ отпосле сѐ притеснет испустен или пренаселен сѐ загрозен, заплашен, изнемоштен од перипетии, пресврти и стресови од иселеништва, делби и егзили сѐ лишен од разврски создава лажна, мелодраматична слика - нема друг и никој не е сам - - целоста е устрем обичен, а врховен!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Дванаесет години подоцна, со носењето на новиот ЗРО (2005), кај работниот однос со приправници или „чираци“ (термин кој, со право, се чини надминат, а симптоматично е тоа што за прв пат се среќава во ЗРО/05!?) – односно, со лице кое прв пат започнува да врши работи соодветни за видот и степенот на своето стручно образование и кое професионално треба да се оспособи за самостојно вршење на работата – приправничкиот стаж си остана на најмногу 17 една година, ако со закон не е поинаку определено.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Ми беше јасно дека Луција не ме избрала мене за оној кој прв ќе има можност да го види раѓањето токму на тоа движење; јас знаев дека тоа движење на Луција не е и мое, и сакав ние да имаме само наше движење, и не сакав да учествувам во тоа, како што е природно љубовникот на една жена да не сака да ги носи пиџамите на нејзиниот претходен љубовник; ме излудуваше мислата дека таа дури сега ме допушта во себе, откако стекнала извесна предност во искуството со мене, откако го научила тоа движење и сега ете, ми го покажува, како што се покажува нов автомобил на некој кој нема никаков.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Покрај тоа, бидејќи зборовите/ поимите автоматски ги носат со себе нивните опозити,- кои, делумно, делуваат како некој вид автоматски ограничувачи на значење - да го погледнеме парот „разговор/не-разговор“ Разговор: - општествен однос; зборување заедно, неофицијален или фамилијарен говор; вербална размена на идеи или информации.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Но тој не е од оние што дигаат паника.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ако востанието успее, не е ли јасно оти за него ќе има да се благодари на Бугарите, и затоа таму, каде што сега Србите конкурираат со своите пари и својата пропаганда со бугарските пари и пропаганда, ќе го изгубат секое влијание на своите клиенти?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Пусто суеверие, немаше порационално објаснување зошто моите братучеди ги имаат имињата од нивните чичковци (моите вујковци) по обратен редослед... на крајот на краиштата, и не е важно.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Кога Јосиф ја изодува пругорнината повеќе од половина, си помислува да слезе и да го подземе и станува, но веднаш потоа, зашто знае дека Јосиф не е дете па тој да може на раце да го пренесе ваму, се премислува и останува да стои најгоре на Зедница на зарамнетото.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ако полномошникот признал некој факт на рочиштето на кое странката не присуствувала или некој факт признал во поднесок, а странката тоа признание подоцна ќе го измени или отповика – судот ќе ги цени обете изјави (чл. 80 и чл. 84, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
„Мислопрестап“, како што го нарекуваа тие. Мислопрестапот не е нешто што може вечно да се прикрива.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не е ни во веленцето ни врз веленцето.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
И да знаел нешто и да не знаел, не е тоа најважно.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
- Ајде, ајде, ќе те однесам до колибине, ќе те згреам, не е уште време да те плачат.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Нејсе, тој се исповеда пред сите дека не е поп, но само „црноризец“ — калуѓер.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И Енциклопедијата не е знаење туку помнење Во овој круг песни, по ниедна цена не настојував да го насочувам текот на мојата миспа и на мојот поетски запис.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Следното утро кога станав, т.е. веќе беше пладне, ме разбудија плискавиците од дождот што силно го беше зафатил убавиот град Охрид кој без сонцето делуваше некако тажно, како да не е истото место.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Иднината не е заебанција...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Митра се радуваше што Дончето ќе има простор да си игра, а од тука и не е многу далеку за до првото школо каде ќе мора да оди.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Зарем не е ова основа на сите науки: - астрономија и астрологија, - метеорологија, - геометрија и аритметика, - броење на времето, - одминување на времето- историја- календар - предскажување на времето- од иднината- визија- календар ***
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Од што сакам да сум заштитен?
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Се сеќаваш на селото каде што ги поминувавме летата? - Не е можно - изустив. Филип! - Да јас сум Филип - ми рече .
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
За нив ова секако не е исто како да се омажила. Вака, ќе речат, - држанка. Докрај да ја искористи...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Само ти и никој друг не е јунак во единицата...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Мирот тогаш беше моја цел. Останав сама... Ама, сепак, светот не е пустина.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Откако виде дека Метакот не е криминалец и не поседува џаначки реквизити, џандарот си го врати пиштолот на место и запали цигара.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Авиони, возови, бродови и автобуси почнаа да ме прават меланхоличен –да си стално на пат значи да бидеш понизен, да имаш на ум дека само „транзитираш“, лебдиш некаде помеѓу, на место кое не е ни таму, ни ваму, ни тука.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
„Не, не, тоа не е можно.“ „Каде сте сега?“ „Лажете!“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Многу повеќе тоа беше поради една потајно негувана верба - или можеби не дури и верба, туку само надеж дека О'Брајановата политичка исправност не е совршена.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
ЖЕНА Се бара жена Невина и чесна А да не е од мала Преспа
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
МАТЕЈ: Ти мислиш сѐ што не е ќелаво, е малоумно.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Тој се смее. На некој чуден начин ме успокојува кога седам со него на клупата пред црквата.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Нема место што не е осветлено од неговата блажена душа, оти на сите народи скриените тајни им ги откри разумно исповедајќи, на едни со писмо, на други со поука.
„Пофалба на нашиот татко и учител словенски Кирил Филозоф“ од Климент Охридски (1754)
Чекај да видиш кога ќе се стемни и кога ќе се запалат светилките, ми рече таа. Ова не е ништо, додаде.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Јас, учителе напишав... Не е Јоле... Пуштете го. - Ти? - се накостреши учителот. - Да.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
„Сама по себе“, рече тој, „болката не е секогаш доволна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Како може некој да биде мајка кога тоа не е.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Мора да траеше секунда, можеби повеќе, бидејќи почувствував дека Маргарита ја воочи таа насмевка со која Ана не се согласува, макар само така што ја наведнува главата, што неодредено го испитува затворачот на својата црвена кожна чанта, а всушност речиси како и да е оправдано да се смееш и понатаму иако Маргарета такаречи веќе и не гледа бидејќи на некој начин гестот на Ана ја потврдува мојата насмевка, и понатаму ја прима до себе па веќе не е ни потребно таа или Маргарита да ме гледаат бидејќи и се онака темелно предадени на ништожната работа околу проверката на затворачот на црвената чанта.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Затоа и не е чудно што на прво место меѓу поканетите за соработка во сп. „Вардар“ го поставува својот професор Лавров, кој во 1902 год. го имаше оставено Мисиркова на својата катедра за постдипломски (славистички) студии.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Го нема Русинот. Јас и Тодор Малинов чинам и сме среќни што класот не е испомешан.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Јазикот мој превртлив зарем не е? Не пишувам ли за да заборавам?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Зар ова не е ваше, вели и ја отвора фиоката, го вади писмото.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Овде тато повторно се налути - божем, тоа уште не може да се нарече раѓање, тоа уште не е човек туку е половина ембрион и дека е потребно или да се втурне назад, или да се смести во инкубатор.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Ние весело се насмеавме... – Не е за смеа, не е за смеа, мили мои, војна беше, како да се земе! Војна на нашата земја.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
- Дојди со нас, ми вели првиот, овдека не е згодно за зборување.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
МАРКО КРАЛЕ И МУСА КЕСЕЏИЈА
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Шаренилото на бојата на некој предмет сѐ уште не е доказ за неговата лажност, „лошиот вкус“ и кичот.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Ништо од она што тој го прави не е неважно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Мојот кадровски придонес за монолитноста на нашата балканска држава очигледно не е мал.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ќе се смета дека должникот е неспособен за плаќање ако во период од 45 дена од која било негова сметка, кај кој било носител на платниот промет, не е исплатен износот што требало да биде исплатен врз основа на важечките основи за плаќање (чл. 5, ст.1-2 од ЗС).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
И Симон е тип на интелектуалец кој оптира со политиката иако декларативно стреми кон универзалното Добро, но и човек за кого не е сосема извесно дали е способен да го почувствува и страдањето на поединецот, дали неговата хуманост и емпатија се наоѓаат само во зборовите, во интелектуалниот порив, но не и во срцето, и дали затоа во оној момент кога тие преминуваат во дела, доживуваат крах.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тоа е револуција на „главата“: настан на проширување на свесноста.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Истовремено, со самото тоа што ја засака неа, па еве таа стана и мајка на неговото дете, значи дека тој не е опседнат со сето што се наоѓало во тие мрачни умови.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Уф, сестро Кево, се зазборувавме, а не е време. Оваа работа треба денес да ја свршиме.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Ова не е никаков локален шовинизам.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Не. Не е точно. Залудно го трошиме за таа намена. Особено што не можеме да го вратиме.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Сигурно не е толку бесчувствителен.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Терапевтот не е инструктор, тој прашањата мора да ги поставува од позиција на чиста љубопитност.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
„Големото Стакло“ очигледно претставува нешто, иако не е јасно што, ниту до која мерка тоа прикажување е безмалку „произволно”, како што тоа некои го мислат, во смисла на испреплетените „бесмислени“ облици.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
- Дмитар не е сам, се сетил некој истоштен Неделко Шијак со сламка в уста.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не ќе згрешам ако помислам дека за многумина од нив бевме дури и обични натрапници.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
МЛАДИЧОТ: Тоа не е моја грижа, туку грижа на организацијата.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Бендоу го наведува неодамнешното намалување на потрошувачката на алкохолните пијалоци, за да нè убеди дека легализацијата нужно не ја зголемува потрошувачката. Меѓутоа, овој аргумент не е оддржлив поради тоа што потрошувачката на алкохол драстично порасна по легализацијата, а почна да опаѓа дури во почетокот на осумдесеттите години. Тоа што за воведување на прохибицијата веќе никој не се залага, не би смеело да се толкува како аргумент кој би одел во прилог на тезата дека легализацијата не би ја зголемила потрошувачката на крек или метамфетамин.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Но, не е помала уште една заслуга на авторот, радо би рекле писателот (текстот обилува со волшепства), успешно и наизменично да се проигрува со неизбришливите емоции од детството, како со провоцирана индигнација на тоталитарната отуѓеност на извесен политички режим.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ги фрлав накај клацкалките и слушав како камчето прави "тинг" кога ќе се удри од железото.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Размислете, другари, сѐ уште не е доцна.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Поради тоа и знаеме дека минатото не може да се преправа, пресоздава, и дека тоа не е за спомени, туку за возобнова на корените.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Ја открива магичната играчка. Исходот не е познат, дури неважен.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
„Ќе му се јавиш, а?“ „Тоа не е твоја работа“. „А ако бројот е моја работа?“ ја праша Марко.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Смеа, рапава и придушена смеа. Тоа не е смеа на циркуска публика, весел кикот на прснати стакла. Тоа е потсмев.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Власта не е средство, таа е цел.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Еден ден му веле Насрадин-оџа на друзите деца шо училе при него: - Деца, да идете вије дома, по едно јајце да си земите од куќа! Отидоа, зедоа.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Адон - во согласие со таа опседнатост - ги опишува сите можни пансексуални испреплетености во светот на луѓето, животните, растенијата и камењата.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Вели дека е болна, дека не може да седи, затоа што ја боли ’рбетникот и дека не е способна да работи.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
ТЕОДОС: Молчи мори и ти, фараонке! Што рече!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
А Царјанка продолжуваше: „Ако не е така, ако ова не е вистина, нека каже мајка ми”.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И неговиот дом не е без прислужници предани на неговите интереси.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но изразот на неговото лице беше ужасно смешен, спореден со она на неговото пони.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Нема правилник во животот ниту праведност и ништо не е непроменливо, трајно или херметички затворено.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Кажи ѝ на Уља дека Мирче не е во Америка, туку и тој е војник.“
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Добро, добро, но не е сѐ толку црно - се обидов да ги разгонам грдите мисли на Даскалов.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Околу колата и околу нив дотрчале многу бугарски војници и офицери, но и тие, кога ја виделе бомбата и кога дознале дека не е експлодирана, пцуејќи ги Ѓорета и мајка му и нарекувајќи ги Мрсници се разбегале на сите страни.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Со посебно внимание Поетот се однесува кон разретчената коса и кон брадичето, кое, за жал, од неодамна и не е компактно црно, туку на повеќе места оснежено, а помеѓу врвот на брадата и долната усна постои и едно бело перче што потсетува на дамка од млеко, или траг од шампита.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
- Не, не. Тоа не е за таму. Тоа е за да го тутка машка рака...
