не (чест.) - донесува (гл.)

Да не донесуваме сами никаква одлука, браќа мои: да му оставиме на Случајот да избере, зашто тој е раката Господова.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И вториот брат не се побунил, оти веќе мислел на жена си да ѝ каже сѐ кога ќе се врати, а единствено најмладиот се противставил, оти секогаш го почитувал дадениот збор.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Немам, а не оставам, носам, а не донесувам. Доста беше.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Бргу научив дека секое светкање не донесува светлина и дека секоја песна не е за слушање - има песни што ти ја галат душата а не ти го гибаат ушното тапанче.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Неколку дена спокојно изминаа, не донесувајќи ништо ново, ништо надвор од обичните секојдневности.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)