не (чест.) - дочекува (гл.)

Кршиме камен, лежиме на камен, дишеме камен. Од мугри до мрак.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ако сум јампска сачма чекај ме не дочекувај во порткокалова вода од чешма.
„Омајнина“ од Афродита Николова (2010)
Мајка, откако се поздрави со загрижениот Гури Порадеци, не дочекувајќи го неговото прашање каде е Татко, му покажа со раката дека е горе, со книгите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Гајдаџиите не дочекувале бели влакна во мустаќите. Умирале ергени.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Затоа не дочекуваме старост каква што им доликува на луѓето.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Еден вид пајаци се спаруваат со муви уловени во нивните мрежи: не дочекувале пород и ги шмукале крилестите невести: потоа се повлекувале во пукнатина на карпа за да загинат од отровот на своите пајачици по нивното оплодување.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)