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Гледам, стои една таква дама. Наврела чорапи, заб ѝ болскоти в уста.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Можеби смешното е само кај нив, си велам, од кај мене сигурно не е.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Нулата навистина нема никаква вредност. Таа е само шуплив круг.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
А мајсторот и понатаму го искушувал: „Нели, не е најумно да му се препушташ на стравот кога ќе се спуштиш волку длабоко?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Зошто не е мртво, си шепотам под носот, кој ќе го гледа овдека?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
САЗДО: Сигурни ли сте дека од петокот?
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Дека сигурно знаеле оти војникот што ја донел на коњ во деновите на априлската војна бил отсутен од куќата од под Сина Скала повеќе од година и половина а можеби и нешто повеќе кога почнало да се шепоти оти осаменичката, горе, во планината, не е повеќе сама, туку е носечка.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
ТАА не е неделно списание и не излегува, како што вели тој, „во последно време откако се намножија независните весници“, туку е месечник и излегува повеќе од седум години.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Харнад: Хејс сака да го дисквалификува Серловото сведоштво за неразбирањето кинески затоа што Серл не е соодветно имплементирање (додека не затапи и не биде преземен од Силата како нуспроизвод на придвижувањето).
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Додека го посматраше безокото лице со вилицата што се движеше брзо горе долу, Винстон имаше необично чувство дека тоа не е вистинско човечко суштество, туку некаква кукла.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Еве ме во салата на некој парламент. Бугарскиот или грчкиот. Можеби српскиот. Не е лошо да е американскиот. Или Обединетите нации.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
„Тогаш и жртвата што ја прават некои мајки за своите деца не е жртва, затоа што она што го прават, го прават за себе, за нешто што го доживуваат како дел од себе?,“ се вмешав во разговорот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А кога ја оголивме белата коска, гледам чудни знаци. Не е писмо, а како писмо се гледа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
4 Во согласност со кодовите на сила, врските никогаш не се непосредно утврдливи.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Од ова ние гледаме дека неизразливоста на différance не е некаква превртливост на Дерида, туку дека ѝ е инхерентна на логиката на неговата позиција.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
„Капетане!“ „Ништо не е“, велам, викајќи, „само главоболка. Ќе му биде подобро. Ете. Ете”, шепотам, „сега е сѐ в ред.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
А јас да си ја гледам бундава! – Стрпи се, мила, па не е дојден крајот на светот! – За мене, крајот на светот иде кога ми се гладни децата! – Те разбирам, те разбирам, и мене не ми е лесно.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ги прислушкуваат сите разговори и потоа ти се смеат зад грб. Епа, нека се ебат.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Кога имаат молив немаат тефтерче и така уште ненапишано го забораваат токму она што не е за заборавање.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Тој за трки не е, покрај сиот копнеж, на кучешко влакно слепо ќе се сопне.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Фала богу, беше пролет, пријатно време, а и не е далеку од браната до Долнец.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Луѓето ретко се решаваат од Јесенице во овие дни да минат во Австрија, зашто патот води низ врвовите на Алпите, и може секогаш да изненади магла, дождот, па и снегот, и тогаш во оние кривулести и стрмни серпентини не е воопшто пријатно патувањето.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Може да се забележи дека оние што припаѓаат на толерантни вери се обично покорисни за својата татковина од оние што припаѓаат на верата што преовладува; бидејќи, оттргнати од честа, не можат да се разликуваат поинаку отколку со своето богатство и имот, тие се присилени тоа да го придобијат со својата работа, и така што ќе ги прифатат најтешките служби во општеството.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Се верува дека е познат, но не е сигурно дали доаѓа од куќата на Лордовите . . . . (Леон-Мартин“ – Еден ден во животот“, препев В.Божиновски).
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Дали некогаш сте имале шеф кој имал обичај да ве прекинува среде реченица и нетрпеливо да бара веќе еднаш да бидете конкретни?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Не е ли јасно и од тие постапки на македонските водачи оти Македонците зедоа самите да ги решаваат судбините на Македонија и оти тие во својата дејност се готови да се судираат и да ги усогласуваат интересите на својата татковина не само со Бугарија, но и со другите балкански државички, откако ќе им се дадат на тие државички некои обврски од страна на Македонија за укажаната помош?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Со право може да се нарече стажарско место на нејзината желба.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Маргина“ не е против хелиоцентризмот, логоцентризмот (фалоцентризмот!), антропоцентризмот, туку против центризмот воопшто, или, подобро речено (бидејќи перспективно патот кон излегувањето од дихотомиските стапици на умот - е бескрајно долг), „Маргина“ ќе настојува да го афирмира тој (еколошки) концепт на повеќецентралност и да ја унапредува онаа граѓанска свест за релации и релативност.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Ги мразев афоризмите и никогаш не дојдов да ти речам крвта не е вода, извади ме од смоларата и стави ме на началничка маса.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Во детето како што се гледа од гестовите а и од интонацијата на зборовите има премногу гнев кон сѐ околу него, а самиот како да не е свесен поради што.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Врховна мудрост е сопствениот љубовен живот свесно да го живееш како мелодрама – сосема да сфатиш (иако не мора тоа да биде322 експлицитно) дека мелодрамата значи и деградиран жанр на книжевен дискурс и унедостоен прагматичен жанр на емоционално изразување: презрен, феминизиран, смешен, тривијален стил на изразување на сопствените чувства.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
82. И самиот Мисирков на други места зборува дека бугарското име во Македонија не е резултат на дејноста на Бугарската егзархија, туку реликт од средновековјето, но овде тој секако го има предвид воведувањето на ова име и преку турската администрација.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
БОЖО: Тоа не е вистина. ЈАКОВ: Но не е неверојатно. БОЖО: Ти си луд.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Не е лесно да се одолее на волку поштење.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Не е така? - Токму така е – се согласив. - И што се случи?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ти велам јас дека не е тоа лозје за тебе...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Понекогаш квечерум чистачот на чевли од Plaza de Armas седнат пред портата на својата розова куќичка под огромниот крст на врв рид ќе фрли поглед на параглајдерите над Мирафлорес - колку да им довикне на аздисаните туристи и авантуристи дека сѐ што лета не е кондор, ќе фрли поглед чистачот на чевли и кон сурферите кај Баранко - колку да им довикне на јавачите врз сопствените мечти дека баш во Баранко опирањето на застоеноста на живеачката се правеше со вина, песни и убави жени, а не со некакви пластични секачи на морските бранови.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Од ова следува дека фактите за dif- férance воопшто не можат да се изразат со помош на лингвистички искази.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ги подотворам очите со надеж дека... Тоа не е ѕвонење на вратата туку жена ми со лажичето тропка во тасот за чај. Го меша.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Не е ли поарно таа и мајка ѝ да дојдат тука, или ние да се префрлиме таму?
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
- Тоа и не е можно, - почна да ги брани мајка ми учебниците и да ги оправдува наставниците.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Па, знаеш! После она што го видов на корзото постои реална шанса искубаната веќе да не е со него, - на оваа досетка двете прснаа во смеа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Но тие знаат оти не е така.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Од тука не е ли јасно оти Бугарија и комитетот сакаат да создадат “Бугарска Македонија” на штета на другите христијански македонски народности?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
- Да не е катран? - погодуваа собраните.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Само да не е некој фукара работник, селанец, та опашките сечи, поткинувај колку што можеш повеќе — го утеши детето Толета и го стисна за рака.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се разбира, се собра народ. Експерти. Едните велат – гризнато е, другите – не е гризнато.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
- Ама јас јадев сладолед, ми купи татоооо, - се пофали. - Сега тоа не е важно, - ѝ реков.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Оваа земја треба да ја минете надолж и попречно за да најдете некого што има шизофренија а да не е под медикаменти, или да има психијатриска нега, и да не е во бегство.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
„Како се викаше?“ заинтересирано праша Кау не чувствувајќи потреба да брза. „Не е важно“, рече Су.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„Зарем не е супер, рече, па тие се морални колку и Атила Хунски“.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Но тоа не е сенка од дим, туку сенка од јато бели галеби што прелетуваат над дреите, што се белеат на песочето крај езерото.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Не е тешко“, реков, „небројница пати ги гледав тато и баба како палат цигара.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Освен што англискиот јазик и е lingua franca, а Новоговорот нејзин официјален јазик, таа не е централизирана на никаков друг начин.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
-Тоа не е точно! Сите злосторници на планетава, дури и најсуровите убијци, се верници во себе, веруваат во сопствениот манастир.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Таква евиденција не е можна, бидејќи со еден карнет, со кој може да се влезе во еден од влезовите на метрото, може да се вози цел ден во многу правци.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ништо, ќе одам. Не е толку големо лошото да го земе Николаќија отколку да не изгори!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Лажго кој не е во состојба да ја прикрие дури ни својата лична отсутност туку глуми дека е овде.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Остана сама да се брани од нападите, успевајќи само да изусти. - Не, тоа не е вистина.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Колективен автор - тоа не е хиерархиски начин на работа на „инвестигивни тимови“ во коишто помладите соработници само го собираат материјалот за постарите редакциски волци стручно да го обработат, туку заедничка, колективна работа.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Земјата не би можела Одново кога би се случило земјата да му се врати на нередот, да му се врати на својот колосален хаос, на бесконечноста и на пустошот од што потоа пак би одекнал големиот big-bang, во таа повторна експлозија воопшто не е веројатно дека одново би бил создаден човекот: земјата, сепак, не би можела да ја издржи таа голема реалност - бесконечните човекови страдања...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
АРСО: (Кон Теодос.) Не е утро, туку зора! Не е девојка, туку китка цвеќе пролетно!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Работите на стечаен управник може да ги врши физичко лице кое има лиценца за вршење на работите на стечаен управник, како и ЈТД или ДОО основано само за вршење на работи на стечаен управник и има лиценца за вршење на работите на стечаен управник и се зачленети во Комората на стечајни управници.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во правилното разбирање на овој случај и применетата анализа за нашава методска единица, важно е да знаете, а тоа е толку јасно, дека саканиот што разговара со жената и што потоа легнува со неа не е Григори.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Дека притисокот не е најголем во централната точка на основата, туку долж еден прстен од честички што се распоредени малку подалеку од центарот на основата.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Скитнику еден бесрамен!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Чудна некоја обземеност.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Ете што е животот, рече Дуко Вендија, ништо не е. Пиши, бриши. Ќе пишуваш, пишуваш, рече, а смртта наеднаш сѐ ќе ти избрише.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Јебем ти таква демократија. Ако е тоа демократија тогаш мора да кажам дека е најпосраниот систем на уредување кој е измислен досега и не е ништо друго освен дупење у здрав мозок и трговија со гласови.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
- Замислете - ми вели тој - јас морам овде да седам на работното место до последната минута. А кај нас, во Скопје, не е така!
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тие постојано ме молат да ги однесам во Гнездо во посета на тетка им, ама јас одбивам. Тоа не е место за деца.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Не е кнезот крив за тоа, да речеме, што немаат Бугарите арни дипломати.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Имав речиси четири дена да го убивам времето во Женева.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Мавтав долго, сѐ додека можев со очи да го следам авионот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не е можно да го лажат очите.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Навистина сѐ уште бев далеку од помислата дека користењето на тажната насмевка за да ѝ се руга на туѓата несреќа не е природната жална маска на нејзиниот карактер.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
83. И Мисирков и Чуповски многу инсистираат на ова прашање. Но тоа сѐ уште не е достатно разработено од нашата наука.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Широчината не е без сајбија иако е тој без тапија, без документ, речиси, со кое би имал право да го чини она што го чинеше.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Па не е мудро, тогаш, да се апстрахираат, да се деспецифицираат, да се генерализираат, да се хомогенизираат и да се сведуваат на некоја универзална граматика на машката геј- култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Да, да, велам со разбирање јас, не е исто.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
13. ПОАРНО ЧОВЕК ДА ПРОСИ, ОДОШТО ДА КРАДЕ - и просеше тој и крадеше, но арно му не е, кога наутро сонцето на небото ќе се здаде гледајќи го жалосен и жално му се смее...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Не е твое срцето, вели Горачинов, тоа е моето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И колку секој од нас погрешно го разбира тоа не е наша вина - ако тука воопшто има вина, таа е само во начинот на кој јазикот функционира. okno.mk | Margina #4-5 [1994] 25
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
— Сигурно, не е вистина, велам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Немој“, велам. „Молам, капетане?“ „Не е важно“, велам, „морам да се ослободам.“ Со раката ја затворам устата.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Лиценца за вршење работа на стечаен управник може да добие физичко лице – трговец поединец, ако ги исполнува следниве услови: 1) да располага со потребна стручност и деловно искуство; 2) да има висока стручна подготовка и најмалку пет години работно искуство од областа на трговската дејност; 3) да положил испит за овластен стечаен управник со кој стекнува уверение за овластен стечаен управник; 4) да не е осудуван за кривични дела што го прават неподобен за стечаен управник.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Книгоиздателствата му се традиционално повеќе наклонети на романот отколку на пократките прозни форми, така што веќе од педесеттите состојбите се менуваат и расказот веќе не е доминантниот облик на фантастичната книжевност во Соединетите држави.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Иако неговиот фах не е портретот, ами мртвата природа, пред неговите проникновени очи веднаш се оцртуваат неколку леки линии на нивната судбина.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
А одењето не е дондека. Оди, оди чиниме, па подзапри.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Физичкото сосема исчезнало под означувачките мрежи што го кодифицираат, како телото да е само манифестација на генетски запис.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Постои ли Големиот Брат во таа смисла?“ „Тоа не е важно. Тој постои.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Таков човек и на две вери да служи не е штета.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Дополнителен отежнувачки фактор за едно невработено лице да ги земе паричните средства што му следуваат со добивањето право на паричен надоместок е воведувањето на можноста времето на примање на паричниот надоместок да се скрати ако врз основа на авторски договор, вршење на занаетчиски и други работи или на некој друг начин се здобива со приход, кој месечно не е поголем од 80% од просечната месечна нето плата по работник во стопанството (чл. 79, ЗВОСН).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
„Па така е и во песничката: да не е смотан, нема да е постојано в ќоше!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Таквото однесување зар не е слугување на гревот? (Ова грев, сфатете го според објаснувањата на берберот Среќко кој, и покрај трите месеци поминати в затвор, не престана да се препорачува како единствен претставник на Господа во нашето место).
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Рано изутрината тој се упати кај началникот; но му беше кажано дека спие; тој дојде во десет – пак му беше кажано: спие; тој дојде во единаесет часот – му беше кажано: па началникот не е дома; дојде за време на ручекот – но писарите во претсобјето никако не сакаа да го пуштат и на секој начин сакаа да дознаат каква е таа работа и која потреба го довела и што му се случило.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но уште веднаш во слизнувањето му се пристори пред погледот и тој успеа во еден миг да здогледа некакво помрднување; наеднаш имаше впечаток дека не е сам по таа угорница.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Мислиш ли дека божеството може да создаде некое место коешто не е рај?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Овој пат брат ми не е со нас. Замина за Будимпешта со другарите, а на негово место со нас е Борче, братучед ми.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Се закараа децата додека Пеце најпосле не им рече: - Ајдете утре да одиме со воловите на Герово Кладенче, да го најдеме деда Гера војводата и да го прашаме: крив ли е Мартин или не е?
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
А пак треба да знаеш дека и носење вода овде не е ни поневредна и нечесна работа.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
- Тоа не е ништо, - промрморува Соколе и сака да се ослободи од неа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Борците се побунија дека не е праведно да се борат со Шиптарите.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
„Кого бранам?“ „Ганка.“ Не ме гледаше веќе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но, сѐ додека ја изговара, на некој нејасен начин континуитетот не е прекинат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ете некни ѓерданчето на Босилка ѝ загина; не е човечка глава да, човек умира и никому ништо, а ќерко, а не ти оти едно клопче ти загинало и да плачеш.“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Ж: „Акростихови” велиш! Па Бах исто така пишувал понекогаш акростихови, што и не е зачудувачки.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Па, не е фер и таа моја другарка е далеку.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Бидејќи она што го гледаме на сцената сигурно не е чист егзибиционизам или перверзија.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Кога ќе се почешаш, тоа директно оди во крвта и во период од една до дваесет години, добиваш болест која е мешавина од маларија и сида.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Се плашеа да не е волк и наслушнуваа тапи удари на рогови во дрво.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Јован ја понесе со себе, за последен пат, миризбата на пресно варено млеко, која испаруваше од нејзините пори, кога се гушнаа... ја остави со осум деца, иако тоа не е машки, по патот одјава кон планините... ***
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Пуста убавина. Убавина која измачува. Знаеш , многу убаво и не е на убаво.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Му се чинеше дека веќе не е оној уважен, сериозен научник, доктор Коста, туку дете, составен дел на некоја одмината убавина и добрина.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Но не е и на иследникот, воопшто, не е нивниот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Понеделник е, и тој знае дека берберницата не е отворена, Боце сигурно отишол со децата на тутун.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Галебе мој, срцето не е мое: мини низ сите предели неминати, крај сите живи, непознати, загинати.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Се обиде да прави посложени вежби и беше вчудовиден и понижен кога утврди што сѐ не е во состојба да направи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не е извинение за бугарскиот народ и тоа што недостојните дипломати ѝ припаѓаат на оваа или на онаа партија и кнезот се ползува со повикувањето на власт, по лични наоѓања, ту една ту друга партија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Мислеа дека тоа не е за мене, дека физички и психички нема да го поднесам тоа имајќи го со мене искуството од претходните потешки физички работи кои што ги работев во минатото и од кои секако имав по некои здравствени последици.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Се поведуваш по Јована, а тој не е некој стратег.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Од овој осврт на психосоматската економија, и во одреден степен на здравјето, заклучуваме дека откажувањето од сексуалните односи не е знак на прилагодливо сексуално функционирање.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Вишок, вишок, вишок..., чувство на вина облетува околу вратот, а жилите се кострешат од помислата. Нешто не е во ред.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Како и сите други: кога ќе заѕвони лошото, ги затвораат очите.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Таа утринава ми рече дека животот и не е ништо друго туку само прошетка низ болките и радостите на ретките убавини што ни ги носи љубовта.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Злото не е алка, тоа е низа од алки, запрега на судбината; те зауздува и ќе те влече до оној ден, до мигот во кој под твоите клепки ќе свенат синоличките како во очите на коњот од недетското детство.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Таа значи не е дисциплина, пред сѐ не е метадисциплина.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
За било кој поединец- лаик, кој не е контаминиран со било каква правна догма, додека судот не „пресече“, односно не донесе одлука за одредени спорни факти – не постои никакво ‘право’ за таа правна работа и за тоа проблематично прашање.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
„Тоа не е никаква професија“, се огласи металниот глас од полициската кола како да разговара самиот со себе.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Не е без значение прашањето дали киваат птиците.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Тој не е масон, но се обидува да им помогне на своите солунски сограѓани.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Иако не е така, успеваат да влезат во социјалниот оддел за ништожници со средства.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Јордан Шоп не се согласи: „Тогаш качи се на ридон и види кој се кикоти, кому му се јаде варена пченица над туѓ гроб.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Таму понекогаш доаѓаат Ескимите. - Прекрасно! Фини соседи. Не, не е така.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
КОСТАДИН: (Си дојдува на себе). Ете, пак жива вода станав...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
А ти, божем, не би сакал таков кум да те венча!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
- Да не ми донесе сматок, вели Доксим Тренчески, да не е јајцево ланско. - Како ланско, Доксиме, велам, сега е снесено.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
– „Море не велете ми аџија, бре селани им рекол Силјан, оти не би касмет да одам на аџилак, чунки дуовникот што ме зеде да ме носи се удави в море; оставете, браќа, не е за кажување и за верување тоа што сум патил во овие две-три години, ама ак ми беше тоа што сум патил оти од таткова и мајкина клетва не сум верувал.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Јазикот не е сам.  Ако го знаеш тоа, тогаш кажи: во јазикот е битието.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Можела да рече дека тоа не е исто, но во мигот самата не била сигурна и се воздржала.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
И не е тоа поради статусот кој ми се промени од нечија во ничија, да речам слободна, ниту, пак, затоа што пропорциите на телото ми се „боли глава“, ами затоа што сега сум една обична распуштеница која може, ете, да биде сечија.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Останувам при тоа дека деконструкцијата не е ирационална.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
„Повелете во нашата продавница која е на излезот – тука се делата на нашите драги пациенти: чорапи и шалови, ноќници и фустани, марамчиња и крпи, предмети изработени од дрво,“ ми рече доктор Гете, а потоа продолжи да ми раскажува како се живее во Гнездо: „Будењето е во шест – прво се чисти она што се растурило во текот на ноќта, под надзор на болничарките, а тоа не е едноставна работа, како што може да ви се чини на прв поглед.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тогаш во Пионерскиот дом почнавме да се подготвуваме за Првомајската парада и веќе знаевме дека не е убаво да се лаже ни за први април оти тој што лаже и краде и цел живот ќе има вошки и ќе носи ѕиври.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
И, бидејќи ме чита дека мислам оти не е фер, тој се обидува да се оправда: „Дете, јас не им штетам, тревите секако ќе им помогнат, па ти не знаеш дека барем пола од нив се враќаат да ме почестат бонбониера и тоа од оние скапите, ’Гриоте’ и ’Бајадера’, полн ми е подрумот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Не е важно, дали сме спремни за коренити промени, важно е дека ваквите промени мора да се поттурнат напред, да се движиме во тој правец!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Тоа не е наша надлежност, вели Апостол Макаровски.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Отсуството на елипсата, исто така, укажува дека ниеден настан нема предност над друг, ниеден не е поексклузивен од другиот, и дека сето време има еднаква важност.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
АМПО: А поимашлив не ќе кавдиса тебе да ти биде кум.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Навистина, нејзините постеа, ама таа си поткраднуваше од сиренцето кога го видуваше да не фатило „живина“ и си ги лизнуваше прстите да обиде да не е изветреано солилото.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сите се сигурно веќе гладни. Не е моја вина.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Подготвувањето револуција е работа што можеби бара умствено работење, но тоа работење не е толку мачно и толку ценето колку што си мислат револуционерите – младата наш интелигенција.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Културата, тоа не е никаква уметност.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Едниот, дека не е намќор и накренат и дека е подготвен на милост; другиот никогаш да не заборави од каде произлегол и така да си ја најде мерата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
И тука се чувствуваше вообичаениот мирис на варена зелка, заеднички за целата зграда, но беше некако пресечен од едно уште поостро испарување на пот кое - човек го знаеше тоа штом ќе го почувствуваше, иако беше тешко да се каже како - му припаѓале на некое лице што не е присутно во моментот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Уште тогаш јасно му ставив на знаење дека тоа што го работи не го ценам, зошто знам дека не е вредно.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Зарем Нечестивиот не е присутен секогаш и секаде а, притоа, ни ора ни копа! Му реков на Стефан да оди да си игра.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Зајакот не е во грмушките, зајакот стои среде друмот, а за она што се наоѓа зад капињакот остави времето само да го побара и да го открие.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А создавањето, редум со српскиот и бугарскиот, одделен македонски литературен јазик не е ли рамносилно со одделувањето на Македонците во одделна, ни српска ни бугарска, ами македонска словенска народност?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Не е сѐ во куповната моќ, мила моја, со несмален подем ѝ рече тој“.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Од македонско гледиште соединувањето на цела Македонија со Бугарија, или со Србија или со Грција не е пожелно, но не е ни страшно.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Не е за од човечка уста да излезе.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Фактот дека едни гинат како Хрвати, други како Срби, а трети како Муслимани, по прашањето на смртта, се чини, не е многу битен.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
И си го видов срцето сред слама, во една кошница за остриги! (Флобер во писмото до Жорж Санд) - Зарем не е банален тој глагол! – театрално се размавнува со рацете Хорацио Цвикало – Сакам палачинки со ореви!
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Не, ова не е праведно. Некоја грешка е сторена, голема, гревовна.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Добро, ако е жив, велам, ами ако не е?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Со ЗВРС се уредуваат условите и постапката под кои странците можат да се вработуваат или да работат во Република Македонија, освен ако со меѓународен договор поинаку не е утврдено.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Сашо: Ама тоа не е вистина. Јас божем ќе те изедам, а ти пак ќе си бидеш жив и здрав.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Напред! Не е значи празно. И по мене идат војници.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Терапијата не е говор, таа не е предавање, и таа не е еднонасочен проток на идеи и информации.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Сепак, подоцна, при самото склучување на договорот, кандидатот не е должен да достави доказ за здравствената способност – освен ако работодавачот, и тоа на своја сметка, не го испратил на здравствен преглед (чл. 25, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
„А кој спомена излекување? Па овде никој не е болен, овде само секој си живее во свој свет,“ и му ги поднаместив наочарите на носот кој малку му се беше вцрвил од алкохолот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Наспроти некои верувања, очигледната независност на човекот во однос на неговата ендокрина сексуалност, која не само што му овозможува да им се спротистави на нагонските притисоци, туку сѐ до староста му овозможува и сексуални односи и оргазам чија цел не е оплодување, не е знак на „дегенерација“, ниту на раскинување со природните корени на човекот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Механички, сепак праша: - Не е наш, нели? Откаде ли го нашла? - си помисли.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Општата недоумица не е достаточна да се измени ликот на жената предизвикот на вратот „Во извесни случаи архетипот е штетен по...“ или: „Култот е органска материја не се губи – се преобликува“ и сл.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Ама тоа што копа не запира да работи, вели, и знам дека не е одозгора, вели, не е ни од градиве, на кожава.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Дури и си помислив: Шегата на страна ама ова чудовиште не е шега, би можело и да нѐ сомеле!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ќе му ја врати ли тепсијата? Алергична да не е на ореви?
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Можеш да се прскаш со црево ако баш запече, можеш да си играш со Бак, големото куче болчјак, можеш дури и да исчезнеш некаде низ собите.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Но требаше да има цел ред докажувачки оти работата на комитетот не е врзана со интересите на соседните држави и народности, а им противречи и е во полза не само на господствувачките, но и на сите други националности.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Додека му помагав на Шукри да го симне орманот низ скалите, помислив – не е нималку чудно што ми се случи да ја сонувам Мајка.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Многу јасен пример за ова е хипертекстот. Не е пријатен за употреба - бидејќи се случува на компјутерски екран - но е далекусежно револуционерен во размислувањето.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Бела или виолетова сигурно не е.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Зашто, некој прадедо, пред педесетина години, тој бил производител и трговец на розово масло, враќајќи се дома, пеплосан сиот од бес, застанал пред прагот на собата и со сета сила го фрлил среде посланиот килим шишенцето со розово масло и извикал: - Та мене ли ќе ми кажат дека тоа не е чисто масло!...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Па женцка глава сама не е за никаде.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Прашањето не е: во што сакам да се облечам за карневалот, туку – во што сакам да се престорам?
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Стоеше нешто срамно зад него, тој го усеќаше како мртовечка рака на рамена, а можеше се да стане одеднаш поинаку, со еден познат збор, со едно обично помислување, дури уште ова не е поминато.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Затоа и не е чудно што лажговците, измамниците и други слични на нив, немаат вистински пријатели.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Кога читам, еве, погоре, за скалите, знам дека не е тоа само литература, што се вели.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Овој Закон досега [јуни 2011] сѐ уште ниту еднаш не е изменет и дополнет, што е навистина редок случај во проблематиката на работните односи во РМ. 26 сите видови спорови кои, евентуално, можат да произлезат од комплексот на работните односи.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Лицата ни се скиселија. - Учителка, не е убаво овдека, тесно е.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Вечерва, посилно од секогаш, со болка почувствува дека среќата не е надвор, вон оној круг од печати што му ги врезаа во душата оние што ги остави; од кои побегна сурово, лекомислено.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тогаш му се наложи потребата од туѓа помош, зашто самиот не знаеше што да стори. Но да се довериш не е лесно.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Сум бричел по тројца одеднаш. Сум бил познат по тоа. Други времиња беа.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Не е тоа болка за умирање.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
1. Драги Аристин, Вие можеби имате раце и глас од коишто треперат женските уши, мустаќи кои ја разубавуваат вашата насмевка и насмевка која ги разубавува вашите мустаќи, но тоа нема да Ви помогне да станете јунак на оваа приказна.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тој не се преправа, помисли Винстон; тој не е лицемер; тој верува во секој збор што го изговара.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се залажувале и сакале да го излажат својот господ, да се сожали на нив и да не ги заборави кога ќе дојде воскресот и се мачеле да не поверуваат дека гласот на челникот не е потсмешлив, дека е навистина благородна молитва и посредување за добрините што ќе дојдат еднаш, утре, подоцна, само за нив, изѕемнатици со издупчени опинци и издупчени души, онакви какви што биле и што ќе бидат секогаш пред розовите осамнувања на вистинската пролет која сепак ќе ги плисне со надежи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
ИВАН: Не е возможно! Ти се шегуваш!
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
На испуканото небо висеше смрзната сенка од вчерашната зима.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во тоа писмо, на пример, немаше знак за „љубов“, па дури ни за љубов телесна, со жена; кога тоа му го реков на Писмородецот, тој чкртна со забите, светна со белото око и рече: „Тоа твоја грижа не е.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Некако неусетно во него се зароди една мисла дека сепак тој не без кривица, не на права бога, беше забран и биен, дека власта не е толку глупа да гледа во него само проста овчичка што мирно си пасе, ами може да му поднаѕре и во душата, да сети оти во него се крие нешто подозрително и дури опасно за неа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
За да се стекнете со таквата сигурност имате потреба од авторитет кој е посилен од вашата самодоверба. 74 Margina #21 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Го натера девојчето да размислува што е срамота, а што не е.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Не е чудно што во тоа време моето внимание е свртено кон самите нас и нашите младешки односи.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Ваквото тврдење не е само мој впечаток.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Како и да е, искуство од 10 фунти на нередовна база не е доволно за развивање 84 зависност, ниту за да биде толку лошо како во новелата на Вилијам Бароуз (William Burroughs) со симптоми како вознемиреност, тресење, потење, хипертензија, спонтани ејакулации, губење апетит, неконтролирани напади на дијареа, повремени грчеви на дебелото црево, итн., со постепено смирување од над пет до осум дена.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Стварно не е фер, секогаш те фаќаат вака неспремен.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Затоа, мораме да го отфрлиме позитивизмот којшто стекнува „сигурност” така што успешно го прикрива она што е и она што не е, така што го униформира светот, го преобразува она што е стварно дадено, во заграбено, а потоа го зема тоа како дадено, така што светот го лишува од битија, а светот на битијата го прогонува во земјата на сенките на субјективни „вредности”. okno.mk | Margina #22 [1995] 31
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Кажи: имаш потреба да се скриеш од сѐ и од секого, ништо и никој да не те гледа, така ќе ти биде полесно да излезеш на крај конечно на крај на светот но барем кажи: тогаш сфаќам дека се претворам во некого друг налик на говорна фигура, и се гледам со очите на другиот и не сум сама, не сум јас ... кажи - очите на јазикот дебнат саноќ, дебнат везден јазикот е видовит гата, прорекува и се провлекува отаде времето кога му се испушта да каже нешто што не треба кажи: јазикот не е само јазик!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
„Ех, синко, то знаење не е фута. Од то можи само да се преживеи, но добар живот за ќерка ми - најмалата, најубата и најгалената – нема да има.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Омаловажувањето на националноста веќе не е можно.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
„А прикаската на човека му годи. Ем во војната да победиш, ем дома наследник да те чека, твоја рожба, не е мала работа“.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
- Ама не сфаќај ме лошо, војводо! И ти и Бојан, и планинава и твојот добиток, и кучињата, мили сте ми, премили, но ова не е мој свет.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Каде е сега? Меѓу предводниците? Се разбира, затоа и е тука. Не, не е подведен меѓу послушниците.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Една недела подоцна, кон крајот на мај 2009, раководителот на сметководство – преку телефонски повик – го 175 известува Х. Џ. дека Потврдата бр. 83496 за неисплатените плати не е готова.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
- Ама овдека не е Англија, вели Доксим Тренчески, и овдека не е како во Англија.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Алхемичарите ова го нарекувале rubedo, процес во кој доаѓа до консумирање на бракот помеѓу црвениот човек и белата жена, Сол и Луна.”
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Знаењето не е замена за талентот, но талентот потпомогнат со големо техничко знаење го сочинува книжевниот мајстор.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Злостоп, накусо, значи заштитна глупавост. Но, глупавоста не е доволна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не е важно дека јас не сум дошол на ред да корнам амблем од некоја кола.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Замисли да имам телефон во мојата глава, а ти исто така во твојата.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Што ќе биде, нека биде! Симка е за мене родена, не за некој си Јован!...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
- Не е за смеа, - рече дедо Геро и се сврте кон децата: - Еве што ќе ви кажам: ни ние не знаеме сигурно.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Така, преку согледување на тоа што разговорот не е, излегува дека не- разговорот не е тишина туку попрво не- говорење заедно, еден асоцијални или антисоцијален однос.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
А јас во нивните откровенија откривав аргументи за моето соочување со разликите кои ги зајакнува историјата...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Странката го издава полномошното [mandatum] писмено или усно на записник во судот и таа може во секое време да го отповика полномошното, а полномошникот може во секое време да го откаже полномошното. (чл. 88, ст.1 и чл. 90, ст.1 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Можеме само да читаме за нив во книгите, а тоа што пишува во книгите можеби не е вистина.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И продолжува Не е сѐ црно во животот! Зема... зема... ама и враќа!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
- Орелот е поголем од мене, - мудро одговорил жеравот. – Но лебот не е пронајден со негова заслуга.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Толку работи наидуваат, си одат, а умот стои збунето пред нив; умот не е во состојба да ги сфати толкуте многу глупости во нашиов посрамен живот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Но, најстрашното сознание од сведувањето на билансот на „транзицијата“ не е жртвувањето на работниците и нивните права на Левијатанот на „слободниот“ пазар.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Конечно, г-нот И. и г-нот А. можат да отпатуваат, со автобус, во македонско гратче каде што не биле веќе десетина години. цртежи на местото на трите точки: часовници, бремени жени, лист, бакнеж, календар, недопуштена цигара, клуч во брава, салфетки, полуиспразнета чаша, чадор, мачка, сексуален акт во „јавачка“ положба, циркузантче со неопределен пол што балансира по жица, дланка што на Венериниот брег има хоризонтална лузна, расипана жолта неонка што со крцкање се пали и се гаси, куче скитник што лежи на персиски тепих со главата на предните шепи и мрда со опашката, медицинска сестра со старовремска капа и јаки листови на нозете, девојка со испулени сини очи во жолта фротирска машка пижама, сцена од автобусот, во кој, заедно со г-нот И. и г-нот А., се возат и еден молчалив татко со своето зборлесто девојче, кое му се обраќа со „татко Ратко“, еден испотен бизнисмен, кој постојано вика во мобилниот, нагласувајќи дека ќе биде таму најдоцна за еден саат, плус-минус пет минути, млада ромска девојка во која таа ем се кара, ем се смее: Ава карик... тева кераптуке нешто ... макелту манца... а тој ѝ се смее, и ја гушка. г-нот А. кон г-нот И., додека автобусот минува низ една клисура со бујна вегетација и брза река (дождот, сепак, не падна): Те сфаќам, љубовта не е баш секогаш фер спрема оние што љубат.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
А не е мала работа да фати човек две свадби во сабота. Сигурен му е лебецот за до другата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Поради истата причина деконструкцијата не е структуралистичка.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
83 Оваа дијалектика на пристап и исклучување, закон и обичаи, моќ и протест е една од дефинирачките карактеристики на јавниот простор.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Иако ова не е она на што реферира Дерида со својот термин diffѐrance - нешто што не може да се задржи или сфати - една ваква анализа може да биде исто толку блиска како онаа што би го откривала ова нечујно својство на јазикот.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
„Не, благодарам“, реков и заминав со ведната глава. (И до ден-денешен оригиналот не е кај мене.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Некои велат дека то не е христијански. А јас велам: не е хумано, не е човечки пред сѐ...
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Зарем не е фрапантна блискоста помеѓу мајката и таткото со јагулата, кои ги идентификува само жртвата со вечното раѓање?
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Станицата, подигната на само еден до два километра северно од мостот на Црна, Перевото име и презиме ги носеше сè со шеесеттите години, односно сè до подигнувањето на новата железничка станица, во Торојца, неколку километри понасевер од старата, на влезот во Потковицата, кој не е поширок од еден километар.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Многу грешиш. Рози не е таква девојка.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
А мори, стрино, не е ѓаволот толку црн колку што го прикажуваат.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Но на тие иронии еве со што јас ќе одговорам: Не е вистина кажувањето дека не ќе излезе ништо од усилбите на Русија и Австро-Унгарија да се уредат работите во Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ова ништо не е, вели Лазор Рогожаров, некогаш и мај знаел да биде со снег.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Возможно ли е еден автор кој, како што веќе видовме, произлегува од една автентична говорна традиција, да учи толку интензивно и темелно кај други автори, особено кај оние што произлегуваат од една средина што не е, ниту духовно, ниту материјално, негова, иако е по многу белези блиска?
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Геј-писателите, уметниците, изведувачите и музичарите веќе подолго од еден век создаваат оригинална култура, иако многумина од нив морале да дејствуваат под покровот на хетеросексуалните теми, а само неколкумина, како Волт Витман, Андре Жид, Томас Ман, Марсел Пруст, Редклиф Хал, Жан Жене и Џејмс Болдвин, можеле експлицитно да се зафаќаат со геј-теми.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не е можно тоа... - му се затресе целата снага, го фрли торбичето што го држеше в рака и стрчна по скалите, влезе во лабораторијата, виде дека го нема, растрча по сите простории, избара, и кога виде дека го нема, праша: - Кај е појден тате?
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Протегање на животот по она што веројатно не е.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Другари! Таквите тврдења не се ништо друго, туку една лага, една клевета фрлена на ослободителката Русија од еден ослободен ропски народ што уште не е слободен од неговите ропски инстинкти со кои се ползува за да ја оправда својата глупава „самостојна” и „национална” политика.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Секој приод, секоја патека, секоја гола лединка, просто, сѐ што не е во наши раце, а го гледаме пред нас, да се минира.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
По Порто Рико секогаш кога пијам коктел барам мохито, но никаде не е толку префинет како тој што го дегустиравме во фабриката за рум Бакарди во Порто Рико.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Бошко се врати дома проколнувајќи ја својата судбина која го доведе до ова да постапува како што не сакал и да прави што не е за правење.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Шака не е. Нови берданки за по три лири кој ти дава?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Патиштата се премачкуваат со чоколада, куќите се ѕидаат од шеќер, од реките медени риби се вадат и никој гладен не е веќе.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Го гледам каменот, а ја погледнувам и Весна. Таа е збунета. Нешто не е в ред.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
160. Мисирковата поделба на нашиот литературноисториски развиток на три периода не е без основа, особено ако се има предвид целта и времето на периодизацијата: првиот период го претставува времето до појавата на националистичките пропаганди во Македонија и до задушувањето на употребата на старословенскиот како литературен јазик; вториот – времето на националистичките пропаганди (до појавата на книгава, 1903), кога се воведуваат туѓите јазици во Македонија како литературни, период што е како „непреодна стена” помеѓу претходниот и новиот што тој го очекуваше со реформирањето на Македонија и со воведувањето на македонскиот јазик како литературен за сите Македонци, изграден врз основа на резултатите од развитокот на современите народни говори, коешто го смета како трет период што го наречува „преродба”.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Не е тешко да се пишуваат рецепти, но во сѐ друго да се разбираш со луѓето, тоа е навистина тешко.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И доколку ме изумиш, доколку сосема исчезнам - и тоа битно не е: јагленот студен - но тој сѐ уште го памети огнот на кој горел...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Доколку тоа се вклопува во нашиов разговор, повеќе би сакал, наместо непосредно да ви одговорам, да се впуштам во бескрајна анализа на реченицата: „Јас, јас сум, јас сум роден“ - кадешто времето не е назначено.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Но, што е со раздразливоста, кога не е толку студено, има сонце или е лето.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Барем не е како кај нас долу, велам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ако според законот или поради природата на правниот однос, спорот може да се реши на еднаков начин спрема сите сопарничари [единствени сопарничари], тие се сметаат како една парнична странка – така што, во случај ако одделни сопарничари пропуштат некое парнич- но дејствие, дејството на парничните дејствија што ги извршиле други сопарничари се протега и на оние што не ги презеле тие дејствија (чл. 191, ЗПП). 137 3.  Во текот на подготвувањето на главната расправа – до пр- вото рочиште за главна расправа или пак вон рочиште т.е. меѓу две рочишта – претседателот на советот или судијата поединец е овластен, меѓу другото, да одлучува и за спојувањето на постапки или за нивното раздвојување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Не плачи мајко што настран сум станал времето е модерно, времето е анал педер да бидеш ич не е срамота таквите најмногу ги примаат на работа
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Што ли ме тера да внесувам симболика во моите ораториуми!? Ништо не е случајно, нели!?
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Бидејќи однесувањето не е секогаш предвидливо од листингот на програмот, имплементацијата на комплексни системи е на многу начини емпириски потфат сам по себе.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Работењето дома не е институција, туку конституција, ментална рамка во која може да се смести новиот работен напор.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
ТЕОДОС: И плотот и... (Ги разгледува прачките на сцената.) Атер да не ти остане, Арсене, ами лозјето ич не ти чини. Батал!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Не е според обичајот, вековит, татко да нуди ќерка за мажачка.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Ме повикаа в полиција и ме обвинија дека сум се поврзал со комунистичката партија. Реков дека не е вистина.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ќе блеат како телиња, ќе зеваат како мамлази и едвај ќе чекаат да дојде паузата за да ги покажат своите најнови тоалети и костими со кои ќе го истакнат својот статус у смрдливата универзална сала која патем не е реновирана уште од кога е направена и за која не се знае кога ќе ѝ падне таванот.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Најдов сила да простам, во моето срце има место за една љубов,дојди и кажи ми една добра причина.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Но во искажувањата од овој вид не е содржан подигнат тон а не е присутен ни призвук на незадоволство а уште помалку навестување на побуна.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Тоа едноставно не е остварливо на овој степен на еволуциската зрелост на етносите кои живеат не само во Македонија туку и во светот.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Минатото не е спомен, проповедаат тие, туку матка во која зачнуваат и ѕвездите и дека тие се таму кај што се љуби и - размножува.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Таа се сомневаше дека нешто не е во ред, дека нешто ја гризе срцевината на ова дете.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Како да е легнат во улогата на некое будалиште, но се покажа дека воопшто не е будала.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Не е важно за дипломатите каде е вистината.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Доколку работникот не е задоволен од исходот на постапката може да бара судска заштита, со поднесување тужба до надлежниот суд.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Кога го нема (напразно) црвениот мускул на утрото да се згусне со рацете на малото девојче што не е тука.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
„Непристоен каприц на порочната желба која и не е свесна дека на овој начин го потврдува своето постоење но и својата слабост“.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Сепак е јасно дека Риверс поседува креативно јадро, и дека неговите неуспеси најчесто се резултат на первертирањето на неговата моќ и неспособноста константно да остане во контакт со своето влијание. желбата за признание и награда без сомнение е пречка во развојот на Риверс а неговиот нагон да живее и работи со полна брзина, понекогаш го попречува а понекогаш го свртува неговиот пат од талентиран но дезориентиран почетник, кон значаен оригинален мајстор на модерната уметност.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Не е тешко да се заклучи дека римското право, на чијашто правна традиција фундира и нашето современо национално право, како дел од поголемото евроконтинентално правно семејство од т.н. Civil Law тип – првенствено беше процесно [формално/ тужбено] право, односно се развиваше под процедурална закрила.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Дуќанот не е за седенки, а јас веќе третпат те наоѓам овде распиштолена!“
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
До тој степен компјутерските фонтови се поврзани со нашето современо, електронско чувство на време.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Се појавуваат Љубовни парови од сите „нормални“ видови, па потоа хомоеротските парови од женски и машки тип; нарцистичките „автисти“, хермафродити, первертити... цела една галерија на сексуално однесување каде што залудно ќе ја бараме Љубовта ако таа не е „ласцивна“.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
„Да“, реков јас. „Спомнав“ „Тој гроб, не е негов гроб“, рече Владе.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
По тој пат вела Јован дошол и до бела Бојана за која Колобан, ете, го пизми и раат е оти тој сега не е тука.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Таков утилитарен, тенденциозен и шпекулативен однос кон науката не е за одобрување и е причина и резултат на национален шовинизам, но последниов е резултат на тие историски прилики во кои попадна српството, особено по Берлинскиот договор.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тој не е несреќа само за мене, оче. Тој носи несреќи за сите.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
ФЕЗЛИЕВ: Сигурни. Во нашава работа, драг мој Иване, сигурноста сосем не е единица под наша команда.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Ти ветувам, еве без никакви условувања, дека ќе ти одговорам со Да! Зар не е така полесно?“
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
-Најсетне и Иван самиот сфати дека згрешил. Ми рече дека непотребно избрзал.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Веруваме дека тој тлее во мнозина глави. Тоа сепак не е доволно.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Што бара? Сопчето, сопчето, ако не е издадено! Не, не за себе, не за да живее во него!
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сѐ поблиско и поприфатливо ми е сознанието дека сѐ што не е традиција е една минливост и - плагијат.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
За жал, Мишко не е. А токму тоа е доброто.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
- Не е така. Да беше селаниште - разбирам.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Љупчо отвораше една по една чоколада, внимателно ги собираше сликичките и ни даде по четири чоколатца.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
АМПО: Ние сме Цигани, ама адет за пари не газиме.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
20. ГЛАВАТА НЕ Е САМО ЗА КАПА - а за што друго ќе е?
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Господ да ни се смилува: човечкиот ум си шета, не е за едно место, не стои на исто.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„Абе, овој да не е некој комарџија“, рече еден од младите картаџии преправајќи се како боже тој на кого тие зборови се однесуваа е непостоечки.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Така се покажа дека Марин Крусиќ не е неблагодарен за пречекот и дека остава повеќе одошто се очекувало од него.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ами ако ние толку многу плачиме за љубовниците, тогаш што остана да прават за мажите си кога ќе си најдат друга, ами за нас девојките не е оправдано ни солза да пуштиме.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Ни самиот Мисирков не е задоволен од нив, но ги прифаќа како важен почеток и во нив гледа можности за натамошно проширување и разработување.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тој човек со ситна коска, нешто поисправен отколку што треба да е еден старец, не гласен и сепак таков како секогаш да е на едно место, ги предизвикал обајцата Онисифоровци да мислат дека противникот кришум го посоветувал старецот да предложи Дмитар-Пејко да биде и запален и закопан - селанецот се кара за педа земја, за говедска лепешка, зошто да се кара и за мртовец?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога ќе се појавите на прагот на куќата на некој англиски благородник мошне веројатно е дека слугата ќе ви каже, Почитуваната Госпоѓа се извинува, таа не е дома и ќе морате да чекате да добиете една убава картичка Г-дин и Г-ѓа John Miller дома во Сабота, 5-ти Ноември од 16 часот - не сте повикани лично - кажано ви е дека г-дин и г-ѓа Милер ќе бидат дома и дека ќе очекуваат (можеби со задоволство) да ве видат.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Исклучиво не можеш да ѝ се налутиш, зашто сето тоа таа го кажува толку милно - просто на просто не е можно да предизвика лутина.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Џебов ми е ужас. жениве ќе ти се смеат зад грб.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Чистата војна не е ниту војна ниту мир“, вели Вирилио, „ниту пак е, како што често се верува, ‘апсолутна’ или ‘тотална’ војна, туку само војна процедура која нè инфицира со својата ординарна трајност“.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
- Оваа матеница не е готова, - рече измеќарот. - Имам скисната од некни... Ако сакаш...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ако размислувам без предрасуди, не знам, Мирза, дали не е подобро во државата да има повеќе вери.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ама тоа ти е, тури му пепел. Лангзам, олабави се и ти малку, додека се може! Инаку, имам стан, празен, не е далеку!...
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ги гледав поздравувањата на Елса Пијаџо меѓу еден Шопен и друг Шопен, сирота, а од мојата ложа отворено се излегуваше на плоштадот, со почетокот на мостот меѓу огромните столбови.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ако со бурекот си го поделил и срцето на пола, па таа една дропка од органот си му ја подарила засекогаш, а вечноста тогаш траела неколку месеци плус еден дочек на Нова година, што значи до утро, тоа не е за заборавање.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Поздрави го подводниот Вок со едно око кому најверојатно си му слуга и речи му дека тоа не е фер.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Болничарот ја преврза раната, а командантот оцени дека Лефтера не е за в болница.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Било договарано да биде покопан на Пленпале, гробишта кадешто се покопуваат швајцарски значајни луѓе, но тоа не беше лесен потфат.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
(6) Понекогаш ваквото почитување е добро, понекогаш не е.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Да се видиме и да си го кажеме тоа што ни е во срцето, да го кажеме додека не е касно!
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Не знам колку има значење, но гледам дека не е и без никакво значење што потекнуваш од онаа страна на реката, од местото на познатите крвави гумниња на кои со години вршеле твоите Кочови предци?“
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Секому велам“, почна да зборува тој, држејќи ја рачката од мотиката меѓу нозе (се враќал од градина), “на секого велам“, повтори, “не е добро на пат да имаш куќа.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Постојат за жал околности што не е можно однапред да се предвидат.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
- Не можиме да ризикуваме заради еден порнич, во кој што патем речено актерката не е ниту просек, свесно да се руинира организацијата на отпорот која што е градена со години.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Сигурно сте сосема во право кога велите дека квалитетот за музиката не е само идеално туку и животно прашање.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Во тие неколку ветровити недели додека прашината од улиците како знаме шеташе над покривите, низ дворчето на Перса и одајчето на Пелагија помина Чана со Дончо колку да се открие дека меѓу нив двете, меѓу Пелагија и Чана, не е ништо испречено, туку животот им ги има изместено патиштата.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Не е ни на мојот, ни на твојот јазик, но бидејќи тоа е библијата, а бидејќи е и толку ретка и убава, мислев ќе те радува да ја имаш меѓу многуте други книги што ги чуваш кај себе.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Не сум сигурен од кого чув дека во селото се случило и едно убиство на нашинка, а виновникот, иако можело да се знае, не е пронајден.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
И сето тоа со такви поединости дека, на пример, Ризван-бег од Ресна имал мала лузна под левата слепоочница, што мене ме здрви, потоа дека Беадин-паша од Солун имал дебела долна буза, дека на вториот ден од Негушкото востание не заврнало, како што се тврди, туку само заросило, што не е исто, и така натаму.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Таа може да биде надмината само со уште поголема слобода и со спонтано организирани (не е оксиморон) согледби - а никако не со верски и национални фундаментализми коишто се, како што вели Ортега и Гасет, едно шупливо НЕ кон либералниот свет, она ВЕЌЕ ВИДЕНО... ***
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Хм, чудно ... (овој сигурно не е од високото општество).
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Феноменот на поезијата постои за да се воспостави ред меѓу нештата, ред помеѓу човекот и времето, зашто вистинската традиција не е завршено минато.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
А галебите се чистотници. Иако летаат ниско, не прават бербат...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Не е баш разумно да се потценува тоа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тоа е прекрасна огледалска алатка која ви овозможува да согледате дека вашето логично резонирање никогаш не е сосема точно. Тематот го подготви и текстовите ги преведе: В. Симовска 56 okno.mk
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Оваа светлина која поучува како најотворено да се разговара со себеси, упатува на оние карпи, на оние камењари кои доколку подолго ги гледаш ќе забележиш дека и не е така тешко да се стане и камен! Дури и - мрамор!
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Како што зборуваше Монлик, маршалот на Анри IV: „Господе, и вие команданти, што ги водите луѓето во смрт. Бидејќи војната не е ништо друго...“
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Полжавчето не е ластовица. Полжавчето е противник.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Целата училница клокоти и врие. Јас вртам цртеж и го гледам: и право и отстрана, но никако не ми оди од рака: споредувам, но лицето не е како од учителката. Особено носот.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Писателот на текстот веќе не е сезнаечкиот автор, оној којшто има директен пристап до вистината, туку место за средба на различни јазици/дискурси, искуства...
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Девојката не е за тебе, тоа.“ „Не е ни за тебе.“ Не сакаше потаму да се расправа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога тој навистина би имал усет за миризма, би си го затнал носот и би избегал на крај свет, зашто сево ова што се шири околу нас, сосем не е...
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Земја, во која напорно работиш во фабрика за трактори и размислуваш за дизајн на луксузни сервиси за доручек - од пластика.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Не е способен веќе да избега од потполната очаеност.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
О'Брајан продолжи како да одговара на гласно изговорен приговор: „ Во извесни случаи, се разбира, тоа не е вистина.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ја тргав главата од него но тој сакаше да ми ѕирне в лице и, како да сака нешто тајно да ми каже, ме удри со колено по колено.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Значи, во мојата куќа влегувањето не е дозволено.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Нагризаното јаболко не е веќе јаболко!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Лицето на Момчило не е збунето, неговите очи како да се симнати од коптските мозаици, на дното од кадифената чашка на цветот.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Поп и џез музичарите несомнено на повеќе начини се поврзани со употребата на марихуаната верувајќи во значајните можности на оваа супстанца во подобрување на креативноста, изведувачките способности и способноста за импровизација, што е многу важно кога е во прашање џез музиката, којашто како музичка форма не е толку изведувачки ограничена во споредба со класичната музика, во која изведувачот мора стриктно да се држи до нотниот текст. 144 Margina #8-9 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Твојот пат е твојата светост.  Твојот пат сочинет од име и идентитет и другите подзаборавени потценети распродадени за туѓ ќеиф, по сопствена вина - доблести и добра сега и материјалните територијалните егзистенцијалните  сѐ за да бидеш и никој, и ништо и да се рассееш по светот БЕСТРАГА, НЕВРАТ ЏЕНЕМ, ПО ЃАВОЛИТЕ надвор од јазикот...  Но твојата трага - длабоко втисната тетоважа на светот - не е само твоја.  Не скршнувај од својот Дом народе мој!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Не. Не е неговата смена. (Во вратата се појавува Луков.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
- Не разбираш, - ми вели, - дека ова не е колење туку развојна игра.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Стражарот го забележа огнот од цигарата и ја зеде пушката на готовс, но знаеше дека кој чури цигара не е лош човек, та го дочека на десетина метра пред него и силно викна: — Ќим с'и сен (Кој си ти?) — Бен'м коџабаши (Јас сум кметот) — одговори Илија и му се приближи.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ама, зар ова е мојата смрт? Смртта треба да ми ја донесе господ, а не некои долни арамии. Не е така? Да не исчекам, ако не е!
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Во секој случај, обичната контрола на цртите не е доволна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Од нив небото на Потковицата никогаш не е испразнето, нивните страгорења и нивниот цвркот, во пролет и во лето, како водопад се истура во тишината, а таа во себе ги прибира и другите притоки на гласови, оние на жегалците и жабите, за на зима, таа, тишината, под високо настожен снег сосема, сосема и сѐ да поплати.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Партијата не е класа во старото значење на зборот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кога швајцарските власти конечно го одобрија погребот на Пленпале, тој беше закажан за четврток, 18 јуни.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Да е случајност не е, не верувам во коинциденции.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Не е доволно само да се сетиш. Треба и да се сетиш дека си се сетил.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Во тремот бавен и тежок шум на шајакни влечки. Не е циганката.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
На обајцата им зоврело. На десно и на лево. Што не е лошо.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ако има врска со засолништа, ако не е докрај умртвен, тогаш Чанга и козите се сигурно живи... – Значи, има надеж... – го прекина најстариот брат, повеќе за себе.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
134. Во историјата не е познато да постоела и посебна словенечка држава под какво и да е име.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Мора да го сакаш Големиот Брат. Не е доволно да му се покоруваш: мораш да го сакаш.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Масата на фракталот расте пропорционално со Р, кој е степенуван со некоја сила Dm, која не е цел број.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
И колку таа го стегаше со коланот за да не е упадлив, тој при скокањето уште повеќе ѝ се испакнуваше, а чувствуваше како и зародишот игра во неа, ја клоца со нозете, мава, лутејќи се што го стега.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Убава работа е да имаш голем брат – си мислев.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Вистина е дека не е ујгун... Да одиме сите заедно треба да се најде некој да се остави во куќава, за ајваните, за полето...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
А и не е срамота да се браниш од ѓаволот и од болестите. „Умно е само она што е и корисно за тебе, за куќата“ , велеше Лазор Ночески.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Наближувајќи кон неа навистина бев во недоумица дали да изигрувам навреденост поради начинот на кој дознав за смртта на пријателот, во она да го наречам кратко и сосема службено искажување, или да настапам итерпејовски: не виденото не е ни дослушнато, значи не е ни разбрано!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Таму се фрлаат сите видови отпадоци; искинати опинци „опурчаци", непотребни кожинчиња, шутки од искршени грниња и бардаци — стомни и сѐ она што не е за брза употреба, но сѐ што би можело да се искористи во даден случај.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сега тука се сите. Само Чако не е тука.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Една од потврдите дека тој престој вистински се случил беше и партизанската блуза. Веројатно паметите дека ја носев.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Многу се расправаше со татко, а то кај нас дома не е баш вообичаено, односно, ич не се случува: никогаш никој не му се спротивставува на татко ни така директно како та шо прај.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
„А тоа не е крушка, туку чашка“, му велам јас, „и не ти турам повеќе ни капка, доста пиеше“, а тој воопшто, како да не ме слуша!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
- Не. Говор на омраза не е ако те отерам у пизду матер.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Таквата самоуправа никако не е, опасна за целоста на Турција.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Каков аир ако пак стане рисјанин, кога Калија не е со него?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Премногу е млад, а младоста и тогаш кога ќе прифати дека човекот не е надарен да лета оваа можност сепак не ја исклучува како чувство па дури и како помисла.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ти знаеш повеќе од мене. Ова нека ти биде последен пат. Оди си!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Не е отец Симеон на негово место, туку еден од тројцата комунисти, можеби оној со ежевска коса.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Па, кога Зоки Поки не е ништо од ова што рековме, тогаш што е?
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
- Ајде, ајде, ќе те однесам до колибине, ќе те згреам. Не е уште време да те плачат.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Па, Јадранка не е дури ни премногу ексцентрична за да направи ваков екстремно непромислен и неочекуван потег.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
МОДРИШЌЕ - ЖЕНАТА ШТО МЕ ПРЕДИЗВИКА Ние го продолживме патот за селото Модришќе.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
„И не брани ја. Оној беше прав: Ганка е ... Таа не е за тебе, синко.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
По таванските скали се искачи прво на терасата што служеше за сушење на алишта, а потоа на покривот од куќата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
А кога го слушав до крај писмото кое што го читавте вие видов дека не е негово.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
„Тој лом со природата е на страната на жената, а присилната активност на мажот во крајна консеквенца не е ништо друго туку подвоен обид трауматската дупка од тој расцеп одново да се затне.” (Славој Жижек) Антигона, значи, а не фантазмот на библиски пророк, е вистинскиот узор за модерната интелектуалност.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
По тој простор можеш слободно да се движиш (онаму кадешто не е забрането, односно не е опколено со ICE).
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Сега Прењес тоа не е мувлосани стари италијански војнички бараки, магазини и коњушници.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
5 Пристапот воопшто не е лош сам по себе, но постоењето само на вакви студии оневозможува да се кристализира сознанието дека се случува намалување на правата што ги имаат работниците.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Тие задоволно се погледнаа меѓу себе и газда Таки рече: „Ќерко, така најубо се учи занаето. Не е сѐ само во училиштето.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Тој имаше и некои други алишта и украси, како што беа кафеавите, гускини панталони пикнати во енормно големите чизми, црвените шамичиња и револверите, како и една пушка, сместена преку седлото заедно со кожниот колан со милиони куршуми на него.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
На Зоки му е многу тажно без Лидија. Тој не знае како да си игра кога таа не е со него.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Камбо тогаш ми рече: Миле, ќе кажам дека јас ја прекинав колоната, јас сум Циган и не е штета што ќе загинам, а ти си убаво девојче и ако загинеш цел баталјон ќе плаче, а кога ќе чујат во селото и тие ќе се расплачат.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Дали само за кражба или рекле и нешто што не е за велење?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не бил нем само Онисифор, тој, со лузната, туку и сите други заедно со жените и децата што помагале во запрегнувањето на добитокот во двоколките на кои ќе се донесат воденичките камења од Лесново, по нивна сметка пред да созреат црешите, пред лето значи, и луѓето редум ќе ги израстоварат на брегот на Давидица, секој својот товар пред своја воденица што жената или некој старец или роднина од Побожјане, од Бањанци, од Кучковица или од Мирковци ќе ја допокрие.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сликата не е само портрет на ранопочинатиот Пармиџанино.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Балканските народи во векот на падот на Османската Империја, заедно со клучните европски сојузници, не престанаа во историографиите да го искривуваат и сопственото османско минато.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
КРКАЧ - Хорор пр.: Еден крмнак мирно си кркал кори од лубеници, додека него самиот го кркале крлежи, што и не е најважно. Во еден момент кројачот Дејви Крокет му дошол на крмнакот и му го кркнал ножот. Свињата почнала да кркори, и толку.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
- Да не е во прашање неговата вера? - реков.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
„Пепел“, рече тој. „Дури не е ни пепел што може да се идентификува. Прав. Не постои. Никогаш не постоела.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Префинетиот начин на живот и себенегување, да се разбереме, не е одлика на сите хомосексуалци. ***
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ниту една финта не беше поголем комплимент за случајниот мувач отколку да му кажеш: „Слушај, кога те видов вечерва како влегуваш во баров, си реков ’Грешка е, гарант. Овој да не не знае дека местово е геј-бар? Нема шанса да е геј. Намерно е тука? Не ми се верува дека не е стрејт’“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
„Што забележа, а да не е точно?“, го прашав.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тоа малку го изненади бидејќи името Едо е доста ретко. „Ама не е Бранов“, рече Едо.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„Сега живеам само за Цецилија,“ рече. „Да не е таа, не би живеела ни миг повеќе.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Но јас сум свикнат на крв, рече. Не е премногу крв за една вечер.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
За во иднина, В И. – која сега работи во друга приватна фирма и која, поради оправданиот сомнеж во партиската блискост на синдикалните лидери, не е член на ниту еден синдикат – вели дека ако се најде во ситуација повторно да ѝ се прекршени работничките права, доколку нема друг начин на справување со бесправното, таа повторно би се впуштила во спор.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
41. Иако Мисирков не може да се рече дека бил социјалист по воспитанието, сепак неговиот метод на третирањето на историјата и современата положба на Македонија не е далеку од социјалистичката.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
ЕФКА: Вие ќе одите на лозје?
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Малиот се врати и седна пак на својот стол. „Јана не е дома. Еве ти ги твоите златни копчиња и оди си.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Уште не е заборавен снегот а славеите веќе се натпреваруваат во дворот По ружите по џбунките по маслинката.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
- Немам јас брат, му велам, а тој што го имам е далеку. - Може да не е далеку, вели војникот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Бегал гладен, бегал жеден секој, не е момчак еден.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
И така, Србија со своето замешување во македонското прашање направи огромен успех и треба да си признаеме дека тој не е толку во нејзина колку во наша полза.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Варуна е твојот спасител сега Нека не бега самосвеста од твоето измачено тело Не е нова веста дека ништо не е сосема бело Митра ти што правдини делиш за секого исто Биди ми водич на моето несвесно Јас Ти кој ја познаваш магијата на духот Во дослух со мојот ум Всади ми почит Во очи со вистината
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Јас навистина не знам како тоа може да се мери.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
ПОЦКО: Дополу е по адетот, отполу по моето сакање...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Еден од најзаостанатите пунктови на нашата општа заостанатост е токму маркетингот, вештината како јасно, прецизно и шармантно се комуницира, а притоа се заработуваат и пари.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Спомнувањето храброст, дали тоа не е понекогаш Копнеење по загубен кладенец в пустина?
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Забавувајќи го возењето, немој случајно елените да ги испокршат нозете на леденото стакло, Дедо Мраз повремено довикнува: - Не е уште!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
АНТИЦА: (без волја). Така си е, бабо, ама не е ни лично ни прилегано јас да давам збор, бидејќи си имам мајка, која си го бере тоа гајле.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Навистина, ќумбето не баботи веќе но уште не е изгаснато.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
На пример – некој се испосрал на сред собата, некој ја заглавил перницата меѓу решетките од прозорецот, трет го послал чаршафот среде собата, четврт им ги скрил под својот душек влечките на сите со кои е во собата…
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сакав да му речам, ама се плашев пак да не се поткачиме. Подобро да молчам.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Таа се наоѓа во свадбената ложница на Ерос.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Не е време сега да ти ги објаснуваме надолго и нашироко тие работи.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
На Балканот не постоела инквизиција како на Иберискиот Полуостров, со практика на крвави преобраќања на верите на Евреите и муслиманите, ниту на него се случила крвавата Вартоломејска ноќ (меѓу 24 и 25 август 1572 година), кога биле убиени десетици милијарди илјади хугеноти од страна на католиците како дел од верска војна, на Балканот не беа создадени концентрациските логори на фашизмот, ниту овде беше создадена атомската бомба.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Имено, по ново, должникот кој ќе задоцни со исполнувањето на парична обврска долгува, покрај главнината, и казнена камата (чл. 266, ст.1 од ЗОО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Уште повеќе, Бароуз тврди дека психоделичното доживување не е минливо искуство на измената состојба на свеста и дека бројни доживувања можат да се повикаат во сеќавањето многу подоцна.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Во жалбата наведе дека вештото лице кое изврши увид, дава свое мислење само околу тоа колку е оштетена куќата а не и кои се причините што довеле до оштетување на куќата; дека вештото лице самото наведува дека не е стручњак по ова прашање; па спрема тоа, треба стручно лице да даде свое мислење за причините што довеле до пукање на куќата, зашто има и други куќи во селото што се на иста или приближна оддалеченост од каменоломот, а не се оштетени; што се однесува до сведоците: тие тврдат дека пред употребата на експлозивот, куќата не била напукната, но не можат да тврдат дека тие пукнатини настанале токму од експлозиите или од нешто друго.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
ЦОНКА: Така, ами како! Поимашлив.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ТЕОДОС: Ни збор повеќе за тоа!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Август не е мртовечки блед. А ако изгледа таков, тоа е од полната месечина, од бледиот благ рефлектор на ноќта. - Публиката се проѕева кога ќе те види.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Требаше да стане, да појде до вратата и да ја запали сијалицата. Кога е светло не е толку страшно.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Не е лушпе ореово па дур трепне да го смачкаш во шаката.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
И да бидеме докрај иронични, кај нив отсуствува креативен сенс за една природноправна, контекстуална и телеолошка интерпретација на пишаното трудово право, а со тоа како потсвесно да се сложуваат со познатата Катонова приказна дека дури и „... смртта на работникот, не го чини работодавачот ништо“ [ако со закон поинаку не е определено]!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Потоа бргу се навикна на новите звуци (чудни се патиштата на човечката психа, оти човек се навикнува на сѐ, дури и на најбизарните нешта), но сфати и дека оваа „криза“ не е забава, не е диско и дека со неа нема заебавање.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Само да не е пукањето, смртта, гладот и вошките.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Ајде, жено! Не е преку свет. Ако толку сакаш да го видиш, уште утре ќе те качам на воз и правец Љубљана.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Така некако... Не е за чудо тие да се да сакаат од овде да ја грабат.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Сега гледам дека тоа и не е важно – разбојот, без или со мене, така ја ткаеше приказната... ***
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Штом не е посилна од срамотата, таа не е ни вистинска.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Кога во глобалистичката агенда не е предвидено Формирање на невладини организации Кои сесрдно ќе се борат за неотуѓивите права на кривите краставици И од нив да се прави салата на европските трпези Како што на пример на почетокот на дваесет и првиот век Имаше портокалови и други невладини организации Кои со каранфили и рози им го поплочуваа патот
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
„Ама е напрчен!“ реков. „Се прави важен, божем негово е.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Не мислев на признавањето. Признавањето не е изневерување.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Само за нокте едно помести го средето на светот, и тоа веќе не е среде, и писмото тајно се брише, не се виѓава. Сѐ што гледаме сведочи за невидливото.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но таа споулавеност со искубана брада еднаш веќе го предупредила со оган неголемото село на каменоделците - ноќта е мајка на неутешените и маштеа е на непретпазливите, мислел или се сеќавал на нечии зборови најмладиот од дружината и не знаел дали да ѝ се придружи на исто така заборавената старост, да седне до склопчениот Симон Наконтик и без здив, со невидливо црвенило на лицето во мракот, да му раскаже за глувата и нема Ганка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Киевјаните се вистинољубиви луѓе и сите едногласно ми ја раскажуваа оваа историја.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Тоа не треба ти да ме учиш! Само да знаеш, мојава фурна не е болница!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Партискиот интелектуалец знае во кој правец треба да бидат преуредени неговите сеќавања; тој, според тоа, знае дека ја изигрува стварноста; но применувајќи ја двомислата, тој исто така се уверува себеси дека стварноста не е повредена.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Злото не е алка, тоа е низа од алки, запрега на судбината: те зауздува и ќе те влече до оној ден, до мигот во кој под твоите клепки ќе свенат синоличките како во очите на коњот од недетското детство.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Тоа се однесува на промена, не на структурите на моќ, не на тоа кој ја контролира полицијата, туку на индивидуалниот ум.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ако не е, зошто ти е, ми вели Оливера Поточка...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
22.  До денес (март 2010) не е донесен закон кој ја регулира материјата за т.н. „најниска плата“, а оваа материја не е регулирана ниту со Општиот колективен договор за 32 која гарантираше исплата на плати и тогаш кога средствата за лични доходи и заедничка потрошувачка на организацијата и средствата од резервите не се доволни за целосно измирување на загарантираниот личен доход – и тоа преку користење на позајмица од фондот за заеднички резерви на општината, Републичкиот фонд за заеднички резерви, општинскиот и републичкиот буџет (чл. 35, ЗРО/90) – при што исплатата, по барање на работодавецот, ја вршеше тогашната Служба за општествено- книговодствени работи, денес позната како Управа за јавни приходи; б) во 1995 беше укината одредбата дека платите се исплаќаат најдоцна до 15-ти следниот месец (чл. 1, ЗИДЗРО/95).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Тој не е во Скопје. Отиде на воена вежба.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Така, ако за тебе овие две години откако ти и другарка ти Мила ми го испративте вашето писмо се долги и ако веќе престанавте да го очекувате мојот одговор, за мене не е така.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
„Ајде да ти ги покажам другите простории,“ реков, па излеговме од салата и побрзавме по ходникот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Па доста е. Па не е Симон машина. Па и Симон има душа.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Меѓутоа желбите и односот кон објектот го наметнуваат својот ритам, кој сигурно не е ритам на соматската сексуалност.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
2. Кликни навреме  Дрворедот стана необичен: така се раѓа светот, помислив така се ствара третата стварност на сенките, на сенките на сенките...  Биди река, набљудувај зумирај, дебни!  Тука е она кое обично не е тука.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Тој можеше и понапред да ја внесе борината, ама не е адет машко да присуствува на задовање дете.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тоа е парадигма на современиот капитализам, која допрва ги чека своите одговори и која нужно не е цел на овој проект, иако низ него таа, на една релативно чиста општествено- економска заднина, може полесно да се воочи.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
- Само штом ти велиш дека можеш да работиш сам, тогаш нема потреба, а не е ни правилно да губи и некој друг тука, фактички.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Софијанци имаат обичај да се пофалат дека нивниот град е чист, уреден и, меѓу другото, прават сѐ за да го разубават. Но, секогаш не е така.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Пријатно е во нивната куќа. Голема е, дворот е убаво уреден, над терасата има лозница и сенката е дебела, па не е жешко како кај нас дома во станот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Можеби своја песна, а таа можеше да биде ваква: Гаврушевски, црна маско, клун да немаш не е раскош.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
И после, што да пренесувам побргу? Него или сливите. А и не е само еден ден, па да го заборавиш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Оној ден што почнува со: „Каков срам и врз нив и врз мене, и врз нашата слобода, независна, неврзна држава...“ би можел да биде цитиран во целост, до крајот на пасусот, само да не е толку долг, а забелешката која следи: „се наведнаа, зедоа по една кисела слива, си ги закиселија непцата и скиселени исчезнаа“ се ретки примери на блескава иронија.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Само војската не е доста, како што не е доста ни задоволството на малцинството од населението.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
По моето броење веќе требаше да е отелена, ама, еве, уште не е. Сигурно сум ѝ ги згрешила месеците. Еден ум е.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„Спецификации за цел, комуникациски сателит што не е заведен..“.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Згора на тоа е сексуален монструм, не по изглед, туку по душа. Воопшто не е згодна, а изигрува страшна женска.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ама се стори тоа. Што не е почнато не може ни да се доврши.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ќе биде сосем бескорисно ако девојката не е сосем сама.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Табакера си купив од трафика; додуша не е златна, но навистина го правам ритуалот со редењето.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Легни си крај огништето и сонувај ангелчиња. Ѓумето не е за тебе...
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Јас си имам свое време, а ти свое.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Ова не е наша работа, велам, ова е ваша работа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Но имајќи го предвид начинот на живот во Њујорк, со личноста која непрекинато стои на некој агол сигурно нешто не е во ред. Тоа се нарекува кататонија.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Што сакам да бидам, за да не бидам она што не сакам, а сум? – тоа е прашањето.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тоа не е страшно, ама станот зад мене цел се гледа.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Нели таа го доведе дома, набргу откако се засакаа? Но, ете, изгледа кај нив не е така. ***
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
ХЕРЦОГ: Постојано мислам дека нешто не е во ред.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Кинеска 22-ка, отворот на цевката не е поголем од зениците на твоите исчезнати очи.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
- Па ова не е тоа? - се насмеав подбивно, - ова беше џудо зафат, нели Чичо?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Но, за жал, поради сплетот на идните бурни настани што допрва следуваа, иако подоцна немаше второстепена постапка по жалба, оваа пресуда, која во октомври 1999 стана правосилна и извршна, никогаш не е извршена – ниту доброволно, ниту присилно [а веќе е и застарена].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Не е секој ден Велигден, Тодоре, не е!“ — почна да очајува, не гледајќи излез од тешката положба.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Пријатно блести но тој сјај не е сигнал на есента.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Само куп слики, од изминатите денови, во кои се гледам себеси седнат онаму, под скалите, во оној шинел што ти толку пати го омаловажи и исмеа“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Впрочем не е тоа она што е чудно. Такви продавници сѐ повеќе и повеќе има.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
„Онисифор со обетка на увото не е далеку.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ама ова не е раѓање, туку убивање на нероден живот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сакам да го прочитам, а не знам писмо. Слеп човек, за никаде не е.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Вангел Русјаков е сосема до неа, тие безмилосно навлегуваат во неговите очи, ете, да не е оваа шамата што ја накрена жена му, ако ја пружи раката ќе стигне до разделот, ама од пусти срам, а и поради тоа што таму од кај другиот ѕид ги должеа вратовите машките на Коста Ципата, се заврте на кај Милка, се сви околу неа како колак и чиниш веднаш продолжи да спие.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
ЕВТО: Тивко! Седи таму! Уште не е време.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
- Е, и ова не го разбирам! Да не е тоа како она на Метаксас? Зарем ја заборавивте диктатурата на Метаксас.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Слободата нуди многу прекрасни нешта, но таа не нуди едно нешто коешто е клучно за индивидуалната благосостојба, сигурноста - то ест да бидете сигурни во тоа дека она што го работите е правилно, дека одлуката што сте ја донеле не е погрешна.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Зарем нашава средба не е убава, со сета своја непредвидливост?
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Дај боже да има копилиња. Ама тоа не е проблем на човекот што го прашуваш.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Дури и стручњаците сакаа да разговараат со него, го сметаа за иницијатор, за интелигентен, за исклучително симпатичен, сѐ додека не ги отрезнеше шокот по неговата операција за олеснување на ќесето, зашто тој не пустошеше само кај роднините, туку своите подмолни замки ги поставуваше секаде каде што му се чинеше дека ќе има полза од тоа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Куќата чиишто ѕидови се начичкани со цртежи, слики и фотографии на Алберт и неговите пријатели е, инаку, некогашна пиварница и перална на замокот што изгорел до темел во пожарот во `52.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
15.00 Исчистен. Освежен. Со прилично добра контрола. Се чувствувам одлично.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
- Мојата мака не е за плаќање.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Така на пример, Тома Аквински го застапува мислењето дека телото не е составен дел на душата, но душата по својата суштина е наклонета кон соединување со телото.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Замоли да те почека овде, па минавме некое време во твојата соба, ама не е баш разговорлив.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ако странката во полномошното не ги определила поблиску овластувањата на полномошникот – полномошникот кој не е адвокат, врз основа на ваквото полномошно, може да ги врши сите дејствија во постапката, но секогаш му е потребно изрично овластување за: повлекување на тужба, за признавање или за одрекување од тужбеното барање, за склучување на порамнување, 246 за одрекување или откажување од правен лек и за пренесување на полномошното врз друго лице, како и за поднесување на вонредни правни лекови (чл. 87, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Личното име му било Баица, но фамилијарното не е познато.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Песната го храбреше, му го зајакнуваше моралот со помислата дека не е сам, наскоро ќе пеат сите со него.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
(напати ти се привидуваат пештерните манастири околу Белото, лихт луминозно езеро - она понасевер од Делфи и од Костур - светилиште само по себе облиено со внатрешен сјај од белки на монахинка среде коишто, во драматичен контраст се вовира зеницата, духовниот рез); - многу мислиш, а малку искажуваш јазикот за тебе поскоро е молвење од разговор, сѐ е ВНАТРЕ и ти, и Тој, и исказанието и дослухот меѓу вас и предметот дури се вовлекува во тој, невидлив за другите, Круг; - и повеќе не правиш разлика меѓу искреноста и вистината со денови се повлекуваш во себе секнуваш, понираш, остинуваш стаписан, онемен, оти си согледал: не е лесно да се биде искрен!; - и повеќе не е битно дали нешто те повикува без престан да му припаднеш, сестро Варваро или просто посакуваш од дното на душата од нејзината небесна бездна да постоиш блажено во согласје со себеси и навистина повеќе ништо друго не е суштествено освен: да ја бараш сопствената сенка сѐ додека не си соѕидаш самица а во неа си - Лице без сенка: м-о-н-а-х!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Руската влада секогаш му дава полна слобода на рускиот печат да печати статии по сите прашања до тогаш до кога некое прашање се разгледува и не е примено никакво решение по него.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Немо бара одговор. Му кажувам дека тоа не е ’рѓа туку исушена крв.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Овде многу брзо се јавува желбата за височинки, за планина, за свиоци на патиштата, за панорама која не е романтична.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Кутрото теле сѐ уште не знаело дека проблемот не е во боите туку во вратата која се отвара но може и да се затвори.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
- Ако, ако... Нека се јадоса. Треба да разбере дека не е лесно да одведе во Ресен охридска девојка... - се закикоти Атина, која за сето време ѕиркаше низ пердето и гледаше сѐ што станува во чунот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
А кога им велите: штом востанието е општо од сите македонски народности, тогаш зошто Комитетот заседава само во Бугарија, а не и во Србија, Влашко и на друго место, тие одговараат вака: Од тоа што комитетите заседаваат во Бугарија погрешно е да се прави заклучок дека македонските комитети се бугарски; за македонските комитети Бугарија не е ништо повеќе од една држава што им укажува гостопримство на Македонците и им дава слобода да работат слободно до колку таа работа не ѝ нанесува штета на државата, т.е.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но не е оваа ноќ како првата што ја помина со Спасија и за која му е сега дури срамотно да мисли.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Погледнете ѝ во очи на осамата Погледнете ги слабоста и мааната Посакајте ги совеста и доблеста Не е животот чаура тесна Ниту енигма за вас прелесна Улогата ваша никогаш до крај не е доиграна Не поклонувајте се пред време Завесата сѐ уште не е спуштена Сѐ уште не сте спремен Да чекорите без трема Да излезете од закоравената лушпа Во која со векови се дреме...
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Па, еве една што не е, во секој случај.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ги советува луѓето, по ставањето на грозјето, шест недели да не го пијат виното, зашто тоа е во тој период уште „леунка“ и не е за пиење - боледува.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
„Ха, пак рисјани! Да викнеш Турци, таков е адетот кај нас. Си согласен, или не си? Е па, еден грам ум не е за Стамбол!“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Го гледам: не е да му се лутиш. А и не можеш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И твојот лик да не е кој сега би не подучувал како се совладува времето под нозе што ни копа мислата што ни ја јаде и надешта ја гори.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Тоа значи дека дрогата поттикнува изменети состојби на свеста, во суштина единствени, а патиштата до нив се различни, според тоа, и творечкиот процес не е посебен продукт на психофармаколошкиот ефект на дрогата, туку е само поттикнат на своевиден начин, исто така како што може да настане спонтано, како што и најчесто е случај во творештвото.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Но не е така.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Не е длабока водата, ама студена, што се вели, до коски ти посега.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Бев бесна и лута на целиот свет, но повеќе не е важно кој е крив или можеби никој не е крив, свеќите на божиќната елка повторно некаде ќе се запалат и мирисот на дивите костени ќе биде посладок од кога и да е порано.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
А кога оргазмот е невозможен, тоа значи дека постои органско пореметување (со васкуларно, нервно или ендокрино потекло) што не е предмет на психоаналитичкото истражување, (но може да биде предмет на психосоматско истражување), или тоа значи дека оргазмот заради психички причини е невозможен без соматска подлога, и тогаш психичката сексуалност се сфаќа како пречка за организмичкото празнење.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Не е, вели, за брзање работава. Ако ти е за пишување, вели, пишувај.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Не е Никифор до мене, кај ми отиде човекот?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не е важно за кого си печена, туку за кого си речена, или обратно,...
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
БОРИС: Веќе не е модерна долга коса. МАТЕЈ: Кога беше не носев.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Башка што си самец, па тоа веќе не е ни излет.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Нејзиното брмчење му пречи на домаќинот (но тој и така не е дома).
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
- Не ... - Тогаш, не е битно. Како што сум изморен, а згора на тоа гладен и жеден, веднаш ќе влезам вкуќи.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Ми олесна кога другарките си отидоа. Кикиритките што ми ги донесоа веднаш ѝ ги дадов на Марија, мојата цимерка со две болни уши, која нема таков проблем со јадењето како јас.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
К’то добиеш јабука, не гу врти да видеш да не е црвлива.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Па слушам тропање на врата. Овој уште стои обесен на пенџерето, а некој тропа на вратата. Значи - не е сам, значи не идат од мака.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Како е, потпрашуваше старата, а во гласот потреперуваше надевањето дека не е полошо од вчера.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Додека, пак, стварната [каузална] легитимација (legitimatio ad causam) претставува материјално-правна врска помеѓу предметот на парницата и лицата кои во тужбата се означени како парнични странки, т.е. вистински правен однос на странките спрема предметот на спорот во точно одредена парница или „способност да се биде странка in concreto“ и, за разлика од процесната легитимација, таа не е процесна претпоставка туку е прашање на меритумот на спорот ([не]основаноста на тужбеното барање) и за неа судот не води грижа по службена должност, туку само по укажување на странките кои треба и да ја докажат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Монашки нишан: сведоштвото на Лука Блажениот 29 „Има нишани што ги следиш од рано детство без да знаеш зошто: - се будиш предзори додека сосема не се повлекла глувата сенка на ноќта кога сѐ е разбиено на безброј дробни честички сетен ситнеж кој подоцна ќе се склопи во запрепастувачки складен и топол мозаик, во фрески по ѕидовите, по подот, на сводот и сеќаваш кревкото, кршливото порозното, обезличеното се преобразува во својата виша смисла и ти се обзнанува: ни еден слом не е алогичен!; - тукушто си пркнал уште дете, стануваш аскет и заминуваш незнајно каде само (посакуваш!) да биде тивко, молебно створено и од природата, и од човека за деноноќно бдение за созерцание, вертикално понирање на веда - од небеса до подземи за живеење со жиг и жедба на монах ни горе-ни долу повеќе таму, одошто овде
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Можеби само му мавна со рака на Симона, додека овој беше зафатен со ѕидањето, а не застана, зашто осеќаваше дека не е многу пожелен за престој кај нас.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
И силата/страдањето и гламурозноста/абјектноста би можеле да се сведат на поедноставна формула, на општа равенка, на основна структура дефинирана со бинарноста моќ и ранливост.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сѐ заради таа пуста несоница по тебе во која самиот се откривам и во која душата ми е голема пустина чие име на ниедна карта не е забележано.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Но сповојницата не е смотра само за домаќинките каде што се прави таа, ами и за самите сповојничарки.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А сипаниците не е тешка болест, слушај ме што ти глаголам.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)